Vreme.mk - Дознај на Време.

Техно

Кинеска револуција, ЕЛЕКТРОАВТОМОБИЛ по неверојатна цена

3 декември 2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Кинескиот автомобилски гигант BYD најави револуција на пазарот на електрични автомобили.

Во средината на следната година кинеската марка ќе го претстави моделот Галеб“ кој ќе биде нивниот прв модел на пазарот со натриумови батерии.

Натриумските батерии се многу поевтини, побезбедни и потрајни од литиумските батерии, иако нивниот главен недостаток е што нудат помала енергетска густина. Поради оваа причина тие првично ќе се вградуваат само во електрични возила со краток и среден дострел, пишува Јутарњи.хр.

Електричниот автомобил BYD Seagull треба да ја започне масовната транзиција кон електрична енергија, а се работи за автомобил долг 3,6 метри со пет седишта кој ќе има автономија од 300 километри. Цената? 8000 евра!

Според BYD, натриумовите батерии може да се произведуваат по цена од 88 евра за kWh (слична цена како и литиумските батерии), но како што се зголемува производството, кинескиот производител се надева дека ќе ја намали оваа цена на 68 евра/kWh.

Со овој потег, BYD би го отворил патот до евтин електричен автомобил, но и би создал заштита од незапирливиот раст на цената на литиумот, која оваа година веќе порасна за 145 отсто.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ