ИДФ: Над 350 илјади Палестинци евакуирани од градот Газа

16.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ИДФ: Над 350 илјади Палестинци евакуирани од градот Газа

Се проценува дека илјадници луѓе го напуштиле градот преку ноќ поради силниот бран воздушни напади, изјави извор од одбраната, според „Тајмс оф Израел“.

Изворот, исто така, рече дека бројот на палестински цивили што го напуштаат градот Газа веројатно ќе се зголеми како што напредува копнената офанзива на ИДФ против Хамас.

Се проценува дека околу еден милион Палестинци живееле во градот Газа пред ИДФ да започне со подготовките за офанзивата.

Минатата недела, ИДФ им нареди на Палестинците во сите делови од градот Газа да се евакуираат пред офанзивата.

На цивилите им беше наредено да се упатат кон хуманитарната зона одредена од Израел на југот од Појасот.

Палестинските медиуми објавија дека армијата извршила интензивни воздушни напади во градот Газа преку ноќ. 

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата