Хајдук даде два, но прими четири гола од Вилјареал, Партизан убедлив против Малтежаните
Екипата на Хајдук загуби со 4:2 од Вилјареал на гостувањето во Шпанија од првиот натпревар од пеј-офот за Конференциската лига. „Жолтата подморница“ доминираше во поголемиот дел од натпреварот против немоќните „бели“, кои на крајот поминаа и резултатски добро. Шпанците со победата се доближија до влез во групата на Конференциската лига, но со голот од пенал Хајдук стигна до конечните „минус два“ и надеж за реваншот. Хрватите го шокираа тимот на Унаи Емери со голот на Стипе Биук на крајот од првата минута. Сепак, радоста кратко траеше бидејќи по 19 минути игра Виљареал имаше водство од 2:1 со автоголот на Ливаја, а на полувремето замина со три гола предност. Моралес погоди два пати, а Морета даде гол во судското продолжение. Гол за надеж во 85. минута беше дело на Фосати од пенал. По турбулентниот месец, Партизан оствари нова победа со нов тренер, прва на меѓународна сцена сезонава. Во воведниот натпревар од плеј-офот за Конференциската лига, црно-белите лесно го совладаа Хамрун со 4:1 (3:0),па мирно може да патуваат на реваншот во Малта....
24 Инфо | 6 часа
Алиоски дебитираше со победа на „Фенер“ во Виена, триумф и на АЕК на Тричковски
Македонскиот лев бек, Езџан Алиоски, првпат заигра на официјален натпревар за Фенербахче, беше стартер и имаше успешно деби, со оглед на тоа дека истанбулскиот тим победи со 2-0 на гостувањето кај Австрија Виена. Алиоски доби жолт картон, а играше од прва до 79-та минута. Головите на Кинг и Дурсун го доближија Фенер до групната фаза во Лига Европа, тешко дека Австрија ќе може да направи чудо на реваншот во Истанбул. АЕК Ларнака, чиј член е поранешниот македонски репрезентативец Иван Тричковски, е многу блиску до пласман во групите од Лига Европа, откако вечерва го совлада украинскиот Днипро со 1:2 на гости. По ова, АЕК Ларнака треба дома само да го потврди пласманот во групите Тричковски доби шанса во 86. минута на овој меч. АЕК Ларнака за половина час дојде до убедлива предност. Алтман во 16.минута донесе водство, а потоа Сваток си даде автогол во 29. минута. Во финишот Сваток во 90.минута постигна гол и во мрежата на АЕК Ларнака за конечни 1:2....
24 Инфо | 6 часа
Шкупи шокиран среде Скопје-поведе, па загуби од првакот на Косово
Шкупи поведе со 1-0, но на крајот загуби 1-2 на свој терен против Балкани, па првакот на Косово е поблиску до пласман во групната фаза во Конференциската лига. Голот за македонскиот шампион го постигна Сандеј Адетунџи со глава, но тоа не беше доволно за поволен резултат и сега чаирчани се аутсајдери во двобојот кој може да им донесе пари и европска есен. Победничкиот гол за Балкани беше ремек дело на Кореница, кој во 67-ма минута со силен удар ќе ја скинеше мрежата....
24 Инфо | 6 часа
Големо археолошко откритие: Пронајдено е родното место на Св. Петар?
Археолозите кои ископувале урнатини на црква од 1 век во северен Израел откриле мозаик со натпис на старогрчки, но кога го превеле текстот откриле дека станува збор за молитва на Свети Петар, што укажува дека црквата била изградена во спомен на неговиот дом во градот Бетсаида. Се верува дека скриените натписи на мозаикот пронајден во Црквата на апостолите даваат цврст доказ дека она што сега е ел-Арај во северен Израел е всушност изгубениот библиски град Бетсаида, каде што е роден апостол Петар, пишува британски Дејли Меил. Напишана на старогрчки, посоветата е молитва за посредување до „главниот заповедник на небесните апостоли“, но познато е дека Петар бил првиот од Исусовите следбеници. Мозаикот првпат бил откриен во 2021 година кога археолозите ископувале црква од византиската ера, но бил покриен со слоеви тиња, чие внимателно отстранување барало време. Покрај фактот што ова откритие е само по себе извонредно, може да ја реши и дилемата дали Петар е роден во Бетсаида на исток или во Капернаум, кој исто така се наоѓа на северниот брег на Галилејското Море или на западната страна, а кои во Библијата се спомнати како негови потенцијални родни места. Натписот сочинува дел од мозаичниот под во сакристието на црквата, кој е делумно украсен со цветни дезени и врамен со кружен медалјон направен од два реда црни коцки (тесера). Во Евангелието според Јован 1:44 пишува: „Но Филип беше од Бетсаида, од градот на Андреј и Петар“. Меѓутоа, светата книга покажува и дека Исус за прв пат ги сретнал Петар и Андреј во Капернаум, а тоа сугерира дека е можно браќата да живееле овде. Стивен Нотли, археолог од колеџот Њујорк, вели дека ова откритие е најголемиот показател дека Петар имал посебен однос со базиликата и дека најверојатно му е посветена на него. – Бидејќи византиската христијанска традиција рутински го идентификувала домот на Петар во Бетсаида, а не во Капернаум како што често се мисли денес, се чини веројатно дека базиликата ја означува неговата куќа – вели археологот. Урнатините на црквата се вклопуваат и во приказната за свети Вилибалд, роден во Англија и баварски епископ, кој ја посетил областа околу 725 година за време на аџилак и рекол дека црквата во Бетсаида била изградена на местото на домот на Петар и Андреј. „Но, оттаму отидоа во Бетсаида, резиденцијата на Петар и Андреј каде што сега се наоѓа црквата на местото на нивната куќа“, напишал епископот додека патувал по брегот на Кинерет. „Тие останаа таму таа ноќ, но следното утро отидоа во Хоразин, каде што нашиот Господ ги истера демоните“. Според Вилибалд, Бетсаида се наоѓа помеѓу библиските градови Капернаум и Курсија. Професорот Мордекаи Авијам, еден од главните археолози на ова ископување, рече дека една од целите на ова истражување е да се провери дали на локалитетот има слој од 1 век. – Ова ќе ни помогне да ја лоцираме библиската Бетсаида. Но, не само што најдовме значајни остатоци од овој период, туку ја најдовме и оваа важна црква и манастирот околу неа – рече Авијам. Се верува дека црквата била уништена во земјотрес во 749 година и дека била мистериозно „закопана“ и најверојатно била изгубена, но подоцна заборавена. Нотли и Авијам, сепак, веруваат дека мозаичниот под може да биде доказот што им е потребен за да го убедат светот дека византиската структура е навистина она што го спомна свети Вилибалд. Христијаните го препознаваат Свети Петар, првично рибар, како еден од првите следбеници на Исус и водач на раната црква по вознесението. Според Евангелието, Исус го видел Петар додека ловел риба на езерото и го повикал велејќи: „појди по мене, ќе те направам рибар на луѓето“. Петар е познат по тоа што му го отсекол увото на еден римски војник кој се обидел да го уапси Исус по наредба на Понтиј Пилат. Кога на Исус Христос му беше судено, Петар трипати се одрекол од него, но кога Исус еднаш го погледнал, Петар веднаш почувствувал срам и покајание во својата душа. Петар поминал околу триесет години во свештеничка служба, но потоа отишол во Рим, замокот каде што станал маченик. Тој беше распнат наопаку бидејќи веруваше дека не заслужува иста смрт како Исус....
24 Инфо | 7 часа
Вучиќ по состанокот со Курти: Зад нас е тежок ден, се бориме за нашата земја
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва од Брисел, каде што учествуваше на разговорите меѓу Белград и Приштина, изјави дека ова е тежок ден за Србија и истакна дека ќе продолжи да се бори за мир и стабилност. „Тешкиот ден е зад нас, тоа беше тежок ден за сите граѓани и за целата држава, не можам да кажам дека заврши успешно, но се воздржувам од други коментари бидејќи се надевам дека е можно по некое чудо да стигнеме компромисно решение.Затоа ќе продолжам да се борам за мир и стабилност“ – објави Вучиќ во видео обраќањето на Инстаграм. Тој најави дека ќе им се обрати на граѓаните во следните 48 часа. „Едвај чекам да се вратам во Србија!“ – напиша претседателот, пренесува „Танјуг“. View this post on Instagram A post shared by Aleksandar Vučić (@buducnostsrbijeav)...
24 Инфо | 7 часа
На Левандовски му украле часовник вреден 75.000 евра додека се дружел со фановите на Барса
Полскиот фудбалер Роберт Левандовски кој сезонава ја засили Барселона, денес попладне имал непријатна случка. Му бил украден часовник вреден 70 илјади евра. Додека возел кон клупската база на закажаниот тренинг, повеќе навивачи го чекаа на кружниот тек кај тренинг комплексот. Според еден очевидец, крадецот ја отворил совозачката врата од автомобилот, со намера да украде мобилен телефон. Но, според тамошната „ТВ3″, повикувајќи се на полициски извори, откако Левандовски го спуштил прозорецот од автомобилот за да им даде автограми на три лица, еден од присутните, од возилото грабнал часовник, престижен модел „Патек Филип” вреден 70.000 евра. Левандовски се обидел да го фати крадецот и да си го врати часовникот, но разбојникот побегнал и фудбалерот го загубил од вид. По добивање пријава, шпанската полиција успеала да го пронајде крадецот кој го признал делото. Полицијата го пронашла часовникот кој бил закопан во градините во близина на базата на Барса. Левандовски во Барселона дојде од Баерн Минхен како едно од најзвучните засилувања во летниот трансфер период....
24 Инфо | 7 часа
Ковачевски: Она што денес се заложби на листата на советници на СДСМ за Тетово, утре ќе бидат реални проекти
Докажавме дека за нас зборот вреди, дека она што го даваме како ветување го реализираме без разлика на се, така ќе биде и со Програмата на нашата советничка листа, она што денес се заложби на хартија, утре ќе бидат реални проекти, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, на завршната конвенција пред изборите за советници на општина Тетово. Претседалот Ковачевски нагласи дека целосна поддршка ќе добие иницијативата „Тетово сака парк”, а ставањето во функција на капелата на градските православни гробишта конечно ќе стане реалност. „Како еден од приоритетите на нашите идни советници ќе биде решавањето на сообраќајниот хаос преку реконструкција на постојните и пробивање на нови улици и булевари и секако изградба на мини спортски комплекс помеѓу новиот базен и постојното фудбалско игралиште со што ќе се добие една спортска целина која што Тетово ја заслужува, наведе Ковачевски. Тој нагласи дека ова се дел од определбите на листата на советници на СДСМ и коалицијата предводена од носителот Глигорије Стојановски. „И Стојановски и сите други триесет кандидати за советници на нашата листа се докажани, угледни личности кои секојдневно придонесуваат Тетово да биде она што е – модерен, развоен и отворен град” порача Ковачевски и ги повика граѓаните во сабота својот глас да го дадат за советничката листа на СДСМ и Коалицијата. Ковачевски истакна дека СДСМ како централна власт, а до пред 10 месеци и како дел од локалната власт во Тетово реализираше и поддржаа бројни проекти кои го унапредија квалитетот на живот за сите граѓани од оваа општина. „Пред само неколку денови бев овде и ја имав честа да учествувам во поставувањето на камен – темелникот на една од најважните инвестиции во Тетово но и во регионот и државата. Овде, во нашето Тетово, за многу брзо, целосно ќе се произведуваат електрични автомобили кои ќе бидат гордост на македонската индустрија и наш нов македонски бренд низ светот, рече Ковачевски, додавајќи дека она што денес е камен – темелник, утре ќе биде работно место за 890 работници. Во изминатите четири и пол години, СДСМ преку централната власт, преку институциите, во Тетово вложи многу повеќе отколку за две децении претходно, Тетово веќе четири и пол години не е заборавена, изолирана општина, туку општина која се развива на секое поле, со низа крупни проекти, кои го менуваат животот на тетовчани на подобро”, истакна Ковачевски. Меѓу поголемите проекти Ковачевски ги издвои новиот затворен пливачки базен, изградбата на студентски дом за потребите на ДУТ во Тетово, реконструкцијата на регионалниот пат Тетово – Попова Шапка од 18,2 км, изградбата на нов училиштен објект за ОУ Наим Фрашери во Мала Речица, реконструкција на СОУ Кирил Пејчиновиќ, изградба на филтер станица на водоснабдителен систем во Тетово. „Реконструирани се бројни улици, булевари и локални патишта со цел да се подобри комуникацијата на градот со останатите населени места, речиси и да нема сегмент од секојдневното живеење во кој во изминатите четири и пол години не сме инвестирале, тоа е вистинска грижа за Тетово и неговите граѓани, конкретни дела и решенија наместо празни флоскули и ветувања, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во Тетово....
24 Инфо | 7 часа
Села: Алијансата за Албанците бара техничка влада
Алијанса за Албанците бара да има техничка влада, потврди претседателот на партијата Зијадин Села, откако потпретседателот Арбен Таравари преку социјалните мрежи вчера побара формирање на таква извршна власт за надминување на состојбите во државата. Според партискиот лидер, постојат повеќе аргументи зошто треба да се формира нова техничка влада за да ја води државата. – Сегашната Влада предводена од Димитар Ковачевски нема легитимитет, затоа што тој не е избран на избори. ДУИ нема легитимитет затоа што ветуваше прв премиер Албанец, но тоа не го исполни. Тука се и проблемите со уставните измени, процесот на водење на државата на преговорите со Европската Унија, нефункционалноста на државата поради корупцијата и многу други работи, порача Зијадин Села од Тетово. Партијата на Села во Тетово со отворање на нови канцеларии во центарот на градот ја заврши кампањата за вонредните избори за Совет на Тетово, што ќе се одржат во сабота. – Со овие избори се праќа порака, не се гласа само за Тетово, како општина, зошто Тетово има и други причини, Тетово е повеќе од град, Тетово е наш центар, во кој земаат сила политичките процеси. Тетово во сабота на 20 август има во рака, да даде сила на политичките промени, да и даде сила на Алијансата за Албанците зошто само така може да се постигне тоа што сите Албанци го очекуваат, на наредните парламентарни избори, демократија, слобода, на Албанците, ние сме подготвени, порача Села....
24 Инфо | 7 часа
(Видео) Силно невреме во Љубљана, ветерот носеше покриви од згради
Љубљана попладнето ја зафати силен бурен ветер. Налетите на ветрот надминаа 100 километри на час, однесени се неколку покриви и паднаа многу дрвја низ градот, а има и полесно повредени. Ветрот урна и дел од градежното скеле во центарот на главниот град, а низ воздухот летаа парчиња градежен материјал. Околу 15 часот кон Словенија дошло невреме од северниот дел на Јадранот. Околу 14:30 часот Љубљана ја зафатил силен ветер, а потоа бурата се префрлила кон Австрија, јавуваат тамошните медиуми. Another video of the same bowing segment storm that ravaged Italy & Corsica earlier made its way towards #Slovenia in Kranj, #UpperCarniola. Winds were still strong enough to rip the roof right off. Video 📹credits go to @matej_artac #EUwx #severewx pic.twitter.com/zcuaEY1yP6 — Vortix ♦️CODE RED♦️ (@VortixWx) August 18, 2022 Според податоците на Агенцијата за заштита на животната средина (Арсо), ветерот достигнал брзина од 102 километри на час, што е нов рекорд. Денешното невреме траело кратко и немало многу врнежи. Од Љубљанската противпожарна бригада информираат за 114 интервенции, но ситуацијата се менувала од минута во минута. V Kranju je nevihtni veter odnesel streho večstanovanjske stavbe. Več 👉https://t.co/V7DE8tcr6N 📸BOBO pic.twitter.com/VNZTgZvNC8 — N1 Slovenija (@n1slovenija) August 18, 2022...
24 Инфо | 7 часа
Стојановски: Направивме многу, ќе продолжиме со работа нашето Тетово да прерасне во модерен, европски град
Нема да отстапиме од заложбата, нашето Тетово да го видиме како прераснува во модерен, европски град, порача на завршната конвенција пред вонредните избори во општина Тетово, носителот на советничката листа на СДСМ и Коалицијата Глигорије Стојановски. Тој нагласи дека со помош на Владата предводена од СДСМ, покрај реализирањето на најголемите инвестиции во инфраструктурата и реконструкција на повеќето улици низ градот, долгорочно се решени и многу прашања што ги мачеа граѓаните, меѓу кои ги издвои дислокацијата на депонијата, субвенционирање на инвертери, новиот центар за ран детски развој во Сараќино. Стојановски порача дека идните советници од СДСМ и коалицијата ќе се заложат за реконструкција на постоечките и изградба на нови улици и локални патишта, градски парк во Тетово, нов спортски комплекс, како и градски парк во Тетово. Со веќе реализираните проекти и оние кои се предвидени во нашата програма, ќе го направиме Тетово, посакувано место за живеење на сите, со реализација на клучните проекти, граѓаните на Општина Тетово ќе ги почувствуваат резултатите на подобрување на условите за живот, граѓаните го препознаваат тоа, затоа во сабота да гласаме за број 1 за подобро Тетово, за модерно Тетово, за европско Тетово, порача носителот на советничката листа на СДСМ и Коалицијата Глигорије Стојановски....
24 Инфо | 8 часа
Зеленски: Нема мир со Русија додека не ги повлече војниците
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја отфрли можноста за какви било мировни преговори со Москва без претходно повлекување на руските трупи од територијата на Украина. „Луѓето кои секојдневно убиваат, силуваат и пукаат во нашите градови со крстосувачки ракети не можат да сакаат мир. Прво треба да ја напуштат нашата територија, па ќе видиме, рече тој. На прес-конференцијата одржана во Лвов во западниот дел на Украина Зеленски предупреди дека „не треба да и се верува на Русија”....
24 Инфо | 8 часа
Алексовски: Да гласаме за број 1, за советниците на СДСМ, за Европско Тетово
Претстојните вонредни локални избори, се важни за иднината на сите нас, да ги оставиме досегашните поделби и да се обединиме, сега, најмногу сега, треба да бидеме сплотени, за заеднички да го направиме нашиот град подобро место на живеење, истакна на завршната конвенција во Тетово, претседателот на општинската организација на СДСМ Живе Алексовски. Тој ги повика своите сограѓани на 20 август да гласаат за чесните, одговорни и угледни кандидати за советници, на СДСМ и Коалицијата, за бројот 1 – за европско Тетово! Тоа се луѓе кои секојдневно се помеѓу граѓаните, кои се блиски до граѓаните, истакнати и почитувани, кои ќе се заложат во решавањето на проблемите, целосно посветени да чекорат напред кон подобро, модерно Тетово, порача претседателот на општинската организација на СДСМ Жика Алексовски....
24 Инфо | 8 часа
Ердоган: Никој не сака светот да доживее уште еден Чернобил
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска по трилатералната средба со неговиот украински колега Володимир Зеленски и генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш изјави дека „никој не сака светот да доживее нов Чернобил“. Во украинскиот град Лавов, Ердоган изрази загриженост за борбите што се водат во непосредна близина на нуклеарната централа Запорожје, објави турската ТРТ. „Ќе ги оценам резултатите од сите наши денешни средби со господинот Путин“ рече Ердоган на заедничката прес-конференција со Гутереш и Зеленски, додавајќи дека би сакал да разговара со рускиот претседател и за прашањето за размена на затвореници меѓу Москва и Киев. Турскиот претседател посочи дека меѓу темите на трилатералната средба биле можните начини за ставање крај на конфликтот во Украина и додаде дека Анкара е подготвена да придонесе за обновување на преговарачкиот процес во Истанбул, во кој учествуваа претставници на Москва и Киев. Ердоган истакна дека и Зеленски и Гутереш се согласуваат со него дека ситуацијата во Украина мора да се реши на преговарачка маса. Зеленски, сепак, изјави дека преговорите меѓу Киев и Москва се можни само по повлекувањето на руските сили од териториите под контрола на руската армија....
24 Инфо | 9 часа
Маврово и Ростуше е подготвено за голема победа на 20 август!
Жировница денеска испрати јасна порака, поддршката ја дава за кандидатот за градоначалник на СДСМ и коалицијата, Медат Куртовски! Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ и членот на ЦО, Оливер Спасовски, од Жировница порачаа дека со Куртовски ќе продолжат проектите кои се важни за граѓаните и општината. “Вие покажавте дека знаете да бирате мудро. Докажавте дека знаете да победувате и да го изберете најдоброто за Жировница и за цело Маврово и Ростуше. На 20 август тука од ова место заедно ќе ја славиме големата победа на Медат Куртовски”, рече Зечевиќ пред жителите на Жировница. Спасовски во своето обраќање потенцираше дека Маврово и Ростуше сака градоначалник кој обединува, времето на поделби и национализам е завршено. “Сега е време за сплотеност, а не за национализам, заплашување и закани. Маврово и Ростуше знае да ја препознае разликата и знае дека времето на поделби е завршено и затоа во сабота ќе гласа за Медат Куртовски”, рече Спасовски. Куртовски во својот досегашен мандат, со својата работа покажа дека работи за сите граѓани подеднакво. Маврово и Ростуше знае дека СДСМ е гарант за реализирани проекти кои се од суштинско значење за подобар живот....
24 Инфо | 9 часа
Љоренте ја отфрли понудата на Челзи од 60 милиони евра
Челзи понуди 60 милиони евра за играчот од средниот ред на Атлетико Мадрид и шпански репрезентативец, Маркос Љоренте. Самиот играч ја одбил понудата, објави на Твитер новинарот, Матео Морето. Дваесет и седумгодишниот Шпанец за мадридскиот клуб настапува од 2019 година. Неговиот актуелен договор е до 2027 година. Како дел од Атлетико, играчот од средниот ред стана шампион на Шпанија во сезоната 2020/21, а играше и во финалето на Европското младинско првенство 2017 година. Минатата сезона Љоренте запиша 40 настапи за клубот, креираше три асистенции. Според „Трансфермаркт”, играчот вреди 45 милиони евра....
24 Инфо | 9 часа
Битиќи: Оваа сезона не би требало да има рестрикции на струјата
Вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи е уверен дека до крајот на годинава, но и во текот на целата грејна сезона не би требало да има рестрикции на електричната енергија, освен, како што вели ако не се случи некоја непредвидена хаварија. Најавените мерки за штедење на струјата, нагласува, се за намалување на притисокот врз енергетскиот систем, но и за трошење на помалку средства за овој енергенс. – Ние имаме калкулации, го знаеме енергетскиот биланс, колку е потребно да се произведе електрична енергија за да се користи за регулираниот пазар, независно од нерегулираниот слобеден пазар. На регулираниот се домаќинствата и малите потрошувачи. Со самото зголемување на производството споредено со претходната година ние сме уверени дека до крај на годинава, ако нема некоја не знам каква хаварија, нема да има рестрикции. Ќе има доволно електрична еанергија за годинава, но, јас најавувам дека тоа ќе биде за целата грејна сезона вклучувајќи ги и првите месеци за следната година до пролет, рече Битиќи во Тема на денот на Сител. Според него, штедењето треба да помогне да не се случи заради нештедење и несовесно однесување на сите,вклучитено и на јавните институции да настане некој проблем. – Ние мора да покажеме дека знеме одговорно да се однесуваме со јавните ресурси затоа што на крај на денот трошењето на помалку електрична енергија не само што ќе има влијание на намалување на притисокот во енергетскиот систем, туку тоа ќе значи и помалку средства да се дадат за тој ресурс, рече вицепремиерот за економски прашања прашања. Тој е уверен дека проблем нема да има ниту во испораката на топлинска енергија во Градот Скопје. – Според законот, операторот БЕГ е должен до избор на нов оператор да ги испорачува услугите кон граѓаните, независно што лиценцата им е одземена. Процедурата за избор на нов оператор е во тек и најверојатно многу брзо ќе биде објавен огласот и ќе се пријават сите заинтересирани дали Градски енергетски ресурси на Градот Скопје или некоја друга приватна или државна компанија. Грејната сезона ќе биде озбезбедена за нашите граѓани во Скопје, нагласи Битиќи. Тој во разговорот запрашан за актуеното прашање во врска со балансерот за вработување во јавниот сектор по однос на етничка припадност, истакна оти негов личен став е полека да се размислува дека можеби е дојдено време тој да се напушти и за влез во јавниот скетор да се одлучува преку мерит системот. – Можеби е дојдено времето да се однесуваме европски и наместо да гледаме низ балансер да гледаме низ мерит систем за влегување во јавниот сектор, затоа што сите, на крај на денот, покажуваме со прст дали тие кои се во јавниот сектор обезбедуваат доволно услуги кон нашите граѓани. Ова е мој личен став независно од функцијата. Доаѓа време полека да видиме дали е дојдено времето по дваесет години од постоењето на балансерот, да влезме во нова ера. Впрочем преговорите за ЕУ треба да бидат поттик за сите нас како носители најавни функции да зборуваме за мерит систем наспроти одредени проценти, вели Битиќи и додава дека за ова е уверен оти ќе се отвори дискусија со оглед на тоа што, меѓу другото, во Стратегијата за едно општество за сите донесена пред три години се зборува за постепено напуштање на балансерот....
24 Инфо | 9 часа
Борусија Дортмунд е последната шанса за трансфер на Роналдо
Германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд е последната шанса на ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо, за трансфер ова лето. Агентот на напаѓачот, Жорге Мендеш, активно работи на таа можност, тврдат медиумите на Островот. На ваквиот потег поволно гледа и самиот Роналдо, бидејќи ќе може да игра во Лигата на шампионите и воедно да се бори за трофеи во Германија, откако веќе ги има од Англија, Шпанија, Италија и од Португалија. Германскиот клуб моментално размислува за опцијата да достави понуда за Роналдо, а Мендеш прави се за да ги поттикне шефовите на „црно-жолтите“ да направат таков потег. Борусија Дортмунд е во потрага по нов напаѓач откако Ерлинг Халанд беше продаден на Манчестер Сити, а Себастијан Але, кој беше доведен како негова замена, беше опериран откако му беше дијагностициран тумор на тестисите. Тој сигурно ќе пропушти неколку месеци во кои ќе мора да се опорави....
24 Инфо | 9 часа
Загина полицаец на мотор при потера по пијан возач
РЕГИОНЗагина полицаец на мотор при потера по пијан возачОбјавено пред 2 минути – 18 август, 2022Од Макфакс Страшна сообраќајна несреќа се случила денеска околу 16 часот во српскиот град Руменка. Информациите се дека на местото на несреќата загинал 36-годишниот полицаец Божидар Копривица. Првичните информации се дека Божидар со полициски мотоцикл со ротација бркал возач кој не сакал да застане на знакот „стоп“, а за кој имал сомнение дека е во алкохолизирана состојба. Во еден момент налетал на автомобил „пежо“ кој излегувал од паркингот на улицата. Полицаецот удрил во совозачката врата и починал на лице место. Возилото го управувала жена, која не го видела полицискиот мотоцикл како доаѓа кон неа, иако бил со запалени ротациски светлаи сирена. Истрагата е во тек, а засега не се знае дали полицијата го фатила возачот кој го бркал настраданиот полицаец. Божидар бил сообраќаен полицаец. Роден во Бачка Паланка, а работел во Полициската управа во Нови Сад. Бил оженет, татко на две деца....
24 Инфо | 9 часа
Финска тврди: Руски воени авиони го нарушија нашиот воздушен простор
Два руски воени авиони „МИГ-31“ го нарушија воздушниот простор на Финска, во близина на градот Порво во Финскиот залив, соопшти Министерството за одбрана, пренесува Ројтерс. Кристијан Вакури, шефот за комуникации на финското министерство, за Ројтерс изјави дека нарушувањето на воздушниот простор се случило утрово околу 08:40 часот, руските „МИГ“ влегле на западната страна. Според Вакури, руските авиони две минути биле во финскиот воздушен простор. – На финска територија влегоа еден километар – рече Вакури. Финска веќе покрена истрага за нарушување на воздушниот простор, додека руското Министерство за одбрана соопшти дека преместила три „МИГ“ во енклавата Калининград....
24 Инфо | 9 часа
Османи: Жално е што европската перспектива граѓаните се става во функција на иднината на одредени политичари
Преговорите за членство со ЕУ ги почнавме од дента на одржување на првата меѓувладина конференција, но не ќе можеме да го отвориме Поглавјето 23, доколку не го промениме Уставот, истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи. – Скринингот ќе го завршиме, но Поглавјето 23 не можеме да го отвориме доколку не го смениме Уставот и тоа е компромисно решение, затоа што позицијата на Република Бугарија беше тврда до последниот момент дека нема почнување на преговори без воопшто да се направат тие уставни измени. И ние тоа не го прифативме. Ние го одбивме тоа решение кое што Бугарите го понудија – да добиеме почеток на преговори и скрининг, а во меѓувреме да се прави измена на Уставот, рече Османи при денешното гостување во емисијата „Жешко политичко лето” на Телевизија Канал 5. Тој потенцира дека измената на Уставот подразбира внесување на хрватската, црногорската и бугарската заедница заедно со останатите шест заедници коишто се веќе наведени во текстот на Преамбулата. На прашањето дали стравува дека можеби нема не се обезбеди двотретинско мнозинство за уставните измени, Османи потенцира дека во текот на разговорите со Бугарија комуницирал и со претставници на македонската опозиција и од ниедна партија не слушнал аргумент против внесување на Бугарите во Уставот – Внесувањето на Бугарите во нашиот Устав е добро и во интерес на Македонците, на македонскиот народ и на Република Северна Македонија, затоа што првпат институционално се дефинира однос помеѓу мнозинско македонско население и бугарската малцинска заедница. Првпат во историјата на односите имаме формално институционализирање на тој однос и го направи неповратлив и иреверзибилен. Јас ова сум го слушнал од претставници на ВМРО-ДПМНЕ, изјави Османи. Според него, дури и од претставници на ВМРО-ДПМНЕ го слушнал мислењето дека се направило грешка што Бугарите не биле внесени во Уставот кога се направија уставните измени во 2001 година, а сега ова прашање се користи за дневна политика. – Жално е што европската перспектива, стратешките прашања на граѓаните, стандардот на граѓаните, нивната иднина, се ставаат во функција на политичката и партиската иднина на одредени политичари. Тоа е жално, изјави Османи. Според Османи, во претстојните „15 месеци додека трае скринингот” и додека да стигнеме до Поглавјето 23, властите ќе се обидат да ги разобличат сите тие што сакаат нивните кариери да ги стават пред стратешките интереси на земјата. – Ќе одиме до секој граѓанин за да им кажеме кој е ризикот од промена на Уставот, што е лошо во тоа до Албанците, Турците, Србите, Ромите… да се внесат и Црногорците, Хрватите и Бугарите. Кој е тој ризик, а кои се бенефитите од таков процес. Ве уверувам дека и во ВМРО-ДПМНЕ убедувањето е дека нема никаков ризик од таков процес, туку напротив има интерес државата тоа да го направи. Битно е да се најде начин, а јас сум сигурен дека кога ќе постави на маса, ќе има доволно пратеници коишто ќе ги потврдат. Нотарските изјави мислам дека се уште едни инструменти од тој партиско-политички фолклор, рече министерот Османи. Османи изјави дека не е за референдум за ова оваа прашање затоа што, како што рече, граѓаните се изјасниле по однос на европската перспектива. – Ако треба да има, прашањето треба да биде – Дали сте за ЕУ или не. Се друго апсолутно ќе биде манипулација на граѓаните. Така што мислам дека никој нема дилема дека оваа мала држава зависна од регионалните и европските процеси може да опстојува нормално и оптимално во Европската унија, рече тој. Во однос на тоа дека извештајот за транспарентност на Владата вели дека Министерството за надворешни работи и Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците биле едни од најтранспарентните, Османи истакна дека тоа се однесува на делот во однос на објавата на огласи, а не во комуникацијата со јавноста. – Слободно нека направи некој анализа по однос на тоа колку пати јас сум одржал брифинг, прес-конференција, комуникација, интервјуа на тема односи со Република Бугарија. Значи, нема прашање кое што не е разговарано десетици, десетици пати во текот на овој период. Меѓутоа, ние знаевме од почеток кои и да бидат решенијата од овој процес дека опозицијата е спремна да го искористи тоа во дневно-политичката борба и тие имаа сценарија. Сценарија од типот доколку не успее државата да ги почне преговорите, да почне кампања со протести за неспособна Влада која што еве не блокира за европскиот процес. Доколку успееме – ова е предавничка влада која што еве ги продаде интересите. Значи, воопшто ве уверувам дека ги немаат прочитано решенијата, го немаат прочитано „францускиот предлог”, ниту Протоколот, ниту овие решенија на Историската комисија. Се е партиска калкулација и тоа ме боли затоа што мислев дека има одредена граница до партиско-политички интерес и каде почнува еден државен интерес којшто треба да биде натпартиски. За жал, се уверив дека кај одредени политички партии таква граница воопшто нема, посочи Османи. Во однос на реакциите од граѓанскиот сектор против „францускиот предлог”, Османи истакна дека и тој сакал идеален чист европски процес. – Меѓутоа, за жал, реал политиката не е таква. „Францускиот предлог” не е предлог којшто почнува од ништо. „Францускиот предлог” е продолжение на неколку обиди на неколку претседателства. Така што, доколку се разбира би збореле од перспектива на некој идеален пуританистички концепт на европски интеграции – ОК, можеме да најдеме забелешки. Но, прашањето е дали почнавме преговори после 17 години? Да, почнавме преговори, исто како Албанија. Дали се загрозени националните, идентитетските прашања на било кој народ во Република Северна Македонија? Најодговорно тврдам – не. Тоа се лажни информации со кои се обидуваат да ги плашат граѓаните за да освојат некој политички поен повеќе, истална Османи....
24 Инфо | 9 часа
Гренел: Курти ја отфрли секоја идеја што ја предложија САД
Поранешниот американски претставник за дијалог меѓу Белград и Приштина – Ричард Гренел потсети дека Албин Курти ја отфрлiл секоја идеја предложена од Соединетите Американски Држави. -Да ве потсетам, Курти ја отфрли секоја идеја предложена на Косово од американските претседатели. И демократска и републиканска. Тоа едноставно е факт, напиша Гренел на Твитер. И шефот на дипломатијата на Европската унија, Жосеп Борел, се обрати пред новинарите по денешната средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и Аљбин Курти. Борељ на почетокот на своето обраќање рече дека денешниот состанок не бил редовен, туку е свикан поради влошување на ситуацијата на теренот. -Мирот и стабилноста мора да победат, и затоа е свикана оваа средба. Овие разговори се водат во драматичен момент, додека војната во Украина продолжува. Сега не е време за подигање на тензиите, рече Борел. Во Брисел нема напредок по ниту едно прашање, бидејќи приштинскиот премиер Албин Курти одбива каков било компромис, пишува српскиот весник „Блиц“, повикувајќи се на свои извори од Брисел....
24 Инфо | 9 часа
Бес советницие од СДСМ и ГРОМ изгласана забрана за изградба на 28-катницата кај „Букурешт“
На денешната седница на Советот на Општина Карпош, каде не присуствуваа советниците од редовите на СДСМ и ГРОМ, беше изгласана предлог одлуката против висококатницата во Карпош. „Предлог – одлуката за задолжување на градоначалникот и Општината да стопираат со издавање на градежни дозволи и забрана за започнување на градба и ревизија на ДУП за градска четврт 3 05 блок 8 во Општина Карпош или (28 – катницата во Карпош), што според Стевче нема да биде 28 катница, ама ќе биде висококатница со неколку ката повеќе или помалку, денес е изгласана со мнозинство гласови од членовите на Советот или конкретно од Левица, Независните и ДПМНЕ, Напиша Ивана Стоименовска, Советник во Општина Карпош. Со оваа одлука се задолжува Градоначалникот и соодветниот општински сектор да го стопираат издавањето на градежни дозволи и забрана за отпочнување на градба на просторот што го опфаќа ДУП за Градска четврт З 05 Блок 08, како и изготвување на стручен елаборат за суспензија на применувањето за блок 08 од ДУП за градска четврт 3 05 помеѓу бул.Илинден, бул. 8 Септемри, бул.Партизански одреди и ул.Љубљанска, донесен со одлука на Совет 07-7546/4 од 06.11.2013, Општина Карпош, со цел спроведување ревизија за истиот. -Ова е нов пораз на урбанистичката мафија во Општина Карпош. Истовремено, жалам што зад интересите на карпошани не застанаа советниците од редовите на СДСМ и ГРОМ, со што практично ги прекршија своите предизборни ветувања дека ќе работат во интересите на жителите на Општината, изјави координаторот на советничката група на Левица, Мартин Димоски. За разлика од него, градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, пак, вели дека одлуката ниту ќе ја објават во „Службен гласник“ ниту, пак, овие советници можат да го прават тоа што прават. – Не може да се носи одлука спротивна на закон. Нивната концепција е да се оневозможи да се донесе ниту еден план. Карпош во моментов како да е во 1945 година, без урбанистички планови, а тоа значи дека луѓето не можат ниту да надградат ниту, пак, да доградат. Се работи за сериозен проблем – тврди Јакимовски и додава дека таму каде што има урбанистички план, тие настојуваат да го урнат на Уставен суд, а таму каде што не можат да ги урнат, се обврзуваат да прават ревизии за да го запрат Карпош....
24 Инфо | 9 часа
Гутереш: Оштетување на нуклеарката „Запорожје” би било самоубиство
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска изјави дека какво било оштетување на украинската нуклеарна централа во Запорожје би било „самоубиство”. „Мораме да кажеме како што е: секоја потенцијална штета во Запорожје би била самоубиство”, рече Гутереш за време на посетата на Лвов во западниот дел на Украина. Тој го повтори претходниот повик за „демилитаризација” на областа околу централата што е под контрола на руската армија. Гутереш претходно овој месец ги повика руските сили да се повлечат од објектот на „безбедно демилитаризирано растојание” што денеска беше одб иено од Русија. Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат за неодамнешното гранатирање на електраната, што предизвика стравувања од сериозна несреќа....
24 Инфо | 9 часа
Димитријевиќ се приклучи на националниот тим
Машката сениорска кошаркарска репрезентација ги продолжува подготовките за августовските квалификации на ФИБА. По работната недела во Маврово, и одигрувањето на контролниот меч во Бар против селекцијата на Црна Гора, нашите најдобри кошаркари се во Скопје. Од денеска продолжија со работа во СЦ „Борис Трајковски“ каде ќе тренираат до крајот на оваа седмица, по што следува преселба во СРЦ „Кале“. Она што е особено важно е дека од денешниот утрински тренинг, селекторот на нашата сениорска репрезентација Александар Јончевски го има на располагање и Ненад Димитријевиќ. Откако ги регулираше своите приватни обврски поврзани со преселбата во новиот клуб, Уникс Казан, еден од нашите најдобри кошаркари е веќе на тренинг, па новиот предводник на „црвено-жолтите“ го чека доаѓањето само уште на Кристијан Николов, за да бидат комплетни, и што е можно подобро подготвени за она што следува во последната недела од август. Првите два меча од претквалификациите за Евробаскетот 2025, Македонија ќе ги одигра против Данска на гости на 25. август и три дена подоцна против Словачка во Скопје....
24 Инфо | 10 часа
Османи: Политички центри пласираат лажни вести за решенијата на Историската комисија за дневно политичка борба
Негативните реакции во однос на договорените решенија на Заедничката мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања се последица на намерно пласирани лажни вести од страна на политички центри, со цел да се искористи дебата за дневно политичка борба, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи. – Северна Македонија деновиве е претворена во центар за лажни вести. Значи, можам најодговорно да кажам дека 95 проценти од сите шпекулации, од сите информации во врска со „францускиот предлог”, во врска со Протоколот, во врска со решенијата на Комисијата се намерно пласирани лажни вести од страна на политички центри со цел да се искористи емотивниот карактер на оваа дебата во дневно политичката борба, истакна Османи во гостувањето во емисијата „Жешко политичко лето” на телевизија Канал 5. Според него, главен проблем е што одредени политичари по секоја цена, дури и за прашања коишто се најсуштествени за државата, се калкулираат само од аспект дали се на власт или не. – Битно е да се слушаме. Мислам дека не се слушаме во оваа дебата. Мислам дека сме закотвени во нашите позиции, онака како ние мислиме дека е нашиот политички поглед по однос на тоа прашање и воопшто не ги слушаме аргументите. Денеска излегува Историската комисија и кажува – дајте аргументи за овие тези коишто ги кажувате против решенијата. Никој не дава аргументи. Дури и авторите на слични решенија се критични, бидејќи стана популарно да се биде критичен. Стана нов тренд и нова мода да се биде критичар. Но, реалноста не е тоа. За жал, проблемот е што не се слушаме, а не во тоа дека не говориме доволно, додаде шефот на дипломатијата. Според него, во јавноста се создаде погрешна перцепција дека историчарите од бугарската дел од Заедничката мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања изразиле чувство на триумфализам во однос на договорените решенија. – Тоа е една маргинална група на историчари во Република Бугарија кои се на маргините на политичката дебата и се поставени провокативно кон овој процес. Се обидуваат намерно да го направат токму тоа, бидејќи во Република Бугарија апсолутно нема чувство на триумфализам, истакна Османи. Тој нагласи дека решенијата на Комисијата што беа презентирани во јавноста оваа недела се договорени уште во 2019 година и се одобрени од претходниот министер за надворешни работи Никола Димитров. – Во меѓувреме немаше нови решенија. Тие се однесуваат на прашања од античкиот период за којшто немаше многу разлика помеѓу двете држави, додаде Османи....
24 Инфо | 10 часа
Конашенков: Украина утре подготвува големо зло за кое нас ќе не обвинат
Во петок, на 19 август, Киев планира напад со „лажно знаме“ на нуклеарната централа Запорожје за време на посетата на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш на Украина, изјавипортпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков. -На 19 август режимот во Киев ќе планира провокација во нуклеарната централа Запорожје за време на посетата на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш на Украина, при што Русија ќе биде обвинета дека предизвикала катастрофа во оваа централа како резултат на тоа. За да се подготват за провокацијата, командата на оперативната група Дњипар до 19 август поставува пунктови за контрола на радијацијата во Запорожје, како и организира вежба за единиците на 108. бригада за територијална одбрана, 44. артилериска бригада и стационирани воени единици во Запорожје за да работат во услови на радиолошка контаминација,рече Конашевко, објави руската новинска агенција Тасс. Конашенков тврди дека единиците на 44-та бригада на украинските вооружени сили планираат артилериски напади врз објектите на нуклеарната централа од позиција во близина на замокот Никопол. – Вината за последиците ќе им се препише на руските вооружени сили,потврди Конашенков. Тој додаде дека единиците на 704-от полк за радиолошка, хемиска и биолошка заштита на вооружените сили на Украина се подготвуваат за концентрација во близина на НЕ Запорожјесо цел да се евидентираат последиците и да се демонстрира наводната санација на последиците од несреќата. . Конашенков нагласи дека нема руско тешко оружје во близина на фабриката во Запорожје или на која било соседна територија. – Руските војници немаат тешко вооружување распоредено ниту во електраната, ниту во областите во непосредна близина до неа – нагласи Конашенков, повторувајќи дека Киев постојано ширел гласини дека руските војници наводно ја окупирале електраната и го гранатираат непријателот користејќи артилериски системи со долг дострел....
24 Инфо | 10 часа
Спасовски: Маврово и Ростуше е подготвено за голема победа, Скудриње знае дека најдобриот избор е Медат Куртовски
Членот на ЦО, Оливер Спасовски денеска се сретна со жителите на Скудриње, родното место на кандидатот за градоначалник, Медат Куртовски. “Скудриње знае дека најдобариот избор за Маврово и Ростуше е Медат Куртовски. Медат тука ја донесе првата градинка, асфалтирани улици, реконструиран е локалниот пат во должина од 2.5 километри, изграден е дел од канализациона мрежа изработени се и шахти за приклучок на мрежата, извршена е санација на доводната цевка која поминува низ река Радика обезбеден е сигурен проток на водата до Скудриње и многу други проекти. Медат работи вредно и домаќинско. Не ги дели граѓаните, туку ги сполотува, правејќи улици кои ги поврзуваат населените места. Таков градоначалник му треба на Маврово и Ростуше”, рече Куртовски. Во Скудриње е изграден е и потпорен ѕид на локалниот на местото каде што се појави свлечиште. Со ова е зголемена безбедноста иа жителите и возилата. Во наредниот период, предвидена е да се изградат улици во населбата Падина и Шуплица. Скудриње ќе добие и нов паркинг простор, а ќе се уреди и паркингот во месноста Бигорец. За најмалите ќе се уреди детско игралиште, а ќе се исчистат и уредат дивите депонии. Жителите на Маврово и Ростуше знаат дека со Медат Куртовски ќе продолжи развојот на општината со секое населено место. СДСМ е гарант дека ветеното се исполнува, граѓаните ја препознаваат разликата и затоа в сабота, на 20 август, нивната поддршка и доверба е за Медат Куртовски....
24 Инфо | 10 часа
СДСМ ОО Карпош: Денешната седница на Советот е незаконски одржана
Советничката група на СДСМ и коалицијата не присуствува на ради реда свикани седници на Советот на Општина Карпош наменети само за да се земат парите на граѓаните. Седница закажана од страна на Претседателот на Советот, Бранко Ристов на ден 12.08.2022 година со само една точка на дневен ред: Советнички прашања е седница смислена само со една цел, да се стекне правото за месечен паричен надомест од буџетот на Општината. Како советничка група најбитно ни е домаќинско и рационално раководење со Општинскиот буџет. Денешната седница е незаконски одржана, Советот на Општината работи според законот за локалната самоуправа, статутот на општината како и деловникот за работа на Советот, согласно сите три, Претседателот на Советот е должен да достави уредни покани и предлог дневен ред заедно со соодветен материјал за прашањата кои што се предлагаат на истиот, најдоцна 7 дена пред денот определен за одржување на седницата до сите членови на Советот, дополнително истата да биде објавена и на Огласна табла на Општината. До ниту еден од советниците од Советничката група на СДСМ и коалицијата сеуште нема стигнато никаква покана/известување за одржување на било каква седница. Дополнително, бизнис интересите кои го раскинаа мнозинството во Советот се само интерес на засегнатите страни, во овој случај оние кои незаконски носат одлуки на незаконски свикани седници....
24 Инфо | 10 часа
Ненадејно почина познатиот хрватски новинар Мислав Баго
Хрватската телевизија НОВА објави дека ненадејно, на 48-годишна возраст, починал нивниот уредник и политички коментатор Мислав Баго. Утрото бил пронајден мртов, а нема официјални информации за причините за смртта. „Неговото прерано заминување е голема загуба за нас. Беше омилен колега, секогаш подготвен да помогне. Остави неизбришлива трага во новинарството. Се воодушевуваме на неговата страст за новинарската професија, секогаш со нова идеја, секогаш чекор понапред“, вели директорката на Информативната програма на Нова ТВ, Ксенија Кадрум. Мислав Баго со својот специфичен стил и новинарски израз беше познат и почитуван и од македонската телевизиска публика. На социјалните мрежи се коментира дека токму поради неговата неуниформност во инаку строгата професија тој прераснува во лик кој станува дел од поп-културата. Својот професионален ангажман го започнува во ХТВ каде својот врв го достигнува како водител на емисијата „Отворено“. Од 2009 година е уредник и новинар во НОВА ТВ. Добитник е на бројни награди, меѓу кои и онаа за Новинар на годината во 2006 година за серијата интервјуа со поранешните премиери Иво Санадер и Ивица Рачан. Јавноста се сеќава на неговото култно интервју од 2006 година, кога на Иво Санадер, тогашниот премиер и човек пред кој се плашеше политичката конкуренција, му кажа дека „нема тој да го учи домашно воспитување“, а бројни незгодни прашања за исчезнувањето на шест милиони куни, аферата „Бродосплит“ дополнително го збунија Санадер, кој се чинеше инфериорно и збунето пред Баго, мрдајќи се во столот....
24 Инфо | 10 часа
Зеленски за посетата на Ердоган: Силна порака за поддршка од силна држава
„Силна порака за поддршка од силна држава”, така украинскиот претседател Володимир Зеленски ја опиша денешната посета на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на Украина. Зеленски денеска оствари билатерален разговор со својот турски гостин, по што се одржа трилатерална средба со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш. Средбата на тројцата лидери траеле околу 40 минути, а во моментов се одржува заедничка конференција за медиумите. Според турската телевизиска станица „НТВ”, Зеленски посочил дека со турскиот претседател разговарал за можностите за надградба на иницијативата за извоз на жито преку украинските пристаништа, како и за ситуацијата околу нуклеарната централа „Запорожје”. „Зајакнувањето на нашата соработка ќе доведе до зајакнување на двете земји”, истакнал украинскиот претседател. На средбата во Лвов бил потпишан договор меѓу Турција и Украина за реконструкција на инфраструктурата оштетена во војната, наведува „НТВ”. Телевизијата наведува дека на билатералната средба претседателите разговарале за сите аспекти на односите меѓу Анкара и Киев на стратешко ниво. На трилатералната средба Зеленски-Ердоган-Гутереш од турска страна во Лвов присуствувале уште и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, шефот на разузнавачката служба МИТ Хакан Фидан и портпаролот на претседателот и советник Ибрахим Калан....
24 Инфо | 11 часа
Запленета марихуана од фабрика за канабис во Старо Нагоричане
На 18.08.2022 полициски службеници од Бирото за јавна безбедност – Оддел за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи, во координација со Комисијата за одобренија за одгледување канабис за медицински цели и полициски службеници од СВР Куманово врз основа на претходно обезбедена Наредба за претрес во објект на правно лице, издадена од судија на прртходна постапка од Основен суд Куманово, изврши претрес и контрола во подружница на правно лице за одгледување на канабис во медицински цели во село Старо Нагоричане. При контролата било констатирано дека 19 растенија од канабис се одгледуваат во надворешни услови, иако субјектот не поседува дозвола за одгледување во надворешни услови, односно спротивно на условите пропишани со Законот за контрола на опојни дроги, а во сеф-собата биле пронајдени неевидентирани 185 семки од растението канабис и 8 килограми и 985 грама растителна маса од канабис. Пронајденото е одземено, а од извршената контрола од страна на Комисијата за одобрувања на одгледување на канабис во медицински цели беше констатирано дека правното лице одгледува канабис за медицински цели во услови спротивни на пропишаните во Законот, за што беше известен Јавен обвинител од ОЈО Куманово и по комплетно документирање на материјалот од страна на СВР Куманово против сите инволвирани лица (одговорни лица во правното лице), како и против правното лице до ОЈО Куманово ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 95-В од Закон за контрола на опојни дроги....
24 Инфо | 11 часа
Во ракетните напади врз Харков загинаа најмалку 12 луѓе
Изминатите неколку часа интензивирани се ракетните напади врз Харков, а вкупно од синоќа загинаа најмалку 12 луѓе. При нападите повредени се најмалку 20 луѓе. Во денешните напади погоден е и станбен блок....
24 Инфо | 11 часа
(Видео) Убавата финска премиерка во проблеми, ѝ бараат да се тестира за дрога поради приватна забава
Видеа објавени на социјалните мрежи, ја прикажуваат финската премиерка Сана Марин како се забавува со неколку познати фински личности, меѓу кои и пратеникот Илмари Нурминен и ТВ водителката Тини Викстром. На видеото Марин танцува во занес со неколку пријатели, а во позадина се слуша како луѓето викаат за кокаин, пренесуваат финските медиуми. Финскиот пратеник Мико Керна, коалициски партнер на партијата на Сан Марин, ја повика премиерката да направи тест за дрога и да ги објави резултатите јавно. „Народот може да го очекува ова од својот премиер“, напиша тој на Твитер. На прес-конференција во четвртокот наутро Марин негираше дека користела дрога и рече дека „нема што да крие“, објави Политико. „Танцував, пеев, славев, правев легални работи“, рече премиерката и додаде дека не пиела многу. Таа ја коментираше и објавената снимка. „Верував дека бидејќи видеата се приватни нема да бидат објавени. Лошо е што беа објавени“, изјави Марин. Снимката наиде на различни реакции на интернет, при што некои критичари ја критикуваат Марин за, како што велат, неодговорното однесување, додека други гледаат потенцијален поттик за популарноста на 36-годишниот премиер. Finland’s Prime Minister @MarinSanna is in the headlines after a video of her partying was leaked today. She has previously been criticized for attending too many music festivals & spending too much on partying instead of ruling. The critics say it’s not fitting for a PM. pic.twitter.com/FbOhdTeEGw — Visegrád 24 (@visegrad24) August 17, 2022 This is the Prime Minister of Finland Sanna Marin. Some been saying she’s cool… maybe among other teenagers. But a responsible leader for a country in crisis? She is by far the most incompetent PM we ever had. Knows nothing. Please take your leather jacket and resign. Thanks. pic.twitter.com/tHLhdEKEa8 — Aleksi Valavuori (@Valavuori) August 17, 2022...
24 Инфо | 11 часа
Пак расте цената на нафтата на светските берзи
Цените на нафтата на берзите денеска се искачија на речиси 95 долари за барел, во услови кога остриот пад на залихите во САД и очекувањата за намалени испораки од Русија до крајот на годината ги потисна во втор план стравувањата од рецесија. На лондонскиот пазар цената на барелот денеска изнесуваше 94,98 долари, додека на американскиот пазар барелот се тргуваше по цена од 89,10 долари. Расположението за тргување на берзите вчера беше придушено поради стравувањата од глобална рецесија во оглед слабите податоци за активностите во секторот на недвижнини во САД и забавувањето на економската активност во Кина последица на строгата политика на нулта толеранција за Ковид-19. Сепак, трговците се охрабрија од извештајот за пад на нафтените залихи на САД за 7,1 милиони барели, како и за рекордниот извоз на нафта од пет милиони барели дневно. Поддршка на денешната повисока цена на нафтата дадоа и предупредувања дека европската забрана за увоз на руска нафта и деривати би можела драматично да ја намали понудата....
24 Инфо | 11 часа
Кина кон Тајван упатила 51 авион и шест брода
Тајванските оружени сили денеска забележале како кон островот се приближуваат 51 авион и шест воени бродови на армијата на Народна Република Кина, соопшти тајванското Министерство за одбрана. „Од 17 часот по локално време тајванските оружени сили забележале активност на 51 авион и шест брода во морето и во воздушниот простор во близина на Тајван”, се наведува во соопштението што го пренесуваат агенциите. Притоа се појаснува дека 25 авиони ја преминале „средишната линија” на Тајванскиот теснец, меѓу кои 12 авиони ловци „Су-30″, шест „Ј-16″, четири „Ј-10″, еден авион за електронско војување „И-8″ и два бомбардери од типот „Х-6″....
24 Инфо | 11 часа
Русија распореди борбени авиони со проектили во Калининград
Русија распореди три борбени авиони вооружени со хиперсонични ракети во руската енклава Калининград, соопшти руското Министерство за одбрана. Во соопштението се наведува дека во Калининградската област распоредени се и три авиони МиГ-31 со хиперсонични ракети Кинжал, како дел од стратешките мерки за одвраќање. Калининград е пристаниште, град и административен центар на Калининградската област; енклава на Русија лоцирана помеѓу Литванија и Полска. Ракетите Кинжал, што на руски значи бодеж, се невидливи за противвоздушната и противракетната одбрана на непријателот. Москва тврди дека овие проектили летаат со екстремно големи брзини, до 10 маха или 12.000 километри на час и дека во комбинација со маневарските способности, тие се исклучително тешки или невозможни за пресретнување....
24 Инфо | 11 часа
За македонските пингпонгари заврши ЕП во Германија
Македонските репрезентативци го завршија настапот на Европското првенство во пинг-понг во поединечна конкуренција и во конкуренција на двојки и микс двојки што се одржува во Минхен, Германија од 13 до 21 август. Нашата репрезентација ја сочинуваа Филип Младеновски од екипата ППК Шампион Фа од Штип кој настапи во конкуренција машки поединечно, машки двојки и микс двојки и Амелија Николов од екипата ППК Шампион Фа од Штип која настапи во конкуренција женски поединечно, женски двојки и микс двојки. Младеновски и Николов имаа симболичен настап и не успеаа да се пласираат на главната табела на првенството....
24 Инфо | 12 часа
Депај пред преселба во Јувентус
Мемфис Депај е се поблиску до преселба во Јувентус од Барселона. Дваесет и осумгодишниот напаѓач на репрезентацијата на Холандија ќе го раскине договорот со Каталонците и како слободен играч ќе се пресели во Италија. Според добриот познавач на италијанскиот фудбал, Џанлука Ди Марцио, Јуве ќе се откаже од дел од бонусите кои ги должат Каталонците за настапите на играчот од средниот ред Миралем Пјаниќ во составот на Барса. Депај и Јувентус се уште не постигнале целосен договор за договорот, иако претходно се пишуваше за двегодишен договор и плата од шетс милиони евра годишно....
24 Инфо | 12 часа
Повторно помор на риби во кумановско
Повторно е регистриран помор на риби на вливот на река Кумановка со Пчиња под Искрин Мост, соопштија денеска надлежните од Државниот инспекторат за животна средина. Поморот, како што наведуваат од инспекторатот го пријавиле рибарите во текот, вчера попладне. Бојата на реката била видно заматена соопштуваат надлежните. – На самото место при првичниот увид бил присутен директорот на ДИЖС м-р Сретен Стојковски при што во вечерните часови се земени повеќе мостри на вода од разни локации пред и по пречистителна станица за третман на отпадни води во село Доброшане, а направени се и фотодокументација и видеоснимки од страна на неколкуте присутни рибари. Реализиран е и контакт и со директорот на ЈП Водовод Куманово кој беше присутен на локацијата, а по неговото пристигнување ДИЖС е информиран дека е настанат краткотраен проблем со довод на електрична енергија околу 18 часот кога станицата не била во редовна функција. Мострите вода се доставени до акредитирана лабораторија за животна средина заради лабораториски анализи, соопштија од инспекторатот. Државен инспектор за животна средина од Одделението за инспекциски надзор во животната средина-Североисточен и Источен регион, Канцеларија Крива Паланка направил вонреден инспекциски надзор при што е подготвен записник за констатација и врз основа на анализите ќе се води понатамошна инспекциска постапка со соодветни мерки и санкции....
24 Инфо | 12 часа
Влада: Сто проценти сме активно транспарентни- активната транспарентност е најдобра превенција од корупција
Владата има максимални 100 проценти активна транспарентност од можни 100 отсто, односно ги објавува сите предвидени информации од активната транспарентност, согласно редовното годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност на Центарот за граѓански комуникации, соопшти денеска владината Прес-служба. – Индексот за активна транспарентност ги рангира сите институции во државата на локално и на централно ниво од 2016 година. Владата од 25 отсто транспарентност во 2016 година, денес согласно рангирањето има целосна, односно 100 отсто транспарентност заедно со Министерството за одбрана, кое пак од 45-то место со 47,6 проценти на почетокот на мерењата, последните две години достигна прво место со максимален процент, се наведува во соопштението. Од владината Прес-служба посочуваат дека според годишното рангирање, просечната активна транспарентност на министерствата, на Владата и на општините за 2022 година изнесува 73 отсто и во однос на минатата година, кога изнесувала 63 проценти, е подобрена за десет процентни поени. – Својата активна транспарентност годинава ја подобриле дури 81 отсто од институциите. Активната транспарентност на министерствата и на Владата изнесува 85 проценти, а на општините 70 отсто. За разлика од лани, министерствата се подобриле за шест процентни поени, а општините за десет, се додава во соопштението. Владата посочува дека продолжува посветено да работи на сочувување на транспарентноста и редовно и навремено објавување на информациите од јавен карактер, како еден од нејзините врвни приоритети. – Активната транспарентност е најдобра превенција од корупција, се додава во соопштението....
24 Инфо | 12 часа
Борел по преговорите Вучиќ-Курти: Сега не е време за кревање тензии
Шефот на дипломатијата на Европската унија, Жосеп Борел, се обрати пред новинарите по денешната средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и Аљбин Курти. Борељ на почетокот на своето обраќање рече дека денешниот состанок не бил редовен, туку е свикан поради влошување на ситуацијата на теренот. „Мирот и стабилноста мора да победат, и затоа е свикана оваа средба. Овие разговори се водат во драматичен момент, додека војната во Украина продолжува. Сега не е време за подигање на тензиите“ – рече Борел. Тој истакна дека на средбата било договорено разговорите да продолжат и во наредниот период, со цел нормализирање на ситуацијата на Косово. „Најважни се следниве прашања. Тоа е прашањето за табличките и документите за влез и излез од Косово и Метохија. Меѓународната заедница не сака тензиите да се зголемат, а страните се одговорни за ескалацијата на теренот. За жал, ние денеска не постигнаа договор, но ова не е крајот на приказната „Двајцата лидери се согласија дека процесот мора да продолжи, и дека разговорите ќе продолжат и во наредниот период. Има уште време до 1 септември. Не се откажувам“ рече тој. Шефот на дипломатијата на ЕУ додаде дека приемот на Белград и Приштина во ЕУ мора да остане главна цел и дека двете страни мора да најдат начин да постигнат договор. „Ова беше долг ден и сакам уште еднаш да повторам дека се согласивме да ги продолжиме разговорите, на политички интелигентен начин, со цел да создадеме безбедност и стабилност за сите граѓани во регионот. Ова е наша обврска и одговорност“ – заклучи Борел....
24 Инфо | 12 часа
Нема напредок во дијалогот помеѓу Белград и Приштина, Курти одбил компромис
Во Брисел нема напредок по ниту едно прашање, бидејќи приштинскиот премиер Албин Курти одбива каков било компромис, пишува српскиот весник „Блиц“, повикувајќи се на свои извори од Брисел. Како што наведува весникот, во текот на вечерта или утре во текот на денот се очекува најважното обраќање на Вучиќ до нацијата. Претходно денеска претседателот на Србија од Брисел закажа средба со Србите од Косово, која ќе се одржи во недела во 11 часот во палатата „Србија“. На средбата беа поканети сите политички и институционални претставници на Србите во Косово, лидерите на Српската листа, сите српски градоначалници, началници на окрузи, директори на болници. Вучиќ и Курти со претставници од ЕУ разговараа речиси два часа....
24 Инфо | 12 часа
Козара, Леринска и Ловќенска утре без вода
Без вода утре од 10:30 часот ќе бидат корисниците од улица „Козара”. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, прекинот во водоснабдувањето е поради реконструкција на водоводна мрежа ф 80 мм на улица „Козара” бб. Без вода утре од 9 часот наутро ќе бидат корисниците на дел од улиците „Леринска” и „Ловќенска” во скопската населба Козле, информира јавното претпријатие „Водовод и канализација” – Скопје. Прекинот во водоснабдувањето е поради изведување на водоводен приклучок ф100 мм на улицата „Леринска” 1....
24 Инфо | 12 часа
Дизелот поскапува за два денари, цената на бензините останува иста
Дизелот и Екстра лесното масло за домаќинства поскапуваат за два денари од ноќеска на полноќ, а нема промени кај цените на бензините и на Мазутот М-1 HC, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ). Новата цена на дизел горивото – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) е 92 денари по литар, на Екстра лесното 88,5 денари по литар, а килограм Мазут М-1 HC ќе се продава за 52,814 килограми. За литар ЕУРОСУПЕР БС – 95 и натаму ќе се плаќа по 88,5 денари , а 91 денар за ЕУРОСУПЕР БС – 98. Со одлуката на РКЕВУ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,91 процент во однос на одлуката од 15. месецов. -Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,179 проценти, кај дизелот за 3,807 проценти, кај екстра лесното масло за 3,803 проценти и кај мазутот намалување во просек за околу 1,76 проценти. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој се формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,111 проценти, информира РКЕВУ....
24 Инфо | 12 часа
Антикорупциска не може да утврди корупција при јавните набавки во време на КОВИД поради системски слабости и вонредни услови
Најголем дел од јавните набавки за стоки и услуги во време на КОВИД-пандемијата биле спроведени со преговарање без објавување оглас поради итност. Антикорупциската комисија која по сопствена иницијатива отвори предмет, денеска на седница одлучи да го запре постапувањето со заклучок дека корупција не може да се потврди поради тоа што слабостите се должат пред се на немање ефикасен систем за набавки во вонредни услови и дека пандемискиот период бил „хаотична ситуација” во целиот свет. Катица Николовска, член на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), образложувајќи го предметот соопшти дека во нивната анализа избрале одредени јавни набавки на неколку институции – Владата на РСМ – Генерален секретаријат, Град Скопје, ЈЗУ Градска општа болница „8 Септември”, Институт за белодробни заболувања кај деца Козле, ЈЗУ Клиничка болница Штип, Министерство за внатрешни работи, Министерство за здравство, Општина Бутел, УКИМ – Медицински факултет. Од нив побарале и добиле документација за набавките, а од Државниот завод за ревизија побарале ревидирање на постапките за да се утврди незаконитост при спроведувањето и ДЗР го објавил извештајот на неговата веб-страница. Извештајот нотира бројни слабости при реализација на договорите за набавките и не е обезбедена задоволителна транспарентност, посочи Николовска. Поради итност на набавките не е вршено квалитетно планирање на набавките и покани за преговарање се доставени до помал број економски оператори и без анализа на количините на средства и опрема што се потребни. Дел од тендерските документации не им обезбедувале на економските оператори целосни и прецизни информации во врска со начинот на спроведување на постапките и не е обезбедена конкурентност за економските оператори. При анализата ДКСК предвид ги имала и полугодишните извештаи од мониторингот на јавните набавки на Центарот за граѓански комуникации кои, како што рече Николовска, постојано укажуваат на огромни разлики во цените за набавка на ист производ. -Проценетите вредности на набавките и натаму се многу високи од цените добиени на тендерите што може да упатува на ризик од намерно оставање простор за склучување договори по висока вредност за да има доволно место за коруптивни елементи. При набавка на реагенси, посебно во здравството, постои долгорочна зависност од фирмата чиј апарат за тестови го користи институцијата, што, пак, содржи ризик од плаќање високи цени за реагенси и можности од корупција. Овие наоди и состојби тешко дека можат да се поврзат со коруптивно постапување или да се квалификуваат како злоупотреба на службена должност туку упатуваат на системски слабости во законите, но и на неспособност на државните органи, пред се на Владата и Министерството за здравство, да воспостават систем на ефикасни јавни набавки за време на посебни услови, истакна Николовска. Посочи на вонредните услови во кои се правеле набавките и пречките со кои се соочувале економските оператори – зависност од увоз поради немање сопствено производство, обезбедување на транспортот врз кој влијаело и затворените граници итн. -Во една таква хаотична ситуација која владееше не само во Македонија, туку во целиот свет, кога побарувачката за овие стоки беше изместена од нормала на светско ниво, сметам дека е прилично големо постигнување да се обезбедат потребните средства, па дури и во поголеми количини за да се спасат човечки животи, рече Николовска. Постојниот закон за јавни набавки, посочи таа, предвидува спроведување централизирани јавни набавки преку одредено тело – механизам кој не бил искористен во услови на вонредна состојба. Не е искористена можноста Министерството за здравство да биде тело за централизирани набавки или да изготвува единствени технички спецификации со утврдени норми за квалитет за заштитни маски, мантили, скафандери, визири, ракавици, каљачи, средства за хигиена за сигурност на персоналот, спецификации што ќе се користат од сите јавни здравствени установи. -Се увидоа слабостите во Законот за јавни набавки и нужно се наметна потребата од дополнување и измени, но и одредби кои ќе ги дефинираат постапувањата на органите во време на вакви големи ситуации. Од сето ова произлегува дека во анализираните постапки ДКСК не можеше да потврди дека постојат коруптивни активности, иако е возможно, зашто секогаш постои воено профитерство, но битно е што треба да направиме во иднина за да не ни се случи истото, рече Николовска во заклучокот да се запре постапката за јавните набавки во време на КОВИД-пандемијата. Според ДКСК, треба да се воведе база на референтни цени и така да се надмине шареноликоста на цените за ист производ што го набавуваат различни институции. На седницата на Антикорупциската беше укажано и на проблемот од тоа што голем број договорни органи ангажираат надворешни фирми (правни лица) за спроведување на јавните набавки наместо за тоа да бидат задолжени лица од вработените. -Ова е голем простор за корупција бидејќи немаме увид кои фирми се ангажирани, на кој начин се поврзани со договорните органи, рече Николовска. Проблем и натаму се јавните набавки на добра кои не може да се класифицираат како неопходни во услови на КОВИД, а и во сегашната економска криза. Тука беа посочени набавките на возила во рангот на луксузни. Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска соопшти дека се набавени 150 возила со вкупна вредност од над 3,6 милиони евра, односно луксузни возила со поединечна вредност од 20.000 до 40 000 евра за коишто, рече, не се гледа потреба да се купуваат, особено во време на КОВИД. -Владата треба да донесе одлука за службените возила. Од една страна стега со даноци, а граѓаните ги иритира кога гледаат дека пари се трошат за луксузни возила кои се користат дури и за приватни цели. И кога се работи за службени цели, може да се помине со поевтини возила, рече Ивановска. Меѓу предметите за кои денеска расправаше ДКСК беше и анонимна пријава против директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) за злоупотреба на средства и ресурси при организација и посета на настан во јануари во Бугарија за заедничката седница на владите на Северна Македонија и Бугарија. На предлог на Владимир Георгиев, член и потпретседател на ДКСК, беше заклучено пријавата заедно со наводите и документите што ги прибрала ДКСК при постапувањето да се проследат до вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска зашто, како што рече, има елементи што упатуваат на повреда на Кодексот за етичко однесување на членови на Владата. СОЗР во соработка со МНР била задолжена за координација на превоз на новинари и сместување за наведениот настан. Според пријавата, вработени во СОЗР за хотелско сместување биле пријавени како новинари. Во пријавата против директорот на СОЗР имало и други наводи за можни злоупотреби за други патувања во странство и користење службени возила за приватни цели. Во однос на предметот од непознат пријавувач дека судијата и претседател на Управниот суд Бурим Сејдини ја злоупотребил службена положба со изборот на Муамед Сејдини за претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Антикорупциската утврди дека нема елементи на непотизам помеѓу двете лица и ја запре постапката. Имено, тие се трети братучеди што е шести степен роднини по крв од странична линија и не е повреден член од законот за спречување корупција и судир на интереси кој опфаќа лица во брачна заедница и роднини по крв од странична линија до четврти степен....
24 Инфо | 12 часа
Со манипулации неосновано се обвинува за бугаризација, a „славењето победа” на бугарските историчари е лажен триумфализам
На 15. август беа објавени решенијата на Заедничката мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања кои беа усвоени во 2018 и 2019 г., по што во јавноста излегоа реакции во кои доминираа клевети, обвинувања и манипулации за ненаучност, предавство и бугаризација, без притоа да се понудат аргументи за тоа. Оние малку аргументи што се нудат всушност се произволни, нестручни и селективни толкувања на историјата, со употреба на празна и исполитизирана реторика за наводна бугаризација на Македонија и Македонците. Најголемото разочарување и истовремено иронија е тоа што во голем дел обвинувањата за наводното предавство се повикуваат на македонската историографија, која впрочем веќе ги нотирала фактографските податоци наведени во решенијата на Комисијата. Да почнеме со ред и да повториме што Комисијата препорачала до Владите во Скопје и Софија и зошто сметаме дека критиките се лаги и манипулации со цел да се шири страв и да се лаже македонската јавност. Најголемата лага е дека текстовите со кои се препорачува заедничко чествување ќе бидат применети во образовниот систем. Во изминатите четири години при секоја можност, како и на брифингот со новинарите на 15 август, беше јасно кажано дека препораките за Кирил и Методиј, Наум, Климент и Самоил се за заедничко чествување, а дека препораките за учебниците се друга тема на дискусија на Комисијата. Личностите предложени за заедничко чествување се избрани поради нивното универзално значење за културите на современите држави и поради постоењето историски традиции во двете општества за нивната дејност. Ова се главните обвинувања и клевети за наводното предавство: 1. Браќата Кирил и Методиј биле толкувани како „бугарски словенски просветители”, а словенската писменост како „старобугарска”. 2. Недозволиво изедначување на Преславската со Охридската школа. 3. Св. Наум самоволно ја напуштил Бугарија и заминал кај Климент во Охрид. 4. Ќе се учи дека ширењето на христијанството и словенската писменост е бугарски проект. 5. Самоил е бугарски цар. 6. Препораките ги деградираат научните трудови и резултати на македонската историографија што ги создавала речиси 80 години наназад. Читајќи ги овие тврдења, човек се прашува дали воопшто ги прочитал некој текстовите за препорачаните личности за заедничко чествување? Да почнеме со Св. Кирил и Методиј. Во текстот никаде не се толкува дека тие се бугарски словенски просветители, а словенската писменост старобугарска. Во текстот пишува дека нивното дело „ги поставува основите на христијанската култура и духовност на словенските народи. Прифаќањето и ширењето на писменоста и преводите на богослужбените книги им овозможува на словенските народи да се запознаат со христијанското учење на разбирлив јазик.” Во продолжение се вели дека „делото на Св. Кирил и Методиј е сочувано и развивано во книжевните центри Преслав и Охрид, кои тогаш се наоѓале на територијата на средновековната бугарска држава, каде што нивните ученици наоѓаат услови за работа.” Каде овде се кажува за бугарски карактер на светите браќа и нивната мисија, или, целта е намерно да се лаже јавноста и свесно да се поттикнува страв дека некој ќе ги „бугаризира” Македонците? Во однос на учениците на Кирил и Методиј, Климент и Наум, доволно е да се види што пишува во трудовите на најреферентните македонски автори кои јасно кажуваат дека тие по прогонството во Моравија биле пречекани со високи почести од бугарскиот владетел Борис I (Историја на македонскиот народ, ИНИ, Скопје 2008, стр.95, Митко Панов). Во истата книга, од истиот автор се вели „Климент во 886 г. официјално бил испратен на мисионерска работа во областа Кутмичевица…”, каде што се наоѓал Охрид. Во главниот извор за животот на Климент Охридски се вели: „Како што некогаш апостол Павле беше испратен од ангелот во Македонија така и овој пат Св. Климент од страна на благоверниот цар Борис е испратен во охридските краишта, односно во областа Кутмичевица” (Свети Климент Охридски – хагиографија и химнографија, Македонска православна црква – Охридска архиепископија, Дебарко-кичевска епархија, Охрид 2016, 15.). На други места, врз основа на изворите се споменува за помошта што Наум ја имал од Борис I и Цар Симеон и дека Наум и Климент дејствувале во рамките на нивната држава (Тони Филиповски, „Свети Наум Охридски и неговите епитети: охридски и чудотворец”, во Зборник 1100 години од упокојувањето на Свети Наум Охридски, Охрид, 2011, с. 154, фусн. 4, како и други референтни автори). Зар треба да се спомене фактот дека во црквата во манастирот Св. Наум постои и фреска на Борис I. Тоа е сосема разбирливо со оглед на неговата улога во мисијата на Св. Наум и изградбата на манастирот. Тешко дека тоа би се случило доколку Наум самоволно заминал за Охрид. Но, сето тоа не им дава бугарски предзнак ниту на нивните духовни, ниту на нивните материјални дела. Исто така, дали спомнувањето на двете школи во иста реченица е аргумент дека тие се изедначуваат? На кој начин укажувањето на основните фактографски податоци од 9. и 10. век нас Македонците нè прави Бугари? Каде се споменува во текстовите дека овие личности се Бугари или Македонци? Зар веруваме дека во 9. и 10. век постоеле Македонци и Бугари како што постојат денес? Станува уште поинтересно што овие податоци се дел и од македонските учебници по историја за средно образование меѓу чии автори се оние историчари што деновиве овие фактографски податоци ги претставуваат како „бугаризација” (Тодор Чепреганов, Митко Панов и др., Историја за Прва година гимназиско образование, АЛБИ 2017, стр.150-152; Милан Бошкоски et al. Историја за Прва година гимназиско образование, Просветно дело 2016, стр.169-172). Според логиката на манипулациите досега ние одамна требаше да бидеме бугаризирани со оглед на тоа што се е нотирано во македонската историографија и македонското образование. Дали тоа значи дека некои од овие автори кои денес сеат страв дека со препораките за заедничко чествување ќе се „бугаризираат” Македонците, всушност ја започнале „бугаризацијата” на македонскиот народ уште пред повеќе од десет години? Зошто овие основни историографски податоци нотирани од страна на македонските историчари сега се проблем? И конечно, зошто недостига елементарна чесност од односните критичари да признаат дека препораките на Комисијата го содржат токму тоа што тие во своите трудови претходно го пишувале? Покрај ова, имаше и обвинувања дека се изоставени и други фактографски податоци значајни за овие личности и на тој начин се минимизирал нивниот македонски карактер, наспроти бугарскиот или дека требало да се потенцира терминот Словени и изведенките од него. Прво, разочарувачки е што во нападите овие историчари не сфатиле дека овие текстови не се научни статии во кои треба да се толкуваат фактите и дека во нив не може да се дадат сите податоци. Толкувањата и историографската дебата ќе продолжи и понатаму по овие препораки. Второ, не можеме да разбереме како би ги направиле овие личности македонски ако споменевме дека Св. Кирил и Методиј биле испратени од Византија во мисија во Моравија или дека се родени во Солун од родители Ромеи кои биле во служба на Византија и зборувале на грчки јазик? Трето, како потенцирањето на Словени ќе ги направи разликите помеѓу Македонците и Бугарите, кога и бугарскиот народ е словенски народ? Во однос на Цар Самоил, со усвоениот текст не е ништо ново кажано, што македонските историчари не го кажале и напишале. Македонските историчари кои го проучувале или го проучуваат Самоил го имаат нотирано она што Комисијата го нотираше. Имено, дека „во историографијата се оформил доста широк консензус (макар и не целосен) во однос на формата – бугарско царство, а како спорна се јавува содржината” (Стојко Стојков, Царство, етницитет, наследства, интерпретации, во: 1000 години од битката на Беласица и од смртта на Цар Самоил, ИНИ, МАНУ, 2014, 113). Во трудот „Политичко-идеолошките традиции на Самуиловата држава: реконцептуализација на историската интерпретација и контекстуализација” објавен во Прилози кон историјата на Македонија и македонската култура во издание на МАНУ од 2020 година, Митко Панов констатира: „Следејќи ја оваа византиска концепција, традиционалните учени ја претставуваат политиката на Самуил или како директно продолжување на Првата бугарска империја или како независна држава основана во Македонија што ги продолжува државните и црковните традиции на Бугарската империја”. Притоа, некои од „традиционалните учени” се всушност авторитети во современата медиевистика. Да ја споменеме и Енциклопедијата на МАНУ каде што се наведува следново: „Во изворите најчесто се именува како бугарски цар, а неговата држава како Бугарско царство”. Од друга страна за хипотезата дека Самуиловото царство е македонско царство се вели „таа не наишла на целосен прием ниту во македонската историографија” (Стојко Стојков, цит. труд, 119). Како овие текстови кои се предлог-препораки зошто Скопје и Софија би можеле да ги чествуваат овие личност, се деградирање на македонската историска наука, кога истата таа наука ги нотирала овие основни фактографски податоци? По кој начин со овие текстови ќе се негира етногенезата на македонскиот народ или ќе се бугаризира Македонецот? Освен празни реченици, би сакале да видиме конкретен аргумент и пример дека етногенезата на македонскиот народ ќе биде негирана. Македонската историографија има и знаење и капацитет да се справи со минатото и не треба со манипулации и политизации да се држи закотвена под стаклено ѕвоно. Во спротивно се задушува секаква слобода на научно изразување. Македонците ќе продолжат да ги слават и чествуваат овие личности како дел од македонската историја, култура и традиција, а евентуалното заедничкото чествување при јубилеи, годишнини и соодветни поводи може да претставува само начин да се покаже дека овие личности имаат универзален карактер. Ниту на едно место не се сугерира тоа што упорно некој сака да го прикаже. Ниту една од препораките не сугерира дека Македонците немаат право да ги слават самостојно своите национални и историски вредности и никој не ги „демакедонизира”, како што се манипулира, затоа што целосно легитимно е во националните политики на сеќавања, сето наследство од овие личности да се слави како национално наследство. Да се обратиме и до колегите историчари во Република Бугарија. „Ликувањето” и „славењето победа” од страна на бугарските историчари е несериозно и претставува лажен триумфализам кој само пречи на работата на Комисијата и на добрите односи меѓу македонскиот и бугарскиот народ. Во текстот никаде не се пишува за бугарски национален карактер на Македонија, на светите браќа Кирил и Методиј и нивните ученици, туку тоа е нивни обид да избегаат од фактот дека текстовите ги негираат националистичките теории востановени во Бугарија во кои се тврди дека старословенскиот е старобугарски или дека Кирил и Методиј се бугарски просветители. Тоа е така бидејќи очигледно не сакаат да прифатат дека во средниот век лојалноста е кон династија или круната и тоа не значи културна и етничка припадност, а употребата на политоними (Бугарија) не е еднакво на етноним. Исто така средновековните државни атрибути немаат идентитетско значење како што денес ги разбираме, посебно не во тој ран средновековен период. Впрочем, исто онака како што тврди и најголемиот дел од светската наука на која се повикавме во текстот за Цар Самоил. Затоа сметаме дека препораките се пораз на историските митови во двете држави и така треба да се читаат. На крајот сакаме да се заблагодариме и на другите колеги историчари од Институтот за национална историја, катедрата по историја при Филозофскиот факултет во Скопје и Универзитетот Гоце Делчев во Штип, кои беа консултирани во работата на Комисијата, како и на оние што беа дел од тимот кога овие препораки беа усвоени – проф. д-р Ванчо Ѓорѓиев, проф. д-р Дарко Стојанов и проф. д-р Александар Литовски....
24 Инфо | 12 часа
Срамно, ВМРО-ДПМНЕ почна да политизира и спортски настани
Соопштение за јавност – реакција на изјавата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ ВМРО-ДПМНЕ никако да се откаже од деструкциите и од неодговорното однесување. Колку оваа партија предводена од Христијан Мицкоски е заглавена во сопствената деструктивност, говори тоа што денеска ВМРО-ДПМНЕ без срам и перде се обиде да политизира врвен спортски настан како што е Охридскиот маратон и истиот да го злоупотреби во дневнопартиски цели. Владата на Република Северна Македонија и Агенцијата за млади и спорт ја преземаа организацијата на Охридскиот пливачки маратон и тој оваа година ќе се одржи како што се одржува секоја година шест децении наназад. Очигледно дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски изгубија секаков компас во нивното политичко дејствување откако им пропаднаа сите обиди за дестабилизација, сите крвави сценарија....
24 Инфо | 12 часа
Ковачевски – Лосон: Цврста поддршка од Обединетото Кралство за реализацијата на стратешките цели и на политиките за развој
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со Метју Лосон, новиот амбасадор на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во нашата држава. На состанокот е потврдено големото пријателство помеѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство и е потенцирана заедничката определба за унапредување на соработката во економијата, во одбраната – како партнерски држави во НАТО, во борбата против криминалот и корупцијата и е најавена поддршка на натамошните реформски процеси во државава. На средбата се упатени честитки за напредокот на нашата држава во евроинтеграциите и почетокот на преговорите со ЕУ, преку постигнатите мудри решенија во предлогот на француското претседателство со Советот на ЕУ. При тоа е пренесена цврста поддршка од Обединетото Кралство за реализација на стратешките цели на Република Северна Македонија, како што е полноправно членство во Европската Унија, по членството во НАТО. Изразена е и поддршка на политиките што водат кон развој на државата, преку инклузивност и соработка, во земјава и во регионот. На средбата е истакнато почитувањето од Обединетото Кралство на македонскиот јазик и на развојот на македонската култура. Исто така, заеднички е констатирано дека политиките на добрососедство даваат резултати во перспективите на земјава и на целиот регион. Во таа насока е нагласено и значењето на иницијативата Отворен Балкан. „Владата и јас како премиер сме насочени кон обезбедување подобар живот за граѓаните, преку примена на европските вредности во државата. Определени сме кон владеење на правото и независност на правосудниот систем. Водиме принципиелни политики на добрососедство со целосна посветеност кон националните и идентитетските определби. Во надворешната политика сме поставени стопроцентно на линија на политиките на ЕУ. И, очекуваме дека сите политички субјекти во земјава ќе ги надминат партиските интереси, со цел целосна реализација на втората стратешка цел – членството во ЕУ, што е едиствениот исправен пат и од којшто повеќе нема назад”, рече премиерот Ковачевски. На состанокот е разговарано и за надминувањето на предизвиците во енергетската област и за други актуелни прашања и за регионот и за светот, предизвикани од војната во Украина и од пандемијата....
24 Инфо | 13 часа
ЖРСМ Инфраструктура и ИНФРАКОС ќе аплицираат за грант од 700.000 евра за прекугранична соработка
авното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ и Косовската железничка инфраструктура ИНФРАКОС АД ќе работат на заеднички проекти од значење за пограничниот појас на двете држави, ќе воспостават заедничка погранична станица и ќе разменуваат искуства. Директорот на ЖРСМ Инфраструктура, Хари Локвенец и заменик директорот на ИНФРАКОС АД Џеват Рамосај денеска во Скопје потпишаа Меморандум за соработка што ќе биде основа на идните активности. -Прва активност ќе биде апликација за 700.000 евра грант од Фондот на Европската унија за прекугранична соработка, најави Локвенец. Рамката за соработка помеѓу двете институции се поставува врз основа на Законот за ратификација на Спогодбата помеѓу владите на двете држави за регулирање на железничкиот сообраќај....
24 Инфо | 13 часа
Над 300 млади од Струмичко не се во образовниот процес
Над 300 млади од струмичкиот микро регион не се во образовниот процес, а најголем процент од нив се од Струмица, потоа Босилово, Василево и Ново Село. Ова го објави Центарот за истражување и анализи „НОВУС” од Струмица во рамки на проектот „Иницијатива за социо-економско зајакнување на младите од Струмичкиот регион”. Според нив, податоците за најголем број необразовани во Струмица се такви заради тоа што во Струмица на возраст од 18 до 30 години според пописот има најголем број на млади-7.356, додека пак во Ново Село има најмал број на млади-785. Додаваат дека спровеле мапиирање на „НЕЕТ” категории (млади кои не се вработени, не се во образование ниту во обука, млади луѓе кои не се во работен однос, невработени млади луѓе и млади кои се економски неактивни, односно млади луѓе кои не работат и не се во можност да работат или не бараат работа и не се во образование или не посетуваат некакви обуки), а истото се базира на податоците од спроведениот попис минатата година, податоци кои се јавно достапни и ги има обработено Државниот завод за статистика. -Според истражувањето и податоците од последниот попис и јавно достапните информации од Државниот завод за статистика, од вкупно 11.446 млади во овој регион во образовниот процес се 97,25 отсто, додека 2,75 отсто не се. Иако процентот за млади кои не се во образовен процес е мал, како причина за ваквата состојба е што во овој микро регион има три средни училишта, кои се лоцирани во Струмица. Според фокус групи и директни одговори на млади од НЕЕТ категорија спроведени во минатото, како една од главните причини кои претставуваат потешкотија за млади со помалку можности да го продолжат своето образование е потешкотиите кои им се јавуваат во однос со можности за транспорт од руралните средини, велат од „НОВУС”. Според истражувањето, во струмичкиот микро регион балансот помеѓу население кое живее во рурални и урбани средини е речиси 50/50 отсто и затоа се јавува потребата да се утврди колку од младата популацијата во овој регион се млади со помалку можности и млади од „НЕЕТ” категории. Покрај испитувањето на причините кои доведуваат до тоа младите да не се во образовниот процес, од „НОВУС” најавуваат дека во истражувањето ќе бидат опфатени и други категории млади, како и причините кои доведуваат тие да бидат надвор од процесот на пазарот на трудот Стапката на младите „НЕЕТ” лица во Македонија изнесувала 31,2 отсто во 2016 година, во споредба со просечната стапка од 13,9 проценти во земјите на ОЕСD1 . Од нив, околу 83.000 биле невработени и 53.000 биле неактивни. Долгорочно невработените лица имаат најголем удел во „НЕЕТ” (43,4 проценти), следени од 26,2 отсто млади лица со семејни обврски или обврски за грижа. Тие се пред сè млади жени на возраст од 25-29 години што завршиле само основно образование и живеат во руралните подрачја. „НЕЕТ” се позастапени во старосната категорија од 25-29 години меѓу жените и лицата со завршено средно образование. Обесхрабрените и долгорочните „НЕЕТ” се претежно мажи, додека, пак, семејните обврски речиси исклучиво се поднесуваат од младите жени.Невработените и обесхрабрените „НЕЕТ” со помала веројатност припаѓаат на сиромашни домаќинства. Стапката на младите „НЕЕТ” е највисока во североисточниот регион (40,7 отсто), следен од полошкиот регион (37,6 отсто) и југозападниот регион (34,7 отсто). Проектот го спроведува Центар за истражување и анализи НОВУС, поддржан од мрежата и програмата „Youth Bank Hub Western Balkan and Turkey”, имплементиран од Фонадацијата „Ане и Владе Дивац” во партнерство со „Youth Alliance” со финансиска поддршка на ЕУ....
24 Инфо | 13 часа
Почна средбата Зеленски – Ердоган во Лвов
Во украинскиот град Лвов во тек е средбата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и украинскиот Володимир Зеленски, што е прва нивна средба од почетокот на војната. По средбата е предвиден трилатерален состанок со учество и на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. Од кабинетот на Ердоган е соопштено дека тројцата соговорници ќе разговараат за можните дипломатски чекори што би можеле да бидат спроведени за запирање на руско-украинската војна, како и за зајакнување на активностите по однос воспоставениот механизам за извоз на украинското жито и храна на светскиот пазар....
24 Инфо | 13 часа
Исплашеното ВМРО-ДПМНЕ преку нарачани текстови фабрикува случај против носителот Стојановски
Очигледно дека ВМРО-ДПМНЕ е исплашена од се поголемата поддршка што советничката листа на СДСМ и коалицијата секојдневно ја добива. Затоа, денеска, на еден ден пред изборниот молк, преку нарачани текстови во медиуми под партиска контрола, прави конструкции против носителот на листата на СДСМ и коалицијата, Глигорије Стојановски. Вистината е дека пресудата на Апелациониот суд во Гостивар под број РОЖ 106/21 која ја објавија дел од медиуми, како дел од конструкцијата, од страна на Врховниот суд се ПРЕИНАЧУВА а жалбата на тужителката се ОДБИВА и истата се задолжува да плати и судски трошоци. Документот во прилог ги демантира наводите на медиумите кои имаат за цел единствено да го оцрнат носителот на советничката листа на СДСМ и коалицијата Стојановски. Ваквите ниски обиди само го потврдуваат стравот на ВМРО-ДПМНЕ од извесниот изборен дебакл што ќе им се случи на изборите во сабота....
24 Инфо | 13 часа
Реакција на македонскиот тим во Заедничката мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања
На 15. август беа објавени решенијата на Заедничката мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања кои беа усвоени во 2018 и 2019 г., по што во јавноста излегоа реакции во кои доминираа клевети, обвинувања и манипулации за ненаучност, предавство и бугаризација, без притоа да се понудат аргументи за тоа. Оние малку аргументи што се нудат всушност се произволни, нестручни и селективни толкувања на историјата, со употреба на празна и исполитизирана реторика за наводна бугаризација на Македонија и Македонците. Најголемото разочарување и истовремено иронија е тоа што во голем дел обвинувањата за наводното предавство се повикуваат на македонската историографија, која впрочем веќе ги нотирала фактографските податоци наведени во решенијата на Комисијата. Да почнеме со ред и да повториме што Комисијата препорачала до Владите во Скопје и Софија и зошто сметаме дека критиките се лаги и манипулации со цел да се шири страв и да се лаже македонската јавност. Најголемата лага е дека текстовите со кои се препорачува заедничко чествување ќе бидат применети во образовниот систем. Во изминатите четири години при секоја можност, како и на брифингот со новинарите на 15 август, беше јасно кажано дека препораките за Кирил и Методиј, Наум, Климент и Самоил се за заедничко чествување, а дека препораките за учебниците се друга тема на дискусија на Комисијата. Личностите предложени за заедничко чествување се избрани поради нивното универзално значење за културите на современите држави и поради постоењето историски традиции во двете општества за нивната дејност. Ова се главните обвинувања и клевети за наводното предавство: 1. Браќата Кирил и Методиј биле толкувани како „бугарски словенски просветители”, а словенската писменост како „старобугарска”. 2. Недозволиво изедначување на Преславската со Охридската школа. 3. Св. Наум самоволно ја напуштил Бугарија и заминал кај Климент во Охрид. 4. Ќе се учи дека ширењето на христијанството и словенската писменост е бугарски проект. 5. Самоил е бугарски цар. 6. Препораките ги деградираат научните трудови и резултати на македонската историографија што ги создавала речиси 80 години наназад. Читајќи ги овие тврдења, човек се прашува дали воопшто ги прочитал некој текстовите за препорачаните личности за заедничко чествување? Да почнеме со Св. Кирил и Методиј. Во текстот никаде не се толкува дека тие се бугарски словенски просветители, а словенската писменост старобугарска. Во текстот пишува дека нивното дело „ги поставува основите на христијанската култура и духовност на словенските народи. Прифаќањето и ширењето на писменоста и преводите на богослужбените книги им овозможува на словенските народи да се запознаат со христијанското учење на разбирлив јазик.” Во продолжение се вели дека „делото на Св. Кирил и Методиј е сочувано и развивано во книжевните центри Преслав и Охрид, кои тогаш се наоѓале на територијата на средновековната бугарска држава, каде што нивните ученици наоѓаат услови за работа.” Каде овде се кажува за бугарски карактер на светите браќа и нивната мисија, или, целта е намерно да се лаже јавноста и свесно да се поттикнува страв дека некој ќе ги „бугаризира” Македонците? Во однос на учениците на Кирил и Методиј, Климент и Наум, доволно е да се види што пишува во трудовите на најреферентните македонски автори кои јасно кажуваат дека тие по прогонството во Моравија биле пречекани со високи почести од бугарскиот владетел Борис I (Историја на македонскиот народ, ИНИ, Скопје 2008, стр.95, Митко Панов). Во истата книга, од истиот автор се вели „Климент во 886 г. официјално бил испратен на мисионерска работа во областа Кутмичевица…”, каде што се наоѓал Охрид. Во главниот извор за животот на Климент Охридски се вели: „Како што некогаш апостол Павле беше испратен од ангелот во Македонија така и овој пат Св. Климент од страна на благоверниот цар Борис е испратен во охридските краишта, односно во областа Кутмичевица” (Свети Климент Охридски – хагиографија и химнографија, Македонска православна црква – Охридска архиепископија, Дебарко-кичевска епархија, Охрид 2016, 15.). На други места, врз основа на изворите се споменува за помошта што Наум ја имал од Борис I и Цар Симеон и дека Наум и Климент дејствувале во рамките на нивната држава (Тони Филиповски, „Свети Наум Охридски и неговите епитети: охридски и чудотворец”, во Зборник 1100 години од упокојувањето на Свети Наум Охридски, Охрид, 2011, с. 154, фусн. 4, како и други референтни автори). Зар треба да се спомене фактот дека во црквата во манастирот Св. Наум постои и фреска на Борис I. Тоа е сосема разбирливо со оглед на неговата улога во мисијата на Св. Наум и изградбата на манастирот. Тешко дека тоа би се случило доколку Наум самоволно заминал за Охрид. Но, сето тоа не им дава бугарски предзнак ниту на нивните духовни, ниту на нивните материјални дела. Исто така, дали спомнувањето на двете школи во иста реченица е аргумент дека тие се изедначуваат? На кој начин укажувањето на основните фактографски податоци од 9. и 10. век нас Македонците нè прави Бугари? Каде се споменува во текстовите дека овие личности се Бугари или Македонци? Зар веруваме дека во 9. и 10. век постоеле Македонци и Бугари како што постојат денес? Станува уште поинтересно што овие податоци се дел и од македонските учебници по историја за средно образование меѓу чии автори се оние историчари што деновиве овие фактографски податоци ги претставуваат како „бугаризација” (Тодор Чепреганов, Митко Панов и др., Историја за Прва година гимназиско образование, АЛБИ 2017, стр.150-152; Милан Бошкоски et al. Историја за Прва година гимназиско образование, Просветно дело 2016, стр.169-172). Според логиката на манипулациите досега ние одамна требаше да бидеме бугаризирани со оглед на тоа што се е нотирано во македонската историографија и македонското образование. Дали тоа значи дека некои од овие автори кои денес сеат страв дека со препораките за заедничко чествување ќе се „бугаризираат” Македонците, всушност ја започнале „бугаризацијата” на македонскиот народ уште пред повеќе од десет години? Зошто овие основни историографски податоци нотирани од страна на македонските историчари сега се проблем? И конечно, зошто недостига елементарна чесност од односните критичари да признаат дека препораките на Комисијата го содржат токму тоа што тие во своите трудови претходно го пишувале? Покрај ова, имаше и обвинувања дека се изоставени и други фактографски податоци значајни за овие личности и на тој начин се минимизирал нивниот македонски карактер, наспроти бугарскиот или дека требало да се потенцира терминот Словени и изведенките од него. Прво, разочарувачки е што во нападите овие историчари не сфатиле дека овие текстови не се научни статии во кои треба да се толкуваат фактите и дека во нив не може да се дадат сите податоци. Толкувањата и историографската дебата ќе продолжи и понатаму по овие препораки. Второ, не можеме да разбереме како би ги направиле овие личности македонски ако споменевме дека Св. Кирил и Методиј биле испратени од Византија во мисија во Моравија или дека се родени во Солун од родители Ромеи кои биле во служба на Византија и зборувале на грчки јазик? Трето, како потенцирањето на Словени ќе ги направи разликите помеѓу Македонците и Бугарите, кога и бугарскиот народ е словенски народ? Во однос на Цар Самоил, со усвоениот текст не е ништо ново кажано, што македонските историчари не го кажале и напишале. Македонските историчари кои го проучувале или го проучуваат Самоил го имаат нотирано она што Комисијата го нотираше. Имено, дека „во историографијата се оформил доста широк консензус (макар и не целосен) во однос на формата – бугарско царство, а како спорна се јавува содржината” (Стојко Стојков, Царство, етницитет, наследства, интерпретации, во: 1000 години од битката на Беласица и од смртта на Цар Самоил, ИНИ, МАНУ, 2014, 113). Во трудот „Политичко-идеолошките традиции на Самуиловата држава: реконцептуализација на историската интерпретација и контекстуализација” објавен во Прилози кон историјата на Македонија и македонската култура во издание на МАНУ од 2020 година, Митко Панов констатира: „Следејќи ја оваа византиска концепција, традиционалните учени ја претставуваат политиката на Самуил или како директно продолжување на Првата бугарска империја или како независна држава основана во Македонија што ги продолжува државните и црковните традиции на Бугарската империја”. Притоа, некои од „традиционалните учени” се всушност авторитети во современата медиевистика. Да ја споменеме и Енциклопедијата на МАНУ каде што се наведува следново: „Во изворите најчесто се именува како бугарски цар, а неговата држава како Бугарско царство”. Од друга страна за хипотезата дека Самуиловото царство е македонско царство се вели „таа не наишла на целосен прием ниту во македонската историографија” (Стојко Стојков, цит. труд, 119). Како овие текстови кои се предлог-препораки зошто Скопје и Софија би можеле да ги чествуваат овие личност, се деградирање на македонската историска наука, кога истата таа наука ги нотирала овие основни фактографски податоци? По кој начин со овие текстови ќе се негира етногенезата на македонскиот народ или ќе се бугаризира Македонецот? Освен празни реченици, би сакале да видиме конкретен аргумент и пример дека етногенезата на македонскиот народ ќе биде негирана. Македонската историографија има и знаење и капацитет да се справи со минатото и не треба со манипулации и политизации да се држи закотвена под стаклено ѕвоно. Во спротивно се задушува секаква слобода на научно изразување. Македонците ќе продолжат да ги слават и чествуваат овие личности како дел од македонската историја, култура и традиција, а евентуалното заедничкото чествување при јубилеи, годишнини и соодветни поводи може да претставува само начин да се покаже дека овие личности имаат универзален карактер. Ниту на едно место не се сугерира тоа што упорно некој сака да го прикаже. Ниту една од препораките не сугерира дека Македонците немаат право да ги слават самостојно своите национални и историски вредности и никој не ги „демакедонизира”, како што се манипулира, затоа што целосно легитимно е во националните политики на сеќавања, сето наследство од овие личности да се слави како национално наследство. Да се обратиме и до колегите историчари во Република Бугарија. „Ликувањето” и „славењето победа” од страна на бугарските историчари е несериозно и претставува лажен триумфализам кој само пречи на работата на Комисијата и на добрите односи меѓу македонскиот и бугарскиот народ. Во текстот никаде не се пишува за бугарски национален карактер на Македонија, на светите браќа Кирил и Методиј и нивните ученици, туку тоа е нивни обид да избегаат од фактот дека текстовите ги негираат националистичките теории востановени во Бугарија во кои се тврди дека старословенскиот е старобугарски или дека Кирил и Методиј се бугарски просветители. Тоа е така бидејќи очигледно не сакаат да прифатат дека во средниот век лојалноста е кон династија или круната и тоа не значи културна и етничка припадност, а употребата на политоними (Бугарија) не е еднакво на етноним. Исто така средновековните државни атрибути немаат идентитетско значење како што денес ги разбираме, посебно не во тој ран средновековен период. Впрочем, исто онака како што тврди и најголемиот дел од светската наука на која се повикавме во текстот за Цар Самоил. Затоа сметаме дека препораките се пораз на историските митови во двете држави и така треба да се читаат. На крајот сакаме да се заблагодариме и на другите колеги историчари од Институтот за национална историја, катедрата по историја при Филозофскиот факултет во Скопје и Универзитетот Гоце Делчев во Штип, кои беа консултирани во работата на Комисијата, како и на оние што беа дел од тимот кога овие препораки беа усвоени – проф. д-р Ванчо Ѓорѓиев, проф. д-р Дарко Стојанов и проф. д-р Александар Литовски....
24 Инфо | 13 часа
Улица „Козара” утре без вода
Без вода утре од 10:30 часот ќе бидат корисниците од улица „Козара”. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, прекинот во водоснабдувањето е поради реконструкција на водоводна мрежа ф 80 мм на улица „Козара” бб....
24 Инфо | 13 часа
Шест избирачки места во Маврово Ростуше со помалку од десет гласачи
Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница информираше дека во шест избирачки места на територија на општината Маврово Ростуше има помалку од 10 гласачи запишани во избирачкиот список, така што таму нема да се спроведе гласање. Гласачите се упатуваат во најблиските избирачки места, а Општинската изборна комисија Маврово Ростуше треба да го организира гласањето за градоначалник на овие граѓани во сабота, на 20 август. – ДИК согласно податоците од заклучениот избирачки список за изборите за градоначалник во Маврово и Ростуше и во Центар Жупа и за советници во Тетово констатира дека од вкупно 172 избирачки места во овие општини во шест избирачки места во Маврово Ростуше се евидентирани помалку од десет гласачи, информираше членот на ДИК Бобан Стојановски. Станува збор за избирачки места во Маврово и Ростуше и тоа 463 во селата Лазарополе, Селце, Росоки и Тресонче каде што се евидентирани шест гласачи, 482 во селото Бибај со осум гласачи, 484 во село Нивиште со шест избирачи, 485 со седум гласачи во селото Грекај, 487 во село Богдево со пет гласачи и избирачко место 489 со седум гласачи во село Беличница. На седницата беше усвоен Кодекс за начинот на набљудување на изборите, за градоначалник во Маврово и Ростуше и во Центар Жупа, како и за советници во Тетово. Исто така, ДИК акредитираше и дополнителен број набљудувачи на овие избори....
24 Инфо | 13 часа
Владина делегација положи свежо цвеќе по повод 18 август-Денот на Армијата на Република Северна Македонија
Делегација на Владата на Република Северна Македонија предводена од заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, а придружуван од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и заменик-министерот за одбрана, Башким Хасани, по повод 18 август – Денот на Армијата на Република Северна Македонија, положи венци свежо цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел, и на гробовите на генерал Михајло Апостолски и на починатите претседатели на државата и врховни команданти на Армијата, Киро Глигоров и Борис Трајковски. На одбележувањето на 79-годишнината од формирањето на баталјонот „Мирче Ацев”, првата регуларна воена единица во Македонија во НОБ по која 18 август е прогласен за Ден на Армијата, одбележуваме и 30 години постоење на Армијата на Република Северна Македонија, се сеќаваме на вековната борба на македонските борци за слобода кои со својата несебична жртва, оставија силен печат вграден во темелите на македонската држава. Армијата на Република Северна Македонија на највисоко ниво покажува зрелост, професионалност и посветеност, што се очекува од припадниците на современите вооружени сили и заедно со останатите сојузнички војници на земјите-членки на НАТО, дејствува согласно стандардите на Алијансата, учествува во меѓународни мировни мисии, давајќи свој придонес во зачувувањето на глобалниот мир и безбедност....
24 Инфо | 13 часа
Честитка од министерот Спасовски по повод „30 години Армија”
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го честиташе јубилејот „30 години Армија” и 18 Август – Денот на Армијата на Република Северна Македонија. Тој порача дека храброста, посветеноста и професионализмот се одликите што македонската Армија ги акумулира во тридецениското постоење и работење на Армијата, на жените и мажите војници кои низ годините бескомпромисно ги демонстрираа овие вредности во одбрана на татковината. -Првиот партизански одред, баталјонот „Мирче Ацев” од 1943 година служеше како патоказ за зачеток и развој на нашата Армија, за сигурен пат до целта – членството во НАТО, како дел од системот за колективна одбрана и конечно, како фактор за мир и стабилност во регионот, пишува Спасовски на својот Фејсбук-профил. Министерот во честитката додаде дека Армијата, рамо до рамо со полициските службеници, пожарникарите, медицинскиот персонал и солидарните и општествено одговорни граѓани, е секогаш во првите редови, во кризни ситуации и вонредни состојби. Упати посебно признание за севкупниот придонес за безбедноста на сегашните и идни генерации. – Нека е честит јубилејот 30 години Армија и за многу години Денот на Армијата на Република Северна Македонија – 18 Август!, порача министерот Спасовски....
24 Инфо | 13 часа
Тренчевска ги посети децата корисници на бесплатната услуга за одмор и рекреација на деца од семејства во социјален ризик и други права во Крушево
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска ги посети децата-корисници на бесплатната услуга за одмор и рекреација на деца од семејства во социјален ризик, деца корисници на посебен додаток и други права за 2022 година во одморалиштето „Шула Мина” во Крушево. Министерството за труд и социјална политика оваа година обезбеди летување за 250 деца родени во периодот од 2008 до 2011 година кои се редовни ученици во основно училиште, од семејства во социјален ризик (детски додаток, образовен додаток и гарантирана минимална помош) како и деца корисници на посебен додаток до 26 години. Во моментов во тек е летувањето на втората група на деца со околу 125 корисници. Министерката истакна дека реализацијата на овој проект е овозможена со поддршка на Црвениот Крст кој што обезбеди волонтери кои се присутни за време на летувањето на планираните групи и се грижат за реализација на активностите во рамките на проектот како и за безбедноста и добросостојбата на корисниците. Услугата опфаќа престој од 6 полни пансиони со три оброка во денот кој што се однесуваат и на придружникот кој што е присутен тука заедно со корисникот. Активностите кои што се дел од летувањето се од едукативен карактер. „Ова претставува активен одмор за децата во кој се вклучени воспитно – образовни, спортско-рекреативни и културно-забавни активности. Социјализацијата на децата е една од најбитните компоненти за среќни детски мигови, токму ваквата иницијатива и нејзината реализација ќе придонесе кон исполнување на ваквата цел. Министерството продолжува со унапредување на квалитетот на живот на децата и овозможување на еднакви можности каде што во фокус се децата од социјален ризик, ” рече Тренчевска. Министерката информираше дека Министерството за труд и социјална политика во својата агенда го има и планот за зимување. „Задоволството на детските лица уште еднаш покажа дека зголемувањето на обемот на социјални услуги директно влијае и го унапредува квалитетот на живот на нашите граѓани. Како министерка уште еднаш ги потврдувам нашите заложби за овозможување на еднакви можности на лицата со попреченост и лицата во социјален ризик,” порача Тренчевска од Крушево. Бесплатната услуга за одмор и рекреација се реализира по две години пауза поради пандемијата со Ковид 19. За нејзина реализација од буџетот на министерството беа наменети два милиони денари....
24 Инфо | 14 часа
Осум починати лица и 491 нови случаи на Ковид-19
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство известува дека во последните 24 часа се направени 1108 тестови, а регистрирани се нови 491 случаи на ковид-19: Скопје – 203, Битола – 38, Куманово – 31, Прилеп и Охрид – по 24, Кавадарци – 22, Тетово – 21, Струмица – 17, Неготино – 16, Кочани – 12, Делчево – 11, Гостивар и Штип – по 10, Гевгелија – 9, Крива Паланка – 6, Велес, Струга, Берово и Дебар – по 5, Свети Николе – 4, Виница и Богданци – по 3, Пехчево – 2, Кичево, Радовиш, Пробиштип, Македонски Брод и Демир Капија – по 1. Од вкупниот број позитивни (491), регистрирани се 139 реинфекции. Регистрирани сe 595 оздравени пациенти од: Скопје – 231, Охрид – 74, Куманово – 32, Битола – 28, Струга – 27, Кавадарци – 26, Струмица – 21, Прилеп – 18, Гостивар и Штип – по 17, Кочани – 16, Тетово и Велес – по 12, Неготино и Дебар – по 9, Гевгелија – 8, Свети Николе и Радовиш – по 6, Ресен и Кратово – по 5, Берово и Кичево – по 4, Делчево, Виница, Богданци, Пехчево, Пробиштип, Демир Капија, Валандово и Македонска Каменица – по 1. Во текот на изминатите 24 часа, пријавени се 3 починати лица, од Охрид (75г), Струга (56г) и Велес (78г). Трите лица се починати во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“ се регистрирани 5 починати лица, две починати лица од Куманово (75г и 87г)) и по едно починато лице од Скопје (67г), Гевгелија (84г) и Кавадарци (84г). Три лица се починати во болнички услови, две во домашни услови. Лицата се пријавени за починати во период од 5 август до 13 август 2022 година. Направени се 1108 теста преку: ИЈЗ-135, ЦЈЗ Скопје-91, ЦЈЗ Битола-37, ЦЈЗ Прилеп-13, ЦЈЗ Тетово-29, ЦЈЗ Куманово-43, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-14, УК Пулмологија со алергологија–2, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–120, Жан Митрев (Филип Втори)-10, Авицена-23, Биотек-24, Систина-24, лабораторија Лаор-12, Синлаб-9, Ремедика-5, Плодност-11, Генеа-6, Никоб Лаб-21, ВФВ Медикал-1, Ели Медика Плус-4, Ројал Медика–2, Спектра-ММ-5, Рапид Лаб–4, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-3, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 460. Досега во земјата се направени вкупно 2 140 325 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 337 040, бројот на оздравени пациенти е 324 120, на починати е 9437, а бројот на активни случаи изнесува 3483....
24 Инфо | 14 часа
Димитриевски со честитка по повод Денот на Армијата-Куманово е пример на високо ниво на цивилно-воена соработка
Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, денеска го честиташе 18-ти август – Денот на македонската Армија и 30-годишниот јубилеј. Во честитката, тој потсетува на извонредната сорабокта на општината со припадниците на Армијата. – Општина Куманово е вистински пример за високо ниво на цивилно-воена соработка, каде заедно со припадниците на Армијата делувавме и соработувавме во услови на кризи, вршевме дезинфекција на јавните објекти, дистрибуиравме пакети со социјална помош, воведовме редарски служби, гасневме пожари, но заедно и празнувавме, заедно организиравме едукативни настани, донации и работни акции за пошумување и разубавување на наше Куманово, истакнува Димитриевски. Тој вели дека Армијата е синоним за храброст, посветеност, праведност, еднаквост и професионализам во служба на државата. – Генерации и генерации со посветеност ја граделе и вложувале во нашата Армија, а наша обврска е да продолжиме да ја надоградуваме со нови професионални кадри, како и нова опрема, заедно со нашите партнери во НАТО, рече Димитриевски....
24 Инфо | 14 часа
Руските власти најавуваат затворање на НЕ „Запорожје” доколку украинските сили продолжи со гранатирање
Претставник на руското Министерство за одбрана денеска објави дека нуклеарната централа Запорожје може да биде затворена доколку украинските сили продолжат со гранатирање на областа на централата, што Киев негира дека го прави. Игор Кирилов, шефот на руските сили за заштита од радиоактивни, хемиски и биолошки напади, рече дека украинските напади ги оштетиле системите за поддршка на нуклеарната централа и дека во случај на нуклеарна несреќа, радиоактивен материјал ќе ги покрие Германија, Полска и Словачка. Кирилов рече и дека акциите на украинските вооружени сили на територијата на нуклеарната централа може да доведат до ситуација слична на нуклеарната несреќа во Фукушима. Портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков денеска објави тврдења дека Украинците утре планираат да извршат артилериски напади на територијата на нуклеарната централа Запорожје од Никопол....
24 Инфо | 14 часа
Бугарско МНР: Дебатите во Скопје се „за“ или „против“ членство во ЕУ
Софија ги регистрира критиките во македонската јавност на бугарска адреса, но засега нема да реагира за говор на омраза. Експертот од бугарското МНР, Жељазко Радуков, оцени дека по објавувањето на Протоколот меѓу двете земји и препораките на историчарите, во јавната дебата во Македонија се користат многу аргументи и псевдо-аргументи. Според него, дебатата се одвива меѓу две сили кои се позиционираат во општеството – оние кои се за членство во Унијата и сакаат добрососедски односи и оние кои се против ЕУ и европските вредности. -Коментарите кои беа упатени по објавувањето на Протоколот и препораките на Историската комисија се од лица кои не се во раководството на Република Северна Македонија и се насочени во внатрешно-политички контекст. Ние внимателно го следиме ова прашање и ќе решиме дали и кога ќе реагираме, но не и во оваа етапа – рече Радуков. Тој истакна дека со Протоколот потпишан минатиот месец меѓу Бујар Османи и Теодора Генчовска започнал процес на враќање на довербата. Радуков очекува овој процес да биде бавен, но вели дека првите чекори се охрабрувачки и двете земји засега ги исполнуваат преземените обврски....
24 Инфо | 14 часа
Владата и МОН ги укинаа стипендиите на македонските граѓани кои ќе успеат да се запишат на најдобрите 100 светски универзитети според Шангајската листа
Владата им наштети на младите македонски интелектуалци, укинати се стипендиите за студирање на најдобрите светски универзитети Министерството за образование и наука предводено од кадар на ДУИ одлучи да ги укине стипендиите за македонските граѓани кои ќе успеат да се запишат на додипломски, магистерски или докторски студии на некој од најдобрите 100 светски универзитети според Шангајската листа. Мерка која беше воведена од ВМРО-ДПМНЕ уште пред повеќе од 10 години и која беше одлична можност за стекнување знаења и искуства од најдобрите професори во светот и нивно пренесување во сопствената земја. Отсега таа можност, за жал, новите генерации нема да ја имаат, а причината за нејзино укинување, не е објаснета. Дали тоа е поради колапсот на државниот буџет како резултат на неговото лошо менаџирање? Дали е желба на Ковачевски и дружината кои и онака го урнисуваат образовниот систем во сите негови сегменти водејќи се по логиката колку понеедуциран народ, толку полесно се владее со државата? Што со оние студенти кои токму поради објавените конкурси за доделување на овие стипендии на почетокот на годината, аплицирале на некој од најдобрите универзитети во светот каде и се примени и за тоа очекувале поддршка од државата? Дали сте свесни како тие се чувствуваат и како им е на нивните родители? Има пари за нови автомобили за функционерите, за ресторани, бифтеци, за златни лажици и виљушки и што ли уште не, а нема пари за поддршка на младината која успева да се пробие во светот на академското знаење и науката. Одамна вашите чувства кон народот и кон обичниот граѓанин се изгубени. Затоа и водите политика која ги полни само вашите џебови, ги остварува вашите желби и потреби, а не го јакне стандардот на граѓаните. Но, затоа и рејтингот ви е нула и затоа брзо ќе бидете сменети. Нова народна Влада ќе го врати тоа што вие им го одземавте на граѓаните, а најпрво достоинството!...
24 Инфо | 14 часа
Министерството за одбрана на прво место со 100 процентна активна транспарентност според истражувањето на Центарот за граѓански комуникации
Министерството за одбрана продолжува да биде лидер во активната транспарентност, според Индексот за активна транспарентност на Центарот за граѓански комуникации. Ова е трета година по ред одбраната да биде рангирана на првото место, а втора година со освоени максимални 100 проценти. Индексот за активна транспарентност ги рангира сите институции во државата, на локално и на централно ниво од 2016 година, а Министерството за одбрана од 45-тото место со 47,6% на почетокот на мерењата, достигна прво место со максимален процент. Како што се наведува во истражувањето, „министерството се наоѓа на 1-та позиција не само меѓу министерствата, туку и меѓу вкупно 98 рангирани институции втора година последователно. Ова министерство особено ја подобрува својата активна транспарентност од 2018 година наваму”. Министерката Петровска од самиот почеток посочи дека отвореноста на одбраната и активната транспарентност на Министерството продолжува да биде една од врвните приоритети на нејзиниот мандат и дека одбраната ќе продолжи да биде во служба на јавниот интерес и отвореноста кон граѓаните. Изминатиот период, Министерството постави нов дизајн на веб-страницата, со што првенствено драстично ја подобри безбедноста на веб-страницата, а ја подобри и функционалноста и достапноста на поставените информации. На веб-страницата можат да се најдат видат сите документи за работата на министерството кои се од јавен интерес, како јавните набавки, буџетот, стратегиските документи, платите на функционерите и раководството на институцијата и сите информации од јавен карактер, поставени на посебната подстраница на веб-страната под наслов „Јавноста има право да знае”....
24 Инфо | 14 часа
Охридскиот пливачки маратон сепак ќе се организира
Годинава треба да се одржи 60. јубилејно издание на Охридскиот пливачки маратон, кој поради блокирана сметка на Националната пливачка федерација (НПФ) беше објавено дека спортската манифестација се откажува. Веста ја разбранува јавноста во Македонија. На денешните прозивски и полемики кој е виновникот за откажувањето на Охридскиот пливачки маратон, експресно регаираа и државните институции, кои најавија дека нема да дозволат да се прекине 60-годишната традиција на една од најстарите спортски манифестации во земјава. Ќе ја преземат организацијата под свое Агенцијата за млади и спорт, со поддршка од Владата на Македонија. Повеќе детали за одржувањето на годинашното издание од Охридскиот маратон, ќе обелодени директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски ќе соопшти утре, петок, 19 август, на прес-конференција која ќе се одржи во 10.00 часот во просториите на општината Охрид....
24 Инфо | 15 часа
Завршена реконструкцијата на испуст за атмосферска вода по дел од ул.Беласица
Заврши реконструкцијата на испустот за атмосферска вода во реката Вардар по дел од ул.Беласица како и доградбата на шахта за овој испуст. Со оваа инвестиција на ЈП Водовод и канализација – Скопје, за реконструкција на испустот за атмосферска вода во реката Вардар по дел од ул.Беласица како и доградбата на шахта за овој испуст во висина од 1.024.697,00 денари, се овозможија услови за непречено одводнување на атмосферската вода во овој дел од градот. На потегот од крстосницата на бул.Гоце Делчев, ул.Беласица и новоизведениот бул.АСНОМ (кај East Gate) кон реката Вардар, односно кон новиот мост кој води кон Железничка станица, постоеше атмосферски колектор со дијаметар 1200/1800мм кој завршуваше во Вардар со испуст чиј дијаметар беше 900мм . Долгогодишното искуство во одржувањето на градскиот канализационен систем покажа дека во услови на обилни врнежи токму овој испуст е со тесно грло. Со изведбата на оваа реконструкција, за што е добиена согласност од Министерството за животна средина – Сектор за води, се прошири постоечката шахта и се оформи уште еден излез од истата покрај постоечкиот. Новиот испуст е со дијаметар на цевка од 1200мм, во должина од 30м. Реализацијата на оваа реконструкција претставува реализација на уште една инвестиција на ЈП Водовод и канализација – Скопје во насока на подобрување на условите и услугите за граѓаните на град Скопје....
24 Инфо | 15 часа
Зад Александар Маленко останале куп неплатени фактури !
Веста дека оваа година поради финансиски проблеми и блокада на сметката на Националната пливачка федерација (НПФ) нема да се одржи 60. изданиое на една од најстарите спортски манифестации во државата, Охридскиот пливачки маратон ја разбранува јавноста и не само спортската. Првиот човек на НПФ, Горан Стојановски, кој од февруари оваа година е на чело на македонското пливање, вели дека чувствува огромна жал за неможноста да се организира пливачкиот маратон, но топката за ваквата ситуација ја префрла кај претходното раководство на чело со Александар Маленко, кое оставило еден куп неплатени фактури како и парични награди предвидени од наградниот фонд за учесниците на Охридскиот маратон. -Сметката на НПФ е блокирана околу десет години, тоа не е ништо ново. Станува збор за сума од околу 100.000 евра, проблем кој мора да се реши. Не е сѐ изгубено, најмалку што сакам е да ми остане оваа дамка, дека во мојот мандат се прекинала децениска традиција. Верувам дека државата ќе ни излезе во пресрет, бидејќи ова е настан од интернационален интерес. Од ланскиот маратон, кога претседател на НПФ беше Маленко, имаме неплатена фактура од хотелот каде што беа пливачите и раководството и тоа околу два милиони денари! Имаме неплатен долг за ковид-тестови, кон печатница и кон ФИНА од 5.000 долари за неисплатени награди на пливачи! Се надевам дека државата ќе го спаси пливањето! Со маратонецот Томи Стефановски се трудиме да дадеме максимум, но мора да се игра со отворени карти кон јавноста. Овие проблеми не може вечно да се туркаат под тепих, треба да се знае со што се соочуваме. Не е се изгубено, од институциите зависи како ќе заврши оваа приказна, која ја разочара македонската јавност и љубителите на пливањето“, изјави Стојановски за „Фокус“. Последна информација е дека во организација на општината Охрид ќе се направи обид да се продолжи традицијата со одржување на маратонот, но во кој формат и со кои натпреаврувачи како и во кој термина дополнително ќе информираат. Проблем е што маратонот не е во календарот на ФИНА, која од оваа година ги отфрли трките на 25-километарските маратони. Акцентот е ставен на 10 километарскиот олимписки трки во пливање. Светските пливачки маратонци во следните две недели ќе се натпреавруваат во далечната Канада....
24 Инфо | 15 часа
Тренчевска: Инвестираме во детската заштита, дел од Домот за доенчиња и мали деца во Битола станува детска градинка која ќе згрижи 80 деца
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска потпишаа Договор за соработка со кој двете страни се согласни да соработуваат и да делуваат во рамките на своите стратешки определби преку поддршка на активности од јавен интерес за унапредување, промоција и поддршка на политиките за развој на детската заштита, со цел да придонесат за зголемување на опфат на деца во детските градинки. Потпишувањето на Договорот за соработка предвидува адаптација на дел од објект на Дом за доенчиња и мали деца во Битола, во детска градинка која ќе биде во состав на ЈОУДГ ,,Мајски цвет” – Битола, со капацитет од 80 деца, согласно програмата на Владата на Република Северна Македонија. За олеснување на финансиската реализација на овој проект двете страни потпишаа и Договор за групна јавна набавка. Министерството за труд и социјална политика се обврзува од Буџетот на Министерството за труд и социјална политика за 2022 година да обезбеди средства за изведување на градежни работи и тоа 70% од вкупната вредност на проектот, додека пак Општина Битола учествува со 30%. Министерката Тренчевска истакна дека потпишувањето на Договорот е уште една потврда за грижата кон најмладите во нашата држава, како и дека ваквата инвестиција и е навистина потребна на Битола. „Како министерство се залагаме за што поголема соработка со општините и унапредувањето на животот на граѓаните да доаѓа токму преку заложбите на локалните самоуправи. Детската заштита е високо на нашата агенда затоа се залагаме што поголем број на деца да бидат дел од предучилишното воспитание и образование. Затоа ги охрабрувам и другите општини да доставуваат проекти за изградба, доградба и адаптација на простори со цел зголемување на бројот на детски градинки,” порача Тренчевска. Како дел од вложувањата на Владата и министерството за труд и социјална политика, во детската заштита, министерката се осврна и на покачувањето на платите на вработените во градинките за 15%, со што се потврдува грижата и за стручните кадри во градинките кои се задолжени за воспитанието на децата од предучилишно воспитание во нашата држава. Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски ги истакна заложбите на општината за зголемување на капацитетите за предучилишно образование, кои ќе одговорат на потребите на битолчани и намалување на листите на чекање за упис на деца во градинките. „Потпишувањето на денешните договори е токму во таа насока, да се обезбеди капацитет од нови 80 места за деца од претшколска возраст. Преку овие два договори, практично, ќе обезбедиме подобра иднина за нашите сограѓани, овозможувајќи им згрижување на нивните деца во објект наменет за детска градинка,” рече Коњановски....
24 Инфо | 15 часа
Стоилковски: Куртовски делел општински плати на најблиско семејство
Почитувани Криминалот и корупцијата на СДСМ не застанува. Медат Куртовски, од позиција прв човек во општината Маврово и ростуше именуван од владата, а сега и кандидат на СДСМ за градоначалник, дели буџетски, општински пари на приватни сметки на најтесното семејство. Куртовски, градоначалник, па повереник и сега кандидат на СДСМ, на својот шура му исплатил 60.000 денари. Овие 1.000 евра општински пари за Емсел Шабани следуваат само три недели кога преку училиштето во Скудриње на роднината на Куртовски му се исплатени дополнителни 15.000 денари. И ова не е прв пат, туку се работи за континуирано празнење на општинските пари на сметка на семејството на Куртовски, именуван од владата на Ковачевски да дели од општинската каса. Имено, преку училиштата во Скудриње и Ростуше континуирано му се исплаќаат пари на роднината на Куртовски, Емсел Шабани, преку директорот, поставен од Куртовски и којшто, повторно, има пошироки семејни врски со владиниот повереник на општинската каса, Куртовски. Општински пари добивал и дедото на Куртовски, Тасим Шабани, со иста шифра како и шурата. Во очи на датумот на избори за 17 октомври лани, пред да биде именуван за владин повереник за општината, Куртовски на 8 октомври на Тасим Шабани му исплаќа 57.000 денари! Се работи за очигледна континуирата пракса за делење на буџетот на сметки на членови на семејството на Куртовски, очигледно во предизборен период таа сметка расте. Почитувани, Криминалот и корупцијата се нераскинлив дел за СДСМ и нивните кандидати за функционери. Државата е во економски колапс, народот се плаши како ќе презими, ама буџетите на општините водени од СДСМ се трошат за сметките на роднини и блиски на партиските функционери на власта. Изборот на Куртовски во сабота е избор за криминалот и корупцијата во Маврово и Ростуше. Ова мора да има крај!...
24 Инфо | 15 часа
Мицкоски: Армијата претставува симбол на државноста на Македонија и заслужува поголемо внимание од Владата кое во овој момент го нема
Армијата претставува симбол на државноста на Македонија, институција која го штити територијалниот интегритет и безбедноста на граѓаните и затоа таа ужива доверба меѓу народoт. Припадниците на АРМ со својата лојалност и посветеност на работата се гордост за секој од нас како граѓанин на Република Македонија. Посебна почит изразувам кон оние припадници на АРМ кои ги положија своите животи за својата Татковина и на тој начин оставија вечен белег со својот патриотизам и пожртвуваност. Во исто време изразувам и огромна благодарност до сите војници кои во многу случаи и непогоди низ годините излегуваа несебично први во помош и заштитата на граѓаните и нивните имоти и на тој начин ја градеа довербата и угледот на АРМ. Армијата заслужува поголемо внимание од Владата, која во овој момент го нема. Армијата се темели на храброста на илинденците и партизаните, на имињата на Ченто, Апостолски, на пожртвуваноста на илјадници мажи и жени кои го даваа животот за нашата слобода. Нека е вечен Денот на Армијата на Република Македонија Нека е вечна Македонија....
24 Инфо | 15 часа