Во својата вообичаена дневна порака до Украинците, Зеленски рече дека секретарот на украинскиот Совет за безбедност, Рустем Умеров, предложил „нова средба со руската страна следната недела“.
Украинскиот претседател нагласи дека темпото на преговорите мора да се забрза и „сè треба да се направи за да се постигне прекин на огнот“. Тој додаде дека точниот датум сè уште не е утврден.
Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделник го изрази своето незадоволство од Москва и рускиот претседател Владимир Путин. Тој ѝ даде на Русија 50 дена за прекин на огнот во Украина, заканувајќи се со секундарни санкции.