Илјадници Британци протестираа во Лондон против посетата на Трамп (ВИДЕО)

17.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Илјадници Британци протестираа во Лондон против посетата на Трамп (ВИДЕО)

„Мигрантите се добредојдени, Трамп не е добредојден“, „Не на расизмот, не на Трамп“ и „Вие бомбардирате деца во Газа, но се гоштавате во Обединетото Кралство“, пишуваше на транспарентите на демонстрантите. Митингот, кој го организираше групата „Стоп Трамп“, го обезбедуваа повеќе од 1.600 полицајци, објави лондонската полиција.

Трамп пристигна во Обединетото Кралство синоќа за својата втора државна посета на земјата.

Раскошен прием

Кралот Чарлс III на претседателот и неговата сопруга Меланија им организираше раскошен прием во замокот Виндзор, на околу 40 километри од Лондон. Официјален банкет се одржува вечерва.

Но, Доналд Трамп не е популарен во Обединетото Кралство.

„Сакаме да им дадеме можност на британскиот народ да го изрази својот презир кон Доналд Трамп, неговата политика, неговиот расизам“, изјави Зои Гарднер од групата „Стоп Трамп“ за АФП.

„Застрашувачки ми е што светот го преземаат навистина зли луѓе“, изјави за АФП Џо Вилијамсон, 58-годишна демонстрантка, пренесе Л’Паризиен.

„Минатиот викенд тука имаше големи демонстрации, од многу расистичка природа, па затоа сакавме и да се изразиме“, додаде таа.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата