Нов грабеж во Франција: Одекна експлозија, крадци со динамит разнесоа сеф за банкомати (ВИДЕО)

12.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нов грабеж во Франција: Одекна експлозија, крадци со динамит разнесоа сеф за банкомати (ВИДЕО)

„Околу 8:30 часот наутро, четири лица употребиле динамит за да отворат сеф за трансфер - надворешен сеф каде што куририте депонираат средства“, изјави портпаролката на регионот О-де-Франс, според „Ле Фигаро“.

Во експлозијата нема повредени, но е предизвикана значителна штета на фасадата на зградата, додаде портпаролката.

Поштата сè уште не била отворена во времето на грабежот, а за вработените е формиран тим за психолошка поддршка.

Ограбувачите очигледно успеале да избегаат со пленот во возило, додаде портпаролката, но вредноста на пленот не е прецизирана.

Јавниот обвинител во Лил отворил истрага, потврди полицијата.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата