Vreme.mk - Дознај на Време.

Македонија

МВР ќе разговарале со обвинител па ќе одлучеле: Ќе одговара ли Виктор Стојанов кривично за заканата кон македонскиот полицаец?!

5 февруари 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

МВР ќе се координара со јавен обвинител па ќе одлучи дали ќе поднесе кривична пријава против Виктор Стојанов, кој вчера со објава на Фејсбук, упати директна закана кон еден македонски полицаец и неговото семејство. Во одговор за Алфа дали планираат да поднесат кривична пријава за Стојанов или да побараат тоа да го стори бугарското МВР, потсетуваат дека тој веќе имал забрана за влез во Македонија, поради неговото претходно делување и упатените закани и навреди кон македонскиот народ и правниот поредок.

-Министерството за внатрешни работи информира дека во координација со Јавен обвинител ќе ги преземе сите неопходни мерки во врска со заканите и омаловажувањето упатени кон полицискиот службеник од страна на бугарскиот државјанин В.С. во врска со вчерашниот настан на Деве Баир, велат од МВР за Алфа.

Инаку, првиот човек на бугарската Фондација „Македонија“ нудеше пари да дознае информации за името и за семејството на полицаецот- граничар од Деве Баир, што може да се сфати како закана по животот на полицискиот службеник и неговото семејство, но и поттикнување на говор на омраза.

-Давам 200 евра за името и семејството на овој македонски полицаец, напиша Стојанов на Фејсбук.

Оваа објава изчезна од Фејсбук, но не била избришана од Виктор Стојанов. Тој за Алфа вели дека постот му бил избришан од самата социјална мрежа, а добил и забрана за објавување.

-Фејсбук ми ја избриша објавата. Фејсбук рече дека мојата објава ги прекрши нивните правила и мојот профил беше забранет на 2 дена, вели за Алфа Стојанов.

Во својата претпоследна достапна објава на Фејсбук Стојанов бара Бугарија да и воведе економски санкции, но и други ограничувања на Македонија, поради случувањата вчера.

-Бугарија треба да ја разгледа можноста за воведување економски санкции и ограничувања на Северна Македонија додека Скопје не ја преиспита својата политика и однесување кон бугарската држава, бугарските граѓани и нејзините граѓани со бугарски идентитет, пишува Стојанов.

Виктор Стојанов на македонската јавност и стана познат по провокациите кон Македонија и Македонците. Тој покрај од својот профил често ги испраќа и од страната на неговата Фондација „Македонија“, која според информациите дава и 30 евра месечно ако одлучите да учите бугарски јазик.

Оваа организација често на својата Фејсбук страна објавува постови со провокации кон нас. Еден од нив е и географска карта каде се избришани границите меѓу двете држави, а Македонија е претставена како бугарска територија. Провокациите од организацијата предводена од Виктор Стојанов, не се никаква новост. Па од нивна страна беше поставено и бугарско знаме на споменикот на Гоце Делчев во градскиот парк во Скопје.

Со тоа, освен серија закони кои ги прекршува со совето пропагандно дејствување, Фондацијата го прекршува и Законот за здруженија и фондации, бидејќи јасно и недвосмислено повикува на уривање на македонскиот уставен поредок и на нарушување на македонските суверенитет и независност.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ