Со законот ќе им се дозволи на возрасните да одгледуваат до четири растенија марихуана дома, но продажбата на домашен канабис нема да биде дозволена, објави новинската агенција СТА.
Пратеничката од Движењето за слобода, Сара Жибрат, го презентираше законот денес, само неколку часа пред Народното собрание да гласа за законски измени што би дозволиле употреба на марихуана за медицински цели.
Според нацрт-законот за поседување марихуана за приватна употреба, возрасните ќе можат да одгледуваат до четири растенија на нивното место на постојан или привремен престој, а вкупниот број на растенија по домаќинство или станбена единица ќе биде ограничен на шест.
Slovenia sets out plans to legalise medical cannabis - leafie https://t.co/l56MBMtU36
— William Jonathan (@WJonathan1267) May 3, 2025
Во јавноста, секое лице ќе може да носи до седум грама сушен цвет од канабис и да има до 150 грама дома, а вкупната количина по домаќинство или станбена единица ќе биде ограничена на 300 грама.
Со нацрт-законот, исто така, се вклучува скала за толеранција на THC за учесниците во сообраќајот, слична на онаа што се користи за алкохол.
Според словенечката агенција, ограничувањето е поставено на три нанограми THC на милиграм крв.