Дани Карвахал се расплака пред полниот „Стантијаго Бернабеу“ (ВИДЕО)

24.05.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дани Карвахал се расплака пред полниот „Стантијаго Бернабеу“ (ВИДЕО)
Фото: Реал Мадрид Х

Дани Карвахал го одигра својот последен натпревар за Реал Мадрид во победата од 4-2 на „Кралевите“ во последниот натпревар од сезоната 2025/2026 во Ла Лига против Атлетик Билбао. По натпреварот, фудбалерот одржа говор пред преполниот „Сантијаго Бернабеу“, кои го аплаудираа и го испратија на неговото последно патување од зелениот тепих до соблекувалната на легендарниот стадион.

„Тешко е да се опише. Се чувствував емотивно без да знам како, само гледајќи го тренинг-теренот. Денес излегувам и го гледам одличното испраќање што ми го приредивте, овациите… Како да не се чувствувам емотивно? Затворам прекрасно поглавје во мојот живот и кариера за која не можев ни да сонувам. Имам само зборови на благодарност до овој клуб и до вас навивачите. Ви благодарам уште еднаш. Уживав како дете од првиот до последниот ден. Се надевам дека е взаемно, дека сите луѓе од Мадрид уживаа во моите 451 натпревари. Се надевам дека во иднина ќе се вратам таму каде што е мој дом. На поинаков начин, но да продолжам да помагам како и секогаш.

Да ми кажеше некој како дете дека ќе ја имам оваа кариера, немаше ни да ја замислам. Беше прекрасно. Спектакуларно од првиот до последниот ден, со секакви искуства, лекции, триумфи, тешки моменти.Ја споделив соблекувалната со прекрасни луѓе, играчи, тренери, менаџери на тимови, прес-офицери. Ова е најдобриот клуб во светот и јас секогаш се обидував да бидам љубезен кон сите, да бидам свој и транспарентен, дури и со моите разочарувања кога ќе изгубев на тренинг или ќе промашев додавање. Но, тоа сум јас и се надевам дека сите имаат добро сеќавање на Дани Карвахал. Ќе се видиме во иднина, сигурно.

Реал Мадрид не е само клубот на мојот живот, тоа е мојот живот. Јас сум практично роден Мадридист, тука сум 23 години. Поминав низ апсолутно секоја категорија и освоив секоја можна титула со овој клуб. Станав капитен, не можев да побарам ништо повеќе. Си заминувам многу среќен и задоволен“, рече Карвахал.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата