Познато е дека на релација Винисиус – Чаби Алонсо работите не одат како што треба. Уште повеќе Бразилецот упатил ултиматум до раководството на клубот на кој посочил дека тој си оди од Реал ако и натаму Чаби Алонсо е тренер.
Сепак, последните информации од Мадрид, велат дека не е само Вини незадоволен од третманот кој го има во клубот. Најмалку уште петтмина се против актуелниот стратег на “кралевите“.
Тоа се Андриј Луњин, Гонзало Гарсија, Фран Гарсија, Ендрик и Дани Себаљос се надеваа дека ќе добијат позначајна улога под водство на новиот тренер, но нивните очекувања беа изневерени. Нивната сезона е далеку од центарот на вниманието. Луњин, кој беше еден од клучните играчи на голот минатата сезона, сега е повторно во втор план. Младиот талент Ендрик сè уште чека вистинска можност да го оправда епитетот идна ѕвезда, додека Себаљос и двајцата Гарсија се разочарани бидејќи, и покрај нивната лојалност и посветеност, не успеаја да освојат место во тимот. Извори блиски до клубот тврдат дека дел од тимот не е задоволен од методите на работа на Алонсо и начинот на кој тој ги распределува минутите. Неговиот препознатлив систем, кој се темели на строга дисциплина и високи тактички барања, наводно предизвикал отпор кај некои играчи. Се чини дека тренерот, кој до вчера важеше за фудбалски визионер, се соочува со првиот сериозен тест во својата кариера. Пред него е тешка задача – да ја врати самодовербата на играчите и да го врати единството во тимот кој во моментов изгледа поделен.

