<span lang="EN-US" style="mso-ansi-language:EN-US">Денеска
министерот за здравство Арбен Таравари најави дека „ВРЕДИ“ работи на нов закон
за правична застапеност, кој ќе биде предмет на јавна дебата следната недела.
Тој истакна дека „балансерот“ не функционираше како што е планирано и дека е
неопходно да се создаде закон што ќе ги опфати сите маргинализирани категории
во општеството, а не само етничките.</span>
<span lang="EN-US" style="mso-ansi-language:EN-US">-„ВРЕДИ“
подготвува нов закон, кој што се надевам идната недела ќе биде во јавна дебата.
Ќе бидеме во координација со партнерите во коалиција. Од сите страни е
констатирано дека „балансерот“ не функционираше како што треба, изјави Таравари
пред почетокот на настанот „World Changers Balkan Summit“ во Филхармонија.</span>
<span lang="EN-US" style="mso-ansi-language:EN-US">Таравари
дополнително најави прес-конференција за понеделник, на која ќе ги коментира
случаите на смртта на 14-месечно бебе и родилка во Куманово, по што очекува да
биде познато дали станува збор за лекарска грешка.</span>