Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Момче му се спротистави на масовниот убиец и спречи поголем масакр во Калифорнија (ВИДЕО)

24 јануари 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Нападот се случил во саботата вечерта по локално време во сала за танцување во паркот Монтереј, град во непосредна близина на Лос Анџелес.

Неколку часа по нападот, напаѓачот бил пронајден мртов во комбе. Се самоубил.

Шерифот на округот Лос Анџелес Роберт Луна објави дека убиецот е идентификуван како 72-годишниот Ху Кан Тран, но неговиот мотив за масакрот е непознат.

Сега се појави видео од надзорната камера на кое се гледа моментот кога напаѓачот бил разоружан и принуден да побегне. Камерата снимила како 26-годишниот Брендон Цај се бори со напаѓачот, му го зема оружјето и го тера да бега, неколку моменти откако убил 10 луѓе.

Цај вели дека напаѓачот влегол во собата и му вперил оружје.

„Во еден момент се замрзнав. Мислев дека ќе умрам, дека мојот живот завршува тука, токму во овој момент“, изјавил тој за NBC, кој го објави видеото.

„Но, тогаш нешто се случи. Всушност чудо“, рече тој.

„Почна да го подготвува оружјето за да може да пука во сите и ми падна на памет дека ова е моментот да го разоружам“, раскажува тој.

„Морав да направам нешто за да ги заштитам сите и потенцијално да се спасам себеси“, рече тој, додавајќи дека во тој момент мислел на своето семејство и пријателите.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ