Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино секако дека е во центарот на вниманието на светската јавност, ако се знае дека за два дена стартува СП. Познато е дека Џани понекогаш знае да биде и повеќе од театрален, сака да биде “главен“.
Инаку во последните денови повторно е хит на социјалните мрежи откако ESPN ги потсети навивачите на интересна ситуација од егзибициски натпревар.Станува збор за настан стар неколку години, но реакциите се речиси идентични како кога првпат се појави на интернет.
Видеото го прикажува Инфантино со капитенска лента на раката како се приближува кон корнер знамето, решен тој да биде изведувачот.
Наместо прецизен центаршут, следуваше потег што ги насмеа и гледачите и учесниците во играта. Неколку играчи веднаш реагираа со насмевка, додека меѓу публиката можеше да се слушне смеа откако стана јасно дека изведениот корнер не заврши ни приближно како што беше замислено.
Токму тој момент повторно стана вирален откако ESPN го сподели на своите платформи. За само неколку часа, видеото собра огромен број прегледи, коментари и реакции.
Многу корисници на социјалните мрежи се пошегуваа дека претседателот на ФИФА можеби има повеќе талент за управување со фудбал отколку за играње.

