Зеленски пристигна во Ирска

2.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Зеленски пристигна во Ирска

- Имам чест да им посакам добредојде на претседателот Володимир Зеленски и на првата дама Олена Зеленска во Ирска, напиша тој.

Мартин нагласи дека поддршката за украинскиот народ, кој се бори за слобода и демократија, останува непоколеблива.

Ирскиот весник „Ајриш Тајмс“ додаде дека авионот со Зеленски и неговата сопруга слетал на аеродромот во Даблин синоќа околу 23 часот по локално време.

Планирани средби на високо ниво, а украинскиот претседател ќе го посети и парламентот, ќе учествува на церемонијата на отворање на Ирско-украинскиот економски форум и ќе се сретне со украинската заедница.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата