Рома се „сопна“ на гостувањето кај Каљари

7.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Рома се „сопна“ на гостувањето кај Каљари

Со голот на Џанлука Гаетано во 82. минута од мечот, тимот на Каљари дојде до многу значајна победа на домашен терен попладнево во дуелот против фаворизираната Рома.

Борбениот дуел на двата тима го реши еден гол, а големо влијание на настаните имаше и фактот што гостите од Рим речиси село второ полувреме го одиграа со играч помалку. Во 52. минута беше исклучен Зеки Челик, што секако влијаеше на играта, а воедно и на конечниот исход на дуелот.

Рома и покрај овој пораз и натаму е четврта со 27. те бодови кои што ги имаше пред овој дуел, додека пак, Каљари со овие три бода вкупно 14, бега од опасната зона за испаѓање.

 


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата