Хенес: Барса нема пари за Кејн, Реал може да го гледа колку сака Олисе, ама нема да го добие!

24.05.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Хенес: Барса нема пари за Кејн, Реал може да го гледа колку сака Олисе, ама нема да го добие!
ФОТО: FC Bayern München/FB

Баерн Минхен оваа сезона ја заврши со двојна круна. Ги освои титулите во Бундеслигата и во Купот на Германија. Целта беше Лигата на Шампионите, но “баварците“ не успеаја во тоа откако во полуфиналето беа елиминиран од ПСЖ.

Јасно е остнува мала тага кај сите во клубот, но сепак сите во Баерн Минхен сметаат дека и оваа сезона е успешна за најголемиот германски клуб и еден од најголемите во Европа.

По вчерашниот триумф над Штутгарт во финалето на Купот, Ули Хенес кој важи за “главен“ во Баерн беше запрашан за тоа дали Хари Кејн и Мајкл Олисе ќе прават трансфери во Барселона и Реал Мадрид:

Хари Кејн е убедливо најдобриот трансфер во историјата на Баерн Минхен. Тука нема дилеми. И јас слушам дека наводно Кејн ќе оди во Барса. Не, нема начин за такво нешто, Барселона нема пари за таков трансфер. Што се однесува до Олисе, Реал Мадрид може да го гледа колку сака, ама нема да го добие“ посочи Хенес.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата