Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Мурињо: Можев да ја напуштам Рома уште во декември!

5 февруари 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

По поразот од лидерот во Серија А, Наполи, Рома се врати на победите, со 2:0 го совлада Емполи на Олимпико во 21. лигашка рунда.

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо го коментираше натпреварот. Новинарите помалку ги интересираше како Португалецот го гледа овој натпревар, а повеќе за пошироката слика за клубот и односот со Николо Заниоло, играч од средниот ред кој веќе некое време го уценува клубот и бара трансфер, како и за Смолинг.

„Заниоло е проблем за клубот, јас немам ништо со тоа. Тој мора да си ги реши проблемите со клубот, а не со мене. Што се однесува до Смолинг, не можам да направам ништо за да го убедам да потпише нов договор. “, рече Мурињо, а потоа одговори на прашањето за тоа дека во текот на преодниот рок имал понуди од Премиер-лигата и од бразилската и португалската репрезентација:

„Можев да ја напуштам Рома во декември, но не го сторив тоа. Ова е мојот живот, секој ден е борба. Понекогаш може да изгледа како да се мачиме, но ние сме таму горе, блиску до врвот на табелата со другите тимови кои се силни и имаат што да кажат“.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ