- Се разбира, би сакале овој судир да заврши што е можно побрзо, а може да заврши кога Русија ќе ги постигне целите што првично си ги постави. Повеќе би сакале да го решиме овој судир со политички и дипломатски средства. За тоа повеќепати сме зборувале, и руската страна останува отворена за овој пат, изјави Песков.
Тој додаде дека Русија е отворена за политичко и дипломатско решение во Украина и оти ситуацијата е во ќорсокак, не по нејзина вина.
- Европејците ги поттикнуваат на сите можни начини, во уверување дека Украина може да го добие војната и да ги обезбеди своите интереси со воени средства, истакна Песков.
Според него, „уверувањето дека Украина може да победи на бојното поле претставува длабока заблуда“.

