Непроценливата златна нараквица, украсена со сферични топчиња од лапис лазули, датира од времето на владеењето на кралот Аменемопе, фараон од 21-вата династија на древен Египет, кој владеел од 993 до 984 година п.н.е, објави Би-Би-Си.
Египетското Министерство за туризам и антиквитети соопшти дека презело итни мерки откако нараквицата исчезнала од лабораторијата за реставрација на Египетскиот музеј и дека случајот е пријавен во полицијата. Сликата од нараквицата е дистрибуирана до сите египетски аеродроми, пристаништа и гранични премини како „мерка на претпазливост за спречување на обиди за шверц“, додаде министерството.
Не е познато кога последен пат бил виден накитот
Формиран е експертски комитет за да изврши попис и преглед на сите предмети складирани во лабораторијата за реставрација.
Министерството соопшти дека намерно го одложило објавувањето на исчезнувањето на нараквицата „за да се обезбедат соодветни услови за продолжување на истрагата“, но не прецизираат кога накитот последен пат е виден.
Египетскиот дневен весник „Ал-Мисри ал-Јавм“ објави дека исчезнувањето било забележано во текот на изминатите неколку дена, додека вработените во музејот се подготвувале да испратат десетици предмети во Рим за изложбата што ќе се отвори следниот месец.
The Grave Mask of king Amenemope of the 21st dynasty 🇪🇬#ancientegypt pic.twitter.com/o2jii82eKr
— Ancient Egypt (@Ancient_Egypt_X) June 18, 2025
Египетскиот музеј во Каиро е најстариот археолошки музеј на Блискиот Исток. Во него се сместени повеќе од 170.000 предмети, вклучувајќи ја и позлатената дрвена погребна маска на кралот Аменемопе. Исчезнувањето на нараквицата се случило шест недели пред отворањето на Големиот египетски музеј во блиската Гиза, каде што ќе бидат изложени светски познатите богатства од гробницата на кралот Тутанкамон.