Претстојниот Мундијал ќе го преокупира вниманието на светската јавност во следните месец и повеќе. Ретко кој нема да биде заинтересиран за случувањата во САД, Мексико и Канада, каде што ќе се одржи најсилниот фудбалски турнир на планетата годинава.
Многумина прогнозираат, типуваат, гласно размислуваат, а за Спортспорт, тоа го прават дек од македонските фудбалски репрезенаттивци.
Овојпат тоа е Никола Серафимов, стоперот на репрезентацијата на Македонија и на бугарскиот шампион Левски.
Во деновите на одмор, Серафимов ужива во заслужениот „off“ период и како и сите ние полека се подготвува за она што следува. Секако, како и сите ние, и Серафимов има свои фаворити на овој турнир.
„Тоа се дефинитивно шпанците. „Фуријата“ одсекогаш ми била фаворит. Уживам кога ги гледам. Мислам дека се есктра квалитетни. Навивам дефинитивно за нив. Се надевам дека ќе одат до крајот“ – вели Серафимов.
На прашањето пак за кој играч смета дека ќе блесне со своите квалитети на овој турнир, дефанзивецот не менува премногу, туку е константа што се вели.
„Јамал. Мислам дека младата звезда на Барселона токму на овој турнир ќе „експлодира“. Има огромен талент, потенцијал, и покрај неговата младост има огромен квалитет, дрскост. Се што е потребно за да се успее на така високо ниво“ – вели Серафимов.
Конечно, кој според него има капацитет да го освои Мундијалот?
„Франција. Тоа е репрезентацијата која што според мене има најквалитетен ростер, најталентирана генерација. Исклучително силни. Ако не се случи нешто неочекувано, одат до самиот крај според мене“ – вели за Спортспорт, Никола Серафимов.

