Видео:Пукање во средно училиште во САД, двајца ученици повредени, вооружениот напаѓач мртов

11.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Видео:Пукање во средно училиште во САД, двајца ученици повредени, вооружениот напаѓач мртов

Властите подоцна соопштија дека момчето кое отворило оган починало.

Инцидентот бил пријавен околу 12:30 часот (локално време) во средното училиште „Евергрин“ во Евергрин, Колорадо, околу 30 милји западно од Денвер.

Истрелите биле испукани и внатре и надвор од училишната зграда, а полицајците кои пристигнале на местото на настанот го пронашле стрелецот во рок од пет минути, изјави портпаролката на шерифската канцеларија на округот Џеферсон, Џеки Кели.

Ниту еден од полицајците кои пристигнале на местото на настанот не испукал никаков куршум, додаде Кели.

Повеќе од 100 полицајци од околното подрачје се упатиле кон училиштето за да помогнат, изјави портпаролот на шерифската канцеларија на округот Џеферсон.

Во 1999 година, во пукање во средното училиште „Колумбајн“ во округот Џеферсон загинаа 14 лица.

Тројцата тинејџери од Евергрин кои беа застрелани беа однесени во болница и првично беа наведени во критична состојба. Нивната возраст не беше објавена.

До вечерта, еден од нив беше во стабилна состојба.

Средното училиште има повеќе од 900 ученици. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата