Што му треба на секој хороскопски знак за да чувствува дека животот му е исполнет?
Што му треба на секој хороскопски знак за да чувствува дека животот му е исполнет? Tweet Кој не може да си го замисли животот без предизвици, а кому му е потребно и најблиските да се среќни за животот да му биде исполнет? На секој од хороскопските знаци му треба по една работа за да се чувствува сигурно и исполнето во животот. Некои не можат да си го замислат животот без слобода, а други имаат потреба да им удоволат на сите и да направат луѓето околу нив да се среќни. Што ви треба вам за животот да ви е исполнет во целост, според хороскопскиот знак? Овен Овие луѓе се натпреварувачки настроени и постојано сакаат да ги докажуваат сопствените вештини. Кога немаат предизвици пред себеси, на Овните животот им се чини празен. За да бидат целосно среќни, потребно им е постојано да бидат опкружени со луѓе со коишто ќе можат да го докажуваат сопствениот потенцијал. Бик За нив клучно е да имаат стабилност во животот, а тоа го постигнуваат само со финансиски успех. Не се луѓе што се опседнати со материјалното, но за нив тоа што се чувствуваат стабилни во поглед на финансиите, им дозволува да бидат послободни и посигурни во тоа дека ќе може да се справат со сите предизвици што ќе им ги приреди животот. Близнаци Близнаците сакаат значајни конекции со луѓето, но најважно е тоа дружење да биде кратко. За нив е важно постојано да бидат опкружени со нови луѓе, затоа што на тој начин имаат чувство дека постојано се во нова авантура. Имаат многу љубезност и добрина во себеси и сакаат да ја споделат со што е можно повеќе луѓе. Рак Постојано им е потребно да имаат цврста конекција со луѓето што им значат и за кои знаат дека секогаш ќе бидат тука за нив. Само на тој начин Раковите ќе се чувствуваат сигурни во животот. Раковите најмногу може да ги натажи помислата дека немаат на кого да се потпрат. Лав Лавовите имаат потреба постојано да чувствуваат дека некој ги вреднува и им обрнува внимание. Во моментот кога ќе почувствуваат дека се занемарени, овие луѓе веднаш стануваат несигурни. Како Лав, вие секогаш сте сигурни дека заслужувате признание и постојано ви е потребно некој да ве пофали за да се чувствувате исполнето. Девица Работат напорно, а постојано имаат потреба за успех и позитивен резултат – сметаат дека само на тој начин трудот што го вложиле ќе се исплати. Можеби звучи контрадикторно на претходното, но овие луѓе не сакаат да бидат во центарот на вниманието, па затоа за нив вистинско уживање е кога ќе можат сами да уживаат во успехот што го постигнале. Продолжува на следната страна... Почеток Претходна 1 2 Следна Крај Би можело да ве интересира: Една особина според хороскопот со која го иритирате вашиот партнер Никој не е совршен и сите имаме по една, или многу поверојатно, неколку маани, с... Три хороскопски знаци во кои жените процветуваат по 50-тата година (и се најуспешни) Стареат како виното и со годините стануваат поубави и поуспешни. Жените родени в... Кој хороскопски знак е вашето куче (и што кажува тоа за него)? Зошто вашето куче се однесува онака како што се однесува?! Дали неговите особено......
Црнобело | 14 часа
Растение кое ќе ви го исчисти телото од глава до пети - како се користи?
Растение кое ќе ви го исчисти телото од глава до пети - како се користи? Tweet Ова растение ја подобрува крвната слика, го чисти организмот, а добро се покажува и при лекување на гихт и егзема. Го ублажува и ревматизмот, го лекува црниот дроб и го помага лачењето на жолчката. Станува збор за глуварче. Содржи горчливи материи (тараксацин) и танини, а коренот е богат со инулин. Полн е и со калиумови соли. Меѓу лековитите материи содржи и холин, како и малку етерично масло. Свежите листови од глуварче содржат витамини А, Б и Ц и железо. Горчливите материи го стимулираат дигестивниот тракт – тараксацинот го зголемува лачењето на гастричните жлезди и го подобрува апетитот. Лековитите материи од глуварчето ги зајакнуваат и цревата, што влијае и на функционирањето на црниот дроб и жолчката, а помага и при констипација. Глуварчето е диуретик, лекува инфекции на бубрезите и мочниот меур, а погодно е и за луѓе со песок и камења во бубрезите. Глуварчето ги зајакнува слезината и панкреасот, а тоа се манифестира со регулирање на нивото на шеќер во крвта, како и регулирање на телесните масти, холестеролот и триглицеридите. Како правилно се користи? Глуварчето смее да се јаде, па така можете да го консумирате како салата, со кисели краставички, супи, чорби, но и како замена за кафе. Многу ефикасен е и чајот од глуварче, кој лесно и брзо можете да го направите дома. Две лажички суви лисја од глуварче прелијте ги со чаша врела вода и покријте. По 20 минути се цеди и се пие додека е топло. Ако чајот е направен од корен од глуварче, тогаш две кафени лажички сечкан корен се ставаат во ладна вода, се загреваат и се тргаат од оган откако ќе зоврие две минути. Десет минути подоцна, чајот се прецедува и се пие. Пожелно е да пиете 2-3 чаши на ден за резултати. (О)Милена | Црнобело Tweet Би можело да ве интересира: Црвени дланки - необичен симптом за цироза на црниот дроб: Кога треба да посетите лекар? Што значи ако дланките ви се црвени? Наводно, цирозата на црниот дроб може да пр... Што е „добар“ и „лош“ холестерол, зошто се зголемува неговото ниво и како да го контролирате? Холестеролот може да почне да се таложи на крвните садови ако неговото ниво во о... 5 факти што докажуваат дека плачењето е добро за вашето здравје Покрај тоа што прави да се чувствуваме подобро, плачењето може да ја намали физи......
Црнобело | 14 часа
Алесандра Амбросио воодушевена од Црна Гора – сега ужива во ноќниот живот на Белград со Сека Алексиќ (фото)
Алесандра Амбросио воодушевена од Црна Гора – сега ужива во ноќниот живот на Белград со Сека Алексиќ (фото) Tweet Светскиот топ-модел неколку дена уживаше во убавините на Јадранот на црногорското крајбрежје со децата, а сега е во Белград, каде го искусува ноќниот живот на Балканот, и повторно се забавува со Сека Алексиќ. Алесандра Амбросио изминатиот период престојуваше во Црна Гора, заедно со децата и пријатели, од каде објавуваше фотки во бикини на некои од најубавите плажи. Според описите на фотките, таа е воодушевена од убавините на Црна Гора и уживала во пловењето низ Јадранот. View this post on Instagram A post shared by Alessandra Ambrosio (@alessandraambrosio) Моментално, бразилскиот модел е во Белград, каде освен што шета низ прекрасната српска престолнина со децата, по малку ужива и во ноќниот живот кој го нуди овој град. Откако во Црна Гора се запозна со Сека Алексиќ на нејзин настап, пејачката ѝ остави голем впечаток, па во Белград повторно е во нејзино друштво, на роденден на заеднички пријател. View this post on Instagram A post shared by SEKA ALEKSIĆ (@seka_aleksic) Повеќе фотки од престојот на Алесандра во Црна Гора: View this post on Instagram A post shared by Alessandra Ambrosio (@alessandraambrosio) View this post on Instagram A post shared by Alessandra Ambrosio (@alessandraambrosio) View this post on Instagram A post shared by Alessandra Ambrosio (@alessandraambrosio) View this post on Instagram A post shared by Alessandra Ambrosio (@alessandraambrosio) View this post on Instagram A post shared by Alessandra Ambrosio (@alessandraambrosio) View this post on Instagram A post shared by Alessandra Ambrosio (@alessandraambrosio) М. М. | Црнобело Tweet Би можело да ве интересира: Машин Ган Кели ја запроси Меган Фокс со дијамантски прстен со посебно значење - прославиле со пиење ... По околу година и пол заедно, Машин Ган Кели ја запроси Меган Фокс, а наводно пр... Џенифер Гарнер фрла ѓубре, раперот Lil Nas X во розово здолниште: Како изгледа секојдневието на ѕвез... Како изгледаат Бен Афлек и Џеј Ло кога следат протокол за корона, како изгледа А... „Сама си ризикуваше“ – Твитерџиите убедени дека Бен Афлек му се вратил на алкохолот по свадбата со Џ... По кратката разделба Бен Афлек и Џеј Ло се повторно заедно. Парот се бакнува стр......
Црнобело | 14 часа
10 популарни модни трендови кои потекнуваат уште од 1960-тите
10 популарни модни трендови кои потекнуваат уште од 1960-тите Tweet Знаевте ли дека високите бели чизми, големите очила за сонце и облеката со впечатливи принтови се трендови што биле хит уште во 60-тите години од минатиот век? Изминативе неколку години го видовме враќањето на бројни трендови од последните деценија-две на минатиот век. Но знаевте ли дека повеќето трендови што се хит денес потекнуваат уште од 1960-тите? Во продолжение 10 вакви трендови: Големи очила за сонце Кроп-топ маички Широки фустани како на кукла Високи бели чизми Мини здолништа Уште пет трендови на следната страница... Почеток Претходна 1 2 Следна Крај Би можело да ве интересира: Mодели на чевли кои изгледаат одлично на Инстаграм, но не се практични во реалноста Легендарните штикли со црвен ѓон на Louboutin се едни од најпосакуваните и денес... Кроп-топот од ZARА so 3D цветови на градите е хит за лето 2022 – само храбрите девојки знаат да го н... Чини 2.290 денари и е само за храбри девојки - како да го носите ZARA кроп-топот... Како стојат истите модни парчиња на слаба девојка vs. на девојка со облини (фото) Тие изгледаат сосема поинаку, но изгледаат подеднакво привлечно во истите модни ......
Црнобело | 15 часа
8 едноставни трикови кои ќе ви помогнат да ги „преживеете“ топлите летни ноќи
8 едноставни трикови кои ќе ви помогнат да ги „преживеете“ топлите летни ноќи Tweet Спијте на подот, легнете си со влажен прекривач и заменете ги обичните сијалици со штедливи. Температурите се многу високи, а ова значи и дека ќе треба да ги трпиме топлите ноќи уште некое време и да бараме начин да се разладиме. Додека спиењето со вклучен клима-уред е едноставно решение на овој проблем, многу луѓе го немаат овој уред во спалната соба, за некои може да биде преголем трошок, а и не е препорачливо секоја вечер да спиете во вклучена клима бидејќи може да се јави вкочанетост. Па тогаш како да се разладите во топлите летни ноќи? Во спалната ставете алое вера Кај растенијата постои процес познат како транспирација. Коренот на растението ги впива водата и хранливите материи од почвата и ги носи до стеблото и листовите. Дел од водата, пак, испарува од порите на листовите и, на некој начин, растението „се поти“. Ова потење, или транспирација, може да ја зголеми влажноста на воздухот и да ја намали неговата температура. Алое верата е растение кое испушта многу вода, па може да го разлади воздухот во спалната соба. Уште подобро ако ставите 2-3 саксии. Користете штедливи сијалици Штедливите сијалици, вклучувајќи ги ЛЕД сијалиците, емитуваат значително помалку топлинска енергија. Па, покрај тоа што ќе заштедите, со нив колку-толку ќе ја намалите температурата во домот. Спијте со влажен прекривач Ако никако не можете да заспиете, истуширајте се со студена вода, а потоа испрскајте го прекривачот со вода. Секако, немојте да го накиснувате, туку само навлажнете го со шише со распрскувач. Ставете ја постелнината во замрзнувачот Ова можеби звучи чудно, но може да ви биде од корист ако навечер ви е многу топло. Едноставно, наутро ставете ја постелнината во ќеса, па ставете ја во замрзнувачот, а пред да си легнете извадете ја. Отворете го прозорецот и закачете влажен чаршаф Навечер ширум отворете го прозорецот и на него закачете влажен чаршаф како завеса. Водата од чаршафот постепено ќе испарува и колку-толку ќе го освежи воздухот во собата. Наместо чаршаф, можете да ги испрскате завесите со вода. Разладете се со техника за дишење Ова е техника за дишење што ја практикуваат јогините и нејзината цел е да го разлади телото. Свикајте го јазикот како на фотографијата подолу, вдишете преку носот, и бавно издишете низ устата. Ставете кофа со студена вода до креветот Кога ќе почувствувате дека ви е многу топло, можете да ја ставите дланката или стапалото во кофата за да ја намалите температурата на телото. Спијте на подот Самиот душек на којшто спиете може да ја зароби топлината од вашето тело, па спиењето на подот е одличен начин да се разладите. Покрај тоа, студениот воздух е потежок од топлиот, па секогаш се наоѓа над подот. Спирова С. | Црнобело Tweet Би можело да ве интересира: 11 предмети и продукти за кои вреди да дадете повеќе пари, за да ги избегнете трошоците во иднина Ако сакате да ја промените бојата на косата, многу подобро е да дадете малку пов... 7 митови за преживување поради кои можете да си наштетите на здравјето Мит: Ако останете без вода на место со снег, јадете снег. Зошто е погрешно? Со о... 6 детали во бањата што откриваат многу работи за вас Дали вашата бања секогаш „блеска“ или не можете ни да се сетите кога последен па......
Црнобело | 15 часа
Првата продавница на H&M конечно се отвори во Скопје!
Првата продавница на H&M конечно се отвори во Скопје! Tweet Долгоочекуваната продавница на H&M конечно се отвори во East Gate Mall во Скопје, овој четврток, 18 август во 10 часот. Еден од најголемите светски модни брендови го пречекаа повеќе од 1.000 купувачи полни со ентузијазам, кои застанаа во редот уште од раните утрински часови за да бидат меѓу првите што ќе имаат можност да ги купат нивните омилени модни парчиња. Сите посетители добија до 50 проценти попуст на избраната облека и истата понуда ќе важи до недела, 21 август. Возбудата надвор од продавницата започна на полноќ, кога првите фанови застанаа во редицата. Првите 100 купувачи застанати во редицата добија картички за подарок од H&M, во вредност од 15.000 денари за првиот во редицата, 10.000 денари за вториот, 6.000 денари за третиот и по 1.000 денари за сите останати. „Го чекавме овој ден многу долго и воодушевени сме што видовме толку многу љубители на модата на отворањето на нашата прва продавница во Северна Македонија. Задоволство ни е да им посакаме добредојде на нашите клиенти и да им понудиме додадена вредност преку мода и квалитетот по најдобра цена, направена на одржлив начин. Исто така, многу сум горд на нашиот тим кој го овозможи ова и кој ќе обезбеди сите во нашата продавница да имаат најдобро можно шопинг искуство“, вели Томас Естрани, менаџер за продажба во H&M. Два дена претходно, H&M го прослави доаѓањето во Северна Македонија со ВИП настан. Прославата обедини повеќе јавни личности и локални ѕвезди, модни ентузијасти, инфлуенсери и претставници на медиумите, кои имаа можност да уживаат во уникатно искуство во форма на ексклузивен шопинг пред самото отворање. Новата продавница на H&M во Скопје има површина од 2.300м2 и е дизајнирана согласно најновите трендови, со цел да понуди модерно и гостопримливо шопинг искуство. Нејзината огромна понуда ќе вклучува разновиден избор на облека за мажи, жени, тинејџери, деца и бебиња, како и широка понуда на модни додатоци. Работното време на продавницата ќе биде од 10 до 22 часот во работните денови и во сабота, додека во недела продавницата ќе работи до 20 часот. Tweet...
Црнобело | 15 часа
Како настанал првиот вибратор и дали навистина се користел за лекување на „женската хистерија“?
Како настанал првиот вибратор и дали навистина се користел за лекување на „женската хистерија“? Tweet Вибраторот е најпопуларната секс-играчка, но знаевте ли дека најпрво се користел како медицинско помагало? Дури постои верување дека лекарите го користеле како помагало за лечење хистерија кај жените, но, дали е ова точно? Постои верување дека во 19-тиот век, лекарите ги користеле вибраторите за да ги лекуваат жените од „хистерија“, но иако ова најверојатно не е точно, вибраторот сепак бил корисна алатка за медицинските лица. Електричниот вибратор бил измислен во доцниот 19-ти век и се користел како медицински инструмент за намалување болка и други проблеми. Се верувало и дека вибрациите од вибраторот ги намалуваат брчките и ги средуваат дигестивните проблеми. Кога првпат се појавил, вибраторот немал никаква сексуална конотација и производителите го рекламирале на лекари, а не жени. Првите модели на вибратори брзо се прославиле помеѓу лекарите и тие ги користеле за лекување разни проблеми и кај мажи, и кај жени. Околу 1900-тите, вибраторите почнале да се рекламираат и за јавноста, заедно со други електрични апарати. Најчесто биле претставувани како уреди кои ги намалуваат брчките и ја намалуваат главоболката. Рекламите за вибраторите речиси целосно исчезнале во 1920-тите. Се верува дека причината за ова е бидејќи почнале да се појавуваат во порнографски списанија, па веќе станало јасно дека се секс-играчки, а не уред за убавина и подобрување на здравјето. Се претпоставува и дека тој период лекарите сфатиле дека вибраторите сепак не се волшебен инструмент, па почнале да ги користат поретко. Но, бидејќи веќе имало цела индустрија посветена на нивно производство, производителите самите почнале да ги претставуваат како секс-играчки. Кога станува збор за лекувањето хистерија во 19-тиот век, идејата потекнува од историчката Рејчел Мејнс. Во нејзината книга The Technology of Orgasm од 1998 година, таа вели дека во голема мера, вибраторите биле направени бидејќи на тогашните лекари им бил потребен уред со кој полесно ќе им прават масажа на жените во областа на гениталиите. Според Рејчел, целта на оваа масажа била жената да постигне оргазам. Тогаш женскиот оргазам бил табу, па дури и бил нарекуван hysterical paroxysm, односно хистеричен пароксизам и се сметал за третман за „женска хистерија“. Историчарката вели дека лекарите со векови го користеле оргазмот како лек за женска хистерија и воопшто не го гледале како сексуален чин. Истовремено, за нив ова била навистина тешка задача. Па, го направиле вибраторот за да си ја олеснат работата. Сепак, други историчари не се согласуваат со Рејчел Мејнс во нејзините тврдења дека оргазмот бил користен како лек за женска хистерија. Всушност, многу историчари тврдат дека ова е искривување на вистината. Односно, можеби некои лекари го користеле оргазмот како лек, но тогаш тоа била многу, многу мала група и овој третман воопшто не бил широко прифатен. Во 2018 година, двајца историчари објавија и научен труд во кој ги побиваат тврдењата на Рејчел, проверувајќи ги нејзините цитирани извори. Тие дошле до заклучок дека нема ниту еден доказ што ги поддржува тврдењата и изворите што Рејчел ги навела во нејзината книга. Една од авторките на трудот, Хејли Либерман, вели дека во 19-тиот век лекарите многу добро знаеле што е женски оргазам, и покрај тоа што претставувал табу за јавноста. Исто така, Хејли вели дека некогаш гинеколозите користеле стимулација со електрошокови за третирање силни менструални болки. Притоа, за сите гинеколози било важно при кој било третман, жената да не почувствува никаква сексуална возбуда. Што значи, сигурно не користеле вибратори за масажа на гениталиите. До 1960-тите, вибраторите веќе се продавале само како секс-играчки, а на пазарот почнале да се појавуваат и помодерни модели. Но сепак, уште се сметале за контроверзни. Всушност и денес, многу години подоцна, вибраторите се табу-тема на многу места. На пример, во Алабама, САД, постои забрана за рекламирање и продавање секс-играчки, вклучувајќи и вибратори. Слична забрана има и во други земји, како Саудиска Арабија, Индија, Тајланд и Виетнам, каде што оние кои ќе го прекршат овој закон, можат да се соочат и со казна затвор. Спирова С. | Црнобело Tweet Би можело да ве интересира: Корисни предмети што нашите баби и дедовци ги немале, а ние ги земаме „здраво за готово“ Првите машини за перење облека погодни за домашна употреба се појавиле во 1937 г... Тажната жена последна се смее – Дора Мар, талентирана Југословенка чиј живот за малку ќе го уништел ... На Теодора Марковиќ, ќерката на познатиот хрватски архитект Јосип Марковиќ, изгл... Пар 6 години живее на брод - кои се најголемите предизвици со кои се соочуваат, а за кои никој не зб... Додека ништо не се споредува со слободата што ја носи животот на брод, Софи и Ра......
Црнобело | 16 часа
„За повеќе детски насмевки“ – нова заедничка соработка на Шпаркасе Банка и СОС Детско село
„За повеќе детски насмевки“ – нова заедничка соработка на Шпаркасе Банка и СОС Детско село Tweet По повод 19 август – Светскиот ден на хуманоста, Шпаркасе Банка ја најавува новата соработка со својот долгогодишен партнер – СОС Детско село и заедничката кампања под мотото „За повеќе детски насмевки“, која ја пренесува силната порака за моќта на поврзувањето и градењето силни врски на доверба и поддршка, кои му се потребни на секое дете за да прерасне во силна индивидуа. Во рамките на платформата Sparkasse Life, која обединува корпоративни општествено одговорни практики во различни животни сегменти, а во согласност со принципите на работа на СОС Детско село, од денес преку кампањата „За повеќе детски насмевки“, започнуваат активностите поделени во неколку сегменти на дејствување. Во периодот од 19.8.2022 до 30.9.2022, со секоја новоотворена депозитна партија од типот Штеден План, Детско Штедење, Депозит Прогрес или Депозит Плус, Банката ќе донира по 600 денари за потребите на СОС Детско село. Во рамките на оваа соработка се предвидени и волонтерски активности и индивидуални финансиски донации од вработените на Шпаркасе Банка, практика што е успешно прифатена и се спроведува веќе низа години со цел поттикнување на индивидуалната филантропија. Својата индивидуална поддршка во наредниот период ќе можат да ја изразат и сите клиенти на Банката, со директно донирање за потребите на СОС Детско село преку апликацијата за мобилно банкарство на Банката. На овој начин Шпаркасе Банка ја изразува својата верба во заедницата, придонесува за подобар живот на многу деца без родители и семејства во ризик, влијае врз подигање на свеста за важноста на водење грижа за социјално ранливи категории, поттикнува индивидуална филантропија, како и градење култура на солидарност и поврзување. Крајот на кампањата ќе биде означен со завршниот настан, предавање на донацијата и садење садници во детското село, со што симболично ќе се означи новиот почеток и вложување во поубава иднина за сите деца на СОС Детско село. Со оваа соработка Шпаркасе Банка го зацврстува својот имиџ и улога на општествено одговорна банка во Република Северна Македонија, за што говорат и многубројните национални признанија. Tweet...
Црнобело | 17 часа
ИФФК „Браќа Манаки“ со обемна програма и ѕвезди
ИФФК „Браќа Манаки“ со обемна програма и ѕвезди Tweet Годинава фестивалот „Браќа Манаки“ е пообемен и по гости и по програма во однос на минатогодишното издание. -Имаме над шеесет филмови, три жирија, исклучително реномирани личности кои ќе одлучуваат за селектираните филмови во долгометражната програма, краткометражните филмови, документарната програма и студентската програма. Жирито за долгометражната програмата го сочинуваат: Жан Мари Дрожу , Самир Љума, Мелиса Созен, Маја Богојевиќ и Јелена Станковиќ, а во селекцијата на студентската програма за најдобар филм ќе одлучат: Срѓан Ковачевиќ, Митко Панов и Фејми Даут. На отворањето в петок ни доаѓа Ентони Дод Ментл кој е добитник на „Златна камера 300“ за животно дело, добитник на Оскар, на БАФТА и на многу други награди, а на крајот на Фестивалот ни доаѓа една од легендите на кинематографијата, Џон Метисон, соопшти директорот на Фестивалот Симеон Мони Дамевски на денешната прес конференција која се одржа во Офицерскиот дом во Битола. Слаѓан Пенев втора година по ред е селектор на главната натпреварувачка програма. -Имаме 14 филмови со силен авторски печат и визуелна естетика. Самиот збор фестивал значи славење, ние го славиме филмот. Филмот за отворање е „Мајка и син“.(Un petit frère/ Mother and Son), 2022, француски филм во режија на Леонор Сераије, директорка на фотографија Елен Лувар. Премиерно прикажан на Канскиот филмски фестивал во 2022 година, каде главниот сценограф ја доби наградата за млад филмски техничар. Иако најавивме дека фестивалот ќе се отвори со филмот „Божјата рака“ на Сорентино, имајќи предвид дека „Нетфликс“ е одговорен за дистрибуција на овој филм и веќе филмот може да се види на „Нетфликс“, а тие имаат високо ригорозни стандарди за преводот и не се согласија ние да го направиме преводот, сакаат тие низ нивните многу филтри на превод да се помине, тие да ангажираат преведувачи и лектори, коректури и инсистираат на тоа и не ставија малку во мала неизвесност дали ќе успеат до почетокот на Фестивалот да го обезбедат тој превод. Не сакавме да ризикуваме со тоа и затоа се согласивме да го ставиме следниот ден, бидејќи ќе биде во Битола директорката на фотограија Дарија Д ‘ Антонио и ќе одржи мастерклас, а „Мајка и син“ е одличен филм и заслужува да се види. Филмот ја раскажува приказната за Роз која во доцните 1980-ти се преселува од Брегот на Слоновата Коска во Париз, со двата мали сина. Опфаќајќи го периодот од нивното пристигнување во Франција, па се до денешниот момент, филмот е трогателна хроника за создавањето и пресоздавањето на едно семејство. Ова е прва соработка на режисерката Сераије со искусната кинематограферка Хелен Лувар, а ќе биде петти филм на Лувар кој се прикажува во Главната Програма на „Браќа Манаки“, откако претходно нејзините филмови играа: во 2003 година „Затвор“ (The Cage) во режија на Ален Раус; 2012 година „Атомска ера“ (Atomic Age), во режија на Хелена Клоц; „Невидливиот живот на Евридика Гузмао“ (The Invisible Life of Euridice Gusmao) во режија на Карим Ајнуз, 2019 година – за кој ја доби „Златната камера 300“ - и минатата година „Мурина“, во режија на Антоанета Аламат Кусијановиќ. Елен Лувар е една од најпознатите кинематограферки на денешницата, со импресивна филмографија од околу сто наслови, меѓу кои и филмови режирани од Агнес Варда, Алис Рорвахер, Вим Вендерс, Клер Дени, Меги Гиленхал итн, рече Слаѓан Пенев, селектор на главната натпреварувачка програма. Програмскиот концепт на натпреварувачката документарна програма на овогодинешното издание на ИФФК „Браќа Манаки“ се води од неколку начела, од кои најзначајни се општествената одговорност и ангажман, креативната храброст и посебноста на ликовниот филмски израз, односно иновативноста во кинематографскиот пристап. -Програмата ќе претстави 9 филмски остварувања од цел свет - Европа, Јужна Америка, Блискиот Исток, како и од нашиот регион, а кои ги обединуваат актуелни социјални, еколошки, економски, политички и културни теми. Заедничко за сите филмски дела е што преку специфичниот филмски израз кинематограферите на селектираните филмови исклучително креативно успеваат да ни го отворат светот на доку-фикцијата и хибридните доку-фиктивни форми. Жирито за најдобар визуелен пристап во документарен филм е составено од тројца членови: Јасмин Башиќ, фестивалска програмерка и продуцентка од Швајцарија, селекторка на еден од најпрестижните фестивали за документарен филм Vision du Reel, Nyon, Швајцарија, Белит Саг, авторка и визуелна уметничка од Турција која живее и работи во Холандија, предавачка на Холандската академија за филм во Амстердам и на некои од најпрестижните филмски школи во Холандија, Фејми Даут, македонски кинематографер, добитник на наградата за филмска камера во документарен филм на Американското друштво на кинематографери, соопшти на прес конференцијата Кумјана Новакоva, селектор на документарната програма. Програмата почнува со „Музеј на револуцијата“ на Срѓан Кеца, автор и кинематографер кој доаѓа од Србија, а кој последните 5 години предава документарен филм на филмската школа во Станфорд. „Музеј на револуцијата“ имаше премиера на IDFA, а по IDFA беше прокажан на HotDocs, Трст, како и на престижниот латино-американски фестивал Гвадалајара. -На програмата го имаме и бразилскиот Dry Ground Burning, или „Сувата земја гори“ од режисерската двојка Joana Pimenta, Adirley Queirós, кој имаше премиера на последното Берлиенале. Веќе го најавивме Three Minutes - A Lengthening - Tri minuti prodolzuvanje на Bianca Stigter, во продукција на Steven McQuin, која својата премиера ја имаше на Венеција, а чест ни е што имаме негова регионална премиера, истакна Новакова и подвлече дека автори и кинематографери кои ќе бидат со нас се Срѓан Ковачевиќ, кинематографер од Загреб кој доаѓа со неговиот последен филм „Фабриките на работниците“, кој пред само неколку дена беше награден за најдобар регионален филм на Докуфест во Призрен, а кој имаше премиера на престижниот Sheffield DocFest. Од госите кои доаѓаат се и Ben Guez и Alba Bresolí Aliberch кои во Битола пристигнуваат како авторски тим зад „When the Mountain Rumbles“ или „Кога планината татни“. -Сите проекции на филмовите од документарната програма се во историското кино „Манаки“, а се надеваме дека програмата ќе биде инспирација и повод за уште поинспиративни разговори и нови програмски иницијативи, рече Новакова. Во студентската програма селектирани се филмови од Државниот Универзитет во Тетово и ФДУ Скопје, Академијата од Љубљана, Универзитетот „Хасан Приштина“ од Косово, од Универзитетот во Солун, Академијата од Загреб, чешката академија за филм, Унивезритетот за телевизија и филм во Минхен, потоа Лондон филм скул, академија од Мадрид, од Виена, од Украина, Полска и Турција. Селекторот Ѓорги Пулевски ги претстави филмовите и изрази задоволство што годинава има голем интерес за оваа програма кој има тенденција да се проширува низ годините. Тоше Ивановски се осврна на Офф програмата која е придружен дел на Фестивалот. -На Офф програмата работи тим креативци кои го покажуваат посебниот интерес на Битола кон фестивалот „Браќа Манаки“ како дел од нашата колективна меморија, нашиот идентитет и нашето историско наследство. Од исклучително значење е да кажеме дека Фестивалот „Браќа Манаки“ не е фестивал на некоја елита, туку е фестивал на граѓаните. Концептот на офф програмата е мошне атрактивен, со секојдневни изложби, колекционери кои ја раскажуваат филмската приказна на градот, живи слики, концерти на филмска музика...Особено сме горди што ја имаме за прв пат изложбата на Наум Карабатак, кој учел кај Манаки и која е наше историско наследство. На овој начин го презентираме живото културно наследство со Манаки, она со што сите ние како битолчани се гордееме. Би ја издвоил и изложбата на Државниот архив во Битола со која се одбележува 140 години од ражањето на Милтон Манаки. Таа има сериозно културолошко значење не само за градот, туку и пошироко, рече Ивановски, кој истакна дека сето ова заедно со концерти на филмска музика и настапи на познати музичари ќе го направи градот жив и интересен. Tweet...
Црнобело | 18 часа
Квиз за класична музика: Поврзете ја познатата композиција со нејзиниот автор
Квиз за класична музика: Поврзете ја познатата композиција со нејзиниот автор Tweet Мислите дека сте експерт за класична музика? Дали имате енциклопедиско знаење за броевите на Бах (BWV) и сите 104 симфонии на Хајдн? Од Бетовен до Чајковски и фасцинантните факти од музичката историја за вас подготвивме прашања за класичната музика кои на интересен начин ќе го тестираат вашето музичко знаење. Но, без гуглање. Моцарт не користел пребарувачи на своите испити, па немојте ниту вие. Квиз за класична музика: Поврзете ја познатата композиција со нејзиниот автор 1. Стеван Стојановиќ Мокрањац Петар Коњовиќ Петар Илич Чајковски 2. Франц Шуберт Јохан Штраус Постариот Јохан Штраус Помладиот 3. Свадбата на Фигаро Мадам Батерфлај Травијата 4. Стеван Христиќ Исидор Бајиќ Корнелије Станковиќ 5. Петар Илич Чајковски Антонио Вивалди Џозеф Хајдн 6. Волфганг Амадеус Моцарт Игор Стравински Морис Равел 7. Георг Фридрих Хендл Морис Равел Јохан Себастијан Бах 8. Лудвиг Ван Бетовен Волфганг Амадеус Моцарт Јохан Себастијан Бах 9. Лудвиг Ван Бетовен Јохан Штраус Волфганг Амадеус Моцарт 10. Јохан Штраус Петар Илич Чајковски Јохан Себастијан Бах Мила М. | Црнобело Tweet Би можело да ве интересира: Квиз: Браќата Грим, Шарл Перо или Х. К. Андерсен – Ќе погодите ли кои бајки се нивно дело? „Ако сакате вашите деца да бидат интелигентни, читајте им бајки. Ако сакате да б... Квиз: 9 прашања од 9 области за кои треба добро да размислите Знаете ли со колку држави граничи Кина или кој го напишал музичкото дело „Бумбар... --> Препорачуваме Дневен хороскопНеделен хороскопКино проекцииСоновникМесечен хороскопБонус хороскопГодишен хороскопКириличен конверторКалендар на плодни деновиТестови и КвизовиНеработни во 2022 Најчитани неделава Емилија од Велес, мајка на дете со аутизам: „Андреј (10) беше напредно дете, но по вториот роденден сè се промени“ Поранешната порно актерка Миа Калифа плаќа висока цена за минатото: „Каде и да одам ме следат сомнителни мажи“ Моника и Никола патуваа од Скопје до Италија со веспа за меден месец: „Полневме гориво на секои 300km, Италијанците се чудеа како сме стигнале“ Листа на најпластичните Србинки (фото) Доведете го партнерот до лудило - Предлог за сексуална предигра за секој хороскопски знак (18+) Огромни редици пред H&M во Скопје – првите 100 купувачи добија ваучери на отворањето (фото) Кои ѕвезди ги разгалуваат семејствата со пари и подароци, а кои не им оставаат ништо? „Конечно научи како да го држи детето“ - Емили Ратајковски повторно мета на потсмев на социјалните мрежи „Јас сум 35-годишна девица и мажите ме исмејуваат, но јас сакам да ја изгубам невиноста во брак“ Како децата на познатите личности дознале дека нивните родители се славни? НОВОСТИДомашниБалканСветШоу-бизнисПромоНастаниФилмМузикаКнигиТехнологијаАвто-мотоНаукаЖИВОТЕН СТИЛЉубов и сексМодаУбавинаЗдравјеФитнесСемејствоПатувањеСвадбиКариераТрансформацииАСТРОДневен хороскопНеделен хороскопМесечен хороскопГодишен хороскопБонус хороскопSonovnikДОМУредувањеГрадинаУбави просториДомаќински советиВо домот на...ХРАНАРецептиДиетиПијалациСоветиЗАБАВАИнтересноХуморЕвергриниФакти и цитатиТестови и квизовиЖивотинско царствоДизајнФото вестиИгриИНТЕРВЈУВидео интервјуаПатуваме со...Разговараме со... Copyright © 2008-2022 CRNOBELO.com Сите права се задржани | Услови за користење | Политика на приватност --> За насМаркетингКонтакт...
Црнобело | 19 часа
Последици од прекумерно консумирање рафинирани шеќери и како да го намалите нивниот внес?
Последици од прекумерно консумирање рафинирани шеќери и како да го намалите нивниот внес? Tweet Нутриционистот Драгана Лошиќ открива дека проблемите со срцето, зголемениот ризик од појава на дијабетес и дебелината се само дел од бројните последици од прекумерното консумирање додадени шеќери. Кои совети ги дава таа за да го намалите внесот на рафинирани шеќери? Сите сме свесни за лошото влијание на рафинираните шеќери, но некогаш се чини невозможно да ги избегнеме. За среќа, има решение и за тоа бидејќи постојат продукти без додадени шеќери, па дури и без вештачки бои и ароми. Шеќерот е состојка што природно се наоѓа во многу намирници, вклучувајќи и овошје и зеленчук. Но, додека овие природни шеќери генерално не претставуваат проблем, експертите сè почесто ги истакнуваат последиците од рафинираниот шеќер кој се додава во разни продукти што ги консумираме секојдневно. Па, што точно се рафинирани шеќери и какви сè проблеми предизвикуваат со здравјето? Што се рафинирани шеќери? Рафинираните шеќери можат да се направат од растенија како шеќерна репка или шеќерна трска. Сокот од овие растенија се филтрира и се претвора во сируп, кој подоцна се преработува и се претвора во кристали шеќер. Рафиниран шеќер може да се добие и од пченка и е познат како високо-фруктозен пченкарен сируп. И двата вида рафинирани шеќери неретко се додаваат во прехранбени продукти за да им го подобрат вкусот. А, токму овој додаден шеќер може да биде причина за низа проблеми со здравјето. „Рафинираните шеќери се едноставни шеќери додадени во различни прехранбени производи, кои брзо се апсорбираат во дигестивниот тракт и нагло го зголемуваат нивото на шеќер и инсулин во крвта. Ова доведува до ненадеен прилив на енергија, а потоа до нејзин брз пад, кој лесно запаѓа во маѓепсаниот круг на потреба за ново гориво во вид на споменатите шеќери“, вели д-р Драгана Лошиќ, специјалист по нутриционизам. Кои се последиците од големиот внес на рафиниран шеќер? Не залудно нутриционистите и лекарите ни велат да намалиме со внесот на шеќер, а овде спаѓаат и продуктите со додаден шеќер. Постојат премногу негативни ефекти од исхраната која вклучува многу рафиниран шеќер, како проблеми со срцето, дебелина и појава на дијабетес. „Високиот внес на рафинирани шеќери преку кондиторски производи, овошје, енергетски и газирани пијалаци, ликери и обоени пајалаци, каши и гранола со додадени шеќери, со текот на времето доведува до слабеење на имунитетот, зголемување на телесната тежина, отпорност на инсулин, замастен црн дроб, хипертриглицеридемија, хормонална нерамнотежа, лошо расположение и прогресија на дегенеративните процеси во организмот“, објаснува д-р Лошиќ. Истовремено, таа истакнува колку мало количество шеќер е потребно за да настанат проблеми: „Дали знаевте дека само 24 мали лажици (од 5 грама) или вкупно 120 грама додаден шеќер дневно ја намалуваат способноста на леукоцитите да ги уништуваат бактериите за дури 40%?“ Колку додаден шеќер можеме да внесуваме, а колку всушност внесуваме? Веќе е јасно дека рафинираните шеќери се сеприсутни, што значи сите внесуваме многу поголемо количество од препорачаното. „Се смета дека просечно внесуваме 150 грама додаден шеќер дневно, додека препораката е само од 25 до 50 грама“, вели д-р Лошиќ. Неретко, дури и намирниците што ги сметаме за здрави се полни рафинирани шеќери. „Само една чаша овошен или сок купен од продавница содржи околу 25 грама шеќер, додека едно млечно чоколадо од 100 грама содржи 50 грама шеќер“, појаснува д-р Лошиќ. Со сето ова, ние не само што внесуваме многу шеќер, туку јадеме храна сиромашна со неопходни хранливи материи, но и ја попречуваме апсорпцијата на материите што ќе ги внесеме. „Високиот внес на шеќер е еден од факторите што доведува до дисбиоза или нарушување на рамнотежата на цревната бактериска флора, што ги нарушува основните цревни функции: варење, апсорпција и елиминација на остатоците од храната. Со ова влијае на нашиот нутритивен статус, т.е. затоа се вели дека денешниот човек е пренахранет, а во исто време нутритивно неисхранет“, вели д-р Лошиќ. Како да го контролирате внесот на додаден шеќер? Како што вели д-р Лошиќ, следниот пат кога ќе сакаме да посегнеме по храна со додадени шеќери, добро би било да се присетиме на последиците: „Обидете се да ја запомните оваа информација за следниот пат да не претерате со внесување на прехранбени производи богати со додадени шеќери“. Умереното внесување на блага храна, но и храна со додадени шеќери е првиот чекор што можете да го преземете. Исто така, можете да ја збогатите исхраната со продукти кои немаат додаден шеќер. На пазарот се достапни многу продукти без додаден шеќер, но и без вештачки бои и ароми, како производите на Boom Box, кои воедно се и вегански. „Ве советувам да изберете производи без додаден шеќер, вештачки засладувач и лоши замени за шеќер, како што се гранолите, овесната каша, бисквитите и овесните пијалаци од Boom Box“, вели доктор Лошиќ. Што ќе се случи кога ќе намалите со внесот на шеќер? Штом ќе го намалите внесот на шеќер, ќе почнете да ги чувствувате и придобивките: Намалување на вишокот килограми Намалени триглицериди Намален ризик од проблеми со срцето Подобра апсорпција на хранливите материи Поздрави заби Намален ризик од дијабетес фото: depositphotos.com / Фејсбук Tweet Би можело да ве интересира: Која храна да ја консумирате почесто за густа и сјајна коса? Мандарините, лососот и спанаќот се некои од најдобрите продукти кога станува збо... Блага паста од грав и уште 9 (необични) десерти од целиот свет кои вреди да ги пробате барем еднаш Кога има снег, Канаѓаните сакаат да си прават необични лижалчиња – го зовриваат ... Идеи за декорација на велигденската трпеза и сервирање на варените јајца (фото) Велигден е еден од најубавите христијански празници и тој значи полна трпеза и п......
Црнобело | 19 часа
„Мојот сопруг ја планира мојата автомобилска несреќа“: Принцезата Дијана си ја предвидела смртта во морничаво писмо
„Мојот сопруг ја планира мојата автомобилска несреќа“: Принцезата Дијана си ја предвидела смртта во морничаво писмо Tweet „Оваа фаза од мојот живот е најопасна – мојот сопруг планира ’несреќа‘ со мојот автомобил, проблеми со кочниците и сериозна повреда на главата“, напишала Дијана во писмо околу два месеца по разводот со Чарлс. Наскоро на Discovery+ ќе почне да се емитува нова документарна серија – The Diana Investigations – чие дејство ќе се фокусира на несреќата во која загина принцезата Дијана. Серијата ќе се емитува на стриминг платформата од 22-ри август, но неколку светски медиуми веќе имаа можност да дознаат некои детали. Можеби најморничавиот детаљ што е објавен досега се однесува на порака во која принцезата Дијана ја предвидела својата смрт. Дијана загина во Франција на 31-ви август 1997 година во сообраќајка. До денес, постојат разни теории на заговор за несреќата, а некои сметаат дека принцезата била убиена. Во своето предвидување, The Daily Beast открива дека Дијана се сомневала дека ќе ѝ се случи нешто такво. Според документарецот, на 30-ти октомври 1996 година, правниот застапник на принцезата Дијана – Виктор Мишон – имал состанок со познатиот американски новинар и автор Патрик Џефсон. Тогаш Патрик бил и личен секретар на принцезата. На состанокот присуствувала и Дијана. Тогаш Дијана му река на Виктор дека, од сигурни извори, добила информација дека до април 1996 година некој ќе се обиде „да се ослободи од неа“ или ќе се обиде да ѝ нанесе сериозни повреди. Дијана истакнала дека ова најверојатно би се случило во сообраќајна несреќа. Таа сметала дека некој ќе ги оштети кочниците на автомобилот или ќе направи нешто слично, за несреќата навистина да изгледа како несреќа, а не обид за убиство. Виктор Мишон го запишал сето ова, а писмото што го напишал веќе е познато како „белешка на Мишон“. Помалку од две години подоцна, Дијана загина во сообраќајка. Со неа загина и нејзиниот тогашен партнер Доди Ал Фајед, како и нивниот возач Хенри Пол. Возачот, кој бил под дејство на алкохол и препишани лекови, удрил со автомобилот во столб додека се движел со брзина од 100 километри на час (многу над дозволеното). Возачот всушност се обидувал да им избега на папараците кои го следеле автомобилот со мотори. Кога се случила несреќата, Виктор Мишон му го дал писмото од состанокот со Дијана на Пол Кондон – полициски комесар од Лондон. Пол, пак, го ставил во сефот во зградата на седиштето на полицијата и со години стоело таму. Дури во 2004 година, британската полиција почнала подетално да го разгледува случајот со смртта на принцезата Дијана и од истрагата направиле извештај долг 832 страници. Овој извештај беше објавен во 2006 година. Според адвокатот што го застапуваше загинатиот партнер на Дијана, во целата оваа истрага клучна била белешката на Мишон. Сегашниот полициски комесар, пак, кој работел на истрагата, вели дека дознал за оваа белешка дури откако дошол на позицијата. „Станав свесен за белешката дури кога самиот станав комесар. Ми кажаа и дека самиот Виктор Мишон не ѝ придавал големо значење. Го интервјуирав Мишон во три наврати бидејќи белешката многу ме загрижуваше. Го видов Мишон околу еден месец пред да умре, во пролетта во 2005 година, и тој се држеше до фактот дека мислел дека Дијана била само параноична“. Комесарот вели дека никој не го сфаќал сериозно она што го кажала Дијана. Дијана напишала уште едно необично писмо, и тоа во 1996 година, околу два месеца по разводот со принцот Чарлс. Писмото го нашол нејзиниот батлер, а беше објавено во книгата A Royal Duty од 2003 година. „Денес во октомври седам овде на моето биро и копнеам некој да ме прегрне и да ме охрабри да останам силна. Оваа фаза од мојот живот е најопасна – мојот сопруг планира ’несреќа‘ со мојот автомобил, проблеми со кочниците и сериозна повреда на главата за да си го ослободи патот и да се венча со Тиги“, напишала принцезата. Според Daily Beast, Тиги била личната асистентка на принцот. Последната истрага за смртта на Дијана ја водеше сегашниот полициски комесар, но тој дошол до заклучок дека немало никаков заговор за убиство на Дијана, и покрај нејзините сомнежи. Односно, нејзината смрт навистина била само несреќа. Новиот документарец ќе ги истражува сите детали од оваа истрага и сосема возможно е да открие дека полицискиот комесар направил некој пропуст. Спирова С. | Црнобело Tweet Би можело да ве интересира: Жена од Австралија билa жртва на напад со метанол и палење - по 10 години и 200 операции помага на д... На само 26 години љубоморна жена ја нападнала со метанол и ја запалила, поради н... Загадената вода се прочистува со позитивни емоции и уште неколку верувања на Ѓоковиќ за здрав и среќ... Новак Ѓоковиќ e актуелен шампион во светот на тенисот и е идол на многумина, па ... 11 докази дека Ирска е уникатно место за живот Ирска има најдобар начин за грижа за менталното здравје со активности од типот д......
Црнобело | 19 часа
Чадот, а не никотинот е главен причинител за болести предизвикани од пушењето
Чадот, а не никотинот е главен причинител за болести предизвикани од пушењето Tweet Денеска во светот има повеќе од една милијарда пушачи и статистиката вели дека секој шести човек пуши. Болестите предизвикани од пушењето, сепак, не се врзани за никотинот, кој како природна состојка го има во тутунот и кој е високо зависен, но некарциноген, туку со тутунскиот чад. Никотинот создава зависност и може да го зголеми пулсот, но во поглед на супстанците е прилично безопасен. Најдобрата одлука за секој пушач е во целост да се откаже од тутунот и никотинот. Меѓутоа, значителен број пушачи не се одлучуваат на ваков чекор, наведувајќи го никотинот како една од причините за пролонгирање на оваа одлука. Никотинот, кој претставува активна состојка на цигарите е стимуланс и претставува една од причините зошто луѓето пушат, заедно со вкусот и ритуалот. Научниците велат дека никотинот е штетен бидејќи предизвикува зависност, а тоа е всушност неговиот најголем „грев”. Оваа теза е потврдена со фактот дека една од најприфатените терапии за откажување од пушење е онаа која се базира на производи за замена на никотинот, како што се фластерите и никотинските гуми за џвакање. Никотинот е природна состојка, додека катранот е производ кој се создава при согорувањето на тутунот. Никотинот е алкалоид пронајден во растението тутун и претставува 0.6–3.0 проценти од сувата маса на тутунот, а катранот е рецидив (остаток) од процесот на согорување, што заедно со јаглерод моноксид се докажано штетни за здравјето. Главен причинител за болестите поврзани со пушењето всушност е чадот од цигарите, кој содржи повеќе од 6.000 штетни и потенцијално штетни материи кои се ослободуваат при согорување на тутунот, додека никотинот е тој што ја создава зависноста. Никотинот е природната состојка која се наоѓа во тутунот, а научно е докажано и дека пушачите пушат поради никотинот, но се разболуваат од катранот. Токму ова е причината зошто лекарите се повеќе им препорачуваат на пациентите кои не сакаат да се откажат од пушењето, алтернативи кои го загреваат тутунот, наместо да го согоруваат. Новите тутунски производи се дизајнирани значително да го намалат или елиминираат ослободувањето на штетни и потенцијално штетни хемикалии, а истовремено колку што е можно повеќе да го зачуваат вкусот, сетилното искуство, профилот на испорака на никотин, како и ритуалните карактеристики на цигарите. Истражувањата покажуваат дека и хигиената е една од главните мотивации за луѓето да се префрлат од цигари на алтернативни тутунски производи, бидејќи чадот од тутунот предизвикува непријатен мирис кај корисникот. Пушењето е еден од најзначајните ризик фактори за појава на одредени болести кои доведуваат до смртни последици и пушачите треба да знаат дека постои и друг начин за да престанат со консумирањето натрадиционални цигари, или пак барем да ги намалат здравствените ризици на кои се изложени. Електронските уреди, како IQOS се базираат на технологија која го загрева тутунот и не создава чади катран, туку аеросол што е комбинација на течни капки, цврсти честички и воздух, за разлика од чадот кој содржи само цврсти честички. Како резултат на тоа, тие испуштаат помалку и пониски нивоа на штетни и потенцијално штетни состојки во споредба со чадот што се создава при согорувањето на тутунот. Кај технологијата на загревање на тутунот, во просек се создава 98проценти помалку јаглерод моноксид и значително пониски нивоа на другите штетни состојки. Технологијата за загревање на тутунот без согорување е препознаена од повеќе влади и јавни здравствени организации, вклучувајќи ја и американската Администрација за храна и лекови (ФДА) за да помогне да се намали содржината на штетни материи, во споредба со согорувањето на тутунските производи. Овие уреди се наменети за возрасните пушачи, кои и понатаму би продолжиле да пушат и важно е да се напомене дека не претставуваат производи без ризик. Tweet...
Црнобело | 19 часа
Пејачката и докторка Симона Поповска се породи по вторпат: „Среќна сум што се мала разлика со првиот син“
Пејачката и докторка Симона Поповска се породи по вторпат: „Среќна сум што се мала разлика со првиот син“ Tweet „Бременоста помина во одличен ред како и самото породување. Многу сум среќна што се мала разлика со првиот син и ќе бидат најдобри другари“ – изјави Симона за CRNOBELO.com и ни сподели фотки од втората бременост со синот Стефан, кој се роди на 17 август. Македонската пејачка Симона Поповска, која сега е целосно фокусирана на кариерата како доктор, го доби второто дете, повторно син. Слично како и првата, Симона ја држеше понастрана од јавноста и втората бременост, а ги сподели со нас фотките кои ги направила додека била бремена со вториот син. „Бременоста помина во одличен ред како и самото породување. Многу сум среќна што се мала разлика со првиот син и ќе бидат најдобри другари. Синчето ќе се вика Стефан“ – изјави таа за CRNOBELO.com по породувањето. Во мај годинава, таа направи бајковита прослава за 1-иот роденден на синот Никола, откако претходно го прослави својот 30-ти роденден во раскошен амбиент. Фотки од бременоста со синот Стефан: М. М. | Црнобело Tweet Би можело да ве интересира: Симона Поповска го прослави 30-тиот роденден со сопругот и синчето во раскошен амбиент (фото) Со совршено избран стајлинг, многу балони и огромна торта, пејачката и докторка ... Се ожени синот на Дац – ексклузивни фотографии од свадбата на актерот Јаков Спасов и неговата сакана... „Ме запроси сосема во наш стил, си седевме по дома, баравме кој филм да гледаме ... Јаков Спасов, синот на Дац, и сопругата Софија на меден месец на Исланд објавија дека очекуваат бебе Парот кој стапи во брак во мај годинава периодов ужива на патување во Исланд, а ......
Црнобело | 19 часа
Искусете ја новата серија Samsung Galaxy Z
Искусете ја новата серија Samsung Galaxy Z Tweet Скопје, 18 август 2022 година - На 10 август, Samsung ја претстави најновата серија на иновативни Galaxy уреди, вклучувајќи ги смартфоните Galaxy Z Fold4, Z Flip4, Watch5 и Buds2 Pro, во својот потпис „Unpacked“ формат. Во наредниот период ќе воведе целосно ново Samsung Galaxy искуство со тоа што на корисниците и фановите ќе им овозможи непосреден пристап до новите уреди пред да пристигнат во продавниците. Оваа најава дополнително беше прославена од страна на Samsung на најполарните јавни места низ светот, вклучително и на Times Square, во соработка со светски познатата поп група BTS и премиерата на дигиталниот филм во кој има и песна од групата BTS наречена „Yet To Come“ и претставување на новата верзија на „Over the Horizon 2022“ од уметникот наречен SUGA од групата BTS. Видеото може да го погледнете во продолжение: Во Македонија, ќе можете да ги пробате телефоните Galaxy Z Fold4 и Z Flip4 пред нивната официјална продажба, на следните локација - East Gate Mall од 26.08 до 28.08, од 10 до 20 часот. Нарачајте пред сите! Уредите од новата серија Galaxy Z се достапни во Северна Македонија по препорачаната цена Z Fold4 од 107.999 денари и Galaxy Z Flip4 од 64.999 денари. Искористете го попустот во промотивниот период кој трае до 25.08.2022 во кој добивате 12.000 денари попуст за Galaxy Z Fold4 и 9.000 денари за Galaxy Z Flip4. Со оваа промоција добивата можност и за откупување на стариот телефон. Исто така, корисниците остваруваат право на осигурување на екранот (осигурување за внатрешниот екран на уредот кое покрива една штета настаната во рок од една година од купувањето на уредот со учество во штетата). Промоција ќе заврши и пред наведениот рок доколку дојде до исцрпување на залихите на Уредот кои се предвидени за оваа. За повеќе информации за Galaxy Z Flip4 и Z Fold4, посетете ги samsungmobilepress.com, news.samsung.com или samsung.com Tweet...
Црнобело | 19 часа
Огромни редици пред H&M во Скопје – првите 100 купувачи добија ваучери на отворањето (фото)
Огромни редици пред H&M во Скопје – првите 100 купувачи добија ваучери на отворањето (фото) Tweet Скопје е подготвено за отворањето на H&M – огромни редици од луѓе кои чекаа да бидат први кои ќе влезат во продавницата и конечно да уживаат во шопингот. Дали вие сте денес на големото отворање на омилениот бренд во Скопје? Официјалното отворање на H&M во Скопје беше закажано за денес (18 август) во 10 часот наутро, а првите 100 купувачи добиваа ваучери за купување. По тој повод, делот пред продавницата во East Gate Mall утрово беше преполн со купувачи подготвени да влезат први во омилената модна продавница. На Фејсбук страната на H&M беа објавени фотки со описот: Денес ја отворивме нашата прва продавница во убавото, сончево Скопје! Погледнете го албумот со фотографии и доживејте ги одблизу моментите кои ќе ги паметиме засекогаш! Дали вие бевте таму? Од трговскиот центар, на Инстаграм објавија видеа од редиците, погледнете каква беше атмосферата: Видеата може да ги погледнете ТУКА. Прочитајте повеќе за плановите на H&M во Македонија во ексклузивното интервју со менаџерот за продажба на регион Грција Томас Естрани: „H&M нè охрабрува да го истражуваме личниот стил“ М. М. | Црнобело Tweet Би можело да ве интересира: Бариста од Скопје ги исцрта знамињата на Украина и Русија на кафе и порача СТОП за војната (фото) Убава порака! Сите заедно се молиме за крај на оваа страшна ситуација, зарем не?......
Црнобело | 19 часа
Александар Мирчевски ќе вози мотор, а Елена Јакимовска освои часовник во второто коло од наградната игра „ИГРАЈ, СОБИРАЈ И ОСВОЈ“ на 2win.mk
Александар Мирчевски ќе вози мотор, а Елена Јакимовска освои часовник во второто коло од наградната игра „ИГРАЈ, СОБИРАЈ И ОСВОЈ“ на 2win.mk Tweet Наградната игра „ИГРАЈ, СОБИРАЈ И ОСВОЈ“ која Видеолотарија Касинос Австрија ја реализира на единствената легална платформа за интернет игри на среќа во земјава- 2win.mk, е комплетирана. Додека ги очекуваме добитниците на наградите од последното коло, во Видеолотарија, пристигнаа Александар Мирчевски кој освои мотор и Елена Јакимовска која освои часовник во второто коло. Александар Мирчевски задоволен и среќен го подигна својот мотор скутер Piaqqio, наградата која ја освои учествувајќи во второто коло од наградната игра, во категоријата спортско обложување на играчката платформа 2win.mk. Тој сподели дека многу и се радува на наградата, а и во иднина ќе биде редовен играч на 2win.mk Елена Јакимовска ја освои наградата рачен дигитален часовник Garmin SmartWatch Venu 2 Plus во второто коло од наградната игра во категоријата спортско обложување. Наградната игра ИГРАЈ, СОБИРАЈ И ОСВОЈ со вкупен фонд од 6.684.831,00 денари, донесе 240 награди во три кола за секоја категорија, како и главни награди, на крајот на наградната игра, за секоја категорија. Последното, трето коло заврши на 15.08.2022. Деновиве ги очекуваме и добитниците од ова коло, како и освојувачите на главната награда- 1 милион денари, која ќе биде доделена и во двете категории. #ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно #ИГРАЈСОБИРАЈИОСВОИ Tweet...
Црнобело | 20 часа
Машин Ган Кели повторно си скрши чаша од главата, го обвинуваат за сатанизам – дали има лошо влијание врз Меган Фокс?
Машин Ган Кели повторно си скрши чаша од главата, го обвинуваат за сатанизам – дали има лошо влијание врз Меган Фокс? Tweet Откако му стави крај на бракот со Брајан Остин Грин и почна врска со Машин Ган Кели, Меган Фокс драстично се промени – почна да носи поразголена облека, да објавува провокативни фотографии, но и да прави секакви бизарни ритуали со крв со новиот сакан, кој веќе го обвинуваат за сатанизам. Кои се неговите најнови постапки со кои ги шокираше сите и ги загрижи за менталното здравје? Меган Фокс беше во брак со Брајан Остин Грин околу десет години и овој период не привлекуваше многу внимание во јавноста. Одвреме-навреме се појавуваше со децата и сопругот, некогаш и на црвениот тепих, и генерално се држеше понастрана. Но, штом ја почна врската со музичарот, кој одамна има лоша репутација, се чини дека и самата прифати нешто од неговото однесување. Парот ја почна врската во 2020 година, и оттогаш видовме секакви бизарности од нив – од пиење крв, до носење обетки и ланчиња полни со нивната крв. Сепак, периодов актерката и музичарот воопшто не се појавуваа заедно, а Меган немаше споделена фотографија со него. Ова, пак, ги разгоре гласините дека можеби ставиле крај на наивната врска. Но, неделава парот конечно беше забележан заедно во Лос Анџелес. Меган носеше син комплет од кратки панталони и спортски градник со сина кошула. Комбинацијата ја дополнила со кадифена чанта и кадифен шешир. Музичарот носеше светлосини панталони и блуза со принт. На неговиот нос се познаваше и мала рана што си ја направи за време на негов концерт. Бизарното однесување на музичарот не е ништо ново, а минатиот викенд уште еднаш ја загрижи јавноста. Музичарот имаше концерт во Охајо, а додека беше на сцената си скрши чаша за вино од лицето. „Веднаш престанете со концертот, ќе бидеме казнети со 70.000 долари за секои 10 наредни минути што ќе продолжиме“, изјави пејачот на бината, по што испи цела чаша вино. Веднаш потоа извика: „Знаете што велам за тоа? Не го прекинуваме овој концерт за ништо. Јас сум богат!“ И, си ја скрши чашата од главата. Машин Ган Кели се пофали и на Инстаграм со објава на Инстаграм Стори. На фотките и видеата, музичарот се смее додека лицето му е крваво, а дефинитивно изгледа малку морничаво. Ова не е првпат музичарот да ја зачуди јавноста со вакво бизарно однесување – пред само месец-два, тој исто така скрши чаша од неговата глава, и повторно се пофали на Инстаграм со вознемирувачки фотки. Машин Ган Кели дефинитивно има влијание врз Меган Фокс, бидејќи и таа почнува да ја изненадува јавноста со бизарности кои се невообичаени за неа. Покрај провокативните фотки и предлогот да отвори профил на сајт за возрасни со Кортни Кардашијан (која сега ѝ е добра пријателка), актерката со восхит зборува за лудите ритуали што ги прават со саканиот. Тие ја пиеле нивната крв, консумирале психоделични супстанци, а вереничкиот прстен што го носи Меган ѝ предизвикува болка ако проба да го извади. Поради сето ова, особено прстенот кој музичарот сам го дизајнирал, многумина сметаат дека тој ја контролира пејачката, како и дека нивниот однос е ништо помалку од токсичен. Покрај тоа, во минатото Машин Ган Кели честопати беше мета на критики поради неговото однесување кон тинејџерки. На 23 години тој изјави дека ќе оди да ја бара тогаш 17-годишната Кендал Џенер бидејќи му се допаѓала, а за познатите личности не постоеле возрасни граници. Исто така, тој изјави дека ќерка му на Еминем била „многу секси“, иако тогаш девојчето имаше едвај 16 години. Поради оваа изјава, познатиот рапер дури и му се закани на Машин Ган Кели во негова песна. Исто така, многумина сметаат дека Машин Ган Кели промовира „сатанистички ритуали“ бидејќи зборува отворено за пиењето крв со Меган Фокс. Кога ќе се земат предвид сите скандали на Машин Ган Кели и драстичната промена кај Меган Фокс, не е ни чудно што фановите мислат дека пејачот има негативно влијание врз неа. Спирова С. | Црнобело Tweet Би можело да ве интересира: Брајан Остин Грин шета со синовите, едниот бос со женска облека - додека Меган Фокс си ја слави сврш... Откако Меган Фокс и Машин Ган Кели јавно ја објавија свршувачката, нејзиниот пор... Машин Ган Кели ја запроси Меган Фокс со дијамантски прстен со посебно значење - прославиле со пиење ... По околу година и пол заедно, Машин Ган Кели ја запроси Меган Фокс, а наводно пр... Меган Фокс и Машин Ган Кели во Барби аутфити на настан, откако тој се прошета со обетки со нејзина к... Меган Фокс и како русокоса е преубава и сега се пар во Барби стил, а последни во......
Црнобело | 20 часа
Војин Четковиќ ќе го глуми легендарниот Драган Николиќ во серијата „Тома“ – Здравковиќ и Гага биле другари од кафеана
Војин Четковиќ ќе го глуми легендарниот Драган Николиќ во серијата „Тома“ – Здравковиќ и Гага биле другари од кафеана Tweet Легендарниот актер Драган Николиќ и пејачот Тома Здравковиќ биле другари од кафеана, а улогата на актерот во серијата Тома, ќе ја игра Војин Четковиќ, кој во една прилика изјави: „Драган ме испрати во војска, ми даде 100 марки да се напијам нешто“. Филмот за Тома Здравковиќ направи „бум“ во земјите на поранешна Југославија и за кратко време стекна популарност, а за маестралното дело се зборуваше со денови и месеци по премиерата. Бурниот живот на пејачот кој живеел од ден за ден, одлично го пренесе на филмското платно Милан Мариќ, а покрај него и останатите актери ги „оживеаја“ ликовите од едно минато време на кое сите се сеќаваат, а помладите генерации имаа прилика преку филмот да ги запознаат. View this post on Instagram A post shared by TOMA - film (@tomazdravkovic_film) Уште веднаш беше познато дека освен филмот, се снима и серија, во која ќе бидат прикажани уште многу приказни од животот на фолк пејачот, кои не се дел од филмот, а се очекува премиерно да се емитува оваа есен. Освен добро познатите ликови и актери кои имавме можност да ги видиме во филмот, во серијата ќе се појават уште неколку, а најмногу внимание привлекуваат Војин Четковиќ, во улога на легендарниот актер Драган Николиќ и Срџан Тодоровиќ, во улога на неговиот татко, Бора Тодоровиќ. View this post on Instagram A post shared by Srdjan Žika Todorović (@srdjan.zika.todorovic) Веста беше позната одамна, а сега Војин сподели интересна фотка со споредба од него и Срџан со ликовите кои ќе ги играат. View this post on Instagram A post shared by Vojin Cetkovic (@vojin_cetkovic) View this post on Instagram A post shared by Vojin Cetkovic (@vojin_cetkovic) Тома и Драган биле другари од кафеана, а како што пренесоа српските медиуми, пејачот сакал да доаѓа во бифето Ателје 212, каде Гага поминувал голем дел од денот и ноќта. View this post on Instagram A post shared by Vojin Cetkovic (@vojin_cetkovic) Војин пак, веднаш и без размислување ја прифатил понудата од Драган Бјелогрлиќ и Жељко Јоксимовиќ, а во една прилика, во емисијата „Балканска улица“ раскажа интересна приказна од младоста, која српските медиуми ја пренесоа: „Директно од снимање отидов во војска. Ме испратија Глоговац и Гага Николиќ. Гага ми даде 100 марки да се напијам нешто. Седнав во авион, влегов во касарната во 9 вечер. Си помислив што ме снајде, ме ставиле да спијам покрај тоалет, а околу мене деца од 17-18 години. Сите беа 10 години помлади од мене, а ме викаа чичко“. Војин и Драган во серијата „Монтевидео“ Прочитајте и Ги разведуваат најмалку еднаш месечно, но и по 13 години тие се сè уште заедно – Војин и Слобода од „Зона Замфирова“ (фото) М. М. | Црнобело Tweet Би можело да ве интересира: „Во Црна Гора ме касна рибата-змеј што се појави и во Грција - како ногата да ми беше во пламен, ќе ... „Стискам заби, но чувството беше како ногата да сум ја ставила во пламен. Партне... Зошто Милан Мариќ за мене е најдоброто од Србија? „Тома“ и „Беса“ ми се доказ за тоа! Не знам за вас, но јас се „опседнав“ со Милан Мариќ. Неверојатно талентиран... Милан Мариќ за улогата на Тома: „Филмот ми направи пекол од животот, има сцени каде што навистина пе... „Дури откако ја добив улогата сфатив каков пекол си направив од животот“ – вели ......
Црнобело | 21 часа
Mozzart повторно го поддржа Меѓународниот ракометен турнир во Струга
Mozzart повторно го поддржа Меѓународниот ракометен турнир во Струга Tweet Компанија Mozzart на регионално ниво е позната по инвестирањето во спортот на сите нивоа, без разлика дали се работи за поддршка на спортски клубови или спонзорство на различни спортски настани кои се организираат во државата. Деновиве во Струга се одржува јубилејното 50-то издание на Меѓународниот ракометен турнир, а Mozzart како повеќегодишни пријатели на реномираниот настан и оваа година се појавија како спонзори и го поддржаа турнирот. „Голема благодарност до компанијата Mozzart што и оваа година понуди поддршка на турнирот. Особено сме горди што славиме јубилеј од 50 години и се надеваме дека традиционално ќе продолжиме со организација на турнирот, а општествено одговорните компании како Mozzart ќе продолжат и понатаму да го препознаваат реномето на настанот и да придонесуваат кон неговата организација“ - изјавија организаторите на турнирот. Инаку, во 2018 година компанија Mozzart го реконструираше ова игралиште на „Женската плажа“ во Струга и постави специјална подлога за спортски игралишта. Струга тогаш доби терен како што прилега на богатата ракометна традиција на овој град, со надеж дека од таму ќе излезат уште многу генерации на врвни ракометари. „Секогаш ни претставува вистинско задоволство да ги помагаме домашните спортски настани и да го промовираме спортот. Продолжуваме да го помагаме овој струшки турнир кој оваа година го реализира своето јубилејно 50-то издание. Посакуваме уште многу успешни турнири одржани на обновеното игралиште со најмодерна подлога, кое беше целосна донација од компанијата Mozzart во 2018 година.“ – изјавија од менаџментот на Mozzart. Овогодинешниот ракометен турнир стартуваше со натпреварот помеѓу бранителот на титулата Вардар и дебитантот Алкалоид. Инаку, на турнирот учествуваат осум екипи, од кои три од странство. Екипите се поделени во две групи: Групата А ја сочинуваат Еурофарм Пелистер, домаќинот Струга, грчки АЕК и словачки Татран Прешов, додека во групата Б се Вардар, Бутел и Алкалоид, како и словенечки Целје. Tweet...
Црнобело | 21 часа
Промени во однесувањето на другите кои ги сметаме за лоши, но можат да бидат знак за проблеми со менталното здравје
Промени во однесувањето на другите кои ги сметаме за лоши, но можат да бидат знак за проблеми со менталното здравје Tweet Дали некоја сакана личност одеднаш станала избувлива и се разгневува и за најмалите ситници? Тогаш можеби да се соочува со проблеми со менталното здравје кои пробува да ги скрие од сите околу неа. Со текот на времето, нормално е луѓето да се променат. Но некогаш промените во карактерот и однесувањето можат да бидат и знак дека на некоја личност ѝ треба помош, особено ако станува збор за лоши промени. Ако забележите дека некој близок пријател ве избегнува, станал погневен или прави нешто што не е соодветно за неговиот карактер, можеби се соочува со некаков проблем, а со ова однесување, на некој начин, бара помош. Проблемите со менталното здравје, како депресија, неретко предизвикуваат драстични промени во однесувањето на луѓето, па важно е да бидете свесни за нив со цел полесно да ги забележите кај вашите сакани. И, секако да им понудите помош. Освен ако самите не сте се соочиле со сериозен проблем со менталното здравје, може да биде лесно да ги испуштите овие промени и знаци. Затоа, неколку корисници на Редит споделуваат кои промени во однесувањето се всушност знак дека треба да ѝ помогнете на некоја сакана личност: „Гневот е знак, особено ако станува збор за личност која обично не е гневна. Проблемот е што никој не сака гневни луѓе, па обично ова не се гледа како предупредувачки знак“. „Работев во центар за спречување самоубиство и кога некој од депресивна и анксиозна личност, преку ноќ се претвораше во среќна и безгрижна, обично беше знак дека размислува за самоубиство. Ова можеби звучи чудно, но се случува бидејќи кога личноста со депресија ќе одлучи да си го одземе животот, неретко чувствува еуфорија и олеснување“. „Голем знак е кога некој е избувлив – ако има проблеми со темпераментот или изгледа како да го разгневуваат и најмалите проблеми“. „Обично кога ми се влошуваат симптомите на депресија, целосно се изолирам од пријателите и не се гледам со никого. Се затворам бидејќи се чувствувам ужасно“. „Знак дека треба да помогнете е кога некој ќе почне лесно да се откажува кога ќе се соочи со пречка. Кога некој постојано се откажува наместо да најде решение, најверојатно е знак дека се чувствува лошо и нема енергија да се справува со проблемите“. „Ако некој постојано се извинува или презема вина за работи за кои не треба“. Продолжува на следната страница... Почеток Претходна 1 2 Следна Крај Би можело да ве интересира: 11 предмети и продукти за кои вреди да дадете повеќе пари, за да ги избегнете трошоците во иднина Ако сакате да ја промените бојата на косата, многу подобро е да дадете малку пов... 7 митови за преживување поради кои можете да си наштетите на здравјето Мит: Ако останете без вода на место со снег, јадете снег. Зошто е погрешно? Со о... На работа носете храна од дома и уште 15 совети за штедење Научете како да готвите, она што можете купете го на старо и пробајте почесто да......
Црнобело | 22 часа
Дневен хороскоп за 18.08.2022: Бикови – доживувате стрес без да забележите, Ракови – некој ќе ви помогне да си ја најдете среќата
Дневен хороскоп за 18.08.2022: Бикови – доживувате стрес без да забележите, Ракови – некој ќе ви помогне да си ја најдете среќата Tweet Овен - Ако успеете да ја исконтролирате нетолеранцијата и избувливоста, денот ќе помине во најдобар ред. Посилни сте внатрешно отколку што мислите, не се откажувајте. Кликнете на вашиот хороскопски знак: Tweet...
Црнобело | 22 часа
Кулинарски грешки кои не треба да ги правите ако се сметате за експерт во кујна
Кулинарски грешки кои не треба да ги правите ако се сметате за експерт во кујна Tweet Дали го маринирате месото на собна температура или ги печете компирите во алуминиумска фолија? Тогаш време е да престанете да ги правите овие грешки ако се сметате за експерт во кујна. Сите правиме грешки во кујната, дури и ако се сметаме за вистински експерти. Но, некогаш овие грешки имаат влијание врз вкусот на храната, а некогаш го зголемуваат и ризикот од развој на бактерии. Кои кулинарски грешки е најдобро да ги избегнувате и зошто? Ставате зачини директно од шишенцата Кога ги ставате зачините директно од шишенцето, немате голема контрола и лесно можете да истурите повеќе. Ова, пак, секако дека ќе има влијание врз вкусот на храната. Покрај тоа, кога ставате зачини додека готвите, пареата од тавата или тенџерето ќе се кондензира на шишенцето и ќе го навлажни. Поради ова може да се промени вкусот на зачинот, да се направат грутки, па дури и да се појави мувла. Ги притискате плескавиците и ќофтињата додека ги приготвувате Ако ги притискате плескавиците и ќофтињата додека ги пржите, само ќе им го расипете вкусот. Со притискањето ќе ги истиснете течностите од нив, па месото нема да биде сочно. Печете компири во алуминиумска фолија Ако го ставите компирот во алуминиумска фолија, нема да добие крцкава кора. Поради фолијата, течноста од компирот нема да може да испари, па ќе биде како да сте го вареле. Го варите оризот на многу висока температура и не го промешувате на крај Додека го варите оризот, не треба да го промешувате. Исто така, треба да го варите на потивок оган – во спротивно водата ќе испари многу брзо и оризот ќе се залепи. Кога, пак, ќе се свари, промешајте го со виљушка за да го спречите лепењето. Уште пет грешки на следната страница... Почеток Претходна 1 2 Следна Крај Би можело да ве интересира: Зошто се појавува сива обвивка на жолчката кога варите јајца и уште 5 објаснувања за чести појави за... Знаете ли зошто изгледа како водата да врие побрзо откако ќе ѝ додадете сол или ... Месо, тестенини: Совети кои ако ги примените ќе готвите како професионалец (иако сте аматери во кујн... Ако готвењето не ви е силна страна, а сепак имате желба да направите нешто спект... Грешки во кујна со кои несвесно го расипувате вкусот и на наједноставните рецепти Ако сакате оризот да свари како што треба, немојте да го кревате капакот од тенџ......
Црнобело | 22 часа
Бев на патување во Светата Земја – како се променив по посетата на Ерусалим и кои места вреди да се видат?
Бев на патување во Светата Земја – како се променив по посетата на Ерусалим и кои места вреди да се видат? Tweet „Душата ќе ви се отвори на посебен начин. Некоја тага уште останала од тие први векови. Како отпечатоци на времето, да нè потсетат сите нас, за вистинските вредности на животот. А, во црквата на Воскресението, тука веќе настапува трансформацијата на душата. Секој еден кој некогаш влегол во тој храм, не излегол ист. Ова не е само мое сведоштво, туку и на сите кои биле“... За првпат во Светата Земја заминав во 2017 година за празникот Воскресение Христово – Велигден. Ми остави толку длабок и голем впечаток што повторно се решив да ја посетам и во 2018 година (за истиот празник). А сега полека но сигурно, се подготвувам и за третата посета на оваа магична земја. Многу е тешко да се опише чувството кое Светата Земја ви го дава (а и остава) кога за првпат ќе ја посетите. Но колку и да е предизвик, ќе се обидам да објаснам што тие две патувања значеа за мене; и зошто секој, барем еднаш во својот живот, мора да го посети ова парче земја кое сè уште живее во историјата на вечноста. Првото место кое го посетивме беше манастирот Мар Саба. Манастирот се наоѓа во долината Кeдрон на половина пат помеѓу Витлеем и Мртвото Море. Мар Саба се смета за еден од најстарите постојано населени манастири во светот и одржува многу од своите древни традиции. Потоа се упативме накај малото гратче Витлеем; за православните христијани познато како местото на раѓање на Исус Христос. Сите куќи идентични една на друга, улиците мали, полни со деца, со камили и со луѓе кои толку вредно и верно се посветени на трудот. Црквата на Рождеството на Исус Христос стои како дијамант на еден мал рид на средината од гратчето. Внатре, по неколку скали надолу, се наоѓа и пештерата каде Тој е роден. Чувство само по себе – како еден цел универзум да битисува во тој мал простор. Еден интересен факт е што кога ќе појдете во Витлеем, ќе забележите дека голем дел од куќите, над влезните врати, има икона од Светиот великомаченик Георгиј, кој се верува дека е посебен заштитник на ова мало гратче. Секако, кога ќе го посетите Витлеем мора да го пробате хумусот со лимон. Во деновите кои следеа бевме проголтани од убавата комплексност на Ерусалим, посебно Стариот град. Зад тие стари ѕидини кои сè уште стојат силно и велелепно, се наоѓаат толку знаменитости што вреди да се посетат. Ерусалим вистинито и гордо ја исполнува својата дефиниција: тоа е град кој е изворот на сè; лулка на култури. Во овој град научиле да живеат и христијаните и муслиманите и евреите. Во некој хармоничен соживот, кој е тивок, а сепак толку мелодичен. Стариот град е поделен на квартови. Па затоа имате христијански кварт, муслимански кварт и еврејски кварт. И секој еден од нив вреди да се посети, да се видат сите култури и начини на живот, и да се проба од таа разновидна храна. Но не можам ако не го издвојам фалафелот како една впечатлива храна, кој плени со аромата на зачинот ким. Впрочем, секоја уличка во Стариот град (што е како пајажина од лавиринти) има свој посебен мирис: темјан, миро, стари парфеми, разновидни зачини, нежни ткаенини, кои те носат во некое друго време. Низ Стариот град се наоѓа и најтажната патека (Via Dolorosa), по која Исус Христос го носел својот крст, откако бил прогласен за виновен од страна на Пилат. Тука сакале или не, душата ќе ви се отвори на посебен начин. Некоја тага уште останала од тие први векови. Како отпечатоци на времето, да нè потсетат сите нас, за вистинските вредности на животот. Посебно е важно секој да го изгледа филмот The Passion of the Christ (од 2004 година), каде совршено е пресликана оваа патека на тагата. За да бидете подготвени кога ќе го посетите Ерусалим, за едно ново нешто, кое дотогаш не сте го почувствувале. Како една духовна екстаза, во средината на Стариот град, се наоѓа Црквата на Воскресението, која е огромна прекрасна градба, а под која се наоѓаат Голгота (каде бил распнат Исус Христос), плочата на миропомазанието, и Гробот на Исус Христос. Ова се впрочем и последните станици (од вкупно 14) од Via Dolorosa. Тука веќе настапува трансформацијата на душата. Секој еден кој некогаш влегол во тој храм, не излегол ист. Ова не е само мое сведоштво, туку и на сите кои биле. И таа трансформација е убава, чиста, бела, светла. Вистинско возобновување. Кај секој еден делува на посебен, уникатен начин. Мене ми делуваше така да можам да ги прегрнам сите неубави нешта од минатото, и да им простам на сите, а со тоа и да се ослободам. Да постанам посреќен, посмирен. И потоа настапува мир, кој ретко може да се опише со зборови. Мир кој трае. Затоа мечтаете да отидете повторно. Затоа Ерусалим за вас постанува нешто нераскинливо, постанува дел од вашата душа. Како втор дом. Внатре во Стариот град а и надвор од него, има прекрасни манастири и знаменитости кои се важни фокални точки од големи настани од Библијата. Тука е каменот на вознесението, местото каде е закопана главата на Светиот Јован Крстител, Маслиновата гора, Црквата на Гробот на Пресвета Богородица, руските и грчките манастири, и уште многу други. Патувањето го завршивме со посета на реката Јордан која тече низ Галилејското Море и кон Мртвото Море. Земјата Јордан и Голанската висорамнина граничат со реката на исток, додека Западниот Брег и Израел на запад. Реката Јордан има големо значење за јудаизмот и христијанството. Според Библијата, Израелците ја преминале реката за да стигнат во ветената земја и Исус Христос бил крстен од Јован Крстител во таа иста река. Малку ќе биде ако кажам дека Светата Земја ми го исполни срцето и душата. Малку ќе е и да споменам дека ме промени. И едното и другото се вистина, но нема зборови да се опише сè на начин на како беше доживеано. Моја препорака е секој да може да го посети ова ќоше од земјата; за да види како може срцето вистински да сака, како може душата вистински да живее, и како може телото вистински да трепери. ©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. К. А. | Црнобело / фото: приватна архива Tweet Би можело да ве интересира: Не е срамота да нарачате само кафе и да седите со часови - Грк споделува совети за културно однесува... Ако седнувате во кафуле не треба да го испиете кафето и веднаш да избегате, Грци... 20 плажи во Европа кои вреди да ги посетите во 2022 Можеби сонувате за одмор во Тајланд или некоја друга егзотична дестинација, но ф... „Се заљубив во Котор - ме освои со смарагдната морска вода и шармот на Стариот град“ Покрај малите плажи, овој мал црногорски град ќе ве маѓепса и со својата среднов......
Црнобело | 22 часа
10 бон-тон правила со кои ќе изгледате отмено и ќе оставите добар впечаток
10 бон-тон правила со кои ќе изгледате отмено и ќе оставите добар впечаток Tweet Кога сте на гости, немојте сами да си земате храна или пијалаци од фрижидерот и немојте да ги ставате нозете на масата или креветот. За да изгледате отмено во очите на другите, не е важно дали изгледате беспрекорно или носите скапа облека. Многу поважни се вашите манири и вашиот однос кон другите. 10 бон-тон правила со кои секојпат ќе оставате добар впечаток кај другите: Бидете добар слушател – кога некој ви зборува, потрудете се да го слушате внимателно и веднаш ќе дадете впечаток на личност која ги почитува и цени другите. Во јавен превоз, ослободете им го местото на бремените жени и постарите лица ако можете да стоите без проблем. Кога сакатe да пробате храна од чинија на некој друг, немојте вие самите да си земате, туку подајте ги вашите виљушка и чинија, па другиот нека ви стави од храната. Ако сте во ресторан или кафетерија со друштво, а сте останале без пари бидејќи немате кеш или има проблеми со вашата картичка, кажете им на пријателите и веднаш пробајте да извадите пари од банкомат. Доколку не можете да го направите ни тоа и некој се понуди да ви ја плати сметката, вратете му ги парите во рок од 24 часа. Кога сте на маса и некој побара да му подадете парче леб или што било, не му давајте само едно парче, туку подајте му ја целата чинија или сад, па тој сам нека си земе. Кога подавате шолја, свртете ја дршката кон личноста на којашто ѝ ја подавате. Ако имате миленик и некој ве поканил на гости, секогаш побарајте дозвола да го понесете миленикот. Кога сте на гости, немојте никако да влегувате во спалната или која било друга просторија без дозвола од домаќинот. Исто така, немојте сами да си проверувате што има во фрижидерот или самите да си земате храна или пијалаци, освен ако домаќинот не ви рече дека тоа е во ред. Уште едно правило за на гости – немојте да ги ставате нозете на креветот, а уште помалку на масата. Спирова С. | Црнобело Tweet Би можело да ве интересира: 7 митови за преживување поради кои можете да си наштетите на здравјето Мит: Ако останете без вода на место со снег, јадете снег. Зошто е погрешно? Со о... 11 предмети и продукти за кои вреди да дадете повеќе пари, за да ги избегнете трошоците во иднина Ако сакате да ја промените бојата на косата, многу подобро е да дадете малку пов... На работа носете храна од дома и уште 15 совети за штедење Научете како да готвите, она што можете купете го на старо и пробајте почесто да......
Црнобело | 22 часа
Квиз за класична музика: Поврзете ја познатата композиција со нејзиниот автор
Квиз за класична музика: Поврзете ја познатата композиција со нејзиниот автор Tweet Мислите дека сте експерт за класична музика? Дали имате енциклопедиско знаење за броевите на Бах (BWV) и сите 104 симфонии на Хајдн? Од Бетовен до Чајковски и фасцинантните факти од музичката историја за вас подготвивме прашања за класичната музика кои на интересен начин ќе го тестираат вашето музичко знаење. Но, без гуглање. Моцарт не користел пребарувачи на своите испити, па немојте ниту вие. Квиз за класична музика: Поврзете ја познатата композиција со нејзиниот автор 1. Стеван Стојановиќ Мокрањац Петар Коњовиќ Петар Илич Чајковски 2. Франц Шуберт Јохан Штраус Постариот Јохан Штраус Помладиот 3. Свадбата на Фигаро Мадам Батерфлај Травијата 4. Стеван Христиќ Исидор Бајиќ Корнелије Станковиќ 5. Петар Илич Чајковски Антонио Вивалди Џозеф Хајдн 6. Волфганг Амадеус Моцарт Игор Стравински Морис Равел 7. Георг Фридрих Хендл Морис Равел Јохан Себастијан Бах 8. Лудвиг Ван Бетовен Волфганг Амадеус Моцарт Јохан Себастијан Бах 9. Лудвиг Ван Бетовен Јохан Штраус Волфганг Амадеус Моцарт 10. Јохан Штраус Петар Илич Чајковски Јохан Себастијан Бах Мила М. | Црнобело Tweet Би можело да ве интересира: Тест на личноста: Животното што ќе го видите прво открива какви сте во љубовта Што значи ако видите птица или можеби коњ или...? Тестирајте се какви сте во уло... Квиз за „спортски души“: Колку добро ги познавате правилата на најпопуларните спортови? Почитувајте го вашиот противник, не се расправајте со судијата и бидете тимски и... --> Препорачуваме Дневен хороскопНеделен хороскопКино проекцииСоновникМесечен хороскопБонус хороскопГодишен хороскопКириличен конверторКалендар на плодни деновиТестови и КвизовиНеработни во 2022 Најчитани неделава Емилија од Велес, мајка на дете со аутизам: „Андреј (10) беше напредно дете, но по вториот роденден сè се промени“ Аделина Тахири и сопругот како излезени од модно списание – по луксузниот одмор во Грција, уживаат во Албанија (фото) Моника и Никола патуваа од Скопје до Италија со веспа за меден месец: „Полневме гориво на секои 300km, Италијанците се чудеа како сме стигнале“ Поранешната порно актерка Миа Калифа плаќа висока цена за минатото: „Каде и да одам ме следат сомнителни мажи“ Доведете го партнерот до лудило - Предлог за сексуална предигра за секој хороскопски знак (18+) Листа на најпластичните Србинки (фото) Кои ѕвезди ги разгалуваат семејствата со пари и подароци, а кои не им оставаат ништо? „Конечно научи како да го држи детето“ - Емили Ратајковски повторно мета на потсмев на социјалните мрежи „Јас сум 35-годишна девица и мажите ме исмејуваат, но јас сакам да ја изгубам невиноста во брак“ Не е Драгана од Скопје – Пике „уловен“ со новата 12 години помлада девојка, заради која се раздели со Шакира НОВОСТИДомашниБалканСветШоу-бизнисПромоНастаниФилмМузикаКнигиТехнологијаАвто-мотоНаукаЖИВОТЕН СТИЛЉубов и сексМодаУбавинаЗдравјеФитнесСемејствоПатувањеСвадбиКариераТрансформацииАСТРОДневен хороскопНеделен хороскопМесечен хороскопГодишен хороскопБонус хороскопSonovnikДОМУредувањеГрадинаУбави просториДомаќински советиВо домот на...ХРАНАРецептиДиетиПијалациСоветиЗАБАВАИнтересноХуморЕвергриниФакти и цитатиТестови и квизовиЖивотинско царствоДизајнФото вестиИгриИНТЕРВЈУВидео интервјуаПатуваме со...Разговараме со... Copyright © 2008-2022 CRNOBELO.com Сите права се задржани | Услови за користење | Политика на приватност --> За насМаркетингКонтакт...
Црнобело | 22 часа
Томас Естрани: „H&M нè охрабрува да го истражуваме личниот стил“
Томас Естрани: „H&M нè охрабрува да го истражуваме личниот стил“ Tweet Што ја прави H&M уникатна компанија, на што е најгорд од работата во компанијата, дали се планира отворање на уште една продавница во Македонија и дали ќе има онлајн продажба во нашата земја – по повод отворањето на H&M во Скопје, CRNOBELO.com направи ексклузивно интервју со господинот Томас Естрани, менаџер на продажба за регионот Грција и соседните земји. По повод долгоочекуваното отворање на H&M продавницата во Скопје, на 18-ти август 2022, разговаравме со менаџерот на продажба одговорен за регионот Грција, кој вклучува и неколку соседни земји, Томас Естрани. Тој е дел од H&M околу 20 години, а зборува за тоа колку компанијата му помогнала за личниот раст и успех, но и за тоа колку се вреднува поддршката и тимската работа и по какви принципи се работи за овој бренд. Во разговор за CRNOBELO.com, Естрани открива со какви предизвици се соочила компанијата за време на пандемијата, какви квалитети треба да имаат вработените во брендот, но и какви се плановите за ширење на пазарот во Македонија, покрај продавницата во Скопје. Во продолжение проследете го целосно разговорот... Дел сте од H&M повеќе од 20 години и успеавте да напредувате до регионален менаџер за продажба за регионот Грција, кој вклучува и неколку соседни земји. Кој е вашиот рецепт за успех и кои се некои лекции кои ги научивте во текот на вашата професионална кариера? Моето патување во H&M го започнав пред речиси 20 години, имајќи стратешки деловни улоги во повеќе области, активности и земји ширум светот, па стигнувајќи сè до мојата позиција како менаџер за продажба во земјата за продажен пазар Грција, со седиште во Атина. Во H&M постои моќна филозофија изградена врз нашите основни вредности, дека кога секој од нас расте - расте и целата компанија. Ми беа дадени континуирани можности за учење, имајќи ја целосната поддршка од тимовите со кои работев, што ми овозможи постојано да се развивам во компанијата. Во H&M ќе добиете поддршка, доверба и ќе бидете охрабрени да го истражувате вашиот личен пат. Која е една работа или достигнување за кое се чувствувате најгорди откако работите во H&M? Освен моите лични достигнувања, тука се вредностите кои нè обединуваат сите во H&M. Силната верба во моќта на тимската работа, нашата доверба во луѓето и пристапот базиран на потребите на потрошувачот, се работите за кои се чувствувам најгорд. Ние сме шарена средина од луѓе и култури кои секојдневно се подготвени да прават чуда! Кои квалитети треба да ги поседува идеалниот кандидат за да се вклопи совршено во компаниската средина? H&M има јасна намера базирана на нашите вредности кои добро комуницираат со јавноста за она што претставува нашиот бренд, за што се залага и за тимскиот начин на работа. Овие вредности се базирани на основна почит за секого, за компаниската верба во своите вработени, како и диверзитетот и инклузивноста. Нашите корпоративни вредности се основата на сè што работиме и тие ни се водилка во секоја ситуација. Ние сме еден тим, ние веруваме во луѓето, ние сме претприемачи, правиме постојан напредок, свесни сме за цените и куповната моќ, ние сме директни и отворени и сакаме кога работите се едноставни. Каков ефект имаше пандемијата на вашата компанија? Со какви предизвици се соочувавте и како се справивте со нив? Нашето патување низ пандемијата не’ научи да бидеме пофлексибилни, поагилни, побрзи во нашата реакција за да ги задоволиме барањата на нашите потрошувачи. Нашата стратегија за ценовна контрола, тактичкото инвестирање и континуиран фокус на она што го сака потрошувачот нè однесе до позитивни резултати и покрај рестрикциите и недостатокот на стабилност во малопродажната средина. Поради искуствата од претходните години, сега се чувствуваме помоќни и подготвени да успееме во свет кој постојано се менува. Колку е тешко да се одржи стратегијата која предвидува понуда на најдобрата комбинација од мода и квалитет по најдобри цени, на одржлив начин? Нашите вредности не се само празни зборови. Тие потекнуваат од моментот кога Ерлинг Персон ја основаше компанијата H&M во 1947 година. Од самиот старт тој го комбинираше претприемничкиот бизнис ум со начин на работа базиран на вредности. Оттогаш, нашата основа и суштина останаа исти. Тие „живеат“ заедно со организацијата и со тек на време се развивани од нашите вработени и на тој начин ја формираа основата на нашата компаниска култура. Со оглед на тоа што веќе остави длабок печат во модниот свет, би рекол дека H&M Group останува лојална на овие вредности. Тие се црвената нишка која ни помага да ја создадеме нашата уникатна култура – каде она што го правиме и начинот на кој го правиме се подеднакво важни за успехот на нашиот бизнис. Што ја прави H&M така уникатна компанија? По што таа се издвојува од пазарот? H&M има јасна визија да ја предводи промената кон циркуларна и климатски позитивна мода, додека истовремено и самата таа е компанија која тежнее кон фер политика и политика на еднаквост на секое ниво. Исто така, дигиталните и физичките канали постојано се интегрираат кон комплетен омни модел – за нашите потрошувачи да можат да купуваат на лесен начин, кој им одговора најмногу – каде било, кога било и како било, за беспрекорно искуство како во физичките, така и во нашите онлајн продавници. Дали вашите производи ќе бидат достапни преку онлајн продажба во Македонија? Онлајн купувањето за Северна Македонија не е достапно во моментов, но гледаме огромен потенцијал за онлајн купување на сите маркети каде што сме присутни. Дали производите од H&M Home колекцијата ќе бидат достапни за потрошувачите од Македонија? Новата продавница во Скопје нема да ја содржи колекцијата H&M Home. Во продавницата од 2.300 м2 купувачите ќе можат да го истражат нивниот личен стил преку широка понуда на облека за Жени (Секојдневна, Скроена за вас, Салонска облека, Основна облека, Мајчинска облека, Кежуал, Костими за капење, Тексас, обувки и модни додатоци), за Мажи (Современа/Кежуал/Улична, Костуми, Стандардна линија, обувки и модни додатоци), Поделена, за Деца (Мали девојчиња/момчиња, Големи девојчиња/момчиња, обувки), Облека за бебиња, H&M Спортска облека за жени и H&M Спортска облека за мажи. Дали има планови за отворање на повеќе од една продавница тука во Македонија? Гледаме огромен потенцијал во Северна Македонија, но сега засега сме концентрирани само на нашата прва продавница во Скопје. Која е вашата порака за луѓето кои живеат во Северна Македонија? Многу сме возбудени за утрешното отворање. Едвај чекаме да им посакаме добредојде на потрошувачите, мислам дека денот утре ќе биде за паметење. Се надевам дека ќе биде исполнет со мода, возбуда, забава, дојдете сите, ќе ни биде чест. М. М. | Црнобело Tweet Би можело да ве интересира: Вероника, Русинка мажена во Скопје: „Љубовта ме донесе тука пред 14 години – обожавам ајвар и греана... „Кога дојдов овде првпат, искрено, ми беше чудно кога излегов на тераса и видов ... Валерија, Русинка која 10 години живее во Демир Капија: „Бев шокирана кога првпат стигнав тука, вино... „Во Македонија најмногу ми се допаѓа топлината на луѓето, отвореноста и можности... Дарко Трајковски, сликар и тату артист: „Живееме во многу брзо време, не треба да не се потпираме са... Дарко Трајковски од Куманово е сликар и тату артист, кој според приказните на ма......
Црнобело | 1 ден
„Ѕиркање во кондомот“ и уште 7 работи што жените ги прават по сексот, но нема да признаат (18+)
„Ѕиркање во кондомот“ и уште 7 работи што жените ги прават по сексот, но нема да признаат (18+) Tweet Речиси сите жени практикуваат да ги прават овие работи, но нема да ви признаат никогаш. Без разлика дали се срамат или не сакаат да зборуваат за тоа, сепак речиси сите припаднични на понежниот пол ги прават овие работи после секс. Речиси и да нема жена што не погледнала во часовникот по завршувањето на интимниот чин за да види колку траел тој. Кои други работи жените често ги прават по сексот, а за кои не зборуваат? Колку е часот? Сите сме навикнати на сцените од холивудските филмови каде ни се чини дека интимниот чин трае со часови. Сепак, во реалноста нештата се поинакви... Затоа, речиси секоја жена ќе погледне во часовникот. Колку време помина овојпат? Подолго од минатиот? Ѕиркање во кондомот Стравот од несакана бременост секогаш постои, особено кога не сте сигурни дека сакате да останете бремени или дека не сте подготвени за тоа. Затоа мошне често може да ви се случи да се „фатите“ самите себеси како ѕиркате во кондомот. Дали сè е во ред? Да не се скинал? Секако убаво е кога со сигурност знаеме дека сме биле целосно заштитени за време на интимниот чин. Вода, вода и уште вода Секако, важно е да пиеме доволно течности. Особено по активностите што бараат физички напор. Бараат каде има флека Девојките уживаат да се гушкаат по сексот, но честопати тоа може да се случува само на половина од креветот. Иако, јасно ни е од каде дошла големата флека и тоа значи дека сме си поминале убаво, сепак тоа не значи дека сакаме да се валкаме на неа. За крај, секако ќе мора да ја промените постелнината пред легнување. Леле каква ми е косата? Додека трае сексот, ниту една жена воопшто не се грижи низ што сè ќе помине нејзината коса, а останува збунета кога ќе го види крајниот ефект. Сепак, иако можеби ќе го обвини партнерот затоа што фризурата ѝ е „ужас“, нема да признае дека се чувствува гордо со фризурата што ја добила за време на интимниот чин. Лажење за причината на пропуштениот повик „Извини мамо, ме бараше, ама се туширав во моментот“. Таа нема да знае што се случува, само бидете опуштени. Речиси и да нема некоја девојка што не се нашла во ваква ситуација. Каде е долната облека Сериозно, каде си ја изгубив долната облека? Како ми се најде таму градникот? Речиси и да нема жена што не поминува низ оваа рутина по секој секс. Проверка дали сè е во ред По секс одите во тоалет. Додека сте сами конечно можете да проверите каква е ситуацијата. Дали сè е во ред? И секако додека сте таму, можете да си се восхитувате на одличниот изглед. Сепак, сексот навистина прави да заблескате. Б. С. Б. | Црнобело Tweet Би можело да ве интересира: 15 работи кои мажите ги мислат (а жените можеби не ги знаат, но треба) Кога сме љубезни со вас, не значи дека ви се додворуваме и сакаме да ве одведеме... 5 работи кои жените ги мразат во врските + 5 работи кои мажите ги мразат во врските Зошто жените ставаат крај на врските? Пред пријателите можам полесно да си ја от... „Не сме имале секс една година - зошто жена ми не признава дека има афера?“ „Со сопругата не сме имале секс речиси цела година и таа едвај зборува со мене. ......
Црнобело | 1 ден
Пошумуваме заедно за позелено утре!
Пошумуваме заедно за позелено утре! Tweet (Скопје, 17.8.2022) По повод 10 години успешно работење, „ДМ дрогерие маркт“ започнува проект за поздрава животна средина, преку пошумување и модернизација на опремата на ЈП Национални шуми! „Главниот мотив за започнување на проектот ‘пошумуваме заедно за позелено утре’ лежи во стратешката определба, која постои уште од самото основање на нашата компанија ‒ да се грижиме за животната средина, а притоа да ги мотивираме своите вработени, како и други поединци и компании да го сторат истото, придонесувајќи кон создавање поздрава животна средина за сите нас и за идните генерации. Не треба да го игнорираме фактот дека природата може без нас, но ние не можеме без неа. Должни сме да ги чуваме и да ги обновуваме природните ресурси, за да можеме соодветно да одговориме на сите предизвици што ни претстојат. Тоа, пак, сакаме да го направиме преку зачувување и обновување на шумите, кои се нашиот главен извор на кислород и симбол на животот”, изјавија од компанијата, најавувајќи го почетокот на проектот. Пошумувањето оваа година ќе се реализира во ноември, на локација која е во непосредна близина на автопатот Миладиновци-Штип и е одбрана во заедничка соработка со стручните лица од ЈП Национални шуми и Факултетот за шумарство. До самиот чин на првиот бран на пошумување, целта на компанијата е покрај доброволното учество на вработените во компанијата, во проектот да се приклучат што повеќе еколошки свесни граѓани, институции и организации со кои ЗАЕДНО ЌЕ ПОШУМАТ нови зелени површини. „Како и во сите други наши проекти, нашите купувачи се наши партнери”, изјавија од компанијата, образложувајќи ја започната активност со која купувачите со секој купен dm марка производ во периодот од 16.8 до 30.9.2022 донираат 1 денар за проектот. „Во истиот овој период, како подготовка за деновите на пошумувањето, во соработка со Факултетот за шумарство, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за образование и наука, активно ќе работиме на едукација на нашите купувачи, сограѓани и партнери од најмала возраст за важноста на зелените површини, начинот на посадување и понатамошно нивно одгледување”, додадоа од компанијата. На денешната прес-конференција по повод започнувањето на проектот се обратија и Валентин Груевски - Директор на ЈП “Национални шуми” и проф. д-р Кирил Сотировски - Декан на Шумарски факултет во Скопје. Дел од акцијата за пошумување на самата локација ќе можат да бидат сите доброволно пријавени лица, кои ќе имаат можност да се пријават online, преку комуникациските канали на компанијата, по дефинирањето на точниот термин за садење. Со донирање на средства за нова опрема за ЈП Национални шуми, ДМ дрогерие маркт тежнее кон тоа проектот да достигне трајни вредности, кои од година во година ќе се облагородуваат. Овој проект следствено ја продолжува определбата на компанијата за зачувување на животната средина, а во прилог на тоа говорат многу факти и активности: Проширување на асортиманот со голем број еколошки производи, производи неутрални за животната средина, цврсти производи, како и органски и природни производи, производи со рециклирачки пакувања и без микропластика. Проектот „Трајна торба за цел живот“, преку кој купувачите на ДМ дрогериите од 2015, еднаш купената памучна торба за пазарување, БЕСПЛАТНО можат да ја заменат за нова, при какво било нејзино оштетување. Прва компанија која уште во 2019, со самоволна одлука ги повлече од промет пластичните кеси за една употреба. Со започнување на овој проект, „ДМ дрогерие маркт“ уште еднаш ја потврди својата позиција како еколошки-одговорна компанија која постојано, преку разни активности вложува во зачувувањето на животната средина, со што влијае на подигнувањето на свеста за грижата за животната средина. Tweet...
Црнобело | 1 ден
Трик прашање на чиј одговор ќе се сетат само најостроумните
Трик прашање на чиј одговор ќе се сетат само најостроумните Tweet Што може да биде ова? Ќе ви падне ли на ум креативниот одговор на ова прашање? За што станува збор? Одговорот е на следната страна... Почеток Претходна 1 2 Следна Крај Би можело да ве интересира: Трик прашање: Кој фризер е подобар - кај кого ќе отидете? Дали внимавате на деталите и носите добри одлуки во животот? Тестирајте се со ов... Трик прашање: Кој лаже во ситуацијата - како е можно ова? Ќе сфатите ли што се случува, кое може да биде објаснувањето на оваа чудна ситуа... Прашање за логичари: Кој број треба да стои на местото на прашалникот? Ајде да провериме дали математиката и логиката ви е силна страна. Погледнете доб......
Црнобело | 1 ден
Предмети во бањата од кои треба да се ослободите за да не изгледа неуредно
Предмети во бањата од кои треба да се ослободите за да не изгледа неуредно Tweet Купете нови крпи, скријте ги продуктите за чистење и заменете ги амбалажите на продуктите со убави кутии – доволни се неколку мали промени во бањата за веднаш да го освежите нејзиниот изглед. Нема потреба да ја реновирате бањата за да ѝ го подобрите изгледот. Некогаш доволно е да обрнете внимание на некои ситници кои прават голема разлика. За Insider, неколку дизајнери на ентериер споделуваат од кои предмети да се ослободите за да го подобрите изгледот на бањата: Заменете ги амбалажите на продуктите со убави кутии Во бањата сите чуваме продукти како чепкалки за уши и тупфери. Но, наместо да ги чувате во амбалажата што сте ги купиле, складирајте ги во убави стаклени кутии. На овој начин веднаш ќе го подобрите изгледот на бањата, и тоа за минимална сума пари. Оставете само едно килимче Ако имате две, три или повеќе килимчиња во бањата, само ќе изгледа натрупано. Сосема доволно е да имате едно килимче со интересен дезен или боја што одговара на ентериерот. Старите крпи прават голема разлика во изгледот Старите, избледени крпи можат да го уништат изгледот на целата бања. Па, купете нов сет со бои кои одговараат на бањата и веднаш ќе забележите разлика. Расфрланите предмети прават бањата да изгледа хаотично Ако имате шкафчиња во бањата, пробајте сите продукти да ги складирате во нив. Ако немате, потрудете се да им најдете место на сите продукти и предмети и немојте само да ги трупате на полиците. Користете течен сапун Тврдиот сапун остава многу траги на неговиот држач и по неколку користења станува кашест. А, и ова има влијание врз изгледот на бањата. Затоа, купете си убав сад за течен сапун кој одговара со ентериерот и дополнувате го по потреба. Скријте ги продуктите за чистење и тоалетната хартија Резервните ролни тоалетна хартија и бројните продукти за чистење исто така влијаат врз изгледот на бањата. Ако имате шкафчиња, ставете ги овие предмети во нив. Ако немате, импровизирајте со убави кутии или корпи за складирање. Продолжува на следната страница... Почеток Претходна 1 2 Следна Крај Би можело да ве интересира: Предмети кои ги чувате во кујната, но би требало да ги преместите Кујната би требало да биде најфункционалната просторија во еден дом... Кујнат... „Живеам во најмалиот стан во Њујорк од само 9m² - како функционирам?“ Како изгледа животот во стан од само 9m²? Дали ова навистина е најмалиот стан во... Мебел од ратан – летен хит кој ќе донесе свежина во домот (фото) Мебелот од ратан е хит за оваа пролетна и летна сезона и вреди да му дадете шанс......
Црнобело | 1 ден
Македонката Ребека Ле Мон одговори на критиките: „Мразам кога ќе ми речат дека сум само мајка – на синот јас сум му сѐ“
Македонката Ребека Ле Мон одговори на критиките: „Мразам кога ќе ми речат дека сум само мајка – на синот јас сум му сѐ“ Tweet „Јас сум мајка! Тоа ме прави будилник, готвач, слугинка, келнерка, учител, медицинска сестра. Немам слободни денови“ – Mакедонката Ребека Ле Мон која живее во Сан Фрнациско им одговори на сите што ја критикуваат дека е невработена и се грижи „само“ за синот. Честопати се случува мајките што одлучуваат да останат дома и да се грижат за своите деца да бидат мета на негативни коментари затоа што не се вработени, а една Македонка на Инстаграм одлучи да им одговори на сите што им се потсмеваат на жените што ја жртвуваат сопствената кариера за да се посветат на родителството. Македонската Ребека Ле Мон на Инстаграм објави фотографија со синот Макс до која остави подолг опис во кој им одговори на сите оние кои имаат непријатна реакција кога ќе им каже дека е невработена мајка: „Денес еден човек ме праша: каде работиш? Кога му одговорив дека сум мајка, тој ми рече: ‘ти си САМО МАЈКА?!’ Мразам кога луѓето ќе речат: ’Ти си само мајка?’ Да, јас сум мајка! Тоа ме прави будилник, готвач, слугинка, келнерка, учител, медицинска сестра, службеник за обезбедување, фотограф, личен асистент, фризер и уште многууу други работи! Не добивам платени празници, боледување или слободни денови. Работам дење и ноќе. Јас сум на повик 24/7. Јас не сум може некому ништо, но знам дека на некому сум му сѐ, а тоа е (мојот син) Макси.“ View this post on Instagram A post shared by Le Mon Rebeka (@le_mon_rebeka) Инаку Ребека Ле Мон е 29-годишна Македонка која живее во Сан Франциско, заедно со нејзиниот сопруг Марк (52) и едногодишниот син Макси. Ребека редовно објавува видеа и фоттографии на Инстаграм во кои промовира здрави рецепти и здрав живот, а неретки се објавите каде таа е заедно со нејзиниот син Макси. Таа редовно оди на прошетки со синот и целосно му е посветена нему и на сите негови потреби, но не се занемарува и себеси. View this post on Instagram A post shared by Le Mon Rebeka (@le_mon_rebeka) Нејзиниот ден започнува рано наутро, најчесто во 5 часот, а првите обврски ѝ се перење, чистење, диплење и бањање. Откако ќе се разбуди нејзиниот син во 7.30 наутро, таа за својот ден има изјавено: „Се буди, му давам појадок, чистам после појадокот пак, го бањам, го средувам, масирам, па се шетаме, па си играме, па спие, па руча, па слушаме музика, повторно се шетаме, вечера, си игра, го бањам и го заспивам.“ View this post on Instagram A post shared by Le Mon Rebeka (@le_mon_rebeka) Прочитајте и Ребека Ле Мон (28), Македонка во Сан Франциско: „Имав бајковита свадба на плажа со Марк (51), за породување платив 25.000 долари“ Погледнете повеќе фотографии од Ребека во продолжение: View this post on Instagram A post shared by Le Mon Rebeka (@le_mon_rebeka) View this post on Instagram A post shared by Le Mon Rebeka (@le_mon_rebeka) View this post on Instagram A post shared by Le Mon Rebeka (@le_mon_rebeka) View this post on Instagram A post shared by Le Mon Rebeka (@le_mon_rebeka) View this post on Instagram A post shared by Le Mon Rebeka (@le_mon_rebeka) Б. С. Б. | Црнобело Tweet Би можело да ве интересира: Исповед на маж: „Се вратив од службен пат и ја фатив сопругата во кревет со најдобриот пријател на с... „Јас ја сакам и сакам да ѝ простам, но таа бара да се разделиме“ – вели овој маж... 43 работи што секоја мајка треба да ѝ ги каже на својата 18-годишна ќерка Никогаш немој да испраќаш онлајн пораки што можат да ти ја нарушат репутацијата.... „Да се биде тазе мајка е најтешкото нешто во животот – какви ментални битки водиме?“ „Кога станав мајка, мајка ми ми даваше огромна поддршка, но не беше доволно. Нај......
Црнобело | 1 ден
Сара Мејс во топ форма 2 недели по породување, „2 Бона“ со настап во Варна - Што прават македонските ѕвезди деновиве?
Сара Мејс во топ форма 2 недели по породување, „2 Бона“ со настап во Варна - Што прават македонските ѕвезди деновиве? Tweet Марјана Станојковска имаше фотосесија во бикини, Антониа Гиговска настапи во Радовиш во градник и црни пантолони, Адријан Гаџа ужива во Охрид, а Сара Мејс покажа дека е во топ форма само две недели по породувањето. Што прават македонските ѕвезди деновиве? Периодов музичките ѕвезди се зафатени со работни ангажмани и настапи во Македонија, но и надвор од неа. Антониа ја освои публиката во Радовиш, а младото дуо 2Бона настапи во Варна, Бугарија. Што прават македонските ѕвезди деновиве на Инстаграм? Марјана Станојковска View this post on Instagram A post shared by MARJANA STANOJKOVSKA (@marjanamay) Лила Филиповска View this post on Instagram A post shared by Lila (@lilafilipovska) View this post on Instagram A post shared by Lila (@lilafilipovska) Кристина Димитри View this post on Instagram A post shared by Borjan Ilkovski (@dj.bono.mk) View this post on Instagram A post shared by KRISTINA DIMITRY (@kristina.dimitry) Антониа Гиговска View this post on Instagram A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa) View this post on Instagram A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa) Туна Сејдиу View this post on Instagram A post shared by 𝗧𝗨𝗡𝗔 (@tunasejdi) View this post on Instagram A post shared by 𝗧𝗨𝗡𝗔 (@tunasejdi) Продолжува на следната страна... Почеток Претходна 1 2 Следна Крај Би можело да ве интересира: Сара Мејс во осмиот месец од бременоста влезе во базен со ајкули, заштитена во кафез (видео) „Дури си во базенот со ајкулчињата слатки си земаш една школка и после бисерот о... Кристина Арнаудова на зимување, Барбара Ракичевиќ никогаш посекси: Што прават македонските ѕвезди на... Снеже Велков позира во провокативно издание, Кристина Арнаудова ужива во снегот,... Елена Ристеска го прослави роденденот на море: „36 години и не е така лошо, нели?“ (фото) „Ви благодарам на сите за роденденските честитки, 36 години и не е така лошо, не......
Црнобело | 1 ден
Сара Мејс во топ форма 2 недели по породување, „2 Бона“ со настап во Варна - Што прават македонските ѕвезди деновиве?
Сара Мејс во топ форма 2 недели по породување, „2 Бона“ со настап во Варна - Што прават македонските ѕвезди деновиве? Tweet Маријана Станојковска имаше фотосесија во бикини, Антониа Гиговска настапи во Радовиш во градник и црни пантолони, Адријан Гаџа ужива во Охрид, а Сара Мејс покажа дека е во топ форма само две недели по породувањето. Што прават македонските ѕвезди деновиве? Периодов музичките ѕвезди се зафатени со работни ангажмани и настапи во Македонија, но и надвор од неа. Антониа ја освои публиката во Радовиш, а младото дуо 2Бона настапи во Варна, Бугарија. Што прават македонските ѕвезди деновиве на Инстаграм? Марјана Станојковска View this post on Instagram A post shared by MARJANA STANOJKOVSKA (@marjanamay) View this post on Instagram A post shared by MARJANA STANOJKOVSKA (@marjanamay) Лила Филиповска View this post on Instagram A post shared by Lila (@lilafilipovska) View this post on Instagram A post shared by Lila (@lilafilipovska) Кристина Димитри View this post on Instagram A post shared by Borjan Ilkovski (@dj.bono.mk) View this post on Instagram A post shared by KRISTINA DIMITRY (@kristina.dimitry) Антониа Гиговска View this post on Instagram A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa) View this post on Instagram A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa) Туна Сејдиу View this post on Instagram A post shared by 𝗧𝗨𝗡𝗔 (@tunasejdi) View this post on Instagram A post shared by 𝗧𝗨𝗡𝗔 (@tunasejdi) Продолжува на следната страна... Почеток Претходна 1 2 Следна Крај Би можело да ве интересира: Сара Мејс во осмиот месец од бременоста влезе во базен со ајкули, заштитена во кафез (видео) „Дури си во базенот со ајкулчињата слатки си земаш една школка и после бисерот о... Кристина Арнаудова на зимување, Барбара Ракичевиќ никогаш посекси: Што прават македонските ѕвезди на... Снеже Велков позира во провокативно издание, Кристина Арнаудова ужива во снегот,... Елена Ристеска го прослави роденденот на море: „36 години и не е така лошо, нели?“ (фото) „Ви благодарам на сите за роденденските честитки, 36 години и не е така лошо, не......
Црнобело | 1 ден
Се снима филм за Аца Лукас во цела поранешна Југославија, една од локациите е и Скопје
Се снима филм за Аца Лукас во цела поранешна Југославија, една од локациите е и Скопје Tweet Најголемата регионална ѕвезда Аца Лукас неодамна ја изненади својата публика со автобиографската книга „Ова сум јас“, која наиде на фантастични критики. Со оглед на реакциите на публиката и интригантниот живот на популарниот пејач прикажан во книгата, во соработка со продуцентот Саша Мирковиќ и Хајп продукција, решија да снимаат филм и серија која ќе го носи насловот „Kafana na Balkanu “ - како еден од безвременските хитови на Лукас, а по се изгледа, таков ќе биде и овој филмски проект. Засега е познато дека режисер на овој проект ќе биде Сузана Пурковиќ, која оствари фантастична соработка со продуцентската куќа „Hype“, а фолкерот ќе го глуми еден од најталентираните актери на помладата генерација Младен Совиљ. View this post on Instagram A post shared by Mladen Bata Sovilj (@mladensovilj) Подготовките се веќе во тек, а како што открива продуцентот Саша Мирковиќ, филмот ќе се снима во неколку градови на поранешна Југославија: „Kafana na Balkanu ќе се снима во Белград, Сараево, Мостар, Будва, Скопје, Сплит и Бања Лука. Буквално во сите центри на поранешна Југославија, бидејќи кариерата и животот на Аца се поврзани и со Белград и со сите овие градови. Горд сум што овој филм ќе биде Југославија во едно и што актерите ќе бидат од сите овие земји. Во моментов екипата ги означува сите локации каде што ќе снимаме. Публиката може да очекува добар филм и серија - вели Мирковиќ. View this post on Instagram A post shared by ACA LUKAS (@aleksandar_vuksanovic_official) промотивна објава Tweet...
Црнобело | 1 ден
Бред Пит истурил пиво врз главата на Џоли, таа имала повреди – нови детали за инцидентот во авионот што доведе до разводот на актерите
Бред Пит истурил пиво врз главата на Џоли, таа имала повреди – нови детали за инцидентот во авионот што доведе до разводот на актерите Tweet Според извештај на ФБИ за инцидентот од 2016 година кој дури сега стана достапен за јавност, Бред Пит истурил пиво врз главата на Анџелина кога таа сакала да спие, а актерката се стекнала и со повреди од пресметката со актерот. Сега Џоли го тужи и ФБИ бидејќи актерот помина без казна. Разводот на Анџелина Џоли и Бред Пит е еден од најбурните во Холивуд и иако актерите се разделија уште во 2016 година, до денес „се влечат“ по судови. Од битка за старателство на децата, па сè до поделба на имот, Пит и Џоли неколку години никако не можат да се спогодат. Инцидентот што ја натера Џоли да поднесе барање за развод им е добро познат на сите, но дури сега беа споделени нови детали со јавноста. Во септември 2016 година, актерите и нивните деца летаа со нивниот приватен авион, кога наводно Бред Пит, под дејство на алкохол, физички го нападнал најстариот син Медокс. Со барањето за развод, Џоли поднесе и тужба против актерот за семејно насилство. Извесен период актерот беше под истрага, но на крај го ослободија од сите обвиненија. Бидејќи била незадоволна од пресудата, извори блиски до Бред Пит тврдат дека Анџелина Џоли поднела тужба и против ФБИ. Тужбата е анонимна, но најверојатно станува збор за Џоли бидејќи се однесува на инцидентот во авионот од 2016 година. Според изворите на PageSix, актерката очајно бара начин да го оштети Бред и сега побарала да ѝ бидат доставени документите од истрагата за да дознае зошто актерот не добил никаква казна за инцидентот во авионот. Од PageSix пренесуваат дека дел од извештајот за истрагата сега е достапен за јавност и откриваат нови детали за инцидентот. Според извештајот, Џоли им кажала на надлежните лица дека мислела дека Бред е луд кога се качиле во авионот. Во изјавата, Џоли вели дека Бред бил пијан, а штом се качиле во авионот, тој ја однел во тоалетот, ја фатил за главата и почнал да ја тресе. Тогаш почнале да се расправаат за едно од нивните деца. Актерката тврди дека Бред неколкупати удрил по покривот на авионот и ѝ рекол дека го уништува семејството. Тогаш децата се исплашиле и ја прашале Џоли дали е во ред, по што Бред изјавил: „Не, не е во ред. Таа го уништува ова семејство, таа е луда“. Веднаш потоа едно од децата (не е познато кое) извикало дека Бред го уништува семејството, а на Анџелина. Тогаш актерот тргнал кон детето, наводно со намера да го удри, но Џоли пробала да го запре и се здобила со повреди на грбот, лактот и рацете. Со тужбата, актерката доставила и фотографии од повредите. Исто така, актерката тврди дека Бред ѝ истурил пиво врз главата додека пробувала да спие. Пред да слета авионот, Џоли му рекла на актерот дека ќе оди со децата во хотел, по што актерот ја бутнал и ѝ рекол дека не може да му ги земе децата. Шест дена по инцидентот, Џоли поднесе барање за развод. Уште не е познато зошто Бред Пит не беше казнет за инцидентот, а од PageSix велат дека одлуката е поради многу фактори. Односно, иако е точно дека актерот имаше проблеми со пиењето, инцидентот во авионот можеби не бил така како што раскажува Џоли. Во 2017 година, Бред Пит прозборе за проблемите со алкохолизмот и откажувањето од алкохолот по инцидентот: „Престанав да правам сè освен да пијам кога го започнав семејството… Пиев премногу. Тоа стана проблем. И многу сум среќен што оттогаш помина половина година. Морав да направам чекор назад“. Извори блиски до актерот велат дека Џоли нема никаква причина да бара повторно да се отвора истрагата и дека ова е обид дополнително да му наштети на актерот: „Ангелина и нејзиниот тим очајно пробуваат да најдат нешто. Сето ова се информации што таа веќе ги имаше пред пет и пол години. Нема ништо ново овде“. Погледнете и: Бред Пит сака почесто да ги гледа децата - Анџелина Џоли не дозволува и сама ја испрати ќерката Захара на факултет Спирова С. | Црнобело Tweet Би можело да ве интересира: Бритни Спирс, Пинк – Кои познати дами ги запросија нивните партнери? Во 2005 година, Пинк го запроси нејзиниот сопруг Кари Харт на трка, а една годин... На 18 години работела во секс-клуб, направила слики со сопствената крв – Што знаеме за новата девојк... На 18 години работела во клуб за секс-фантазии, каде доминирала со непознати маж... Го засени и Дејвид Бекам на Вимблдон – Која е убавата Морган Ридл и како го украде шоуто на трибинит... „За време на целиот пренос Дејвид Бекам го покажаа само 4 пати, а Морган Ридл 87......
Црнобело | 1 ден
„Големата ѕвезда на македонскиот филм“ за Горјан Тозија
„Големата ѕвезда на македонскиот филм“ за Горјан Тозија Tweet „Големата ѕвезда на македонскиот филм“, награда која во рамките на Меѓународниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ традиционално се доделува за исклучителен придонес во македонската кинематографија, оваа година ќе биде постхумно доделена на филмскиот продуцент Горјан Тозија Наградата „Големата ѕвезда на македонскиот филм“, со која се оддава признание за исклучителен придонес во македонската кинематографија, оваа година постхумно ќе му биде доделена на филмскиот продуцент Горјан Тозија. Во неговата богата професионална биографија, ќе останат запаметени двата најголеми успеси на нашиот филм: номинацијата за Оскар на филмот „Пред дождот“ во 1994 година, кога тој раководеше со продуцентската куќа „Вардар филм“ и двојната номинација за Оскар на филмот „Медена земја“ во 2020 година, кога тој беше на чело на Агенцијата за филм на РСМ. Горјан Тозија (1954-2022) беше филмски продуцент, поранешен државен секретар во министерството за култура и советник во Кабинетот на претседателот Бранко Црвенковски. Беше претседател на Друштвото на филмски работници (ДФРМ), а во 1993. година се наоѓаше на чело на државната продуцентска куќа „Вардар филм“. Тозија е продуцент на повеќе домашни и странски филмови: „Ослободувањето на Скопје“ (2016) „Трето полувреме“ (2012), „Ливада“ (1998), „Џипси Меџик“ (1997), „Преку езерото“ (1997), „Пред дождот“ кој доби номинација за Оскар во 1994, „Undercover“ (1991), „Sidney Sheldon’s Memories of Midnight“ (1991), „The Forgotten“ (1989), „A time of destiny“ (1988). Во својата кариера работеше на повеќе од 50 филмски и ТВ проекти. Во периодот од 2017 до 2020 година беше на чело на Агенцијата за филм на РСМ, под чие водство македонскиот филм го доживеа најголемиот успех до сега. Како пасиониран вљубеник во филмот, Тозија целиот свој живот го посвети на афирмација на македонската кинематографија во светот, се залагаше за поддршка на младите кретивни автори и за поголема застапеност на жените во филмската индустрија. „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ е награда на Друштвото на филмски работници на Македонија. Со наградата воведена во 2013. година се оддава признание за исклучителен придонес во македонската кинематографија, а традиционално се доделува во рамките на Меѓународниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“. Досегашни добитници на наградата на ДФРМ се Кирил Ценевски, филмски режисер и сценарист (2013); Милчо Манчевски, филмски режисер и сценарист (2014); Дарко Марковиќ, карикатурист, сатиричар, филмски режисер (2015); Сајмон Пери, филмски продуцент (2016); „Вардар Филм“, продуцентска компанија (2017); Милица Стојанова, актерка (2018); Љупчо Константинов, композитор (2019); Столе Попов, филмски режисер и сценарист (2020) и Бајрам Северџан, филмски актер (2021). И оваа година тимот на „Божиновски часовници и накит“ ја имаше честа да ја изработи наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ на фестивалот „Браќа Манаки“, награда која традиционално се доделува за особен придонес во македонската кинематографија. „Креирањето на оваа награда како автентична рачна изработка веќе неколку години по ред е еден од најинспиративните проекти за нашиот тим и тоа немаше да биде ништо необично, доколку мотото по кое се води креативно дизајнерскиот тим, кој е најодговорен за изработката на наградата не е „Само ако е најдобро, тогаш е доволно добро“. Па така секоја година тимот на перфекционисти посветено работи на тоа како секоја новоизработена ѕвезда да блеска уште повеќе од претходната. Убедени сме дека и оваа година успешно одговоривме на предизвикот“, изјавија од Божиновски часовници и накит. Tweet...
Црнобело | 1 ден
По виолетовите медузи, во Грција се појавија медузите познати како „јајце на око“ – дали се опасни? (фото+видео)
По виолетовите медузи, во Грција се појавија медузите познати како „јајце на око“ – дали се опасни? (фото+видео) Tweet Бројот на опасните виолетови медузи во грчките мориња значајно се намалува, а се јавува сѐ поголем број на медитерански медузи или познати како „јајце на око медузи“ кои вообичаено живеат во Средоземното Море. Колку овие медузи се опасни? На Фејсбук страната Live from Greece се објавени повеќе фотографии од медузите кои ги нарекуваат „јајце на око“. Овие медузи се појавиле на повеќе места во грчките мориња, а локалните власти информираат дека појавата на овие медузи воопшто не е ненадејна. „Бројот на медитерански медузи (Cotylorhiza tuberculata) вообичаено се зголемува во овој период од годината, односно од крајот на јули, па сѐ до крајот на септември“ – вели за Kathimerini.gr Кристос Таклис, биолог и менаџер во Грчката опсерваторија за биодиверзитет. Медитеранските медузи, или т.н. јајце на око медузи вообичаено се појавуваат во чисти води, се хранат со планктон и во нив се кријат мали риби кои положуваат јајца во нивните пипала. Прочитајте и Мапа со виолетови медузи во Грција + зошто се опасни и што треба да правите ако ве опече? За разлика од виолетовите медузи, се смета дека медитеранските се безопасни, односно дека не се опасни за човекот, освен што кај некои лица може да предизвикаат алергии. Во Грција овие медузи се познати и под името „Salufa“, а треба да се напомене дека освен во Егејското Море, ги има во Средоземното и во Јадранското Море. Инаку, грчките власти јавуваат дека бројот на опасните виолетови медузи значително опаѓа и дека во последниот период речиси и да не се забележани инциденти со опекување. Прочитајте и „Бев на одмор во Грција, ме опече виолетова медуза - како ми реагираше телото?“ Б. С. Б. | Црнобело Tweet Би можело да ве интересира: „Во Црна Гора ме касна рибата-змеј што се појави и во Грција - како ногата да ми беше во пламен, ќе ... „Стискам заби, но чувството беше како ногата да сум ја ставила во пламен. Партне... Малата Илма Карахмет порасна во убавица и пееше за светски познати модни дизајнери во Милано (видео) „На мојата среќа ѝ нема крај. Некогаш помислувам дека некои работи се само сон, ... Србинки кои се омажија за светски милионери - една е на листата на најбогати жени на светот За овие девојки од Србија дефинитивно важи она „добро се омажила“... Денес имаат......
Црнобело | 1 ден
„Се роди милионер, се ожени за милијардерка и глуми дека сам заработил“ – Бруклин Бекам мета на потсмев откако се пофали со новиот автомобил
„Се роди милионер, се ожени за милијардерка и глуми дека сам заработил“ – Бруклин Бекам мета на потсмев откако се пофали со новиот автомобил Tweet „Треба да го пофалите за скромноста, не кажа кој му е татко“ - се вели во еден од коментарите до видеото во кое Бруклин Бекам вози автомобил од 1,2 милиони евра, а вели дека работи како готвач и така ги заработува парите. Откако се пофали дека благодарение на кариерата како готвач собрал доволно пари за да си купи нов луксузен автомобил McLaren P1, Бруклин Бекам Пелц се најде на удар на критики. На ТикТок е објавено едно видео со најстариот син на Дејвид и Викторија Бекам, направено додека тој го вози новиот автомобил, вреден 1,2 милиони долари. Даниел Мек е инфлуенсер на ТикТок што снима видеа во кои ги „лови“ возачите на скапи автомобили и ги прашува како ги заработиле парите за да купат скапи возила. Така, во едно видео се најде и Бруклин, кој веднаш го препозна тиктокерот. „Еј, другар! Што работиш ти? Имаш супер кола...“ – го праша Даниел, на што Бруклин одговори:„Јас сум готвач...“„Готвач си Навистина? Да не си најдобриот готвач во светот?“ – го праша Даниел.„Се обидувам да бидам“ – одговори Бруклин. @itsdanielmac Bruh What Even Is A “Chef Name 😅💀@brooklynbeckham #mclarenp1 #p1 ♬ original sound - DANIEL MAC До видеото има голем број коментари во кои имаше критики и потсмевања упатени до Бруклин, кој неодамна стапи во брак со богатата наследничка и актерка Никола Пелц. „Нели беше фотограф пред една недела?“, „Се родил во семејство на мултимилионери, а се ожени со ќерка на милијардер. Но, човекот е готвач“, „Готвач... Човекот нема изработено една смена во ресторан“, „Сигурно не заработил за автомобилот, додека се преправа дека е готвач“, „Тој е исто толку талентиран готвач, како мајка му што беше за пеење“, „Готвач... Кому му требаат 8 часа за да направи болоњезе сос“,„Треба да го пофалите за скромноста, не кажа кој му е татко“ – стои во дел од коментарите. Прочитајте и Синот на Бекамови е мета на потсмев - „глуми“ кулинар со парите на мама и тато, твитерџиите со жестоки објави Инаку, кариерата на Бруклин како готвач во шоуто „Cookin’ With Brooklyn“ беше мета на потсмев уште од својот почеток во февруари годинава. Наводно на синот на Викторија и Дејвид му биле потребни 62 професионалци што требало да му помогнат да демонстрира како се подготвува сендвич. Прочитајте и Го зеде презимето на сопругата, Дејвид и Викторија строго го контролирале за да не ги посрамоти – Факти за Бруклин Бекам Б. С. Б. | Црнобело Tweet Би можело да ве интересира: „Се чувствувам ужасно во своето тело“ - Бебе Реџа со солзи и искрена исповед како ретко која ѕвезда „Се мерев себеси и не ми е комфорно да споделам колку килограми имам затоа што с... Што ќе се случи ако Амбер Херд нема доволно пари за да му плати на Џони Деп? Светот го обиколи веста дека по јавното судење што траеше околу 2 месеци Џони Де... „Таа ме тепаше, а потоа велеше дека ќе се самоубие ако си заминам“ - Видео од сведочењето на Џони Де... „Кога татко ми нè напушти мајка ми се обиде да се самоубие, се плашев дека и Амб......
Црнобело | 1 ден
Мадона (64) повторно провоцира – се бакнува со 2 девојки на роденденската прослава во Италија (фото+видео)
Мадона (64) повторно провоцира – се бакнува со 2 девојки на роденденската прослава во Италија (фото+видео) Tweet Мадона го прослави 64-иот роденден во Италија, а на Инстаграм сподели видео од прославата на кое се бакнува со две девојки. На 16-ти август Мадона наполни 64 години, а роденденската прослава не помина без провокации од страна на пејачката. Музичката ѕвезда, која изминативе неколку години привлекува многу внимание со бизарното однесување, сподели видео од роденденската прослава на кое се бакнува со две девојки. На видеото споделено на Инстаграм, Мадона најпрво танцува сама. Потоа седи во автомобил со двете девојки и почнува да се бакнува со нив. View this post on Instagram A post shared by Madonna (@madonna) Ова не е првпат Мадона да сподели ваков страстен бакнеж со девојка – до денес се зборува за легендарниот бакнеж со Бритни Спирс на MTV VMA во 2003 година. За прослава во Италија, пејачката одбрала долг фустан со бел и син дезен, во комбинација со влечки на штикла со истиот дезен. Пејачката сподели и неколку фотки од забавата, вклучувајќи и фотографии од посвоените ќерки Естер и Стела, што е вистинска реткост. View this post on Instagram A post shared by Madonna (@madonna) 9-годишните девојчиња носеа фустанчиња со ист дезен како на Мадона. Само неколку денови претходно, на 11-ти август, и синот на Мадона славеше роденден. 22-годишното момче, кое пејачката го доби со режисерот Гај Ричи, го прослави роденденот во кругот на семејството, исто така во Италија. Мадона сподели видео и неколку фотки и од оваа прослава, и повторно ја искористи можноста за провокативни пози. View this post on Instagram A post shared by Madonna (@madonna) View this post on Instagram A post shared by Madonna (@madonna) Спирова С. | Црнобело Tweet Би можело да ве интересира: Никогаш не е доцна: 6 познати актери кои се прославија дури по 50-тата година од животот На сите ни се чини дека Морган Фримен бил славен актер целиот негов живот, но то... Мадона (63) раскина со 28-годишниот дечко + детали за бурните врски на пејачката со мажи помлади од ... Мадона и 35 години помладото момче се разделија по речиси четири години заедно, ... Бакнеж на клупа, држење за раце: Џеј Ло и Бен Афлек на романтичен меден месец во Париз (фото) Џеј Ло блеска со впечатливи фустани, но на дел од прошетките е со балетанки и ап......
Црнобело | 1 ден
Сопругата на српскиот тајкун Жељко Митровиќ сподели смешно видео: „Ќе стане танчер во Сен Тропе“
Сопругата на српскиот тајкун Жељко Митровиќ сподели смешно видео: „Ќе стане танчер во Сен Тропе“ Tweet „Човекот го живее животот“ – се вели во еден од коментарите до видеото на кое се гледа како сопственикот на Pink телевизија лудо се забавува во ноќен клуб во Сен Тропе. Жељко Митровиќ на 55 години танцува како момче од 20 години. Српскиот тајкун Жељко Митровиќ (55) и неговата сопруга Милица деновиве се на одмор. Парот уживаше во Сен Тропе и во Монако, а Милица објави видео во кое се гледа дека Жељко лудо се забавувал додека биле излезени. Сопругата на сопственикот на Pink телевизија, Жељко Митровиќ на својот Инстаграм профил сподели видео во кое може да се види како тајкунот игра на подиум и лудо се забавува додека беа излезени во еден локал во Сен Тропе. „Ако вака продолжи, маж ми ќе го вработат како танчер“ – напиша таа до видеото. View this post on Instagram A post shared by Milica Mitrovic (@milica.mitrovic.pink) Голем број од оние што го погледнаа видеото коментираат за енергичниот танц на Жељко, на кој може да му позавидат и голем број помлади луѓе. „Супер е!“, „Човекот го живее животот“, „Лудо се забавува“ – стои во дел од коментарите. Милица сподели уште едно видео од Монако, каде српскиот тајкун застанува до уличните музичари за да ги слушне. View this post on Instagram A post shared by Milica Mitrovic (@milica.mitrovic.pink) Освен тоа и Жељко само сподели фотографија од плажа, но како што рече откако добил потврда за еден проект што 2 години го работел во тајност очекува кога ќе се врати во Белград да прослави како човек. View this post on Instagram A post shared by Zeljko Mitrovic (@zeljkomitrovic) View this post on Instagram A post shared by Milica Mitrovic (@milica.mitrovic.pink) Б. С. Б. | Црнобело Tweet Би можело да ве интересира: Српски политичар на 67 години очекува дете со својата 36 години помлада сопруга (фото) Таа го запросила на неговиот 60-ти роденден, а сега, по 6 години брак, парот го ... Факти за Жељко Јоксимовиќ - гласини дека бил во врска со Цеца, сопругата му приреди гламурозна забав... Се шпекулираше дека бил во врска со Цеца Ражнатовиќ, го поврзуваа со неколку поз... Милош Биковиќ одговара на незгодни прашања: „Кога би бил жена на 3 дена, прво би имал сексуален одно... „Како дете често влегував во маркет и крадев, кога би бил жена на три дена прво ......
Црнобело | 1 ден
Дневен хороскоп за 17.08.2022: Лав – ве чека блескава кариера, Ваги – ќе си го остварите сонот
Дневен хороскоп за 17.08.2022: Лав – ве чека блескава кариера, Ваги – ќе си го остварите сонот Tweet Стрелци - Внимавајте кому ќе се доверите, не секој е способен да ве вивне во височините, некој само сака да ви ги скрати крилата. Ќе постигнете напредок во животот благодарение на вашата храброст. Кликнете на вашиот хороскопски знак: Tweet...
Црнобело | 1 ден
Носат и по 25 прстени на вратот кои им го деформираат телото – кои се „жените-жирафи“ од Мјанмар?
Носат и по 25 прстени на вратот кои им го деформираат телото – кои се „жените-жирафи“ од Мјанмар? Tweet Досега сигурно сте виделе фотографија од жените од народот познат како Падаунг. Овие жени имаат многу долги вратови поради златните прстени што почнуваат да ги носат уште во детството. Но дали знаете која е симболиката на овие прстени? Овој народ е подгрупа на етничко малцинство во Мјанмар. Себеси се нарекуваат Kekawndgu или Kayan, но за другите етнички групи во Мјанмар, како и за странците, се познати под името Падаунг. Најголем дел од нив живеат во Мјанмар, а мал број живеат и во други земји, како Тајланд и САД. Генерално се занимаваат со одгледување ориз, а најпрепознатливи се по златните прстени што ги носат жените. Жените почнуваат да ги носат овие прстени уште на 5-годишна возраст. Со текот на времето додаваат нови прстени кои постепено им го издолжуваат вратот. Секој нов прстен се додава на околу две години и некои жени имаат и до 25 прстени. Но, ова е само илузија. Односно, со прстените не се издолжува нивнот врат, туку им се деформираат клучните коски и ребрата. Поради тежината на прстените, клучните коски се под постојан притисок, а ребрата им се компресираат. Па, се создава илузија дека нивниот врат станува подолг. Антрополозите имаат неколку претпоставки од каде потекнува традицијата со прстените и која е нејзината цел. Некои сметаат дека со овие прстени жените станувале помалку привлечни за мажите од другите племиња, со што се намалувала можноста да бидат киднапирани и користени како робови. Друга теорија, пак, е сосем спротивна – овие прстени можеби ги прават жените попривлечни. Се верува и дека издолжениот врат прави жените да изгледаат како змеј, бидејќи ова митско суштество е важен дел од нивниот фолклор. Исто така, постои верување дека можеби овие прстени го штитат женскиот врат од каснување од тигар – нешто што била честа појава во нивните села. Самите жени велат дека прстените се дел од нивните култура и идентитет и обично ги поврзуваат со убавина. Наводно, овие прстени не предизвикуваат здравствени проблеми, но можат да ја намалат подвижноста на жените поради нивната тежина. Овие прстени го отежнуваат и пиењето. Жените никогаш не ги вадат овие прстени, иако неколку го имаат направено тоа за медицински истражувања. Некои ги отстрануваат прстените и бидејќи си ја промениле верата, а денес многу жени кои ги носат овие прстени одбиваат да им ги стават на нивните ќерки. Во минатото, отстранувањето на прстените се гледало како казна. Ако некоја жена сепак одлучи да ги извади прстените, извесен период ќе мора да има некаква поддршка на вратот, додека мускулите во таа област повторно да зајакнат. Наводно, дури и властите во Мјанмар апелирале народот да престане со оваа практика. Во Тајланд, од друга страна, оваа традиција стекна огромна популарност изминативе неколку години, најмногу поради туристите. Што значи, жените од овој народ кои живеат во селата во Тајланд се туристичка атракција, а туристите плаќаат за да одат да ги видат. Сепак, многумина се против ова и ја споредуваат атракцијата со зоолошка. Спирова С. | Црнобело Tweet Би можело да ве интересира: Водич за „добри сопруги“ од 1950-та: Не се жалете ако мажот дошол доцна, соблечете му ги чевлите Секогаш имајте подготвена вечера, бидете свежи кога ќе дојде сопругот и поправет... „Мислев дека влошките се лепат како фластер“ - Мажи откриваат што дознале за жените откако почнале д... „Не е важно колку шноли имаме во домот, секогаш има потреба да се набават уште“.... Си прават венци од свежо цвеќе и гордо ги носат – Како изгледаат мажите од племето Кахтан? Мажите од племето Кахтан (Qahtan) во Саудиска Арабија секојдневно прават венци о......
Црнобело | 1 ден
Една (бесмислена) фраза што секој хороскопски знак мрази да ја слушне (и зошто?)
Една (бесмислена) фраза што секој хороскопски знак мрази да ја слушне (и зошто?) Tweet Секој хороскопски знак има по една реченица што го вади од кожа и што не сака да ја слушне. Која е вашата? Со Бикот сѐ ќе биде во ред, додека не му побарате да пробате од неговото јадење. Овенот мрази да му велите дека треба да се смири кога е видно налутен, а за Раковите ќе бидете најголеми непријатели ако се обидете да ги натерате да пробаат нешто ново... Која реченица треба да избегнувате да ја изговорите со секој хороскопски знак за да избегнете бесмислени караници? Овен – Полека, смири се! Овните најмногу од сѐ мразат некој да им соли памет, особено кога тоа го прави на агресивен начин. Дополнително, тие сметаат дека нивниот гнев е оправдан и секој што им вели дека треба да се смири, за нив е непријател. Кога им велите да ги смират емоциите, тоа за нив е исто како да им велите дека нивните чувства се неважни. Бик – Не бев гладна кога нарачувавме, но сакам само малку да пробам... Тие се мошне посесивни, особено кога станува збор за храната. Ништо не може да го изнервира Бикот како фактот дека не сте нарачале ништо кога седнувате некаде заедно, а потоа барате да пробате од неговото јадење. Ако планирате да излезете со Бик, планирајте дека секаде ќе треба да си нарачате своја порција. Близнаци – Некој ми кажа нешто за тебе, но не смеам да ти кажам кој е... Близнаците мразат кога им премолчувате детали и сметаат дека ако сте почнале нешто да им кажувате тогаш тоа треба да го направите до крај. Дополнително, пак, кога се работи за нив!? Нема да ве остават на мир сѐ додека не им кажете сѐ што знаете. Рак – Ајде за промена да излеземе некаде... Запомнете - Раковите сакаат да си седат дома и не сакаат нагли промени. Така сѐ што подразбира излегување од зоната на комфор и сѐ што е ново и непредвидливо, тие веднаш ќе го отфрлат, а и ќе ви се налутат затоа што сте се осмелиле да им предложите нешто такво. Лав – Сакав да ти купам поскап подарок, но го најдов истиот поевтино Познати се дека се мошне дарежливи со пријателите и за нив големите гестови покажуваат колку навистина ја ценат личноста. Но, очекуваат и да им биде возвратено со иста мера и ако им кажете дека сте заштедиле на нивниот подарок, ќе сметаат дека не сте сакале да се потрудите доволно. Девица – Почекај малку, не можам сега... Тие се перфекционисти што сакаат да бидат свесни за сите детали на сѐ што прават. Кога некој не им обрнува внимание или им вели дека подоцна ќе им обрне внимание, Девиците сметаат дека таа личност или не го цени нивниот труд или дека ќе направи некој проблем што Девицата ќе треба да го решава. Продолжува на следната страна... Почеток Претходна 1 2 Следна Крај Би можело да ве интересира: Што најмногу ве нервира во лето, според вашиот хороскопски знак? Дури и да си поминуваат навистина добро, Рибите секогаш се убедени дека претходн... Како изгледа живеењето со секој хороскопски знак? На Рибите не им е грижа дали сте ги измиле садовите, но Јарците нема да ви дозво... Негативни карактеристики поради кои другите бегаат од вас, според хороскопскиот знак Ароганцијата на Лавовите, постојаното плачење на Раковите и егоизмот на Скорпиит......
Црнобело | 1 ден
Секојпат кога на Бен Афлек му е „смачено“ од животот, завршува како хит-меме – Најсмешните папарацо фотки од актерот
Секојпат кога на Бен Афлек му е „смачено“ од животот, завршува како хит-меме – Најсмешните папарацо фотки од актерот Tweet Бен пуши цигара додека носи маска за зашита од ковид, Бен изгледа тажно, Бен им ‘ржи на фотографите, им покажува среден прст... Најсмешните папарацо фотки од актерот... Бен Афлек (50) и Џеј Ло (52) следниот викенд (19.08 – 21.08) треба да направат тридневна свадбена веселба на неговиот имот во Џорџија, САД, каде ќе присуствуваат нивните најблиски пријатели, а се очекува овојпат да нема можност фотографиите да протечат во јавност, туку сѐ ќе биде ексклузивно објавено во магазинот Vogue. View this post on Instagram A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) Веќе на сите ни е јасно дека Бен нема најдобар однос со папараци фотографите, а тоа го покажуваат и фотографиите што со години наназад се објавуваат во таблоидите. Бен пуши цигара со маска за зашита од ковид, Бен изгледа тажно, Бен им ‘ржи на фотографите, им покажува среден прст... Погледнете ги најсмешните фотографии на Бен Афлек што досега беа хит мемиња на социјалните мрежи: Продолжува на следната страна... Почеток Претходна 1 2 Следна Крај Би можело да ве интересира: „Среќен сум што преживеав“ - Ештон Кучер не можел да слуша, гледа и оди заради ретко воспаление на к... Во епизода од шоуто на авантуристот Беар Грилс, Ештон Кучер откри дека пред окол... Ричард Гир (72) на настан со сопругата (39) по одморот на Ибица со децата - стравува дека нема да до... Ричард Гир на 72-годишна возрат доби награда за животно дело, а на церемонијата ... „Мирните“ партнери ги заменија за „лоши момци“ – 10 славни парови кои ја одбележаа 2021 По раскинувањето на 20-годишната врска со Данијела Мартиновиќ, Грашо си најде по......
Црнобело | 1 ден
Плажата Tigania на вториот крак во Грција наликува на Кариби – како се стига и што да очекувате на ова скриено парче рај? (фото)
Плажата Tigania на вториот крак во Грција наликува на Кариби – како се стига и што да очекувате на ова скриено парче рај? (фото) Tweet До неодамна, плажата која со палмините чадори и тиркизната вода потсеќа на Кариби, беше скриено богатство, но денес е многу популарна и секогаш на листите на најубави плажи на Халкидики – како се стига дотаму, што да очекувате, кои се позитивните и негативните страни? Tigania е една од најуникатните плажи на Ситонија, со ситен песок како прав, тиркизна вода и впечатливи чадори од палмини листови, по кои е препознатлива. Секогаш се наоѓа на листите на плажи кои треба да се посетат на Халкидики, посебно за оние кои сакаат да уживаат на скриено парче рај, далеку од плажите со гужва и забава. Спаѓа под областа Сикија, пристапот до плажата не е многу лесен, а треба да ги следите патоказите и ознаките кои се испишани на самиот пат и водат до плажата. Ако доаѓате од страната на плажата Климатарија, продолжете право по патот, под мостот, и кога ќе го поминете свртете десно по земјениот пат нагоре за да се качите на мостот и да го преминете, а таму веќе ќе видите и знаци за плажата и бич баровите. Треба да возите внимателно заради дупките и оштетувањата на патот, во близина на плажата има паркинг, од каде треба да пешачите уште неколку минути. Тиганија се состои од три мали плажи, поделени со карпи, организирани со бич барови, лежалки и чадори од трски кои ѝ даваат егзотичен изглед. Добро е да знаете дека на плажата нема туш, нема тоалети со високи критериуми, во барот има неколку јадења кои се продаваат по малку поскапа цена и пијалаци со кои може да се освежите, со оглед на тоа што не смеете да носите свои пијалаци и храна. Лежалките се наплаќаат со консумација, а мислењата на TripAdvisor се поделени – додека едни сметаат дека е плажа која мора да се посети, други се разочарани од лошата услуга на персоналот и не ја препорачуваат. Сепак искуството за бич баровите е индивидуално, но плажата е дефинитивно уникатна и вреди да се посети, а фотките се доказ за тоа: View this post on Instagram A post shared by @m_g_ciuca View this post on Instagram A post shared by 🇬🇷/🇧🇪 (@eleftheria_lazaridouu) View this post on Instagram A post shared by Nikana.gr🔹Letovanje u Grčkoj (@nikana.gr) View this post on Instagram A post shared by 🇬🇷 Grčka Info 🇬🇷 (@grckainfo) View this post on Instagram A post shared by Nora Veres (@noraweres) View this post on Instagram A post shared by Stelloire (@stelloire) View this post on Instagram A post shared by 🎀M O N A R A Y A N I 🎀 (@mona_rayani) View this post on Instagram A post shared by Lucian || Dava's Lens (@dava_lens) View this post on Instagram A post shared by Halkidiki villa (Rent your dream) (@halkidiki_villa) View this post on Instagram A post shared by Thes.gr (@thes.gr_) View this post on Instagram A post shared by Vintage home Nikiti (@vintage_home_nikiti) View this post on Instagram A post shared by Adventure Dog and Model (@miloadventuredoggo) View this post on Instagram A post shared by Maria tsopoulou (@tsopoulou) M. M. | Црнобело Tweet Би можело да ве интересира: Низ објективот на Евгениј Хоуп: „Македонија ја заменив за Малдиви на неколку месеци – подводниот све... „Кога скокнав во вода и се завртев имаше над триесеттина ајкули кои се бореа да ... На кои плажи и места во Грција морето е најтопло? Во Паралија, како и на островот Родос, има многу плажи каде што морето е многу т... 20 плажи во Европа кои вреди да ги посетите во 2022 Можеби сонувате за одмор во Тајланд или некоја друга егзотична дестинација, но ф......
Црнобело | 1 ден
8 грешки што ги прават речиси сите невести со шминката, според мејкап артист
8 грешки што ги прават речиси сите невести со шминката, според мејкап артист Tweet Барате мислење од сите, следите минливи трендови и не правите пробна шминка – мејкап артист открива кои се најчестите грешки што ги прават невестите кога станува збор за свадбена шминка. Покрај венчаницата, шминката е еден од најважните детали за секоја невеста. Свадбената шминка треба да изгледа добро и во живо и на фотографии, но и треба да издржи речиси цел ден. Вадим Закаришчев е мејкап артист кој забележал дека голем број невести прават исти грешки кога одат на шминкање на свадба, а овие грешки неретко им го расипуваат изгледот. За Insider, тој ги споделува најчестите: Следите минливи трендови Ова е една од најголемите грешки што ја прават невестите. Трендовите се минливи, па кога ќе ги погледнете фотографиите по десет години голема е веројатноста да не ви се допаѓа вашата шминка. Затоа, држете се до покласичен изглед. Нападна шминка Шминката не треба да го промени вашиот изглед, туку да ги нагласи вашите карактеристики. Како што вели Вадим, сигурно сакате да се препознаете себеси кога ќе гледате видеа и снимки од свадбата. Поради ова, избегнувајте нападна и темна шминка за вашата венчавка. Барате мислење од сите Ако ги прашувате сите за мислење за вашата шминка, само ќе си го отежнете изборот. Во ред е да се консултирате со една-две пријателки, но нема потреба да барате мислење од сите. Не правите пробна шминка Ако сте во можност, препорачливо е да направите и пробна шминка. Бидејќи, она што го сакате некогаш не излегува како што сте си замислиле. Кога ќе направите пробна шминка, ќе можете да направите и промени и да се консултирате со мејкап артистот за што е најдобро за вас. Уште четири грешки на следната страница... Почеток Претходна 1 2 Следна Крај Би можело да ве интересира: Водич за идни невести – која венчаница е совршена за вас според обликот на вашето тело? Ако сте послаби и немате многу облини, ќе изгледате беспрекорно во венчаница со ... Невеста снимила видео како кучето ја гледа за првпат во венчаница, а не младоженецот Таа вели дека токму ретриверот Гумбо ѝ бил сонце во секоја бура, па сакала овој ... 11 фото докази дека свадбата може да ви биде бајковита и без да потрошите цело богатство „Сама си направив торта и колачи за свадба. Беше многу стресно, но вредеше секој......
Црнобело | 1 ден
Во кујната на Бранко: Тарт со свежи смокви - сочен десерт без печење
Во кујната на Бранко: Тарт со свежи смокви - сочен десерт без печење Tweet За читателите на CRNOBELO.com Бранко овојпат подготви сочен тарт со свежи смокви, за кој не ви е потребно печење, а нема да се задоволите само со едно парче. По солените предлог рецепти, Бранко овојпат се надмина во кујната, со десерт од кој ќе барате парче плус - здрав и вкусен тарт кој може да проба да го направи секој, бидејќи постапката е многу едноставна. Љубителите на здрави, а вкусни и благи рецепти, нема да можат да одолеат на овој летен десерт со смокви. Потребни состојки: За кората: 100g лешници 100g ореви 100g бадеми 5 лажици мелени бисквити (без шеќер) 150g кокосово масло За кремот: 350g веганско маскарпоне (или обично по желба) 200ml кокосово млеко 1 голема лажица екстракт од ванила 10 блендирани свежи смокви 1 лажица мед или маџун За декорација: Свежи смокви Сечкани бадеми Начин на подготовка: Лешниците, оревите и бадемите смелете ги во блендер. Потоа додадете ги во голем сад и измешајте ги заедно со мелената плазма. Додадете кокосово масло. Измешајте убаво додека не се натопи целата смеса. Во тавче за тарт истурете ја смесата и истапкајте убаво додека не се прицврсти за ѕидовите од тавчето за тарт. Оставете ја 30 минути во ладилник за да се стегне. Во длабок сад, додадете го маскарпонето, кокосовото млеко, екстрактот од ванила и медот/маџунот и матете со миксер додека не добиете хомогена густа смеса. Блендираните смокви додадете ги во кремот и промешајте убаво со дрвена лажица за да се изедначи смесата. Оставете да се стегне во фрижидер околу 15 минути. Откако ќе се стегне и долниот дел почнете со филување со помош на шпатула и изедначете го кремот низ целото тавче за тарт. Врз кремот додадете свежи смокви пресечени на половина во круг и ситно сечкани бадеми. Tweet Би можело да ве интересира: Предлог рецепт за ручек: Пилешко полнето со спанаќ и растопено сирење Пилешкото месо одлично може да се комбинира со пролетниот зеленчук, а комбинациј... „Тофифи“ торта – сладок десерт поради кој ќе ја прекршите секоја диета Торта со тофи! Вкусна, преслатка, вистинска шеќерна бомба заради која ќе ја прек... Како да подготвите вкусен домашен сладолед од ванила? Сладоледот од ванила е класика. Идеален е за да го мешате со други вкусови на сл......
Црнобело | 1 ден
Оргазмична медитација: Кои се придобивките од овој нов секс тренд? (18+)
Оргазмична медитација: Кои се придобивките од овој нов секс тренд? (18+) Tweet Со помош на традиционалната медитацијата можеме да го насочиме нашето внимание кон прифаќање на сегашниот момент и кон практики кои ни помагаат да се смириме. Кога станува збор за оргазмичната медитација, исто така се фокусираме на сегашниот момент, на нашиот здив и енергија, наместо на физичкиот допир со партнерот. фото извор И двата вида медитации се обидуваат да ја подобрат врската помеѓу умот и телото и ви дозволуваат не само да имате повеќе спокојство со себе, туку и длабоко да се поврзете со другите. Што претставува оргазмична медитација? Наместо да се чувствувате под стрес поради сексот и да му дозволите на вашиот ум да талка во моментот, оргазмичната медитација ќе ви помогне да ги задржите вашите мисли на место за да можете да се концентрирате на вашите чувства и поврзаност со вашиот партнер. Оргазмичната медитација е насочена кон промена на вашата духовност и вашата сексуалност заедно со партнерот. Според информации од стручни лица од веб-сајтот Healthline, треба да обрнете внимание на клиторисот и нежно да ја галите оваа област околу 15 минути, пожелно со лубрикант. Секако, во тоа можете да уживате сами, но подобро е чувството кога ова го прави партнерот. Така ќе се почувствувате духовно поврзани со оргазмот, со универзумот и со енергијата на вашиот партнер. За време на овој процес, не само што ги ослободувате хормоните на среќа, како што се случува за време сексот, туку и духовно ќе се усогласите еден со друг. Иако главната цел на оргазмичната медитација не е оргазам, сепак многумина успеваат да доживеат експлозивен оргазам. Кои се придобивките од оргазмичната медитација? Ако сакате навистина да се чувствувате синхронизирано под чаршафите, има многу придобивки од испробувањето на оваа медитација. Не размислувајте за многу други работи, бидете фокусирани само на вас и вашето тело. Иако процесот е повеќе фокусиран на тоа како комуницирате со вашиот партнер, крајните резултати се експлозивни. Уживајте во вашиот партнер, предиграта, слатките погледи и галењата. Оваа медитација може да ви помогне да го ресетирате вашиот сексуален живот и да бидете повеќе во склад со саканата личност. М. Г. | Црнобело Tweet Би можело да ве интересира: 7 знаци дека сте во здрава врска и секој ден ви е Свети Валентин Вљубени сте во партнерот, се чувствувате прекрасно покрај него и не би го замени... 6 најчести лаги кои жените ги кажуваат после сексот (18+) Во идеален свет, секој од нас би имал доволно самодоверба да не се грижи за сопс... „Тој што готвел, не мие садови“ и уште 7 правила за успешна врска од среќните парови „Што ќе јадеме денес?“, „Пак јас да мијам садови?“ - Паровите што подолго време ......
Црнобело | 2 дена
Ист Гејт Мол му посакува добредојде на H&M - големо отворање на 18-ти август 2022
Ист Гејт Мол му посакува добредојде на H&M - големо отворање на 18-ти август 2022 Tweet Шведскиот моден бренд H&M ги отвора вратите на својата прва продавница во Македонија, во Ист Гејт Мол, во Скопје, на 18 август во 10 часот наутро. Посетителите на Ист Гејт Мол ќе имаат можност да доживеат едно сосема ново потрошувачко искуство во продавницата дизајнирана согласно најновиот концепт на H&M. На површина од над 2.300м2 шведскиот моден бренд ќе и се претстави на македонската потрошувачка публика со најновите колекции за деца и тинејџери, мажи и жени. „Возбудени сме што конечно можеме да му посакаме добредојде на H&M во семејството на Ист Гејт Мол. Од денес Скопје се наоѓа на мапата на светските метрополи каде H&M има свои продавници. Ќе биде прекрасен ден на отворање на првата и единствена продавница на H&M во Македонија. Отворањето ќе биде вистински убав настан за лансирање на брендот на нашиот пазар, по примерот на останатите светски метрополи. На денот на отворањето, брендот ќе подели многу подароци вклучувајќи и попусти до 50% на селектирана облека и обувки. Со отворањето на H&M, во комбинација со останатиот бренд микс, Ист Гејт Мол се позиционира како водечки трговски центар на пазарот, каде потрошувачите можат да уживаат во сосема поинакво потрошувачко искуство” – изјави Извршниот директор на Скопје Ист Гејт, Игор Давков. Ист Гејт Мол е единствениот трговски центар на пазарот каде водечките модни брендови, како H&M, Индитекс и ЛПП се присутни со своите целосни портфолија, најнови концепти и најголеми формати на продавници. Овие модни брендови во комбинација со над 200 останати, го позиционираат Ист Гејт Мол како најголем трговски центар во нашата земја. Ист Гејт Мол е трговски центар од последната генерација на трговски центри, истиот се простира на 160.000м2 бруто изградена површина и 57.000м2 површина за изнајмување. Бидете во „Ист Гејт Мол“! Tweet...
Црнобело | 2 дена
14 фотки кои ќе направат да се чувствувате минијатурно
14 фотки кои ќе направат да се чувствувате минијатурно Tweet Сте помислиле ли колку е всушност голем мостот Голден гејт во Сан Франциско во споредба со човек? Обично немаме перцепција за нашата големина, најмногу бидејќи сè што користиме во секојдневието е усогласено со неа. Но, ако малку размислите, ќе сфатите дека ние луѓето сме навистина минијатурни. Само помислете колку голема е нашата планета, а потоа колку големо е Сонцето во споредба со неа. Кога, пак, ќе пробате да се споредите со големината на универзумот, целиот концепт дури почнува да губи смисла. Но нема потреба да се споредувате со Сонцето или универзумот за да сфатите колку сме всушност мали. Постојат и многу работи овде, на Земјата, од кои дел се направени од нас луѓето, што ќе ви дадат нова перспектива. Неколку фотки што ќе ви покажат колку сме всушност мали: Брод со луѓе под мост Огромен коњ Луѓе во споредба со крузер Највисоката станбена зграда на континентот Африка, во Јоханесбург Огромен хангар Авион и облаци со интересен облик ’Рбет од кит Уште седум фотки на следната страница... Почеток Претходна 1 2 Следна Крај Би можело да ве интересира: Од Грција до Мексико без облека – Пар од Белгија патува низ светот и секаде се сликаат голи (фото) Грција, Хрватска, Црна Гора, Тајланд, Колумбија се само дел од државите кои овој... Луѓе кои биле во кома споделуваат искуства: „Ги слушав другите, но некогаш се губев помеѓу соништата... „Мој пријател кој беше во кома некогаш ги слушал лекарите, но имал навистина стр... „Мислев дека влошките се лепат како фластер“ - Мажи откриваат што дознале за жените откако почнале д... „Не е важно колку шноли имаме во домот, секогаш има потреба да се набават уште“.......
Црнобело | 2 дена
Зошто се појавува сива обвивка на жолчката кога варите јајца и уште 5 објаснувања за чести појави за време на готвење
Зошто се појавува сива обвивка на жолчката кога варите јајца и уште 5 објаснувања за чести појави за време на готвење Tweet Знаете ли зошто изгледа како водата да врие побрзо откако ќе ѝ додадете сол или зошто некогаш компирите потемнуваат кога ги варите? Слободно можеме да го гледаме готвењето како изведување хемиски експерименти. Мешаме разни состојки, ги загреваме и добиваме нешто сосема друго. Но неретко, дури и ако внимателно го следиме рецептот, можно е да се случат некои необични работи. А, секојпат причината се хемиските реакции во храната. Во продолжение шест вакви појави и зошто се случуваат: Зошто се појавува сива обвивка на жолчките на варените јајца? Иако изгледа лошо, оваа сива обвивка е безопасна и не значи дека нешто не е во ред со јајцето. Може да се појави ако ги варите јајцата многу долго, или ако има многу железо во водата што ги варите. Обвивката е всушност хемиска реакција од сулфурот кој се наоѓа во белката и железото кое се наоѓа во жолчката на јајцето. За тврдо варени јајца, ставете ги во вода што врие и варете ги најмногу 10 минути за да ја избегнете појавата на сивата обвивка. Зошто се формираат „дамки“ на површината од шолјата чај? Сигурно сте забележале дека по некое време во шолјата чај, најчесто ако е црн или зелен, се јавуваат вид дамки. Овие дамки се јавуваат кога правите чај со таканаречена тврда вода, односно вода која содржи повеќе минерали. Тврдата вода има и повеќе калциум кој се сврзува со екстрактите од ливчињата чај и поради ова се формираат дамките. И ова е безопасна појава која не треба да ве загрижува. Зошто некогаш на компирите се појавуваат темни дамки кога ги варите? Постојат неколку причини зошто можат да се појават овие дамки. Некогаш причината е природната реакција која настанува поради железото во компирите. Можете да го спречите ова ако додадете малку лимонов сок или оцет во водата за варење. Ако, пак, ги чувате компирите во фрижидер, ниската температура може да го претвори скробот во шеќер. Кога ги варите, овој шеќер потемнува. За да го избегнете ова, немојте да ги чувате компирите во фрижидер. Зошто водата врие повеќе откако ќе додадете сол? Кога водата врие, меурчињата се создаваат на дното на тенџерето и постепено излегуваат на површината. Ако додадете сол, нејзините кристали помагаат да се создадат повеќе меурчиња. Покрај тоа, солта им го олеснува патот на овие меурчиња до површината, па изгледа како водата да врие повеќе. Слично нешто би се случило и ако во вода што врие додадете шеќер. Зошто тестенините се лепат едни за други? Кога се варат, тестенините ослободуваат скроб, а токму овој скроб ги прави лепливи. За да го избегнете лепењето, важно е често да ги промешувате, но и да додадете повеќе вода во тенџерето – на овој начин ќе се намали концентрацијата на скроб во водата. Зошто салатата не трае долго во фрижидер? Веројатно сте забележале дека ако ставите салата во фрижидерот, без разлика од кој зеленчук е направена, за само неколку часа изгледа овенато. Причината за ова не е самиот зеленчук, туку преливите, како оцет и лимонов сок. Поради овие состојки, зеленчукот како марула и краставици пушта повеќе вода, па овенува побрзо. Затоа, препорачливо е да не ставате преливи на целата салата ако не сте сигурни дека ќе ја изедете целата. Спирова С. | Црнобело Tweet Би можело да ве интересира: Банана наместо јајца и уште 7 состојки што лесно можете да ги замените со други Ако немате јајца или сакате веганска верзија на рецептот за торта или палачинки,... Месо, тестенини: Совети кои ако ги примените ќе готвите како професионалец (иако сте аматери во кујн... Ако готвењето не ви е силна страна, а сепак имате желба да направите нешто спект... Едноставни совети со кои ќе ги претворите готовите смеси за торти во вистински специјалитет Заменето го маслото со путер, додајте јајце плус и наместо вода, ставете млеко. ......
Црнобело | 2 дена
Поранешната порно актерка Миа Калифа плаќа висока цена за минатото: „Каде и да одам ме следат сомнителни мажи“
Поранешната порно актерка Миа Калифа плаќа висока цена за минатото: „Каде и да одам ме следат сомнителни мажи“ Tweet Поранешната порно актерка Миа Калифа е мошне активна на социјалните мрежи, а редовно споделува фотографии и видеа од нејзините патувања. Но, иако се одлучи да се откаже од снимањето на филмови за возрасни, очигледно Миа не може да побегне од сопственото минато. Таа неодамна беше на луксузна јахта во Мајами од каде сподели кратко видео на кое се гледа дека каде и да оди, постојано ја следат сомнителни мажи. Во видеото што таа го објави на Инстаграм Стори се гледа дека таа ужива на јахта во Мајами, но ја врти камерата и можеме да видиме дека во друг брод ја следат 10-тина мажи. „Мајами е супер, сѐ додека...“ - напиша таа на објавата... Видеото погледнете го ТУКА. Инаку, според објавите на Инстаграм, може да се забележи дека Миа во последниот период е постојано сама, а речиси нема трага од нејзиниот последен дечко, пејачот од Порторико, Јаи Кортез. Миа објави видео на ТикТок кое набрзина собра 1,7 милиони прегледи, а на кое напиша: „Кога си бил емотивно возрасен за време на целата врска, но сфаќаш дека не си побегнал од граѓанска војна за да се грижиш за нечиј недораснат син“. Дел од нејзините следбеници сметаат дека таа на тој начин и официјално објавила дека раскинала со Јаи. Прочитајте и Поранешната порно актерка Миа Калифа 3 месеци по разводот го покажа новото момче - си фати пејач од Порторико (фото) Погледнете повеќе фотографии од одморот на Миа на следната страна... Почеток Претходна 1 2 Следна Крај Би можело да ве интересира: Никогаш не е доцна: 6 познати актери кои се прославија дури по 50-тата година од животот На сите ни се чини дека Морган Фримен бил славен актер целиот негов живот, но то... На 90 години позира гламурозно, Елвис го нарече „аматер во кревет“ – Која е скандалозната холивудска... Холивудската актерка Рита Морено на 90 години направи фотосесија и покажа дека с... Чудни трикови за убавина за кои славните жени тврдат дека се ефикасни Никол Кидман е позната по својата сјајна коса, која вели дека ја одржува со пија......
Црнобело | 2 дена
Во Маврово во организација на Халкбанк, на 8 септември повторно ќе се одржи велосипедската трка Halk Velo Green
Во Маврово во организација на Халкбанк, на 8 септември повторно ќе се одржи велосипедската трка Halk Velo Green Tweet Правецот Бистра - Леуново – Бистра во Маврово и годинава ќе биде рутата која ќе треба да се извози во рамките на хронометар велосипедската трка HALK VELO GREEN која веќе трета година по ред, на 8 септември ја организира Халкбанк АД Скопје како дел од платформата HalkEco. Сите вљубеници во велосипедизмот, професионалци и аматери, за учество можат да се пријават најдоцна до 29 август преку www.smartrace.club. Учесниците во трката и годинава ќе се натпреваруваат во категориите ПРО, ХОБИ и ПРО Кидс и тоа во машка и во женска конкуренција, во зависност од степенот на подготвеност на секој натпреварувач. Категоријата ПРО во принцип е предвидена за сите оние кои се членови на клубови во Велосипедската федерација на Македонија (ВФМ), но и за оние кои се чувствуваат подготвени да се натпреваруваат со овие велосипедисти. Категоријата ХОБИ е наменета за велосипедистите кои рекреативно се занимаваат со овој спорт. И за двете категории рутата е во должина од 22 километри. Во ПРО Кидс ќе се натпреваруваат млади од 13 до 17 години и деца од 6 до 12 години. За првите три најдобри велосипедисти во сите категории Халкбанк ќе обезбеди вредни награди. Настанот освен спортски ќе има и забавен карактер, а за убавата атмосфера ќе се погрижат водителот Викса и DJ Goce Saf. За анимирање на најмалите ќе бидат „задолжени“Халки и Ефектива. Велосипедската трка Halk Velo Green е во знакот на тенденцијата на Халкбанк да промовира здрави животни навики кај населението и да придонесува кон зачувување на животната средина, за што сведочи и апликацијата HalkEco (www.halkeco.mk) чиј главен поддржувач е MasterCard. Со апликацијата банката го охрабрува секој корисник да биде физички поактивен, еко свесен и да ја мотивира заедницата со своите секојдневни здрави навики. Со користењето на апликацијата при вршење на активност како трчање, пешачење или возење велосипед, корисникот добива HalkCoins и освојува различни нивоа кои му носат низа подароци и финансиски бенефиции, со крајна цел придонесување кон засадување нови зелени површини на локации во земјата каде е неопходно. HalkEco веќе прерасна во платформа преку која Халкбанк реализира и поддржува низа проекти кои ја покажуваат грижата на банката за заедницата и посветеноста кон зачувување на природата. Токму затоа и собраните средства од котизациите за учество во трката и годинава повторно ќе се искористат за хуманитарни и општествено корисни цели. Tweet...
Црнобело | 2 дена
4 хороскопски знаци кои го кријат нивното вистинско лице на почетокот од врската
4 хороскопски знаци кои го кријат нивното вистинско лице на почетокот од врската Tweet Иако Близнаците се дружељубиви и оставаат добар прв впечаток, сето ова е површно. Односно, тие не откриваат никакви детали за себе додека не се уверат дека можат да му веруваат на партнерот. На некои луѓе не им е проблем да споделуваат лични детали за себе и ќе дознаете многу за нив уште кога првпат ќе ги сретнете. Но, некои луѓе се целосна спротивност. Некогаш поради страв дека ќе бидат повредени, а некогаш бидејќи сакаат да скријат некоја карактеристика, на некои луѓе им е потребен подолг период пред да се отворат пред новиот партнер. Кои хороскопски знаци спаѓаат овде? Бик На Биковите им треба многу време за да почнат да веруваат некому. Тие не можат да се чувствуваат удобно покрај некоја личност сè додека не ја запознаат навистина добро. Поради ова, Биковите го кријат нивното вистинско лице на почетокот од врската. Додека подобро да го запознаат партнерот, тие ќе кријат некои детали за нивниот карактер. Ако, пак, Бикот има навистина лоши карактеристики, умешно ќе ги крие и нив. Јарец Јарците се многу пребирливи, без разлика дали станува збор за пријатели или романтични партнери. На првиот состанок, тие не споделуваат речиси ништо за себе. Како што подобро го запознаваат партнерот и почнуваат да му веруваат, постепено ќе почнат да откриваат некои детали. Сепак, ова ќе се случува бавно и ќе помине многу време пред партнерот вистински да ги запознае. На Јарците обично им е страв дека ќе бидат повредени, па затоа им треба многу долг период за целосно да се отворат пред некого и да бидат ранливи. Близнаци Близнаците се дружељубиви личности кои се согласуваат одлично со сите. Тие знаат како да остават добар прв впечаток и како да им се допаднат на сите. Но сепак, сето ова е површно – Близнаците нема да откријат ништо за себе, особено ако станува збор за потенцијален партнер. Тие прво сакаат да проверат каква личност е партнерот, да се осигурат дека можат да му веруваат, па дури потоа ќе почнат да размислуваат дали треба да споделат нешто лично. Скорпија Сите ги перципираат Скорпиите како мистериозни, најмногу бидејќи тие одбиваат да споделуваат детали за нивната приватност. Ова важи дури и ако станува збор за пријатели и партнери. На почетокот од врската, Скорпиите повеќе му поставуваат прашања на партнерот, отколку што зборуваат за себе и умешно можат да го скријат целиот нивен карактер. Почнуваат да го покажуваат нивното вистинско лице, вклучувајќи ги и лошите карактеристики, дури кога ќе се уверат дека новата врска има потенцијал. Спирова С. | Црнобело Tweet Би можело да ве интересира: Што ја прави секоја жена совршена сопруга, според хороскопскиот знак Жените родени во знакот Близнаци се интелигентни и секогаш го тераат партнерот д... Една навика со која несвесно си ја саботирате љубовната врска, според хороскопскиот знак Се трудите да ја зајакнете врската, но нешто постојано тргнува наопаку? Сте поми... Сезона на Близнаци – зошто ги обожаваме и дали навистина се толку дволични според зодијакот? За нив е прилепена етикетата „дволични“, но работите не се баш така едноставни к......
Црнобело | 2 дена
По обвинувањата за силување 2 години се криеше: Мерилин Менсон непрепознатлив на најновите фотки со сопругата (фото)
По обвинувањата за силување 2 години се криеше: Мерилин Менсон непрепознатлив на најновите фотки со сопругата (фото) Tweet „Се договоривме да симулираме секс за време на снимањето, но тој почна да пенетрира во мене“ – со овие зборови неговата поранешна девојка го обвини Мерилин Менсон дека ја силувал за време на снимање на спот. Пејачот за првпат по 2 години од овие обвинувања, се појави во јавност со сопругата, во непрепознатливо издание. Три жени го обвинуваат за силување, а Мерилин Менсон (53) за првпат е забележан во јавност во последните две години и тоа во придружба на сопругата Линдзи Усич (37). На најновите фотки рокерот изгледа непрепознатливо. Во последните две години пејачот избегнуваше да се појавува во јавност, се откажа од алкохол и се ожени за неговата долгогодишна девојка Линдзи Усич. Со подуено лице, без шминка и во карактиристичната црна облека за него, Мерилин Мансон за првпат се појави во јавност откако повеќе жени поднесоа обвинение против него за сексуално злоставување. Од вкупно 6 поднесени тужби, рокерот сѐ уште се соочува со тужбите на актерката Есме Бјанко, манекенката Ешли Морган Смитин и непозната жена, кои поднесоа тужби за сексуално малтретирање. Мерилин, пак, по примерот на неговиот најдобар пријател Џони Деп одлучи да ја тужи неговата поранешна девојка Еван Рејчел Вуд за клевета. Прочитајте и „По забавите со Мерилин Менсон 3 дена бев заложник, ме силуваше со шише“ - Амбер Херд со нови тврдења против Џони Деп Имено, неговата поранешна девојка Еван Рејчел Вуд, прво излезе со обвинување дека Мерилин бил насилен кон неа за време на нивната врска, а минатата година го обвини и дека ја силувал за време на снимањето на спотот за песната „Heartshaped glasses“. За врската на Мeрлин и Еван беше направен документарен филм, насловен Phoenix Rising, каде таа отворено говори низ што сѐ поминала додека била во врска со него. „Се договоривме да симулираме секс за време на снимањето, но кога се вклучија камерите тој почна навистина да пенетрира во мене. Никогаш не дадов одобрување за тоа. Бев принудена на јавен секс со лажни ветувања. Тоа беше првото злосторство против мене, а јас во суштина бев силувана пред камера“ – рече таа во документарниот филм. Прочитајте и Сексуално злоставување, сатанизам: 18 мрачни факти за животот на Мерилин Менсон (вознемирувачко фото) Мерилин и Еван беа заедно од средината на 2006-та година кога таа имала само 18 години, а тој 37. Во 4-5 години врска Еван тврди дека трпела најразлични злоставувања. Тврди дека пејачот ја манипулирал, сексуално ја злоставувал, ѝ подметнувал дрога во лековите, па дури и ја оддалечил од семејството и пријателите. Заедно со неговата поранешна девојка и неговата поранешна асистентка Ешли Вотерс го обвини за сексуално малтретирање, но ова обвинување веднаш беше отфрлено од страна на судот во Лос Анџелес. Во март годинава Мерилин поднесе тужба за клевета против поранешната девојка, а речиси 2 години воопшто не се појавуваше во јавност. Тој за првпат беше фотографиран деновиве како излегува на состанок со сопругата Линдзи Усич. Б. С. Б. | Црнобело Tweet Би можело да ве интересира: Пејачка се прошета топлес на BET Awards 2022 и поттикна лавина од критики Кога сакаш со голотија да издоминираш на настан и ќе го налутиш светот… Бремена ... Никогаш не е доцна: 6 познати актери кои се прославија дури по 50-тата година од животот На сите ни се чини дека Морган Фримен бил славен актер целиот негов живот, но то... На 90 години позира гламурозно, Елвис го нарече „аматер во кревет“ – Која е скандалозната холивудска... Холивудската актерка Рита Морено на 90 години направи фотосесија и покажа дека с......
Црнобело | 2 дена
Доктор Горан за првпат го донесе синчето во Македонија и направи слатко видео: „Себастиан стапна на македонско тло“
Доктор Горан за првпат го донесе синчето во Македонија и направи слатко видео: „Себастиан стапна на македонско тло“ Tweet „Добро те најдовме Македонијо! Себастиан првпат стапна на македонско тло“ – популарниот доктор Горан, кој живее во Германија, го донесе синчето во Скопје и објави слатко видео од двата аеродроми, кое стана вирален хит. Доктор Горан Трајковски се прослави на Инстаграм со видеата и објавите во кои ги едуцира своите следбеници на теми од медицината, но и со забавното прикажување на неговото секојдневие во Германија, посебно за време на екот на пандемијата. Тој за брзо стана омилен инфлуенсер кај македонската публика, а иако се труди семејниот живот да го држи понастрана од јавноста, сепак знае да сподели приватни моменти со синчето Себастиан. View this post on Instagram A post shared by Goran Trajkovski (@doktor.goran) Минатото лето, по подолг период, доктор Горан се врати во својата родна Македонија, но беше сам. View this post on Instagram A post shared by Goran Trajkovski (@doktor.goran) Сега, докторот повторно е во посета на Македонија, овојпат со синчето, кое првпат стапнува на македонско тло и по тој повод направија забавно видео, кое вирално се споделува како најслаткото нешто на денот. „Добро те најдовме Македонијо! Себастиан прв пат стапна на македонско тло“ - стои во описот на видеото. View this post on Instagram A post shared by Goran Trajkovski (@doktor.goran) М. М. | Црнобело Tweet Би можело да ве интересира: Вирален статус на Македонец: Одмор некогаш - Kрани со едни купачи vs. одмор сега - Маурициус со чарт... Oдморот некогаш: Крани, Претор, Охрид и Струга... Одморот е сјебан уште ко ... Доктор Горан: „Се повредив при спортување, ми стана црно пред очите – една грешна одлука ви го менув... „Осетив силна болка и нешто крцна, после тоа не можев да ја движам раката и кола... Вирален статус на Драган Спасов Дац: „Скопје мое, те плукаат ли? Но, им кажа ли за плажите на Вардар... „Скопје, им кажа ли за плажите на Вардар? За корзото на плоштад и за корзот......
Црнобело | 2 дена
Моника и Никола патуваа од Скопје до Италија со веспа за меден месец: „Полневме гориво на секои 300km, Италијанците се чудеа како сме стигнале“
Моника и Никола патуваа од Скопје до Италија со веспа за меден месец: „Полневме гориво на секои 300km, Италијанците се чудеа како сме стигнале“ Tweet „Италија на две тркала вреди да се доживее. Прекрасна земја особено доколку ја доживееш на отворен пат со мотор. Тргнавме со веспа Piaggio х10 за која многумина од Италијанците ни се воодушевуваа како сме стигнале дотаму бидејќи сепак не е патнички мотор“ – раскажува за CRNOBELO.com Моника од Скопје која со сопругот беше на меден месец од Скопје до Италија со веспа. Моника и Никола во февруари годинава стапиле во брак, а одлучиле да имаат незаборавно патување за медениот месец. Парот како дестинација ја одбрал Тоскана, но она што е уникатно, е тоа што патувањето било со веспа Piaggio x10 од Скопје во Италија. Во интервју за CRNOBELO.com Моника ги споделува искуствата од патувањето, како и тоа како изгледа да се доживее Италија на две тркала... Како одлучивте да тргнете на патување со веспа и зошто ја избравте токму Италија како дестинација? Двајцата сме авантуристи по природа и уживаме во возењето со мотор. За Италија тргнавме со веспа Piaggio х10 за која многумина од Италијанците ни се воодушевуваа како сме стигнале дотаму бидејќи сепак не е патнички мотор. Покрај истражувањето на Македонија и Грција, Италија беше одамнешна желба да ја извозиме. Во 10 дена поминавме низ 15 градови. Љубовта кон Тоскана се роди по филмот „Under the Tuscan Sun“. Како наоѓавте сместување во италијанските градови што ги посетивте? Ноќевањата ги резервиравме ден за ден. Сѐ што ни требаше беше желба, храброст и средства. Тргнавме со мотор до Драч и таму се качивме на ферибот до Бари, патувањето беше долго. Штом се симнавме од траектот веднаш се почувствува италијанскиот мирис и автентичната архитектура. Со голема возбуда возевме до Наполи која беше наша прва дестинација. Дали за време на патувањето се соочивте со некои непријатности? Со оглед на спремноста и фактот дека тргнавме да патуваме со Piaggio X10 за среќа не се соочиваме со никакви непријатности освен високите температури по патот. На колку километри полневте гориво и како го носевте багажот? Гориво полневме на отприлика 300km, багажот го носевме во три куфери кои ни беа прикачени на моторот и поради селењето од едно во друго сместување од град во град ни беше најпрактичната инвестиција. Дали имавте некоја непријатна случка да раскажете од патувањето? Секој ден беше пропратен со интересни моменти, од патувањето, очекувањето што ќе се случи по пат и во следниот град бидејќи првпат го посетивме тој дел од Италија. Во еден бар во Наполи запознаваме постар пар од Лондон, а двајцата беа родени во истите месеци како нас и со истата причина дојдени во Италија. Секој ден беше посебен, долгото возење, истражувањето на градовите, италијанската култура, исклучителната медитеранска храна. Во Беневенто наидовме на големо невреме и за жал не можевме многу да го истражиме градот, но сопственичката на куќата во која преноќивме се погрижи да „ни го донесе“ Беневенто кај нас и да ни организира прекрасна вечера со сите специјалитети кои се одлика на градот. За среќа сѐ беше во најдобар ред и според планот и рутата, едноставно добро го имавме организирано целото патување. Продолжува на следната страна... Почеток Претходна 1 2 Следна Крај Би можело да ве интересира: Дечко од Белград во име на љубовта се пресели во Скопје: „Се вљубив во Бисера - напуштив работа и ку... „Кога Бисера се врати во Скопје по тие 3 прекрасни денови во Белград, се разбуди... Успешни Македонци низ светот: Ана од Скопје направи хит видео игра со тим од Нови Сад – огромна зара... „Успехот на играта беше тотално неочекуван. Како студенти само сакавме да си ја ... Вероника, Русинка мажена во Скопје: „Љубовта ме донесе тука пред 14 години – обожавам ајвар и греана... „Кога дојдов овде првпат, искрено, ми беше чудно кога излегов на тераса и видов ......
Црнобело | 2 дена
Моника и Никола од Скопје патуваа со веспа до Италија за меден месец: „Полневме гориво на секои 300km, Италијанците ни се чудеа како стигнавме“
Моника и Никола од Скопје патуваа со веспа до Италија за меден месец: „Полневме гориво на секои 300km, Италијанците ни се чудеа како стигнавме“ Tweet „Италија на две тркала вреди да се доживее. Прекрасна земја особено доколку ја доживееш на отворен пат со мотор. Тргнавме со веспа Piaggio х10 за која многумина од Италијанците ни се воодушевуваа како сме стигнале дотаму бидејќи сепак не е патнички мотор“ – раскажува за CRNOBELO.com Моника од Скопје која со сопругот беше на меден месец од Скопје до Италија со веспа. Моника и Никола во февруари годинава стапиле во брак, а одлучиле да имаат незаборавно патување за медениот месец. Парот како дестинација ја одбрал Тоскана, но она што е уникатно, е тоа што патувањето било со веспа Piaggio x10 од Скопје во Италија. Во интервју за CRNOBELO.com Моника ги споделува искуствата од патувањето, како и тоа како изгледа да се доживее Италија на две тркала... Како одлучивте да тргнете на патување со веспа и зошто ја избравте токму Италија како дестинација? Двајцата сме авантуристи по природа и уживаме во возењето со мотор. За Италија тргнавме со веспа Piaggio х10 за која многумина од Италијанците ни се воодушевуваа како сме стигнале дотаму бидејќи сепак не е патнички мотор. Покрај истражувањето на Македонија и Грција, Италија беше одамнешна желба да ја извозиме. Во 10 дена поминавме низ 15 градови. Љубовта кон Тоскана се роди по филмот „Under the Tuscan Sun“. Како наоѓавте сместување во италијанските градови што ги посетивте? Ноќевањата ги резервиравме ден за ден. Сѐ што ни требаше беше желба, храброст и средства. Тргнавме со мотор до Драч и таму се качивме на ферибот до Бари, патувањето беше долго. Штом се симнавме од траектот веднаш се почувствува италијанскиот мирис и автентичната архитектура. Со голема возбуда возевме до Наполи која беше наша прва дестинација. Дали за време на патувањето се соочивте со некои непријатности? Со оглед на спремноста и фактот дека тргнавме да патуваме со Piaggio X10 за среќа не се соочиваме со никакви непријатности освен високите температури по патот. На колку километри полневте гориво и како го носевте багажот? Гориво полневме на отприлика 300km, багажот го носевме во три куфери кои ни беа прикачени на моторот и поради селењето од едно во друго сместување од град во град ни беше најпрактичната инвестиција. Дали имавте некоја непријатна случка да раскажете од патувањето? Секој ден беше пропратен со интересни моменти, од патувањето, очекувањето што ќе се случи по пат и во следниот град бидејќи првпат го посетивме тој дел од Италија. Во еден бар во Наполи запознаваме постар пар од Лондон, а двајцата беа родени во истите месеци како нас и со истата причина дојдени во Италија. Секој ден беше посебен, долгото возење, истражувањето на градовите, италијанската култура, исклучителната медитеранска храна. Во Беневенто наидовме на големо невреме и за жал не можевме многу да го истражиме градот, но сопственичката на куќата во која преноќивме се погрижи да „ни го донесе“ Беневенто кај нас и да ни организира прекрасна вечера со сите специјалитети кои се одлика на градот. За среќа сѐ беше во најдобар ред и според планот и рутата, едноставно добро го имавме организирано целото патување. Продолжува на следната страна... Почеток Претходна 1 2 Следна Крај Би можело да ве интересира: Дечко од Белград во име на љубовта се пресели во Скопје: „Се вљубив во Бисера - напуштив работа и ку... „Кога Бисера се врати во Скопје по тие 3 прекрасни денови во Белград, се разбуди... Успешни Македонци низ светот: Ана од Скопје направи хит видео игра со тим од Нови Сад – огромна зара... „Успехот на играта беше тотално неочекуван. Како студенти само сакавме да си ја ... Вероника, Русинка мажена во Скопје: „Љубовта ме донесе тука пред 14 години – обожавам ајвар и греана... „Кога дојдов овде првпат, искрено, ми беше чудно кога излегов на тераса и видов ......
Црнобело | 2 дена
„Играј казино во живо и победи“ - Нова наградна игра на 2win.mk
„Играј казино во живо и победи“ - Нова наградна игра на 2win.mk Tweet На задоволство на играчите на единствената легална платформа за интернет игри на среќа во земјава- 2win.mk, Видеолотарија Kасинос Австрија ја најавува најновата наградна игра „ИГРАЈ КАЗИНО ВО ЖИВО И ПОБЕДИ” со многу парични и стокови награди. Најновата убава информација која Видеолотарија ја споделува со играчите на единствената легална платформа за интернет игри на среќа во земјава - 2win.mk, се однесува на најновата наградна игра „ИГРАЈ КАЗИНО ВО ЖИВО И ПОБЕДИ”. Играта почнува денес 16.08.2022 година, а ќе трае до 15.10.2022 година, вклучувајќи го и 15.10.2022 година, заклучно до 23:59 часот. Наградната игра ќе се изведува на единствената легална платформа за интернет игри на среќа во земјава- 2win.mk во категорија на Казино во живо игрите на среќа. Во текот на наградната игра „ИГРАЈ КАЗИНО ВО ЖИВО И ПОБЕДИ” ќе се доделат вкупно 40 награди од кои 16 се стокови награди, а 24 се парични награди. Наградите ќе се доделуваат во две кола, во следните периоди на времетраење: Наградната игра е достапна само за државјани на Република Северна Македонија, кои имаат право на учество во интернет игрите на среќа согласно важечката законска регулатива. Секој учесник во наградната игра може да учествува само по еднаш во извлекувањата по кола. Правилата за наградната игра „ИГРАЈ КАЗИНО ВО ЖИВО И ПОБЕДИ“ се објавени на играчката платформа 2win.mk. #ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно #ИГРАЈ КАЗИНО ВО ЖИВО И ПОБЕДИ Tweet...
Црнобело | 2 дена
Деми Мур е бикини божица во Грција на речиси 60 години: „Ние жените сакаме да бидеме секси и кога старееме“
Деми Мур е бикини божица во Грција на речиси 60 години: „Ние жените сакаме да бидеме секси и кога старееме“ Tweet Пред да го покаже совршеното тело на јахта во Грција, Деми Мур откри дека неколку месеци пред 60-тиот роденден се чувствува поживо и послободно од кога било, а истакнува и дека само затоа што некоја жена е на одредена возраст, не значи дека не сака да се чувствува секси и привлечно. Викендов Деми Мур го покажа совршеното тело, додека уживаше на јахта во Грција со група пријатели. 59-годишната актерка носеше розови бикини и уживаше во сончевиот ден со сончање и читање. Од папарацо фотките е очигледно дека времето застанало за актерката која изгледа подобро од кога било и не е оптеретена за малку целулит и висната кожа по телото, кои се сосема нормални, а таа си ги носи гордо. Деми и самата сподели фотка на Инстаграм, на која позира со истите бикини, во комбинација со жолта кошула. Во описот, актерката напишала: „Го впивам летото“. View this post on Instagram A post shared by Demi Moore (@demimoore) На објавата, Деми доби комплимент и од сопругата на бившиот сопруг Брус Вилис – Ема Вилис: „И изгледа добро на тебе!“ На почетокот на летото, актерката се пофали дека вдомила кученце, кое беше со неа и на јахтата. Станува збор за чивава која актерката ја крстила Пилаф. Неодамна, во интервју за People, Деми Мур прозборе за возраста и за тоа како се чувствува пред 60-тиот роденден кој ќе го прослави во ноември. Во интервјуто, актерката открива и дека ќе дизајнира бикини за жени на нејзина возраст, со цел да ги прекрши застарените правила за тоа што треба, а што не треба да носат жените на одредена возраст. „Со ова ќе ја променам идејата дека ние жените стануваме помалку привлечни како што старееме. Не сакаме да изгледаме како старици или да не се чувствуваме секси“. Актерката вели дека откако ја прифатила својата возраст, се чувствува многу послободна. „Не сум дефинирана според број, туку според моето искуство. Како што ќе наполните 59, почнувате да мислите ’Па, ќе наполнам и 60‘. Ова може да биде ослободувачко. Кога помислувам на баба ми на 60-годишна возраст, на некој начин изгледаше како да се чувствува старо. Но, јас се чувствувам поживо и поприсутно од кога било“. Деми Мур прозборе и за нејзината слава, истакнувајќи дека и по толку многу години, уште ѝ е чудно што ја нарекуваат „икона“. „Да го слушнеш тој збор за себе е надреално искуство. Се чувствувам поласкано, но и како тоа да не сум јас, но сепак ми се допаѓа. Според мене, икона е личност која изодела некој пат и направила нешто што ги трогнало луѓето или имало позитивно влијание. Кога ќе го земам ова предвид, навистина сум горда што ме ставаат во таа категорија“. Кoга станува збор за нејзиниот стил, Деми вели дека сака да се дотерува, но секогаш ѝ дава предност на удобната облека. „Ја ценам модата. Но, уште се чувствувам како мало дете, во срцето сум како 12-годишно момче кое само сака да му биде удобно и да носи широка облека. Кoга сум во Ајдахо (нејзиниот дом) генерално носам комбинезони цел ден, секој ден“. Спирова С. | Црнобело Tweet Би можело да ве интересира: Ирина Шајк е бикини божица на јахта на Ибица, додека Бредли Купер мака мачи со двојникот криминалец ... За Ирина Шајк очигледно периодов важи фразата „сингл и среќна“. Таа ужива на лет... На 90 години позира гламурозно, Елвис го нарече „аматер во кревет“ – Која е скандалозната холивудска... Холивудската актерка Рита Морено на 90 години направи фотосесија и покажа дека с... Џорџ Клуни и уште 7 познати мажи кои го добија првото дете по 50-тиот роденден Џорџ и Амал Клуни ги добија близнаците Ела и Александер кога актерот имаше 56 го......
Црнобело | 2 дена
Српскиот актерски пар од „Тома“ направи бајковита роденденска забава за синот со сафари тема – замок за скокање, маскоти (фото+видео)
Српскиот актерски пар од „Тома“ направи бајковита роденденска забава за синот со сафари тема – замок за скокање, маскоти (фото+видео) Tweet Српскиот актерски пар Тамара Драгичевиќ и Петар Бенчина кои играа во филмот „Тома“ неодамна се вратија од летниот одмор, а во Белград направија роденденска забава за синот Лазар. Торта од слама, замок за скокање, маскоти... Како изгледаше бајковитиот роденден со сафари тема? Тамара и Петар неодамна беа на одмор во Италија, од каде споделија магично видео во кое може да се види дека освен што уживале на плажа, децата имале можност да посетат и зоолошка градина, како и да се запознаат со локалното население. View this post on Instagram A post shared by Tamara Dragičević (@tamaradragicevic) Инспирирани од тоа, за третиот роденден на нивниот син Лазар, Тамара и Петар одлучија да направат тематска сафари забава, каде имаше жирафа, лав, индијански шатори, торта од слама, лулашки и секако голем број весели и насмеани дечиња... Тамара за оваа прилика избра сатенски фустан со миди должина, кој го надополни со сандали и впечатлив накит. Инаку, Тамара која во филмот „Тома“ ја толкуваше улогата на Силвана Арменулиќ, а Петар ја толкуваше улогата на докторот, се во брак од 2015-та година, а во 2016-та ја добија ќерката Сташа. Три години подоцна, во 2019-та го добија и синот Лазар. Прочитајте и Двајцата глумеа во филмот „Тома“ и се еден од најубавите српски парови - факти за Тамара Драгичевиќ и Петар Бенчина Погледнете повеќе фотографии и видео во продолжение: View this post on Instagram A post shared by Tamara Dragičević (@tamaradragicevic) Б. С. Б. | Црнобело Tweet Би можело да ве интересира: Зошто Милан Мариќ за мене е најдоброто од Србија? „Тома“ и „Беса“ ми се доказ за тоа! Не знам за вас, но јас се „опседнав“ со Милан Мариќ. Неверојатно талентиран... Милан Мариќ за улогата на Тома: „Филмот ми направи пекол од животот, има сцени каде што навистина пе... „Дури откако ја добив улогата сфатив каков пекол си направив од животот“ – вели ... Петар Грашо потврди дека неговата 14 години помлада девојка е бремена - Данијела Мартиновиќ не остан... Петар Грашо и неговата 14 години помлада девојка ќе станат родители. Убавите вес......
Црнобело | 2 дена
Изворот на Цетина – волшебното сино око на природата во кое ќе посакате да нурнете (фото)
Изворот на Цетина – волшебното сино око на природата во кое ќе посакате да нурнете (фото) Tweet Изворот на реката Цетина, познат и како „Окото на Земјата“ е неверојатен карстен извор кој се наоѓа во подножјето на планинскиот венец Динара во Хрватска. Окото на Земјата во Хрватска го добило своето име затоа што гледано одозгора наликува на сино-зелено змејско око. Изворот е неверојатно убав скриен скапоцен камен во Хрватска и е на врвот на списокот на најуникатни места во Хрватска. Оддалечен на само неколку километри од границата со Босна и Херцеговина, магичното сино око претставува редок природен феномен во кој секој би посакал да нурне барем еднаш: View this post on Instagram A post shared by Croatia Vacations® (@croatia_vacations) View this post on Instagram A post shared by CROATIA (@croatia) View this post on Instagram A post shared by Putni Kofer🧳 (@putni_kofer) View this post on Instagram A post shared by Croatia Travel Info (@croatiatravelinfo) View this post on Instagram A post shared by 𝐕𝐀𝐍 | 𝐑𝐄𝐈𝐒𝐄 | 𝐓𝐑𝐀𝐕𝐄𝐋 (@juleundlars) View this post on Instagram A post shared by Matej (@matejsimko) View this post on Instagram A post shared by CRO destinations (@cro_destinations) View this post on Instagram A post shared by Branka (@branka_perla) View this post on Instagram A post shared by Uma viagem pela Croácia (@umaviagempelacroacia) (О)Милена | Црнобело Tweet Би можело да ве интересира: Не е за клаустофобични – живот под карпи во мистичен град во Шпанија (фото) Сместен на половина пат помеѓу Севиља и Малага, Сетенил де лас Бодегас е еден од... Тивок и величествен – Пераст, еден од скриените бисери на Црна Гора (фото) Изгледа како парче од Венеција што пловело по Јадранот и се закотвило во Которск... Неодоливи куќички на вода далеку од метежот, а блиску до белградскиот „шмек“ Савскиот кеј е една од најпопуларните локации во Белград. Во екот на летото, тој......
Црнобело | 2 дена
Не сте задоволни како изгледаат вашите гради во градник? Тогаш немојте упорно да ги правите овие 3 грешки
Не сте задоволни како изгледаат вашите гради во градник? Тогаш немојте упорно да ги правите овие 3 грешки Tweet Ако го перете градникот по секое носење, само ќе го оштетите, односно материјалот брзо ќе ја изгуби еластичноста. Женското тело се менува како што старееме, па сосема нормално е што не можеме да носиме градник со иста големина и форма во текот на целиот живот. Честопати ни се случува да купиме погрешен градник кој или нè стега многу или пак е преголем за нас. Кога станува збор за купување градници, многу жени прават големи грешки, но се прават и пропусти при одржувањето на истите. Токму затоа не ни се допаѓа како ни изгледаат градите во нив. Кои 3 грешки ги правиме при изборот и одржувањето на градниците? Пречесто го перете градникот Ако го перете градникот по секое носење, тој би можел да ја изгуби еластичноста, па градите нема да изгледаат добро во него. Се препорачува да се пере дури по 3 до 4 носења, во заштитна мрежа за перење во машината за облека. Не сушете го во машина Најидеалното решение е да се исуши градникот на воздух, но не со прицврстување од едниот до другиот крај, бидејќи така може да се растегне и да ја изгуби првобитната форма. Правилно е да го закачите на средина при сушењето. Ако вашиот градник е истегнат при сушењето, тој повеќе нема да ги држи правилно градите. Купете ја соодветната големина Иако можеби мислите дека ја знаете големината на вашиот градник, не заборавајте дека обликот и големината на вашите гради се менуваат со возраста. Најдобро е да пробате градник пред да го купите и да внимавате на неколку работи. Жиците на корпите не треба да ве затегаат, ниту пак вашите гради „да пливаат“ во градникот. Прерамките не треба да бидат ниту премногу затегнати, ниту да ви паѓаат и да се лизгаат од рамениците. Доколку сакате градите да ви изгледаат поголеми, подобро набавете го познатиот пуш-ап модел кој има дополнителен слој и на тој начин ги подига градите, но внимавајте да нема премногу сунѓер или синтетички материјал, па градите да не може „да дишат“. Закопчајте го градникот под плешките, не премногу високо, бидејќи оваа грешка ја прават многу жени. Потоа, адаптирајте ја должината на рамките и внимавајте да не се премногу затегнати. Доколку може да помине прст без проблем под нив, тогаш се во ред, што значи дека нема да ви ја „сечат“ кожата и да оставаат отпечатоци. Истото важи и за обемот. Потребно е да оставите доволно простор за кожата „да дише“, а задниот дел да не е превисоко кренат во пределот на плешките. (О)Милена | Црнобело Tweet Би можело да ве интересира: 7 работи кои ги прават гостите во рестораните, а ги вадат од такт келнерите Не давање искрена критика на лице место за храната или услугата, за да се кориги... 11 предмети и продукти за кои вреди да дадете повеќе пари, за да ги избегнете трошоците во иднина Ако сакате да ја промените бојата на косата, многу подобро е да дадете малку пов... 7 работи за кои не треба да штедите пари (за да не се разочарате од евтината верзија) Залудно потрошените пари се нешто што никој не го сака, па за да не правите двој......
Црнобело | 2 дена
Заслужено на тронот: 10 анимирани филмови на Pixar со најголема заработка на сите времиња
Заслужено на тронот: 10 анимирани филмови на Pixar со најголема заработка на сите времиња Tweet Анимираните филмови не се само „детски“ приказни, туку се занимаваат со подлабоки, значајни проблеми коишто даваат акцент на многу загрижувачки прашања. Под фасадата на хуморот и совршеноста, тие се насочуваат во правец на бруталната реалност која на прв поглед не изгледа онака каква што навистина е. Идејата дека цртаните филмови се единствено за деца, со сигурност е најпогрешниот заклучок на луѓето. Иако тие го „будат“ детето во секого и му помагаат на човекот да се поврзе да се поврзе со младоста, повеќето имаат основна порака што честопати е маскирана со леснотијата која соодветстува. Најдобрите филмови на Pixar, Disney и други, главно се чини дека се справуваат со проблеми коишто не се прикажувале низ детските филмови години наназад. Тие помагаат трагедијата и болката да се надминат полесно, но на некој хумористичен и ентузијастички начин. Некои од анимираните хитови се справија со социјалната стигма околу депресијата, расизмот итн. Овој пат одлучивме да ја издвоиме категоријата на најдобри, кои вреди да ги погледнете. Во продолжение за вас подготвивме листа на 10 филмови на Pixar со најголема заработка на сите времиња: WALL-E (2008) – 532 милиони долари Wall-E е уште еден анимиран филм во низата кој докажа дека Pixar се мајстори во она што го прават. Во овој филм, речиси и да нема дијалог, што најпрвин изгледа смешно, но сепак функционира извонредно. WALL-E е робот оставен на Земјата да го исчисти нередот кој го оставаат луѓето, откако мораат да ја напуштат планетата поради загадувањето што предизвикува токсичен отров во воздухот. Наскоро се среќава со друг робот и двајцата се обидуваат да испратат порака дека Земјата е подготвена да им даде втора шанса на луѓето. Brave (2012) – 554 милиони долари Храбар е обидот на Пиксар да направи свој филм каде главна улога ќе биде една принцеза (како во Disney цртаните). На принцезата Мерида, не ѝ треба маж кој ќе ѝ помогне да се спаси, таа и нејзината мајка сами го победуваат злото и го спасуваат денот. Настрана од критиките, овој анимиран филм допре до публиката и заработи 554 милиони долари. Monsters, Inc. (2001) - 559 милиони долари Monsters, Inc. ја раскажува оригиналната приказна за Мајк и Сали, додека тие работат на напојување на градот Монстрополис со собирање на врисоци на човечки деца. За жал, кога едно дете ќе избега во светот на чудовиштата, Мајк и Сали ќе мораат да ја вратат назад без тоа да го забележи нивниот шеф и соработници. Ratatouille (2007) - 626 милиони долари „Рататуи“ е филм кој го обиколи светот преку приказната што се одвива во Париз во светот на убавата кујна. Станува збор за младо момче кое со помош на стаорец го спасува ресторанот и импресионира еден од најсуровите критичари на храната. Секој човек може да биде успешен – ако навистина се труди и го сака тоа. The Incredibles (2004) - 631 милиони долари The Incredibles следат семејство на суперхерои кои се наоѓаат во свет кој повеќе не ги прифаќа истите. Меѓутоа, една тајна понуда менува сѐ. Продолжува на следната страна... Почеток Претходна 1 2 Следна Крај Би можело да ве интересира: 10 неодоливи филмови со кученца кои ќе ви го стопат срцето За малите крзнени суштества велиме дека се најдобриот пријател на човекот. Тие с... 10 топли филмови кои ќе ви ја вратат вербата и насмевката во овој предолг, сив јануари Сè уште го „ситниме“ јануари, а ова не е ниту последниов викенд од најдолгиот ме... 10 нови романтични филмови на Нетфликс кои ќе ви го стопат срцето Можеби се топиме како сладолед на жежок асфалт поради високите летни температури......
Црнобело | 2 дена
Емилија од Велес, мајка на дете со аутизам: „Андреј (10) беше напредно дете, но по вториот роденден сè се промени“
Емилија од Велес, мајка на дете со аутизам: „Андреј (10) беше напредно дете, но по вториот роденден сè се промени“ Tweet „Андреј до две години беше дете со типичен развој, дури беше и напреден во споредба со другите врсници – пред година прооде, почна да зборува, бременоста беше нормална и породувањето без проблем. Проблемот се јави по вториот роденден кога почна да плаче многу и без причина, а плачењето траеше сè до септември кога престана да плаче, но престана и да зборува – буквално се исклучи …“, ја започнува својата приказна Емилија Златкова-Анастасова (40) за CRNOBELO.com, мајка на 3 деца, која вели дека е среќна што нејзиното синче со аутизам е одлично прифатено од другарчињата на училиште. Емилија Златкова-Анастасова (40) е дипломиран професор по македонска книжевност и македонски јазик, главен уредник во издавачката куќа „Збор“ во Велес. Родена е во Кочани, од четири години живеела во Пробиштип, каде завршила основно и средно училиште, а сега живее и работи во Велес. Таа е сопруга и мајка на три деца. Со пишување се занимава од детска возраст и вели дека откако се сеќава за себе сакала да чита и да пишува. Има издадено 9 книги. Нејзиниот најмал син Андреј (10) е дете со аутизам, а таа ја споделува нивната приказна јавно за да помогне на други родители на дечиња со аутизам да знаат дека не се сами. Емилија за CRNOBELO.com ja споделува нивната приказна… Кога му беше дијагностициран аутизам на Андреј? Дали во текот на бременоста или по породувањето? Што ти мина низ глава, како реагираше? Андреј до две години беше дете со типичен развој, дури беше и напреден во споредба со другите врсници – пред година прооде, почна да зборува, физиолошки потреби почна да извршува сам на 13-14 месеци и сл. Бременоста беше нормална и породувањето без проблем. Проблемот се јави на 2-годишна возраст, многу брзо после вториот роденден кога почна да плаче многу и без причина, а до тогаш и како бебе беше мирно и неплачливо. Во мај наполни две години и веднаш по роденденот започна со плачење и плачењето траеше сè до септември кога престана да плаче, но престана и да зборува – буквално се исклучи, како кога компјутер ќе го исклучиш директно од напојување на електрична енергија. Престана да реагира на повикување на името или кога му се обраќавме, се повлекуваше сам и не комуницираше. Престана и сам да извршува физиолошки потреби и вративме пелени. Како му беше дијагностицирано? Патот на дијагноза беше долг. Кога Андреј се промени, веднаш баравме совет од матичната докторка, но таа нè советуваше дека нема проблем, дека некои деца подоцна прозборувале (иако имаше претходно говор) дека можеби му е реакција зашто скоро имавме селидба од еден во друг стан и сл. Но, ситуацијата не се менуваше и ние инсистиравме да нè испрати на специјалистички прегледи. И таму не наидовме ниту на одговори, ниту на решенија – ни велеа дека е мало детето, за само по една година да ни кажат дека веќе е големо. Јас почнав сама да истражувам и се сетив дека имав пријателка од времето на студирањето што студираше дефектологија, па се консултирав со неа и таа ми даде првични насоки и почнавме со дефектолошки третмани. Таа беше прва која ми укажа на сериозноста на проблемот и дека не е проблемот само со говорот, но имаше и многу други сензорни проблеми, што јас претходно не ги гледав. Таа ми укажа и на тоа дека ова ќе биде долг процес на борби, а јас до тогаш си мислев со неколку третмани и ќе биде сè во ред. Следуваа многу испитувања во Македонија и странство, терапии и сл. Дијагнозата како дијагноза, конечно ја доби дури на 7 години кога требаше да тргне на училиште. Како е да се биде мајка на дете со аутизам? Чувствуваат ли луѓето емпатија кон вас? Да се биде мајка на дете со аутизам е исто како да се биде мајка на кое било друго дете – секој ден е полн со нови предизвици, само што ние имаме и некои малку поразлични и поинтензивни од другите. Емпатија понекогаш да, но многу почесто наидувам на збунетост кај луѓето и незнаење како да реагираат и да се однесуваат со него. Какво детенце е Андреј? Андреј е мирно дете, послушен, полн со љубов, дружељубив, ги сака луѓето и сака да си игра со други деца и иако има проблем на комуникација сепак бара начин да им пријде на децата и да воспостави однос со нив. Оди ли Андреј на училиште? Како го прифаќаат соучениците? Андреј сега ќе биде четврто одделение. Јас можам да кажам дека сме едни од оние среќните, каде околината го прифати и соучениците го прифатија и го сакаат и му помагаат секојдневно, а тоа влијае многу позитивно на неговиот напредок. Продолжува на следната страна... Почеток Претходна 1 2 3 Следна Крај Би можело да ве интересира: Алма од Велес: „Имам домашен миленик полжав - Гери живее во аквариум и обожава да се гали“ „За неговото живеалиште, аквариумот, потребно е да нема предмети од коишто може ... Вероника, Русинка мажена во Скопје: „Љубовта ме донесе тука пред 14 години – обожавам ајвар и греана... „Кога дојдов овде првпат, искрено, ми беше чудно кога излегов на тераса и видов ... Мики Маркоски работи на ранч со коњи во Љубаништа: „Бегав од училиште за да минувам време со мојот к... „Се случувало да имам повреди од паѓање од коњ, или да сум гризнат, или пак удре......
Црнобело | 2 дена
Дневен хороскоп за 16.08.2022: Овни – разумот ја губи битката со емоциите, Ваги – нема да избегнете ризици
Дневен хороскоп за 16.08.2022: Овни – разумот ја губи битката со емоциите, Ваги – нема да избегнете ризици Tweet Јарци - Вашите морални граници ќе бидат ставени на тест денес. Внимавајте да не ја покажете агресивната страна, научете да се контролирате. На љубовно поле ви недостасува нешто за сликата да биде комплетна и совршена. Кликнете на вашиот хороскопски знак: Tweet...
Црнобело | 2 дена
Квиз: Погодете со кој код се обележани државите на автомобилските регистарски таблички
Квиз: Погодете со кој код се обележани државите на автомобилските регистарски таблички Tweet Секоја држава има свој код или ознака што се користи во регистрацијата на возилата и обично се наоѓа и на регистарските таблички. Некогаш овие ознаки потекнуваат од англиските имиња на државите со цел полесно да се разликуваат, но некогаш кодот е формиран и од името на државата на тамошниот јазик. На пример, на возилата регистрирани во Хрватска стои ознаката HR, и покрај тоа што државата е позната како Croatia на англиски јазик. Од друга страна, ознаката за Грција е GR, од англиското име Greece – на грчки, името на земјата е Елада. Иако повеќето ознаки се очигледни, некогаш можат да бидат збунувачки, па затоа ве предизвикуваме да се обидете да ги погодите. Погодете со кој код се обележани државите на автомобилските регистарски таблички1. MAL М MA 2. CH S SW 3. AM А AUS 4. F FN FIN 5. CG MNE MN 6. D DE G 7. SL SK SO 8. IND I ID 9. B BS BR 10. ET EТH E Спирова С. | Црнобело фото: depositphotos.com Tweet Би можело да ве интересира: Учиме за Македонија: Колкава е површината на нашата држава? Располагате ли со географски податоци за нашата држава? Што мислите колкава е по... Квиз: Колку добро го владеете македонскиот јазик – погодете го значењето на овие 10 зборови Знаете ли што е „клаузула“ или „челуст“? Ако сакате да читате, и тоа не сам... Квиз со логички загатки – ќе го решат само паметни познавачи на римски броеви Колку добро можете да се снајдете со римските броеви? Освен римските поговорки, ... --> Препорачуваме Дневен хороскопНеделен хороскопКино проекцииСоновникМесечен хороскопБонус хороскопГодишен хороскопКириличен конверторКалендар на плодни деновиТестови и КвизовиНеработни во 2022 Најчитани неделава Емилија од Велес, мајка на дете со аутизам: „Андреј (10) беше напредно дете, но по вториот роденден сè се промени“ Поранешната порно актерка Миа Калифа плаќа висока цена за минатото: „Каде и да одам ме следат сомнителни мажи“ Моника и Никола патуваа од Скопје до Италија со веспа за меден месец: „Полневме гориво на секои 300km, Италијанците се чудеа како сме стигнале“ Листа на најпластичните Србинки (фото) Доведете го партнерот до лудило - Предлог за сексуална предигра за секој хороскопски знак (18+) Огромни редици пред H&M во Скопје – првите 100 купувачи добија ваучери на отворањето (фото) Кои ѕвезди ги разгалуваат семејствата со пари и подароци, а кои не им оставаат ништо? „Конечно научи како да го држи детето“ - Емили Ратајковски повторно мета на потсмев на социјалните мрежи „Јас сум 35-годишна девица и мажите ме исмејуваат, но јас сакам да ја изгубам невиноста во брак“ Како децата на познатите личности дознале дека нивните родители се славни? НОВОСТИДомашниБалканСветШоу-бизнисПромоНастаниФилмМузикаКнигиТехнологијаАвто-мотоНаукаЖИВОТЕН СТИЛЉубов и сексМодаУбавинаЗдравјеФитнесСемејствоПатувањеСвадбиКариераТрансформацииАСТРОДневен хороскопНеделен хороскопМесечен хороскопГодишен хороскопБонус хороскопSonovnikДОМУредувањеГрадинаУбави просториДомаќински советиВо домот на...ХРАНАРецептиДиетиПијалациСоветиЗАБАВАИнтересноХуморЕвергриниФакти и цитатиТестови и квизовиЖивотинско царствоДизајнФото вестиИгриИНТЕРВЈУВидео интервјуаПатуваме со...Разговараме со... Copyright © 2008-2022 CRNOBELO.com Сите права се задржани | Услови за користење | Политика на приватност --> За насМаркетингКонтакт...
Црнобело | 2 дена
6 трикови на Македонките со кои секој летен аутфит изгледа полуксузно (фото)
6 трикови на Македонките со кои секој летен аутфит изгледа полуксузно (фото) Tweet Македонските добро знаат дека користењето на некој од овие седум модни додатоци може да направи секој летен аутфут да изгледа полуксузно и повпечатливо. Македонките добро знаат на кои детали треба да обрнат внимание за секое нивно издание да изгледа повпечатливо и помодерно. Погледнете кои вонременски модни додатоци Македонките најчесто ги имаат во својот гардаробер, а што прават секое нивно појавување да изгледа повпечатливо: Шешир Неопходни за заштита од сонцето, а низ историјата шеширите биле симбол за префинетост и луксуз. Во минатото нив ги носеле само дамите од повисоките општествени слоеви, а денес речиси секоја дама може да се ги дозволи. View this post on Instagram A post shared by Elena Najdoski 🌸 (@elena_zivotsostil) View this post on Instagram A post shared by Adelina Tahiri Markov (@adelina_tahiri1) Очила за сонце Очилата за сонце се неопходни за заштитата на очите од штетните УВ зраци, а македонските дами редовно се фотографираат со очила, што прават да изгледаат помодерно и поелегантно. Изборот на очила е најразличен, но се чини дека најпрефинет впечаток оставаат класичните дизајни, со рамка во форма на „мачешки“ очи. View this post on Instagram A post shared by Mia Kostova (@miandrija) View this post on Instagram A post shared by Ksenija Despotoska (@ksenijadespotoska) Впечатливи модни додатоци Никогаш не се срамете изгледот да го надополните со додатоци. Впечатливи обетки, нараквици, ѓердани, синџир за очила... Сето тоа може да направи вашиот изглед да изгледа полуксузно и повпечатливо. View this post on Instagram A post shared by Elena Najdoski 🌸 (@elena_zivotsostil) View this post on Instagram A post shared by ELENA RISTESKA ERA (@elenaristeska_era) Елегантен часовник Дури иако не сте од оние што сакаат премногу акцесоари и додатоци, мора да признаете дека квалитетните, елегантни часовници, секогаш изгледаат убаво. Не само што се практични, туку даваат и одредена доза на префинетост и на стил. View this post on Instagram A post shared by Ksenija Despotoska (@ksenijadespotoska) View this post on Instagram A post shared by Elena Najdoski 🌸 (@elena_zivotsostil) Плетени чанти Плетените летни чанти и торби се „ин“ секое лето. Македонките избираат модели што совршено се вклопуваат во нивниот стил. Погледнете некои од нив: View this post on Instagram A post shared by Aleksandra Shijakoska (@aleksandrashijakoska) View this post on Instagram A post shared by Adelina Tahiri Markov (@adelina_tahiri1) View this post on Instagram A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva) Ремени Дури и наједноставниот аутфит може да изгледа повпечатливо со добар ремен. Освен што визуелно ја стеснува половината и ги нагласува облините, со ремен стајлингот се чини мошне покомплетен. View this post on Instagram A post shared by Monika Stefanovska🎀 (@monicemoni) View this post on Instagram A post shared by MARJANA STANOJKOVSKA (@marjanamay) Б. С. Б. | Црнобело Tweet Би можело да ве интересира: 7 модни трендови кои ќе ги гледаме насекаде во 2022-ра Впечатливите бои ќе бидат хит, особено сината и црвената боја. Носите ли силни б... 6 модни грешки со зимските аутифи кои не треба да ги правите (никогаш) Во ред е љубовта кон XXL парчињата, но тоа не значи дека треба да изгледате како... 13 модни трикови со кои Џеј Ло на 52 години е секси и неодолива (секогаш и секаде) Често носи креации со голи раменици – и на овој начин изгледа нежно и женствено,......
Црнобело | 2 дена
H&M го сака Скопје: Нов мурал кој истовремено го прочистува воздухот ќе биде откриен во центарот на градот
H&M го сака Скопје: Нов мурал кој истовремено го прочистува воздухот ќе биде откриен во центарот на градот Tweet H&M Hennes & Mauritz AB (H&M), шведската модна компанија која ќе ја отвори својата прва продавница во Скопје во текот на оваа недела, денес пред Гимназијата „Јосип Броз-Тито” ќе го открие новото урбано уметничко дело, мурал кој истворемено е пример и за одржлива уметност. Муралот, изработен од локалните артисти Ертунч Сали, Бранкица Јордановска и Сања Симоска, е 60 метарско уметничко дело кое ја пренесува пораката „H&M го сака Скопје”, на најдобар можен начин – со истовремено прочистување на воздухот благодарение на специјалните материјали искористени за премачкување на ѕидот. Преку процес на фотокатализа, благодарение на фото-сензитивните честички кои се нанесени на муралот, ги разградува штетните честички од воздухот во истиот момент кога ќе дојдат во допир со површината на муралот. Ова е првиот мурал во јавен простор во Скопје, кој има прочистувачки својства. Дополнително, материјалот кој е искористен има само-прочистувачки, анти-бактериски и анти-вирусни својства. „Ова прекрасно парче на одржлива уметност е нашиот подарок за Скопје, и е симбол за почетокот на нашето модно патешествие овде. Истовремено, покажува дека одржливоста е дел од ДНК-та на H&M, и дека забавата и креативноста одат рака под рака со грижата за климатските промени и одговорноста кон околината.” - изјави Томас Естрани, Менаџер за продажба. Муралот ќе биде откриен денес, 15 август, со маалска забава на платото пред Гимназијата „Јосип Броз-Тито”, на само неколку дена до официјалното отворање на продавницата во Ист Гејт Мол на 18 август. Tweet...
Црнобело | 3 дена