Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Русите тврдат дека Украинците ќе бомбардираат болници во Краматорск, па ќе ги обвинат нив

5 февруари 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Министерството наведе на Телеграм дека Киев има намера да крене во воздух три медицински установи, а потоа „да ја обвини Русија за насочен напад врз цивилни објекти“.

„Според информациите потврдени од неколку независни извори, украинските специјални служби имаат намера наскоро да извршат голема провокација со цел да ја обвинат Русија за воени злосторства. За таа цел режимот во Киев планира да ги бомбардира зградите на болницата во Краматорск и да ја обвини Русија за напад на цивилни објекти“, се вели во соопштението на Министерството.

Министерството, исто така, наведе дека, поради „воените неуспеси на украинската армија“, Киев сака „да го зголеми притисокот врз јавното мислење во западните земји со цел да го зголеми опсегот на испораки на модерно оружје и воена опрема“.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ