Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

ЗЕЛЕНСКИ НЕ Е ЗАДОВОЛЕН ОД СВОИТЕ ВОЈНИЦИ: Малодушни се, немаат морал…

5 февруари 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Украинскиот претседател Владимир Зеленски се пожали на недостаток на борбеност и мотивација кај Украинците кои „одмараат“ во градовите кои не се блиску до линијата на фронтот.

– Нашиот отпор зависи од оружјето и мотивацијата. Мотивацијата ја обезбедуваат не само партнерите, туку и духот на земјата. На самиот почеток на војната духот беше посилен. Сите бевме во војната. Во градовите каде што имаше окупација имавме целосно чувство дека сите сме во војна. Сега во некои градови гледам дека се на одмор, рече Зеленски на прес-конференцијата по самитот ЕУ-Украина во Киев.

Тој ги повика украинските и странските новинари да се обединат што е можно поскоро и да го подигнат моралот на Украинците кои „одмараат“ во позадина, потсетувајќи ги на тековните непријателства.

– Наша задача е да спречиме руска одмазда, да ја спречиме инвазијата што веќе се случува. Ги имаме сите шанси, но мора да разбереме дека сме во војна, додаде Зеленски.

Бројни украински медиуми претходно објавија за наилно собирање на регрути во земјата. Пријавено е за употреба на медицински возила од страна на армијата за транспорт на мобилизираните до собирни пунктови, дистрибуција на нарачки од службеници од јавните претпријатија.

По социјаланите мрежи се почето се објавуваат видеа и сведочења за упади на украинската армија на јавни места, улици, маркети, ресторани… и насилно собирање луѓе за регрутација бидејќи повиканите се кријат и не се јавуваат по редовниот повик.

Украинците ги напуштаат работните места во јавната администрација од страв дека се најблиску под надзор на војската и меѓу првите за присилна мобилизација.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ