Спалети тргна со победа на клупата на Јувентус

1.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Спалети тргна со победа на клупата на Јувентус
фото: JuventusFC (X)

Екипата на Јувентус ја совлада екипата на Кремонезе со 1:2 во вечерашниот натпревар од италијанската Серија А. Лучиано Спалети го започна својот мандат на клупата на Јуве со многу важна победа.

Филип Костиќ го отвори резултатот уште во втората минута и со тој резултат екипите заминаа на одмор. Во вториот дел Камбиасо ја зголеми предноста за гостите во 68-та минута, а во 82-та Џејми Варди го постигна својот втор погодок во дресот на Кремонезе и го постави конечниот резултат.

Со оваа победа Јувентус се качи на 5-тото место на табелата со 18 бода, додека пак Кремонезе се наоѓа на 9-тата позиција со 4 бода помалку.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата