Шумски пожар избувна во близина на нуклеарката Запорожје, се огласи Меѓународната агенција за атомска енергија

19.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Шумски пожар избувна во близина на нуклеарката Запорожје, се огласи Меѓународната агенција за атомска енергија

„Моментално нема закана за нуклеарната безбедност на централата“, изјави генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси, за платформата X.

Нуклеарната централа Запорожје во југоисточна Украина е најголемата нуклеарна централа во Европа. Во последните недели, во областа околу централата избувнаа голем број шумски пожари, што предизвика загриженост кај локалните власти и меѓународната заедница поради продолжената суша и високите температури, објави украинската агенција РБЦ.

Шумските пожари, иако се далеку од самата централа, можат да претставуваат индиректна закана поради потенцијалното ширење на чад што може да ја попречи видливоста и да ги наруши оперативните системи.

Пожарите го зголемуваат ризикот од прекин на снабдувањето со електрична енергија и други помошни системи кои се критични за безбедноста на нуклеарната централа.

МААЕ и украинските служби за итни случаи внимателно ја следат ситуацијата за да спречат каква било потенцијална опасност. Поради нестабилните временски услови и сувата вегетација, ризикот од нови пожари останува висок.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата