Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс објави вирален мем од „Дебелиот Џ.Д.“ со кадрава коса, со кој им посака на своите следбеници на социјалните мрежи Среќна Ноќ на вештерките, и ги потсети децата да не заборават да им се заблагодарат за бонбоните што ги добиваат кога одат од врата до врата, објави денес списанието „Пипл“.
Vice President Vance on TikTok:
— Vice President JD Vance (@VP) October 31, 2025
“Happy Halloween everyone, remember to say thank you while you trick or treat!” pic.twitter.com/YoKhKmeP6w
Венс го искористи празникот што Американците го слават на последниот ден од октомври и, маскиран во костум, го спомена својот мем „кажи благодарам“ од разговорот со украинскиот претседател Володимир Зеленски, кога ја посети Белата куќа во февруари 2025 година, според „Пипл“.
Во видеото, Венс, како „Дебелиот Џ.Д.“, ја отвора вратата и вели „Среќна Ноќ на вештерките, деца. И запомнете, кажете благодарам“, по што музиката од серијата „Зона на самракот“ почнува да се слуша во видеото.
Венс ги потсети децата да не заборават да им се заблагодарат кога одат од врата до врата, барајќи бонбони за време на Ноќта на вештерките.
Тој исто така сподели слика од својот вирален ќелав мем, за да им посака на своите следбеници „Среќна Ноќ на вештерките“.

