Конечно: Ова е вистинскиот Јунајтед!

8.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Конечно: Ова е вистинскиот Јунајтед!
ФОТО: Manchester United/FB

Конечно. Ова е вистинскиот Јунајтед, убедлив, разигран, па макар и против најслабиот тим во ПЛ. Манчестер Јунајтед го победи Вулверхемптон во 15-то коло од Премиер лигата со резултат 4:1, и тоа на гости.
Па така сега четата на стратегот Рубен Аморим е израмнета на петтото место со 25 бода, исто како и Челзи, додека Вулверхемптон е убедливо последен со два бода.
Јунајтед го започна овој натпревар многу поагресивно од домаќините. По две добри шанси, гостите поведоа со голот во 25-тата минута од играта. Куња му ја додаде топката на Бруно, а вториот, иако се лизна, мајсторски ја проследи топката во голот на Сем Џонстон.
Манчестер се чинеше дека ја контролира играта по неколку пропуштени шанси, а потоа Вулверхемптон израмни во судиското продолжение од првиот дел.
По повратен пас од Волф, Белегард стрела за 1:1 на полувреме.
Не помина долго, во 51-вата минута од натпреварот, Куња повторно создаде шанса, испрати пас до Дало, кој му ја додаде топката на Ембеумо, кој ја испрати во голот за 1:2
Конечно, „ѓаволите“ успеваат да се “одлепат“ 10 минути подоцна. Маунт користи прецизно додавање од Фернандес и совршено трча во шеснаесетникот и ја испраќа топката во мрежата за 1:3.
Волците не се предадоа, но Јунајтед се бранеше доста успешно.
Сепак, во 80-тата минута, Москера играше со рака, односно топката го погоди во раката, ВАР беше надгледуван и судијата покажа на белата точка.
Бруно Фернандес успешно реализираше пенал една минута подоцна за конечни 1:4.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата