Над седум илјади евакуирани во Јужна Кореја поради поплавите- четворица загинати, уште еден исчезнат

19.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Над седум илјади евакуирани во Јужна Кореја поради поплавите- четворица загинати, уште еден исчезнат

Цели стада добиток стојат во водата, пренесуваат светските агенции. Четири лица го загубија животот, а уште едно лице се води како исчезнато.

До синоќа  2.816 лица од повеќе од 7.000 евакуирани неделава се уште не можат да се вратат во своите домови.

Во јужниот дел од земјата, дождот достигна рекордни 500 милиметри.

Претседателот на Јужна Кореја, Ли Џе-мјунг, кој вети дека ќе ја зајакне улогата на владата во спречувањето и реагирањето при катастрофи, рече дека иако природните катастрофи се тешки за спречување, може да се направи повеќе за да се предвидат штетите и да се предупреди јавноста. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата