Vreme.mk - Дознај на Време.

Македонија

Бугарите даваа 200 евра за идентитетот на полицаецот кој ги апсеше – Љупче им го даде за без пари!

5 февруари 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на својот Фејсбук профил напиша дека ние Македонците сме гостопримлив народ за сите со добра мисла кои сакаат да ја посетат нашата земја

„Секој кој со добра мисла сака да ја посети нашата убава земја е добредојден. Крива Паланка покажа што е патриотизам и како не се потклекнува на навредите и провокациите. Горд сум на професионалноста на сите полициски службеници на граничниот премин Деве Баир и на мојот другар Дарко“, пишуватој.

Неговиот пост се однесува за професионалноста на полицајците и недоличното однесување на Бугарите кои добија парична казна и три годишна забрана за влез во Македонија. Но, еден од приведените синоќа  преку Фејсбук нудеше  награда од 200 евра за оној кој ќе го открие името и презимето на еден од полицајците на граничниот премин Деве Баир, па министерот Николовски на ФБ им го даде името – без пари.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ