Меси, Роналдо и Очоа – тоа ќе бидат рекордерите на Светските првенства

12.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Меси, Роналдо и Очоа – тоа ќе бидат рекордерите на Светските првенства
фото: Actu Foot @ActuFoot_ (X)

Легендарниот мексикански голман Гилермо Очоа е на пат да испише нова фудбалска историја. Тој ќе има можност да направи нешто што ниту еден Мексиканец досега не успеал, по шестипат да се појави на завршниците на светските фудбалскипрвенства.

Кинењето на Ахиловата тетива на Луис Анхел Малагон значи дека селекторот на Мексиканците, Хавиер Агире ќе мора да се сврти кон други опции за голманското место во тимот, а главен кандидат за враќање н аголот на Мекдико е 40-годишниот Очоа.

Се очекува тој повторно да добие шанса да го брани голот на својата земја на најголемата планетарна сцена, како што го направи во 2014, 2018 и 2022 година, а претходно беше и меѓу патниците на Светските првенства во 2006 и во 2010 година, но без минути на теренот.

Шампионатот во САД, Канада и Мексико за него би претставувал шесто учество на Светското првенство., со што се запишува во мексиканската и светската фудбалска историја. Освен Очоа, само уште Лионел Меси и Кристијано Роналдо, двајцата великани на светскиот фудбал ќе имаат шанса да бидат дел од натпреварувањето на најдобрите национални тимови во светот по шестипат ова лето.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата