Хаос на саем во Диселдорф: Најмалку 19 повредени кога огнометот експлодирал на мала височина (ВИДЕО

19.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Хаос на саем во Диселдорф: Најмалку 19 повредени кога огнометот експлодирал на мала височина (ВИДЕО

Меѓу повредените има најмалку едно дете, а четири лица се здобиле со сериозни повреди, соопшти рано утрово противпожарната служба на Диселдорф.

На местото на настанот биле повикани речиси 80 пожарникари и спасувачи.

Според информациите, еден од огнометите детонирал од непознати причини од прениска височина доцна вчера вечерта.

Полицијата ја истражува причината, но верува дека станува збор за несреќа. Организаторите на најголемиот саем на Рајна, Диселдорфскиот Рајнкирмес, ги завршија свеченостите предвреме.

Во соопштението, тие изразија длабоко жалење за несреќата. Портпаролот рече дека ќе размисли дали да ја продолжи традицијата со огномет следната година.

Саемот, кој го слави заштитникот на градот, Свети Аполинариј, започна на 11 јули и требаше да продолжи до утре.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата