Мбапе: Луѓето многу зборуваат, но ние одиме на сите трофеи

14.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мбапе: Луѓето многу зборуваат, но ние одиме на сите трофеи
фото: Real Madrid C.F. (X)

Килијан Мбапе не е изненаден од вревата која се крева брзо кога се појавува Реал Мадрид, а особено кога не победува. Француската ѕвезда има огромна верба во работите кои се случуваат и сезоната која тргна добро за „кралевите“.

„Луѓето многу зборуваат кога не победувате, а ние не победивме на последните два натпревари. Игравме навистина лошо, но ќе се вратиме по репрезентативната пауза и ќе бидеме подготвени да го победиме Елче. На крајот на краиштата, ние сме лидери во Ла Лига и сме меѓу првите осум во Лигата на шампионите. Не е совршено, но сите знаеме дека кога работите не одат добро во Реал Мадрид, луѓето многу зборуваат“, вели Мбапе.

„Заедно сме во потрага по освојување на сите титули оваа сезона и нема да отстапиме од нашата желба“, дополни првата ѕвезда на Реал.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата