И покрај поразот вчера на “Вембли“ од силната Англија, како што пренесуваат медиумите кај нашиот северен сосед, ФСС има сериозни планови со Вељко Пауновиќ. Имено на селекторот ќе му биде понуден конкретен договор до 2030 година!
Генералниот секретар на ФСС, Бранко Радујко, и селекторот Вељко Пауновиќ ќе продолжат со преговорите по завршувањето на квалификацискиот циклус за Светското првенство. Во тој пакет, една од клучните точки ќе биде договор за подолг временски период.
Главните детали за соработката беа дефинирани уште пред да се официјализира назначувањето на Пауновиќ и по премиерниот натпревар на Вембли, и покрај поразот и третата позиција во групата, сигурно е дека Србија ќе ја води актуелниот селектор од 2026 година.
И тоа во мандат со полн капацитет! Сепак, тоа нема да биде единствената ексклузивност во претстојната, долгорочна, соработка помеѓу Вељко Пауновиќ и Фудбалскиот сојуз на Србија.
Се очекува селекторот да добие значително поголеми овластувања во спортскиот сектор. Практично, директен надзор на работата во младата репрезентација, од каде што треба да се очекува конкретно подобрување по долго време: промоција на фудбалери за сениорскиот тим.
sportmedia.mk

