Тоа е таа нова Америка. Тие се тие САД кои за претседател го имаат еден Доналд Трамп. Затоа се поставува прашањето кој на САД им даде да бидат домаќини на СП?
Имено по пристигнувањето на репрезентацијата на Узбекистан во Соединетите Американски Држави, во пресрет на пријателскиот натпревар во Њујорк против Холандија, делегацијата беше пречекана со невообичаено строги безбедносни мерки, кои повеќе потсетуваа на процедурите на меѓународен аеродром отколку на вообичаениот пречек на спортски тим.
The Uzbekistan 🇺🇿 national team faced crazy security in the USA before facing the Netherlands
Full body searches with sniffer dogs 😳pic.twitter.com/sIfS0NwOqy
— World Cup 2026 Daily (@TotalFootball) June 8, 2026
Веднаш по излегувањето од автобусот, играчите беа запрени и упатени кон контролната зона, каде што беа поединечно проверени од страна на безбедносниот персонал. Снимката предизвика бран на негодување на социјалните мрежи, а третманот што им беше нанесен на играчите беше опишан како „претерано и понижувачки“. Секој член на делегацијата помина низ детектори за метал, беше подложен на телесни претреси и проверки за забранети предмети, додека багажот на тимот беше одвоен и подложен на детални проверки. Паралелно, специјално обучени кучиња за откривање на забранети супстанции беа користени за проверка на спортската опрема, како и на личниот багаж на играчите и техничкиот персонал. Репрезентацијата на Узбекистан не очекуваше ваков пречек, поради што атмосферата стана напната во одредени моменти, особено поради строгите упатства на безбедносните агенти, вклучително и барањата за оддалечување од зоните за багаж или проверка. Во сличен контекст, репрезентацијата на Сенегал беше подложена на строги проверки по пристигнувањето во Соединетите Американски Држави. Играчите беа прегледани веднаш по слетувањето, на начин што вклучуваше индивидуални претреси и внимателна проверка на багажот пред да им се дозволи пристап до терминалот.

