Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Очајни Нигеријци се соблекуваат голи во банка, зашто не им ги даваат сопствените пари (ВИДЕО)

5 февруари 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа гол клиент кој бара да ја затвори својата банкарска сметка – наводно проценета на 520.000 нари – откако вработените одбиле да му дадат повеќе од 20.000.

Друг маж се качил на шалтерот и се соблекол откако работниците очигледно не му ги дале бараните пари.

Некои банки биле принудени да ги затворат и заклучат вратите откако лутите клиенти внатре се степале. Други дури подигнале шатори за да ги заштитат клиентите кои бараат пари од сонцето додека чекаат во долги редици.

Хаосот доаѓа додека Нигерија се бори со големиот недостиг на готовина и гориво на само три недели пред претседателските избори. Кандидатите разамениле обвинувања за вина за недостигот со владејачката партија, тврдејќи дека нејзините непријатели ја дизајнирале кризата за да ги поткопаат нивните изборни шанси.

Централната банка на Нигерија минатиот октомври објави дека ќе ги повлече од оптек банкнотите од 200, 500 и 1.000 наири. Владата имала намера да ги замени со пари со нов дизајн за кој тврделе дека ќе биде посигурен, но заменетите не биле веднаш достапни и рокот за префрлување бил продолжен до следниот петок.

Граѓаните сега не можат да подигнат пари од нивните сметки што им го отежнува учеството во економијата зависна од готовина.

Јафет Џошуа Бабатунде, кој е клиент во филијала на банка во Икоји, рече дека неговата плата била депонирана пред повеќе од една недела, но тој сè уште нема пристап до средствата.

– Лут сум. Тоа се мои пари што дојдов да ги земам. Не барам заем – изјави Бабатунде за Фајненшл Тајмс.

Друг клиент тврди дека ја посетувал банката пет дена по ред, но сè уште не можел да добие готовина. Чувар во банка во Икоја, откри дека му било наредено да ја заклучи банката и да ги остави клиентите надвор откако избиле тепачки.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ