Салах: „Мислам дека некој не ме сака во Ливерпул“!

7.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Салах: „Мислам дека некој не ме сака во Ливерпул“!
фото: ESPN UK (X)

Шампионот вчера, во меч од 15.коло во Премиерлигата повторно разочара. Ливерпул како гостин кај Лидс одигра 3:3 и тоа со примен гол во последните секунди од мечот. Ова беше трет меч во низа на на кој Мохамед Салах не беше стартер и втор по ред накој воопшто не влезе на терен.

По натпреварот имаше што да каже:

Ова е неприфатливо за мене. Не знам зошто ми се случува ова. Не го разбирам. Направив толку многу за овој клуб. Не морам да се борам за мојата позиција секој ден, јас ја заслужив. Начинот на кој јас го гледам тоа, го фрлија Мо под автобус затоа што Мо е проблемот во тимот. Не мислам дека јас сум проблемот“, рече Салах, продолжувајќи:
„Имав добар однос со тренерот. Сега одеднаш повеќе немаме никаков однос. Не знам зошто. Се чувствувам како некој да не ме сака во клубот. Ми е јасно дека некој сака целата вина да ја префрли врз мене. Клубот ми вети многу во текот на летото, а сега сум на клупата три натпревари. Се што можам да кажам е – држете се до вашите ветувања.“


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата