Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Иранските медиуми тврдат дека ајатолахот Хамнеи помилувал десетици илјади луѓе, затворени порад

5 февруари 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

„Затворениците кои не се соочуваат со обвиненија за шпионирање за странски агенции, кои не се директно поврзани со странски агенти, не убиле или повредиле никого намерно и не уништиле или запалиле државен имот, ќе бидат помилувани.“

Помилувањата ќе бидат објавени по повод годишнината од Исламската револуција во 1979 година.

Според активистичката новинска агенција ХРАНА, околу 20.000 луѓе биле уапсени во врска со антивладините протести предизвикани од смртта на Махса Амини во септември.

Дваесет и двегодишната Курдка Махса Амини почина во притвор на 16 септември 2022 година. Моралната полиција ја уапси поради „несоодветна“ облека.

Протестите се проширија во 160 градови.

Најмалку 527 луѓе загинаа во протестите, според извештајот на Американската прес агенција за човекови права.

Меѓу нив имало 71 малолетник и 70 полицајци и припадници на други безбедносни сили, наведува агенцијата.

Најавена е смртна казна за повеќе од стотина уапсени, а неколку демонстранти веќе се егзекутирани.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ