Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

“Не, нема да го убијам Зеленски“

5 февруари 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Поранешниот израелски премиер Нафтали Бенет, кој беше посредник меѓу раководството на Русија и Украина на почетокот на 2022 година, во интервју за израелскиот Kанал 12 изјави дека рускиот лидер Владимир Путин на почетокот на специјалната операција во Украина го уверил дека украинскиот Претседателот Володимир Зеленски не е во животна опасност.

„Знаев дека на Зеленски му се закануваа. Се криеше во некаков бункер за кој никој не знаеше. Но, во одреден момент, по три или четири часа од почетокот на средбата, прашувам: „Кажи ми, дали имаш намера да го убиеш?“. Тој одговори: „Нема да го убијам Зеленски“. И тогаш му реков: „Сакам да потврдам, дај ми збор дека нема да го убиеш Зеленски“. Тој одговори: „Нема да го убијам Зеленски“, ја даде Бенет својата верзија за содржината на разговорот со Путин.

Бенет тврди дека на почетокот на војната во Украина меѓу двете завојувани страни имало дванатесет точки за преговори но, по барање на западните држави преговорите се прекинати.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ