Илјадници се собраа во Варшава и 80 други градови во Полска за да протестираат против мигрантите (ВИДЕО)

19.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Илјадници се собраа во Варшава и 80 други градови во Полска за да протестираат против мигрантите (ВИДЕО)

Демонстрантите скандираа „Стоп на имиграцијата!“ и „Стоп на имиграциската инвазија“ и држеа транспаренти на кои пишуваше: „Ова е Полска“ и „Полска за Полјаците“.

Антимуслимански и антисемитски симболи беа забележани меѓу толпите за време на протестите, објави Euronews.

Имаше и контрадемонстранти во неколку поголеми градови.

Протестите против мигрантите беа релативно мирни. Но, во Варшава, полицијата мораше да интервенира кога крајно десничарски хулигани поврзани со фудбалскиот тим Легија Варшава нападнаа група контрадемонстранти.

Конфедерацијата е позната по својата реторика против странците, ЛГБТ лицата и ЕУ. Политичката сила има членови и во полскиот парламент и во Европскиот парламент. На претседателските избори во Полска претходно оваа година, кандидатот на „Конфедерација“ се најде на третото место, а нова анкета за новинскиот портал „Онет“ покажа дека над 30 проценти од испитаниците би го поддржале учеството на „Конфедерација“ во идната владина коалиција. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата