Данска планира да набави прецизно оружје со долг дострел поради Русија

17.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Данска планира да набави прецизно оружје со долг дострел поради Русија

„Нема сомнение дека Русија ќе продолжи да претставува закана за Европа и Данска во годините што доаѓаат“, изјави Фредериксен за новинарите, објави Ројтерс.

Данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен рече дека аквизицијата може да вклучува ракети и беспилотни летала. Поулсен во понеделник изјави дека данската војска може да купи флота патролни авиони за откривање подморници „Боинг П-8“ за да го зајакне надзорот на Фарските Острови и Гренланд.

Данска би можела да потроши милијарди долари за аквизицијата, изјави Поулсен за Ројтерс. Според агенцијата, тоа е дел од планот на нордиската земја значително да ја зајакне својата војска, а аквизицијата прво мора да биде одобрена од данскиот парламент.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата