Четириесет и четиригодишна жена од охридското село Лескоец, вчера се здобила со повреди откако со возилото кое го управувала, „пежо“ со охридски регистарски ознаки, се судрила со полициско возило „шкода јети“, управувано од 26-годишниот полициски службеник Н.И.
Несреќата се случила на 7 декември 2025 година околу 09:40 часот на крстосницата од улиците „7 Ноември“ и „Васил Главинов“ во Охрид. По несреќата, Л.Т. веднаш била пренесена во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, каде што ѝ била укажана медицинска помош.
На лице место извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид, кои го документирале настанот и прибираат потребни докази за целосно утврдување на околностите на несреќата.
The post Повредена жена при судир со полициско возило appeared first on NetPress.

