Дали на повидок е “бомба“ во најава на релација Минхен – Париз? Дали се спрема трансфер со кој европскиот шампион и тоа како осетно ќе ја засили својата дефанзива? Да, ако им се верува на медиумите во Германија. Имено шпекулациите се дека голманот на Баерн Минхен, Дајо Упамекано, е цел на многу клубови, а сега Пари Сен Жермен сериозно “загризал“.
Оваа вест ја објави уредникот на „Билд“, Кристијан Фалк, кој тврди дека испратен е јасен сигнал од Париз до агентите на францускиот репрезентативец дека се подготвени да му понудат договор доколку одлучи да ја одбие понудата на Баерн Минхен.
Како што е познато, Упамекано е во последната година од договорот, многу клубови го следат, вклучувајќи го и Реал Мадрид, но ПСЖ во моментов е најконкретен.
Упамекано не крие дека е горд на фактот што навивачите скандирале да дојде во Париз, на минатонеделниот натпревар против Баерн.
sportmedia.mk

