Vreme.mk - Дознај на Време.

Македонија

На Попова Шапка измерени – 15 степени

5 февруари 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Во планинските места и голем дел од градови и населени места утрово се измерени минусни температури. Најстудено беше на Попова Шапка -15 Целзиусови степени, каде исто така има наврнато и најмногу снег – 61 сантиметар. Времето денеска е променливо облачно и многу студено.

На повеќе места ќе дува засилен до силен ветер (над 70 км/час) од северен правец. Наместа во северните подрачја и на планините, ќе провејува слаб снег. Максималната температура ќе достигне од -3 до 3 степени.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет изутринава имаше на патниот правец Страцин – Крива Паланка и во Делчево, а со среден интензитет на планинскиот превој Ѓавато.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ