Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Тен Хаг спрема летна “чистка“ во Јунајтед!

5 февруари 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

По долго време, по неколку сезони, конечно Манчестер Јунајтед, гигантот во светски размери, конечно почна да наликува на себе. За тоа “виновен“ е Ерик тен Хаг, кој почна да го создава тимот по свој вкус и затоа резултатите се тука.

Сепак Холанѓанецот не е во целост задоволен, па затоа, барем според шпекулациите на Островот, има намера да се “ослободи“ од некои играчи, како што тоа го направи со Роналдо.

Едноставно Тен Хаг спрема летна “чистка“ во тимот.

Прв кој мора да си оди е Хари Мегваер, кој никако да се вклопи во системот на Тен Хаг. Потоа тука се Скот Мектоминеј и Дони ван де Бек. И од двајцата се очекуваше многи повеќе, но и двајцата разочаруваат со своите игри.

На оваа листа на кои им се спрема „шут – карта“ се и Ентони Марсијал, Ерик Бејли и Алекс Телеш.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ