Хутите тврдат дека Израел напаѓа цели во Сана

10.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Хутите тврдат дека Израел напаѓа цели во Сана

Воениот портпарол на Хутите изјави дека противвоздушната одбрана во моментот го одбива израелскиот напад, без да соопшти повеќе детали.

На 7 септември беспилотно летало лансирано од Јемен се урна близина на израелскиот аеродром Рамон, северно од пристанишниот град Еилат на Црвено Море.

Јеменските бунтовници контролираат големи делови од земјата, вклучително и Сана, каде што Хутите ги воспоставија своите политички институции. Меѓународно признатите јеменски власти се протерани од Сана во Аден.

Од октомври 2023 година, кога почна во Појасот Газа Хутите лансираат ракети и дронови кон цели во Израел и нападнаа повеќе од 100 бродови во Црвено и Арапско Море, теснецот Баб-ел-Мандеб и Аденски Залив, во знак на поддршка со Палестинците. Како одговор на нападите, Израел постојано напаѓа цели во областите на Јемен контролирани од Хутите.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата