Во изјава дадена во Белата куќа, Трамп рече дека земјоделските производители гласале за него и дека тие се 'рбетот на земјата. - Дванаесет милијарди долари се многу пари, нагласи тој и додаде дека дополнителната помош ќе влее доверба кај фармерите. Според Трамп, парите доаѓаат од приходите од царините.
Министерката за земјоделство на САД, Брук Ролинс, објави дека парите ќе им бидат исплатени на фармерите до крајот на февруари. Министерката прецизираше дека 11 милијарди долари ќе бидат доделени на земјоделци кои одгледуваат пченка, соја, пченица, ориз и памук. Останатите една милијарда долари ќе бидат резервиран за други категории фармери.
Белата куќа го опиша пакетот како помош за фармерите кои настрадале од високите трошоци и поддршката на претходната администрација на Џо Бајден за програми за различност, еднаквост и вклучување.

