Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Во израелски напад загина шеф на голема либанска болница и шестмина негови колеги

23 ноември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Директорот на Универзитетската болница Дар Ал Амал, Али Ракан Алам, е убиен заедно со шестмина колеги во „подмолен напад“ на неговиот дом, соопшти Министерството.

Болницата е најголема во североисточната провинција Баалбек-Хермел, се вели во соопштението.

„Овие убиства се дел од континуираните напади на израелската армија врз здравствените работници и институциите во серијата воени злосторства“, се додава во соопштението на Министерството.

Израелската армија се уште не коментирала.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ