Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Ким Јонг Ун во име на партијата и владата им се заблагодари на официјалните лица, научниците и службениците

27 ноември 2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Главната цел на нуклеарната програма на Северна Кореја е да се создаде најмоќното нуклеарно оружје во светот, најавил Ким Џонг Ун.

– Нашата голема континуирана цел за изградба на нуклеарна сила за сигурна заштита на достоинството и суверенитетот на државата и народот е најголемата и најважната револуционерна цел, а нејзината крајна цел е поседување на најмоќната стратешка сила во светот, апсолутна моќ без преседан во овој век – навел Ким во писмо до официјални лица и научници кои работат во секторот за истражување на одбраната.

Укажувајќи на успехот на научниците во создавањето на интерконтиненталната балистичка ракета Хвасонг-17, која тој ја нарече “најмоќното стратешко оружје во светот“, и драматичниот “скок напред во развојот на технологијата за поставување нуклеарни боеви глави на балистички ракети“ Ким рече дека Пјонгјанг “е солидна определба, способност, голем потенцијал и сигурна, секогаш победничка иднина на нашата земја која напредува кон целта да изгради најсилна армија во светот“.

Ким Јонг Ун во име на партијата и владата им се заблагодари на службениците, научниците и офицерите кои работеа на развојот на „најмоќното стратешко оружје – наш тип“.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ