Видео: Француската полиција брутално ги разби сите блокади- Околу 500 уапсени

11.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Видео: Француската полиција брутално ги разби сите блокади- Околу 500 уапсени

Министерството за внатрешни работи на Франција објави дека за време на вчерашните протести низ целата земја, уапсени се 473 лица, вклучувајќи 203 во Париз.

Според Министерството, 13 припадници на безбедносните сили биле полесно повредени. Според извештаите, најмалку 175.000 луѓе учествувале во протестите „Блокирај сè“, а низ целата земја се одржале 550 собири, јавува BFMTV.

Демонстрантите низ цела Франција го блокираа сообраќајот, палеа контејнери и повремено се судираа со полицијата во обид да „блокираат сè“ во знак на протест против францускиот претседател Емануел Макрон, политичкиот естаблишмент и планираните намалувања на буџетот.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата